министер за здравство Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 09:31:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за здравство Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-zdravstvo/ 32 32 Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-se-dvoumi-dali-da-bide-minister-za-zdravstvo/ Thu, 23 May 2024 09:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=781072

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нема решено дали ќе биде во идниот владин состав како министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни.

Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.

Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.

За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари.

На прашање на МИА дали ќе биде иден министер за здравство, тој рече дека нема решено и уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција.

Таравари ги коментираше и резултатите од прогласувањата и посочи дека биле во предност на 8 мај, а сега, како што рече се во огромна предност.

Во Шестата изборна единица, ДУИ има еден пратеник помалку, ВЛЕН има еден пратеник повеќе, така што, нашиот вкупен број на пратеници е 14, ДУИ останува со 18 пратеници рече Таравари.

The post Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари нема решено дали ќе биде во идниот владин состав како министер. Тој потврди дека дел од пишувањата на некои медиуми за распределба на владините ресори и функционерски места се точни. Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.
Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.
Според него, она што вчера било најавено во повеќе медиуми е точно и како што рече, наскоро ќе има официјални резултати од преговорите.
За директори уште немаме зборувано. За министри, од Алијанса, кажав дека ќе имаме заменик-премиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари. За еден знам, за здравство, за другиот не сум сигурен, рече Таравари.
На прашање на МИА дали ќе биде иден министер за здравство, тој рече дека нема решено и уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. Таравари ги коментираше и резултатите од прогласувањата и посочи дека биле во предност на 8 мај, а сега, како што рече се во огромна предност.
Во Шестата изборна единица, ДУИ има еден пратеник помалку, ВЛЕН има еден пратеник повеќе, така што, нашиот вкупен број на пратеници е 14, ДУИ останува со 18 пратеници рече Таравари.

The post Таравари се двоуми дали да биде министер за здравство appeared first on Република.

]]>
Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-simeonov-vreme-e-da-se-formira-zdravstven-sistem-koj-shto-ke-bide-funktsionalen-i-koj-shto-ke-bide-vo-interes-za-site-gragani-vo-makedonija/ Fri, 03 May 2024 15:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=773852

„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, истакна д-р Ристо Симеонов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во поткастот „Каде се парите?“.

Симеонов додаде дека тој заедно со неговите колеги и со ВМРО-ДПМНЕ ќе формира соодветен здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Република Македонија.

Министер за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од се на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, рече Симеонов објаснувајќи каков министер за здравство е потребен на Македонија.

Тој посочи дека Македонија треба да примени функционален здравствен систем од соседството на пример како што е во Хрватска, Словенија, Србија итн.

Кај нас години наназад па и децении пратени доктори на специјализација од болници во Охрид, Битола, Тетово, Штип, пратени на специјализација во Скопје, затоа што системот на специјализација може да се одвива само во Скопје. Такви се условите. Сите тие во тек на специјализацијата од петни жили ќе најдат начин најчесто политички да останат да работат во Скопје. И сега имаме проблем. Проблемот е што 95% од граѓаните се лекуваат во Скопје“, укажа тој.

Тој додаде дека треба да започне да функционира систем на регионализација. Ако се заврши со градбата на клиничката болница во Штип, значи тоа ќе е еден регионален центар, па тука се и Струмица, Битола, Охрид, Тетово. Потребно е да има 5 регионални центри на територија на Македонија.

Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица“, посочи Симеонов.

Симеонов рече дека тоа не е казнена експидиција туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација.

Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.

The post Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија appeared first on Република.

]]>

„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, истакна д-р Ристо Симеонов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во поткастот „Каде се парите?“. Симеонов додаде дека тој заедно со неговите колеги и со ВМРО-ДПМНЕ ќе формира соодветен здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Република Македонија.
Министер за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од се на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, рече Симеонов објаснувајќи каков министер за здравство е потребен на Македонија.
Тој посочи дека Македонија треба да примени функционален здравствен систем од соседството на пример како што е во Хрватска, Словенија, Србија итн.
Кај нас години наназад па и децении пратени доктори на специјализација од болници во Охрид, Битола, Тетово, Штип, пратени на специјализација во Скопје, затоа што системот на специјализација може да се одвива само во Скопје. Такви се условите. Сите тие во тек на специјализацијата од петни жили ќе најдат начин најчесто политички да останат да работат во Скопје. И сега имаме проблем. Проблемот е што 95% од граѓаните се лекуваат во Скопје“, укажа тој.
Тој додаде дека треба да започне да функционира систем на регионализација. Ако се заврши со градбата на клиничката болница во Штип, значи тоа ќе е еден регионален центар, па тука се и Струмица, Битола, Охрид, Тетово. Потребно е да има 5 регионални центри на територија на Македонија.
Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица“, посочи Симеонов.
Симеонов рече дека тоа не е казнена експидиција туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација.
Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.
 
The post Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија appeared first on Република.

]]>
Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-najmalku-se-razbiram-od-raspishuvane-na-tenderi-ne-sakam-da-se-zanimavam-so-tie-raboti-reche-medhiti-koj-najavi-deka-do-5-januari-ke-bide-raspishan-tender-za-kato-sistem/ Wed, 20 Dec 2023 12:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=724904

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.

Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.

КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра.

Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.

Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.

Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>

До петти јануари идната, 2024 година ќе биде распишан тендер за КАТО систем, а што ќе содржи уште не се знае, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Мецити кој беше во посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација каде што беше пуштен во употреба новиот апарат за роботска рехабилитација – Lokomat. Одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.
Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.
КАТО системот се користел за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Моментално не функционира, заклучен е во просторија во склоп на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра. Во однос на обучениот персонал Меџити кажа дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.
Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.
На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.
Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити.

The post Јас најмалку се разбирам од распишување на тендери, не сакам да се занимавам со тие работи, рече Меџити кој најави дека до 5 јануари ќе биде распишан тендер за КАТО систем appeared first on Република.

]]>
Сменет полскиот министер за здравство поради скандал со рецепт https://republika.mk/vesti/svet/smenet-polskiot-minister-za-zdravstvo-poradi-skandal-so-retsept/ Tue, 08 Aug 2023 17:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=670115

Полскиот министер за здравство Адам Неџелски е разрешен од должноста, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравјецки, пренесе агенцијата ПАП.

Причина за смената на министерот е скандал што самиот го предизвикал, откако открил детали за рецепт што му го препишал лекар кој се појавил во телевизиски прилог критички настроен кон Министерството за здравство, пренесоа британските медиуми.

Случајот е проблем за владејачката националистичка партија „Право и правда“ (ПиС), бидејќи се случува во време кога се подготвуваат за претстојните парламентарни избори на 15 октомври, иако самото разрешување на Неџелски, кој е поранешен директор на Националниот фонд за здравство, за многумина е очекувано.

-Сега сме во предизборен период кога треба да бидеме особено чувствителни на какви било грешки, рече Моравјецки на прес-конференција.

Неџелски со покажувањето на рецептот предизвика незадоволство кај лекарската фела и, како што се тврди, меѓу многу негови сопартијци. Со тој чин, министерот имаше за цел да разоткрие лекар кој зборуваше во телевизиски прилог во кој ги истакна проблемите со препишувањето на одредени лекови против болки кои настанаа по промените направени од Министерството за здравство.

По скандалот Вишата лекарска комора на Полска му соопшти на премиерот дека лекарите ја губат довербата во министерот за здравство и ги известија обвинителите дека можеби сторил и кривично дело.

На местото на Неџелски доаѓа пратеничката на ПиС и докторка Катажина Суика.

The post Сменет полскиот министер за здравство поради скандал со рецепт appeared first on Република.

]]>

Полскиот министер за здравство Адам Неџелски е разрешен од должноста, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравјецки, пренесе агенцијата ПАП. Причина за смената на министерот е скандал што самиот го предизвикал, откако открил детали за рецепт што му го препишал лекар кој се појавил во телевизиски прилог критички настроен кон Министерството за здравство, пренесоа британските медиуми. Случајот е проблем за владејачката националистичка партија „Право и правда“ (ПиС), бидејќи се случува во време кога се подготвуваат за претстојните парламентарни избори на 15 октомври, иако самото разрешување на Неџелски, кој е поранешен директор на Националниот фонд за здравство, за многумина е очекувано. -Сега сме во предизборен период кога треба да бидеме особено чувствителни на какви било грешки, рече Моравјецки на прес-конференција. Неџелски со покажувањето на рецептот предизвика незадоволство кај лекарската фела и, како што се тврди, меѓу многу негови сопартијци. Со тој чин, министерот имаше за цел да разоткрие лекар кој зборуваше во телевизиски прилог во кој ги истакна проблемите со препишувањето на одредени лекови против болки кои настанаа по промените направени од Министерството за здравство. По скандалот Вишата лекарска комора на Полска му соопшти на премиерот дека лекарите ја губат довербата во министерот за здравство и ги известија обвинителите дека можеби сторил и кривично дело. На местото на Неџелски доаѓа пратеничката на ПиС и докторка Катажина Суика.  

The post Сменет полскиот министер за здравство поради скандал со рецепт appeared first on Република.

]]>
Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем https://republika.mk/zivot/zdravje/patsienti-koi-se-na-insulin-se-zhalat-deka-nemaat-lenti-ministerot-za-zdravstvo-veli-nema-prijaeno-deka-ima-takov-problem/ Wed, 21 Jun 2023 11:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=653704

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.

Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.

Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.

The post Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем appeared first on Република.

Министерот со 78 oтсто зголемување на платата, бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-so-78-otsto-zgolemuvane-na-platata-bara-besplatno-da-rabotat-onie-na-koi-ne-im-davaat-50-evra-pokachuvane-so-mesetsi/ Thu, 01 Jun 2023 15:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=646918

„Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат без надомест во викенд”.

Министерот со 78% зголемување на плата бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци, пишува Божидар Божиновски - Моџо.

The post Министерот со 78 oтсто зголемување на платата, бара бесплатно да работат оние на кои не им даваат 50 евра покачување со месеци appeared first on Република.

Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити https://republika.mk/zivot/zdravje/trijazhen-urgenten-tsentar-vo-blizina-na-internite-kliniki-najavi-noviot-minister-za-zdravstvo-fatmir-medhiti/ Wed, 08 Mar 2023 16:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=617407

Тријажен ургентен интерклинички центар кој би бил во близина на Интерните клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити на првиот брифинг со новинарите.

Недозволиво е пациентите да се шетаат од една на друга Клиника, во колички, по дожд, снег. Ќе се формира патека на движење на пациентите. Со овој тријажен центар ќе се реши деценскиот проблем за пациенти кои доаѓаат на итна интервенција, вели Меџити, додавајќи дека веќе се размислува и за воведување на втора смена кај медицинскиот персонал.

Меџити најави дека средувањето на сообраќајниот хаос на Клиниките ќе биде еден од приоритетите на неговиот тим, а најави и дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови.

„Мој термин“ е одличен, но може да се направи и ажурирање на системот во корист на пациентите, вели Меџити.

Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, кажа новиот министер за здравство, а нови организациски директори ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство.

Смената на директорите е дел од договорот на власта со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција.

Меѓу приоритетите е да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници.

The post Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>

Тријажен ургентен интерклинички центар кој би бил во близина на Интерните клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити на првиот брифинг со новинарите.
Недозволиво е пациентите да се шетаат од една на друга Клиника, во колички, по дожд, снег. Ќе се формира патека на движење на пациентите. Со овој тријажен центар ќе се реши деценскиот проблем за пациенти кои доаѓаат на итна интервенција, вели Меџити, додавајќи дека веќе се размислува и за воведување на втора смена кај медицинскиот персонал.
Меџити најави дека средувањето на сообраќајниот хаос на Клиниките ќе биде еден од приоритетите на неговиот тим, а најави и дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови.
„Мој термин“ е одличен, но може да се направи и ажурирање на системот во корист на пациентите, вели Меџити.
Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, кажа новиот министер за здравство, а нови организациски директори ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство. Смената на директорите е дел од договорот на власта со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција. Меѓу приоритетите е да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници.

The post Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>
Меџити ја презеде министерската функција од Сали https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ja-prezede-ministerskata-funktsija-od-sali/ Tue, 28 Feb 2023 11:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=614204

Во просториите на Министерството за здравство денеска, беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, д-р Фатмир Меџити ја презеде функцијата од д-р Беким Сали.

Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали, решен сум да ја продолжиме важната работа за унапредување и заштита на здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани. Мојот фокус како министер за здравство ќе биде нашиот здравствен систем да биде достапен, ефикасен и да ги задоволува потребите на сите граѓани. Ќе работиме на промовирање здрав живот и ќе обезбедиме ресурси и поддршка за превентивна нега, така што секој ќе има можност да води поздрав живот, рече министерот Меџити.

На средбата со неговиот претходник, министерот Меџити посочи дека инвестирањето во здравјето на нашите граѓани е од суштинско значење за градење здраво општество и останува посветен на соработката со здравствените работници, засегнатите страни и лидерите на заедницата за да ги постигнеме нашите заеднички цели.

The post Меџити ја презеде министерската функција од Сали appeared first on Република.

Кој е Фатмир Меџити, новиот министер за здравство? https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-fatmir-medhiti-noviot-minister-za-zdravstvo/ Tue, 28 Feb 2023 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=614032

Фатмир Меџити е новиот министер за здравство кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.

Тој по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Меџити доаѓа на местото на Беким Сали, кадар на Алтернатива. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година.

Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар.

Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година.

Во својата биографија како работно искуство навел и дека бил член и претседател на Управен одбор – Фонд за здравствено осигурување на Македонија (2017-2018); советник на министерот за здравство (2017).

The post Кој е Фатмир Меџити, новиот министер за здравство? appeared first on Република.

]]>

Фатмир Меџити е новиот министер за здравство кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците. Тој по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Меџити доаѓа на местото на Беким Сали, кадар на Алтернатива. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година. Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година. Во својата биографија како работно искуство навел и дека бил член и претседател на Управен одбор – Фонд за здравствено осигурување на Македонија (2017-2018); советник на министерот за здравство (2017).  

The post Кој е Фатмир Меџити, новиот министер за здравство? appeared first on Република.

]]>
Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-premierot-a-ne-ministerot-odluchuva-dali-patsientite-ke-dobijat-lek-neka-ne-se-pravat-evtini-politichki-poeni-od-tragedija/ Thu, 09 Feb 2023 15:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=606992

Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Беким Сали.

Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите.
(1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.
(2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства.
(3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.

Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот.

Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика.

Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси.

The post Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија appeared first on Република.

]]>

Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Беким Сали.
Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите. (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза. (2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства. (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.
Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот. Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика. Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси.

The post Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија appeared first on Република.

]]>
Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vo-drzhavata-imame-dovolno-vaktsini-za-zaraznite-bolesti-koi-so-zakon-se-zadolzhitelni-pa-i-za-onie-drugite/ Sat, 28 Jan 2023 19:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=602081

..Бидејќи Владата на Заев и Ковачевски се секогаш „спремни правилно" да ги трошат парите на граѓаните па плаќаат пенали за неизградениот Клинички центар, за неизградената болница во Штип, за неискористените вакцини за Ковид,од една страна, а од друга пак немаат слух за терапија на пациентите со цистична фиброза, за пациентите со ретки болести, ги оставаат без терапија онколошките пациенти, не обезбедуваат благовремено инсулин за дијабетичарите, јас да прашам:

Дали во државата имаме доволно вакцини , за заразните болести кои со закон се задолжителни...па и за оние другите !?

Дали воопшто ова министерство за здравство и оваа влада превземаат некакви мерки за стимулирање на вакцинацијата кон заразните болести,..еве како на пример за морбили, пишува на својот фејсбук профил, д-р Жаклина Шопова.

The post Дали во државата имаме доволно вакцини, за заразните болести кои со закон се задолжителни…па и за оние другите !? appeared first on Република.

Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид https://republika.mk/vesti/vietnamskiot-minister-za-zdravstvo-e-uapsen-poradi-pumpanje-na-ceni-na-testovi-za-kovid/ Wed, 08 Jun 2022 08:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=512539

Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид.

Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија.

Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам.

Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали.

Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.

The post Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид appeared first on Република.

]]>

Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид. Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија. Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам. Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали. Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.  

The post Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид appeared first on Република.

]]>
Филипче му го предаде здравството на Сали https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-mu-go-predade-zdravstvoto-na-sali/ Mon, 17 Jan 2022 12:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=445812

Венко Филипче му го предаде раководењето со министерството за здравство на Беким Сали.

Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите, рече сега веќе поранешниот министер за здравство Филипче.

The post Филипче му го предаде здравството на Сали appeared first on Република.