МНАВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mnav/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:48:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МНАВ Archives - Република https://republika.mk/tema/mnav/ 32 32 Избран нов Управен одбор во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/izbran-nov-upraven-odbor-vo-m-nav/ Fri, 25 Oct 2024 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=830873

Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.

На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.

На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.

Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.

Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година.

Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид.

Климент Чепуњоски е Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид.

Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија.

Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни.

Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.

The post Избран нов Управен одбор во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ. На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години. На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање. Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година. Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година. Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид. Климент Чепуњоски е Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид. Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија. Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни. Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.

The post Избран нов Управен одбор во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-i-m-nav-otvorena-e-istraga-za-bezbednosniot-nastan-na-neboto-nad-skopje-na-7-septemvri/ Fri, 13 Sep 2024 10:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=816002

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

- На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот .

The post Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија. - На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение. Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ. Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ. Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот .

The post Се огласи и М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември appeared first on Република.

]]>
Незири од ДУИ, осомничен за упадот во М-НАВ, држи состаноци со Груби и Османи, откако пред десет дена беше пуштен од куќен притвор https://republika.mk/vesti/makedonija/neziri-od-dui-osomnichen-za-upadot-vo-m-nav-drzhi-sostanotsi-so-grubi-i-osmani-otkako-pred-deset-dena-beshe-pushten-od-kuken-pritvor/ Thu, 08 Feb 2024 08:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=741700

Беким Незири кој е осомничен во предметот за упадот во М-НАВ, вечерва бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со Артан Груби и Бујар Османи. За тоа се пофали и на социјалните мрежи. Незири пред десет дена беше пуштен од куќен притвор. Тој е претседател на партискиот огранок на Чаир на партијата.

Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаир, ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаир да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!, напиша Незири на социјалните мрежи.

Тој е осомничен за упадот во М-НАВ, каде беа тепани контролори на летање.

Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за да Незири остане во куќен притвор.

The post Незири од ДУИ, осомничен за упадот во М-НАВ, држи состаноци со Груби и Османи, откако пред десет дена беше пуштен од куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Беким Незири кој е осомничен во предметот за упадот во М-НАВ, вечерва бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со Артан Груби и Бујар Османи. За тоа се пофали и на социјалните мрежи. Незири пред десет дена беше пуштен од куќен притвор. Тој е претседател на партискиот огранок на Чаир на партијата. Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаир, ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаир да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!, напиша Незири на социјалните мрежи. Тој е осомничен за упадот во М-НАВ, каде беа тепани контролори на летање. Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за да Незири остане во куќен притвор.

The post Незири од ДУИ, осомничен за упадот во М-НАВ, држи состаноци со Груби и Османи, откако пред десет дена беше пуштен од куќен притвор appeared first on Република.

]]>
М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор https://republika.mk/vesti/makedonija/m-nav-so-novo-rakovodstvo-milan-korak-pretsedatel-na-upravniot-odbor/ Fri, 26 Jan 2024 09:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=737018

Националниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација. Нивните имиња се веќе впишани и на веб страницата на М-НАВ, од каде потврдуваат дека вчера се заокружени сите процедури.

По инцидентот, постапувајќи по насоки на Владата Надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор. Владата тогаш даде насоки нов претседател на УО да биде Хекуран Асани, а Милан Кораќ секторски директор.

По владината одлука за промени во раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), кој во изминатиот период реагираше за работењето на актуелното раководство на М-НАВ и спроведувањето на огласите за вработување, ја стави во мирување одлуката за генерален штрајк.

За упадот во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе биде дефиниран во корективен план што заедно ќе го изготват овластените инспектори во АЦВ со одговорните во М-НАВ. Има и прекршочни платни налози заради утврдена конкретна одговорност, со санкции кон фирма и лица.

Надзор во М-НАВ врши и Државниот инспекторат за труд (ДИТ), исто така по препорака на Владата. Првичниот надзор е проширен по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

The post М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор appeared first on Република.

]]>

Националниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација. Нивните имиња се веќе впишани и на веб страницата на М-НАВ, од каде потврдуваат дека вчера се заокружени сите процедури. По инцидентот, постапувајќи по насоки на Владата Надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор. Владата тогаш даде насоки нов претседател на УО да биде Хекуран Асани, а Милан Кораќ секторски директор. По владината одлука за промени во раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), кој во изминатиот период реагираше за работењето на актуелното раководство на М-НАВ и спроведувањето на огласите за вработување, ја стави во мирување одлуката за генерален штрајк. За упадот во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе биде дефиниран во корективен план што заедно ќе го изготват овластените инспектори во АЦВ со одговорните во М-НАВ. Има и прекршочни платни налози заради утврдена конкретна одговорност, со санкции кон фирма и лица. Надзор во М-НАВ врши и Државниот инспекторат за труд (ДИТ), исто така по препорака на Владата. Првичниот надзор е проширен по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

The post М-НАВ со ново раководство, Милан Кораќ претседател на Управниот одбор appeared first on Република.

]]>
Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-potvrdi-uapseni-se-site-od-tepachkata-vo-m-nav/ Thu, 18 Jan 2024 20:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=734496

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.

-Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, соопштуваат од Обвинителството.\

По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

The post Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.
-Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, соопштуваат од Обвинителството.\
По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор. Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција. Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

The post Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Уште еден осомничен за тепачката во МНАВ доби притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-osomnichen-za-tepachkata-vo-mnav-dobi-pritvor/ Thu, 18 Jan 2024 18:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=734472

Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на петтиот осомничен за упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари.

- Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија попладнево од Кривичниот суд.

Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека  контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

За упадот во зградата на М-НАВ и нападот врз вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор. По жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува мерките на претпазливост, во мерка куќен притвор

The post Уште еден осомничен за тепачката во МНАВ доби притвор appeared first on Република.

]]>

Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на петтиот осомничен за упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари.
- Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија попладнево од Кривичниот суд.
Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба. Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека  контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција. Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. За упадот во зградата на М-НАВ и нападот врз вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор. По жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува мерките на претпазливост, во мерка куќен притвор

The post Уште еден осомничен за тепачката во МНАВ доби притвор appeared first on Република.

]]>
Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsa-na-nadzorniot-odbor-na-m-nav-za-smena-na-rakovodstvoto-2/ Wed, 17 Jan 2024 11:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=733898

Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница закажана за 13:30 часот треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија за МИА од службата за информирање во М-НАВ.

Со седницата за промените во раководството, Надзорниот одбор ќе постапи по насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата на почетокот на месецов.

По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.

Претседател на Надзорниот одбор во М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков.

Како што информираа од Владата претходно, кандидатот за нов извршен директор Хекуран Асани е вработен во „М-НАВ“ А.Д. – Скопје од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање. Во 2010 година се стекнува со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е воедно и интруктор за областа контрола на летање (OJTI). Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, воедно ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање.

Милан Кораќ на позицијата извршен директор во СВТ во М-НАВ доаѓа од позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во „М-НАВ“. Кораќ пред позицијата во М-НАВ, 14 години бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во секторот за воздухопловна техника. Има повеќе од 25 години работно искуство во областа на воздухопловството.

По препорака од Владата, Инспекторатот за труд веќе изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на „М-НАВ“ и синдикатите и треба да подготви записник. Препорака од Владата доби и Агенцијата за цивилно воздухопловство, да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај, а проверки вршеше и Управата за финансиска полиција.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Од нив, веднаш беа приведени четворица, а на 12 јануари уште еден од другите четворица по кои се трага. На приведените им е определена мерка куќен притвор.

По владината одлука за промени во раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), кој во изминатиот период реагираше за работењето на актуелното раководство на М-НАВ и спроведувањето на огласите за вработување, ја стави во мирување одлуката за генерален штрајк.

Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк. Очекуваме соработка со новите директори затоа што станува збор за долгогодишни оперативци, изјави претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски.

The post Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството appeared first on Република.

]]>

Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница закажана за 13:30 часот треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија за МИА од службата за информирање во М-НАВ. Со седницата за промените во раководството, Надзорниот одбор ќе постапи по насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата на почетокот на месецов. По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела. Претседател на Надзорниот одбор во М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков. Како што информираа од Владата претходно, кандидатот за нов извршен директор Хекуран Асани е вработен во „М-НАВ“ А.Д. – Скопје од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање. Во 2010 година се стекнува со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е воедно и интруктор за областа контрола на летање (OJTI). Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, воедно ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање. Милан Кораќ на позицијата извршен директор во СВТ во М-НАВ доаѓа од позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во „М-НАВ“. Кораќ пред позицијата во М-НАВ, 14 години бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата раководител-инструктор за електроенергетика во секторот за воздухопловна техника. Има повеќе од 25 години работно искуство во областа на воздухопловството. По препорака од Владата, Инспекторатот за труд веќе изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на „М-НАВ“ и синдикатите и треба да подготви записник. Препорака од Владата доби и Агенцијата за цивилно воздухопловство, да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај, а проверки вршеше и Управата за финансиска полиција. За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Од нив, веднаш беа приведени четворица, а на 12 јануари уште еден од другите четворица по кои се трага. На приведените им е определена мерка куќен притвор. По владината одлука за промени во раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), кој во изминатиот период реагираше за работењето на актуелното раководство на М-НАВ и спроведувањето на огласите за вработување, ја стави во мирување одлуката за генерален штрајк.
Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк. Очекуваме соработка со новите директори затоа што станува збор за долгогодишни оперативци, изјави претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски.

The post Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството appeared first on Република.

]]>
Дали Ковачевски под трето колено вработени во М-НАВ мисли на внукот и чичкото на Николовски? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-kovachevski-pod-treto-koleno-vraboteni-vo-m-nav-misli-na-vnukot-i-chichkoto-na-nikolovski/ Tue, 16 Jan 2024 11:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=733581

СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам,  кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ!

Кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам “има до трето колено вработувања од исто семејство” дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски?праша Наум Столковски.

Според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му!

Семејната фирма на СДС и ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби- снаа, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – вработил внук набројува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста памети од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

https://www.youtube.com/watch?v=oH2EUE-AvFg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

– син на директор на социјалните фондови;

– внук на директор на телекомуникациски оператор;

– Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;

– Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески,

– роднина на екс-министерот Горан Сугарески;

– за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка  на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС.

Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција.

Почитувани, се случи бандитизам во М-НАВ затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ.

Од тоа на народот му се лоши и затоа, Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

The post Дали Ковачевски под трето колено вработени во М-НАВ мисли на внукот и чичкото на Николовски? appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам,  кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ! Кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам “има до трето колено вработувања од исто семејство” дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски?праша Наум Столковски. Според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му! Семејната фирма на СДС и ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби- снаа, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – вработил внук набројува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за: https://www.youtube.com/watch?v=oH2EUE-AvFg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title – син на директор на социјалните фондови; – внук на директор на телекомуникациски оператор; – Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; – Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, – роднина на екс-министерот Горан Сугарески; – за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка  на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС. Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција. Почитувани, се случи бандитизам во М-НАВ затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ. Од тоа на народот му се лоши и затоа, Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

The post Дали Ковачевски под трето колено вработени во М-НАВ мисли на внукот и чичкото на Николовски? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не сака да ги види семејните вработувања на ДУИ во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-saka-da-gi-vidi-semejnite-vrabotuvana-na-dui-vo-m-nav/ Tue, 16 Jan 2024 07:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=733435

Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада. Скандалот со М-НАВ и упадот на групата на Беким Незири во објектот за контрола, во време кога над Македонија прелетувале десетици авиони, за Ковачевски е обична „семејна расправија“. За оваа Влада на ДУИ и СДС физичка пресметка во контролна кула е вообичаено  кошкање, а во секоја нормална држава би било чин на насилство рамно на загрозување на воздушниот сообраќај, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и СДС се тотални измеќари на Мала Речица. Новиот страв на Ковачевски е дека доколку нешто им преречат за овој скандал во М-НАВ, ДУИ може да не ги земе заедно на пратенички листи или ќе им одбие поддршка на претседателскиот кандидат. Затоа се спремни да го голтнат и ова шерифско однесување, исто како и многуте пред тоа, и да молчат исто како што молчат  и за вработувањата во оваа институција на снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими, пријатели на Артан Груби итн. Ковачевски без срам коментира други, а молчи за роднините до трето колено кои функционерите на ДУИ ги ухлебиле во М-НАВ.

Семејствата на функционерите на ДУИ се тие кои го окупирале М-НАВ за плата од неколку илјади евра месечно, додека илјадници граѓани, вклучително и Албанци, заминуваат од Македонија поради бесперспективноста и киднапираната држава.

Никогаш не било полошо. Оваа власт е важно да се порази!-велат во опозициската партија.

The post Ковачевски не сака да ги види семејните вработувања на ДУИ во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада. Скандалот со М-НАВ и упадот на групата на Беким Незири во објектот за контрола, во време кога над Македонија прелетувале десетици авиони, за Ковачевски е обична „семејна расправија“. За оваа Влада на ДУИ и СДС физичка пресметка во контролна кула е вообичаено  кошкање, а во секоја нормална држава би било чин на насилство рамно на загрозување на воздушниот сообраќај, смета ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски и СДС се тотални измеќари на Мала Речица. Новиот страв на Ковачевски е дека доколку нешто им преречат за овој скандал во М-НАВ, ДУИ може да не ги земе заедно на пратенички листи или ќе им одбие поддршка на претседателскиот кандидат. Затоа се спремни да го голтнат и ова шерифско однесување, исто како и многуте пред тоа, и да молчат исто како што молчат  и за вработувањата во оваа институција на снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими, пријатели на Артан Груби итн. Ковачевски без срам коментира други, а молчи за роднините до трето колено кои функционерите на ДУИ ги ухлебиле во М-НАВ.
Семејствата на функционерите на ДУИ се тие кои го окупирале М-НАВ за плата од неколку илјади евра месечно, додека илјадници граѓани, вклучително и Албанци, заминуваат од Македонија поради бесперспективноста и киднапираната држава. Никогаш не било полошо. Оваа власт е важно да се порази!-велат во опозициската партија.

The post Ковачевски не сака да ги види семејните вработувања на ДУИ во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Дали упадот на функционер на ДУИ во институција која го чува македонското небо, е про-НАТО и про-ЕУ вредност, прашува Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-upadot-na-funktsioner-na-dui-vo-institutsija-koja-go-chuva-makedonskoto-nebo-e-pro-nato-i-pro-eu-vrednost-prashuva-mitskoski/ Mon, 15 Jan 2024 21:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=733398

Дали претседателот на огранокот на ДУИ кој со седум свои истомисленици упадна во стратешки објект кој го чува небото на земја членка НАТО алијансата е про НАТО. На македонската политичка сцена има многу спротивности и многу работи кои се кажуваат а во пракса поинаку се случуваат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека како држава сме определени со стратешки цели за НАТО и ЕУ.

Ние како држава сме се определиле стратешки и имаме стратешка цели едната е НАТО другата е ЕУ. Но имаме и други елементи за кои треба ние да се бориме кои се поврзани со реализирање на овие стратешки цели а тоа е владеење на правото итн. Но за жал ние на отворена сцена гледаме дека добивме забелешки од претставници на меѓународна заедница и не само што не сме на висина на задачата туку и напротив сме очајни - заклучи Мицкоски.

The post Дали упадот на функционер на ДУИ во институција која го чува македонското небо, е про-НАТО и про-ЕУ вредност, прашува Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Дали претседателот на огранокот на ДУИ кој со седум свои истомисленици упадна во стратешки објект кој го чува небото на земја членка НАТО алијансата е про НАТО. На македонската политичка сцена има многу спротивности и многу работи кои се кажуваат а во пракса поинаку се случуваат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека како држава сме определени со стратешки цели за НАТО и ЕУ.
Ние како држава сме се определиле стратешки и имаме стратешка цели едната е НАТО другата е ЕУ. Но имаме и други елементи за кои треба ние да се бориме кои се поврзани со реализирање на овие стратешки цели а тоа е владеење на правото итн. Но за жал ние на отворена сцена гледаме дека добивме забелешки од претставници на меѓународна заедница и не само што не сме на висина на задачата туку и напротив сме очајни - заклучи Мицкоски.

The post Дали упадот на функционер на ДУИ во институција која го чува македонското небо, е про-НАТО и про-ЕУ вредност, прашува Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Испреплетени како црева: М-НАВ е претворена во семејна фирма на ДУИ и СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/isprepleteni-kako-tsreva-m-nav-e-pretvorena-vo-semejna-firma-na-dui-i-sdsm/ Mon, 15 Jan 2024 12:54:10 +0000 https://republika.mk/?p=733260

За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на прашање на медиуми.

Стоилковски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на темата М-НАВ одржа серија прес конференции.

„И досега за овие состојби имавме серија прес конференции во кои што М-НАВ го нарекувавме, а би рекол и со вистинското име македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши, но нанесува и непоправлива штета за Македонија.

„И токму од тука велиме дека никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.

The post Испреплетени како црева: М-НАВ е претворена во семејна фирма на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>

За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на прашање на медиуми. Стоилковски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на темата М-НАВ одржа серија прес конференции.
„И досега за овие состојби имавме серија прес конференции во кои што М-НАВ го нарекувавме, а би рекол и со вистинското име македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека на ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши, но нанесува и непоправлива штета за Македонија.
„И токму од тука велиме дека никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.

The post Испреплетени како црева: М-НАВ е претворена во семејна фирма на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>
Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-e-malku-nervozen-koga-banditite-od-dui-se-fateni-na-delo-kako-pravat-upad-vo-m-nav/ Fri, 12 Jan 2024 07:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=732187

Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон.Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ мисли дека го поседува судството, и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери и е дувлото на криминалот и корупцијата.Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во инстуциите каде раководните структури се од ДУИ.Братот на Груби купува дуќан во центар на Скопје по цена од 700 евра м2, како да купува гаража на периферија на Скопје.Внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен кој ја купи Соравија без денар до полн гепек со петарди.Пука по сите шавови Груби, зошто знае дека крајот доаѓа, затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме. набројува опозициската партија.

The post Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ appeared first on Република.

Груби: Беким Незири ми е другар, како и Премтим Бериша https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-bekim-neziri-mi-e-drugar-kako-i-premtim-berisha/ Fri, 12 Jan 2024 06:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=732172

Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби вечерва изјави дека е разочаран од упадот во М-НАВ, дека тоа било сосема непотребно, дека ДУИ нема никаква врска со случајот, и дека никој не е над законот. Според него, во земјата има општествена хистерија, особено кон ДУИ.

-Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите, рече Груби во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Груби рече дека разговарал со Беким Незири и другите кои учествувале за да ја слушне нивната страна.

-Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или кој било друг. Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ, рече првиот вицепремиер и функционер на ДУИ.

Груби во емисијата телефонски го побара Омер Буњаку, кој во медиумите се посочува како еден од напаѓачите, за јавноста, како што наведе, да се увери дека тој е дома и дека обвинителството може да го најде во секое време. Буњаку во телефонскиот разговор рече дека сите кои тврделе дека учествувал во инцидентот во М-НАВ ќе ги тужи и побара јавно извинување.

- Омер Буњаку е дома. Тој ниту бил таму, ниту учествувал во тепачката, ниту е вработен таму. Го демантираше тоа јавно, веста не се провери, туку се пумпа со лажни вести. Сето ова се прави да се поврзе инцидентот со ДУИ. Ова е резултат на хистеријата, рече Груби.

Ако Омер Буњаку бил дента во М-НАВ, потенцира Груби, ако учествувал во тоа, ќе поднесе оставка од секоја позиција во политиката и никогаш нема да се занимава со јавна функција.

Според Груби, за случајот со М-НАВ притисок вршеле дел од министрите на СДСМ односно како што кажа „експоненти“ на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, албанската опозиција, а ДУИ, според него, никогаш не се мешала во судството.

-Има општествена хистерија, а посебно во однос на ДУИ, бидејќи постојано победува, а особено со кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ владее, дека има контрола во повеќето институции, дека Албанец ќе биде премиер... што е апсолутно неточно, рече Груби. Според него, етнички прашања во јавноста немало шест години.

The post Груби: Беким Незири ми е другар, како и Премтим Бериша appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби вечерва изјави дека е разочаран од упадот во М-НАВ, дека тоа било сосема непотребно, дека ДУИ нема никаква врска со случајот, и дека никој не е над законот. Според него, во земјата има општествена хистерија, особено кон ДУИ. -Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите, рече Груби во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24. Груби рече дека разговарал со Беким Незири и другите кои учествувале за да ја слушне нивната страна.
-Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или кој било друг. Ниту настанот се случил во контролната кула. Беким ниту ја отворил вратата да има тепачка. Тој работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ, рече првиот вицепремиер и функционер на ДУИ.
Груби во емисијата телефонски го побара Омер Буњаку, кој во медиумите се посочува како еден од напаѓачите, за јавноста, како што наведе, да се увери дека тој е дома и дека обвинителството може да го најде во секое време. Буњаку во телефонскиот разговор рече дека сите кои тврделе дека учествувал во инцидентот во М-НАВ ќе ги тужи и побара јавно извинување.
- Омер Буњаку е дома. Тој ниту бил таму, ниту учествувал во тепачката, ниту е вработен таму. Го демантираше тоа јавно, веста не се провери, туку се пумпа со лажни вести. Сето ова се прави да се поврзе инцидентот со ДУИ. Ова е резултат на хистеријата, рече Груби.
Ако Омер Буњаку бил дента во М-НАВ, потенцира Груби, ако учествувал во тоа, ќе поднесе оставка од секоја позиција во политиката и никогаш нема да се занимава со јавна функција. Според Груби, за случајот со М-НАВ притисок вршеле дел од министрите на СДСМ односно како што кажа „експоненти“ на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, албанската опозиција, а ДУИ, според него, никогаш не се мешала во судството.
-Има општествена хистерија, а посебно во однос на ДУИ, бидејќи постојано победува, а особено со кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ владее, дека има контрола во повеќето институции, дека Албанец ќе биде премиер... што е апсолутно неточно, рече Груби. Според него, етнички прашања во јавноста немало шест години.

The post Груби: Беким Незири ми е другар, како и Премтим Бериша appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Системот е девастиран и уништен, тоа се виде во М-НАВ каде членови на ДУИ упаднаа и го загрозија објектот од стратешко значење https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sistemot-e-devastiran-i-unishten-toa-se-vide-vo-m-nav-kade-chlenovi-na-dui-upadnaa-i-go-zagrozija-objektot-od-strateshko-znachene/ Thu, 11 Jan 2024 12:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=731923

Тоа само ја покажува девастираноста на системот, уништениот систем, кој што не фунционира. Тоа што се случуваше во Македонска навигација каде што насилници и тепачи, членови на Демократската Унија за Интеграција упаднаа во просториите и практично загрозија објект кој што е од стратешко значење за Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кисела Вода каде што беше на терен во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените!“ при што од новинарите беше запрашан за коментар во врска со Кривичниот суд кој денес треба да донесе одлука по жалбата на ОЈО за упадот во М-НАВ.

„Видовте како партизираното и октроирано судство ги ослободи истите тие и денеска повторно имаме партизирано и октроирано судство кое што треба повторно, оние кои што ги тепаат, а тоа се коалицијата СДСМ-ДУИ или ДУИ-СДСМ, повторно сега октроирани, партизирани судии и обвинители да ве обвинивуаат и да ве судат кој што доаѓаат од коалицијата СДСМ – ДУИ. Јас не верувам дека нешто може да се постигне. На Ковачевски и на останатите им пречи активноста на синдикатот и претседателот на синдикатот, а не им пречат насилниците и тепачите. Самото тоа е еден вид глупост, по мене“, рече Мицкоски.

Мицкоски додеде дека она кое што треба да се случи е промена на следните парламентарни избори, голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и да се стави крај на девастираниот систем, да почне системот полека но сигурно да функционира, бидејќи граѓаните треба да ја вратат довербата во него.

The post Мицкоски: Системот е девастиран и уништен, тоа се виде во М-НАВ каде членови на ДУИ упаднаа и го загрозија објектот од стратешко значење appeared first on Република.

Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichen-sovet-odluchuva-po-zhalbata-na-obvinitelstvoto-za-involviranite-vo-napadot-vo-m-nav/ Thu, 11 Jan 2024 11:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=731903

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, за случувањата во М-НАВ.

За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор, на што обвинителството поднесе жалба.

За останатите четворица, како што информираат од Обвинителство, се уште се трага по централен распис на територија на државата.

Обвинителот Дејан Петрески, во изјава за Канал 5, рече дека обвинителството останува на ставот дека Судот за овој случај треба да определи посилни мерки за четворицата осомничени.

По повод поднесената жалба од ОЈО Скопје беше одржана јавна седница, на која Обвинителството остана на сите наводи, претходно детално образложени во предлогот за определување на мерка притвор, како единствена мерка за обезбедување присуство неопходна во оваа фаза од кривичната постапка. Детално ги образложи, како наводите во писмениот предлог, така и во наводите во жалбата и во овој момент обвинителството смета дека неопходна мерка за обезбедување присуство на осомничените во текот на кривичната постапка е токму мерката притвор - изјави Петрески.

За останатите четворица осомничени, Петрески, посочи дека активно се преземаат мерки за нивно обезбедување, но и за идентификување и на останатите лица и нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.

Бранителот на Беким Незири, адвокатот Еленко Миланов во изјава за медиуми пред Судот, рече дека целиот настан и „фама околу настанот“ е започнат со дезинформација, а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ.

Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие - вели тој.

Незири, посочи Миланов, се јавил во рок од половина час од поканата во полициска станица и дал изјава.

Тој е тука. Еве и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега, туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков допринос затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ - изјави Миланов.

За упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари годинава, владата по седницата одржана на 9 јануари даде насоки за смена на раководните функции и спроведување на вонреден инспекциски надзор и ревизија на досегашното работење, додека за инцидентот, Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Додека за дел од осомничените се трага, за четворица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ, Судот им определи мерки за претпазливост, откако не го прифати предлогот на обвинителството, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз постапката или да го повторат делото, да им биде определена мерка притвор.

Владата, на седницата од 9 јануари даде насоки за разрешување на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски и му препорача на Надзорниот одбор на позицијата претседател на УО и извршен директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за член на УО и извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ. Исто така ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и да го информира ресорното министерство и Владата, а исто така, го задолжи и Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ ќе поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

The post Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, за случувањата во М-НАВ. За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор, на што обвинителството поднесе жалба. За останатите четворица, како што информираат од Обвинителство, се уште се трага по централен распис на територија на државата. Обвинителот Дејан Петрески, во изјава за Канал 5, рече дека обвинителството останува на ставот дека Судот за овој случај треба да определи посилни мерки за четворицата осомничени.
По повод поднесената жалба од ОЈО Скопје беше одржана јавна седница, на која Обвинителството остана на сите наводи, претходно детално образложени во предлогот за определување на мерка притвор, како единствена мерка за обезбедување присуство неопходна во оваа фаза од кривичната постапка. Детално ги образложи, како наводите во писмениот предлог, така и во наводите во жалбата и во овој момент обвинителството смета дека неопходна мерка за обезбедување присуство на осомничените во текот на кривичната постапка е токму мерката притвор - изјави Петрески.
За останатите четворица осомничени, Петрески, посочи дека активно се преземаат мерки за нивно обезбедување, но и за идентификување и на останатите лица и нивно обезбедување во текот на кривичната постапка. Бранителот на Беким Незири, адвокатот Еленко Миланов во изјава за медиуми пред Судот, рече дека целиот настан и „фама околу настанот“ е започнат со дезинформација, а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ.
Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие - вели тој.
Незири, посочи Миланов, се јавил во рок од половина час од поканата во полициска станица и дал изјава.
Тој е тука. Еве и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега, туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков допринос затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ - изјави Миланов.
За упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари годинава, владата по седницата одржана на 9 јануари даде насоки за смена на раководните функции и спроведување на вонреден инспекциски надзор и ревизија на досегашното работење, додека за инцидентот, Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Додека за дел од осомничените се трага, за четворица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ, Судот им определи мерки за претпазливост, откако не го прифати предлогот на обвинителството, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз постапката или да го повторат делото, да им биде определена мерка притвор. Владата, на седницата од 9 јануари даде насоки за разрешување на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски и му препорача на Надзорниот одбор на позицијата претседател на УО и извршен директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за член на УО и извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ. Исто така ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и да го информира ресорното министерство и Владата, а исто така, го задолжи и Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ ќе поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

The post Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-sud-za-m-nav-vo-rok-od-48-chasa-ke-se-odluchuva-za-predmetot-po-dobivane-na-odgovor-na-zhalba-od-odbranata/ Wed, 10 Jan 2024 14:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=731653

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.

Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста, се посочува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, Судот информира дека до попладнево јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост.

За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор.

The post Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната. Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста, се посочува во денешното соопштение од Кривичниот суд. Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, Судот информира дека до попладнево јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост. За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор.

The post Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната appeared first on Република.

]]>
EУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедностa на македонското небо https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-i-nato-zagrizheni-za-koruptsija-vo-m-nav-i-za-bezbednosta-na-makedonskoto-nebo/ Wed, 10 Jan 2024 11:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=731543

Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди.

Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија.Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација, обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=M9XkC9HtpYA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ?, прашува Стоилковски.

По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации!По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај.Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“.

Ова е срамно, но и безбедносно прашање, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post EУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедностa на македонското небо appeared first on Република.

]]>

Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди. Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија.Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација, обвини Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=M9XkC9HtpYA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title   А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ?, прашува Стоилковски.
По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации!По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај.Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“.
Ова е срамно, но и безбедносно прашање, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post EУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедностa на македонското небо appeared first on Република.

]]>
Гир за М-НАВ: Назначувањата да се прават по заслуга и не припадност на партија, да се истражат тврдењата за политички влијанија https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-za-m-nav-naznachuvanata-da-se-pravat-po-zasluga-i-ne-pripadnost-na-partija-da-se-istrazhat-tvrdenata-za-politichki-vlijanija/ Wed, 10 Jan 2024 11:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=731542

Коментирајќи ги последните случувања во М-НАВ, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека европските ставови за случувањата во јавните институции се многу јасни. Порача дека е важно назначувањата да се прават врз основа на заслуга, што би значело квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или некои лични врски.

Јасно е, рече Гир, дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон ЕУ во поглед на нивното имплементирање.

Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздухопловата навигација а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба за навигација. Кога станува збор за различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да дејствуваат. Кога станува збор за тврдењата во поглед на влегувањето во зградата, заканите и насилството, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа - порача евроамбасадорот.

На прашањето како ја коментира одлуката на судот да не им се даде притвор на сторителите во случајот со М-НАВ, Гир одговори дека нема обичај да коментира одлуки на суд, но потсети дека јасно е кажано кои се обврските, односно гаранцијата на заштитата на овој и системите од критичната инфраструктура.

The post Гир за М-НАВ: Назначувањата да се прават по заслуга и не припадност на партија, да се истражат тврдењата за политички влијанија appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ги последните случувања во М-НАВ, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека европските ставови за случувањата во јавните институции се многу јасни. Порача дека е важно назначувањата да се прават врз основа на заслуга, што би значело квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или некои лични врски. Јасно е, рече Гир, дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон ЕУ во поглед на нивното имплементирање.
Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздухопловата навигација а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба за навигација. Кога станува збор за различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да дејствуваат. Кога станува збор за тврдењата во поглед на влегувањето во зградата, заканите и насилството, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа - порача евроамбасадорот.
На прашањето како ја коментира одлуката на судот да не им се даде притвор на сторителите во случајот со М-НАВ, Гир одговори дека нема обичај да коментира одлуки на суд, но потсети дека јасно е кажано кои се обврските, односно гаранцијата на заштитата на овој и системите од критичната инфраструктура.

The post Гир за М-НАВ: Назначувањата да се прават по заслуга и не припадност на партија, да се истражат тврдењата за политички влијанија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не знае дали новиот директор на М-НАВ е внук на Али Ахмети, но знае дека била донесена добра одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-znae-dali-noviot-direktor-na-m-nav-e-vnuk-na-ali-ahmeti-no-znae-deka-bila-donesena-dobra-odluka/ Wed, 10 Jan 2024 10:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=731504

Премиерот Димитар Ковачевски не знае дали новиот директор на М-НАВ, Хекуран Асани, е внук на Али Ахмети. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека ја знае само професионалната биографија на лицето.

Не знам чиј внук е, 25 години е контролор на летање - рече Ковачевски.

Прашан како успеале да променат две владини одлуки во неколку часа, да предложат едно лице, да утврдат дека не исполнува услови и да донесат нов заклучок со друго лице – премиерот не гледа ништо спорно.

Јас гледав многу информации кои одеа во медиумите. Имаше повеќе кандидати кои беа предложени и разгледувани од страна на Владата. И врз основа на тоа двајца кандидати беа изводени. Меѓутоа се виде дека според статутот мора да биде контролор на летање. Од сите негови кандидати, кандидатот кој е избран, тој е оценет како квалитетен. Донесена е добра одлука - додаде Ковачевски.

The post Ковачевски не знае дали новиот директор на М-НАВ е внук на Али Ахмети, но знае дека била донесена добра одлука appeared first on Република.

Не можеше по другите, па удри по нив: За Ковачевски М-НАВ станала семејна фирма, па затоа се случувале конфликти кои обично ги има по дома https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheshe-po-drugite-pa-udri-po-niv-za-kovachevski-m-nav-stanala-semejna-firma-pa-zatoa-se-sluchuvale-konflikti-koi-obichno-gi-ima-po-doma/ Wed, 10 Jan 2024 10:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=731493

Немаше воопшто комична ситуација. Таа беше професионална. Гледав многу информации кога бев на состанок кај поглаварот на МПЦ. Имаше повеќе кандидати кои беа разгледувани, рече премиерот Димитар Ковачевски за назначувањето на новите директори на М-НАВ.

За двајцата предложени директори, вели дека е донесена добра одлука и дека имаат долгодишно искуство.

За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Треба да се испитаат начините на кои се прават конкурсите. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, истакна премиерот.

За претходниот предлог Илир Мехмеди, премиерот рече дека ако се погледне неговото CV, ќе се види дека станува збор за искусен човек кој управувал со такви институции.

Бидејќи се случиле промени на Статутот пред четири години, во делот на М-НАВ и велат дека генерален директор мора да биде контролор, затоа се разгледуваа и други кандидати. По консултации со стручната фела, беше предложен нов кандидат со 25-годишно искуство, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

The post Не можеше по другите, па удри по нив: За Ковачевски М-НАВ станала семејна фирма, па затоа се случувале конфликти кои обично ги има по дома appeared first on Република.

]]>

Немаше воопшто комична ситуација. Таа беше професионална. Гледав многу информации кога бев на состанок кај поглаварот на МПЦ. Имаше повеќе кандидати кои беа разгледувани, рече премиерот Димитар Ковачевски за назначувањето на новите директори на М-НАВ. За двајцата предложени директори, вели дека е донесена добра одлука и дека имаат долгодишно искуство. За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Треба да се испитаат начините на кои се прават конкурсите. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, истакна премиерот. За претходниот предлог Илир Мехмеди, премиерот рече дека ако се погледне неговото CV, ќе се види дека станува збор за искусен човек кој управувал со такви институции. Бидејќи се случиле промени на Статутот пред четири години, во делот на М-НАВ и велат дека генерален директор мора да биде контролор, затоа се разгледуваа и други кандидати. По консултации со стручната фела, беше предложен нов кандидат со 25-годишно искуство, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

The post Не можеше по другите, па удри по нив: За Ковачевски М-НАВ станала семејна фирма, па затоа се случувале конфликти кои обично ги има по дома appeared first on Република.

]]>