министер за транспорт и врски Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-transport-i-vrski/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 17:57:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за транспорт и врски Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-transport-i-vrski/ 32 32 Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-dodeka-sum-jas-minister-nikoj-nema-da-ostane-na-ulitsa-a-ke-ima-odgovornost-za-dushmanskoto-troshene-na-parite-od-poshta-i-zheleznitsi/ Tue, 09 Jul 2024 17:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=795070

Јас знаев дека секторот кој што го преземам ќе биде тежок, но е многу полошо и многу потешко од моите најлоши очекувања и предвидувања. Со години не се работело ништо и се оставале проблемите под тепих. И јас како министер на оваа позиција сум само 12 дена до денес и не можам за 12 дена да решам нешто што изминатите седум години било запоставувано, но се обидувам да помогнам колку можам“, истакна Александар Николоски, вицепремиер за економски прашања и министер за транспорт во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Она што можам да го ветам на сите дека во мојот мандат нема ниеден човек од секторите кои што се под мене да остане без работа без негова волја, нагласи тој.

Николоски вети дека нема да дозволи ниту еден човек да си замине од работа и да остане на улица.

Сега ние имаме две паралелни реалности, ако ги гледате компаниите пред се тука мислам на Македонски железници – транспорт, Македонски железници – инфраструктура, тоа се две различни претпријатија, едните ги имаат возовите под нив, а другите ги имаат пругите под нив и Македонска пошта. И ако гледате чисто менаџерски тие се во многу лоша состојба. Но, ако гледате од човечки аспект од таму егзистираат 4.400 семејства, кои што секој месец треба дома да однесат нешто и да живеат нормално во текот на тој месец. И затоа работите не можат да се гледаат праволинински“, појасни Николоски.

Тој посочи дека според него првично треба да се направи стабилизација за која што е потребно од 5 до 6 месеци. И после откако ќе се направи стабилизацијата ќе се направи и рационализација за да се увиди зошто се трошеле средства, како се трошеле истите и кој ги трошел.

Секаде каде што има сомнежи за криминал да си влезе МВР и да си ги испоапси тие што го правеле истиот тој криминал. За тоа што не случајно се донесени претпријатијата во таа состојба. А, јас не случајно ја повикав МВР да влезе во мојот ресор и во фирмите кои што се под мене, рече министерот Николоски.

Николоски укажа дека е потребно среднорочно и долгорочно да се направи план како претпријатијата да станат профитабилни.

Трите претпријатија ја имаат потрошено платата за оваа година комплетно. Значи досегашните менаџери тоа што требало да го потрошат за 12 месеци, го потрошиле за 6 месеци. Тоа е душмански однос кон претпријатијата кои што ги водат. И за тоа мора да има одговорност, истакна министерот.

„Јас не смеам да дозволам луѓето кои што егзистираат од овие претпријатија да останат без приходи затоа што на крајот на денот тие луѓе не се виновни што претходната Влада на Заев и Ахмети ставила такви менаџери какви што ставила“, нагласи Николоски.

The post Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ appeared first on Република.

]]>

Николоски: Ќе ги завршиме двете фази од пругата Куманово-Деве Баир, а состојбата во ресорот транспорт е полоша и од тоа што во кампања зборувавме https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ke-gi-zavrshime-dvete-fazi-od-prugata-kumanovo-deve-bair-a-sostojbata-vo-resorot-transport-e-polosha-i-od-toa-shto-vo-kampana-zboruvavme/ Mon, 24 Jun 2024 18:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=790432

Вицепремиерот и министер за транспорт како и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше гостин во централниот Дневник на телевизија Сител при што зборуваше за состојбата во македонската инфраструктура и почнатите капитални проекти, меѓу кои и завршувањето на пругата Куманово – Деве Баир при што посочи дека таму се три фази од кои првата може да се заврши многу брзо, а можеби уште годинава.

Втората фаза се работи и по промената на директорот на Јавното претпријатие Македонски железнички – инфраструктура ќе можам да дадам конкретен рок, а во однос на третата фаза во Собранието поминаа грантови и кредити кои што Македонија ги доби за изградба на истата и таму не е ни почната постапката. Така што, таму ние ќе треба да ја почнуваме постапката и веројатно за месец или два од сега ќе можам да дадам конкретен рок за третата фаза, а за првите три фази можам уште денес да кажам дека ќе бидат завршени сигурно“, рече министерот Николоски.

Во делот за возовите кои што моментално сообраќаат во Македонија, Николоски посочи дека тие спаѓаат во делот на Јавното претпријатие Железници – Транспорт и кое претпријатие за жал е во многу лоша финансиска состојба и тоа се факти кои се неспорни.

И секако треба да размислуваме на креативни начини како да се решаваат тие финансиски проблеми. Постојат повеќе начини, еве на пример, мислам дека можеме да размислуваме за воведување на таканаречен градски воз во рамки на Градот Скопје, нешто што го имаат поголеми градови насекаде низ Европа кој што ќе овозможи да постојната инфраструктура, која што во градот Скопје е релативно добра, да се искористи и на тој начин претпријатието да генерира значајна сума на средства која што ја нема сега. На пример вие имате директна пруга која што оди од населбата Драчево до центарот на Скопје до главната железничка станица. Зошто некој да се вози со автобус или со автомобил и да чека во редови, да се создава загадување во Скопје, кога може во точно предвидено време да стига од Драчево до центарот на Скопје“, рече Николоски.

Додаде дека тоа е нешто што ќе го иницира со новиот директор на Македонски железници – транспорт, посочувајќи дека според негово мислење следната сезона во Скопје може да се отвори со ваков градски воз.

Сезоната почнува во пролет секогаш, така што веќе следната сезона, мислам дека, можеме да ја отвориме. Има таква инфраструктура и до општината Ѓорче Петров и до општината Бутел и до делови од општината Гази Баба, така што може да се направи еден цел прстен во Скопје, особено во населби кои што се тешко поврзани со центарот и каде што и сега луѓето имаат сериозни проблеми да дојдат до центарот , да можат брзо и ефикасно да стигаат во центарот на градот , а да се растерети сообраќајот“, истакна Николоски.

Во однос на тоа дали за овој проект би требале нови возови, Николоски посочи дека можат да се искористат постојните.

Идеи има многу и ќе направам се да се реализираат. Но, мора да се свесни и јавноста и граѓаните дека состојбата е полоша и од тоа што го зборувавме во кампања. Во министерството немало никаков фокус, никаков план, не се работело и дури човек да се чуди што е полошо, дали тоа што ништо не се работело“, заклучи, меѓу другото министерот Николоски.

The post Николоски: Ќе ги завршиме двете фази од пругата Куманово-Деве Баир, а состојбата во ресорот транспорт е полоша и од тоа што во кампања зборувавме appeared first on Република.

Николоски: Уште првиот ден наидовме на пустош, но ветувам дека Кичево – Охрид ќе биде завршен до 2026-та година https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ushte-prviot-den-naidovme-na-pustosh-no-vetuvam-deka-kichevo-ohrid-ke-bide-zavrshen-do-2026-ta-godina/ Mon, 24 Jun 2024 17:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=790417

„Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок. Јас секако ќе направам се заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето кога ќе се изгради автопатот Кичево – Охрид.

Николоски додаде дека ќе се залага рокот за завршување на автопатот Кичево – Охрид да биде пократок. Тој потсети дека што изградбата на сите магистрални, регионални и експресни патишта и автопатишта е надлежност на ЈП за државни патишта. А, министерството е контролор.

Она што го знам и како мое сознание и што го видов денеска во министерството, бидејќи ова беше првото нешто што го побарав од вработените е дека имаат три проблеми, првиот проблем е со изведувачите, еден несериозен однос. Вториот проблем е имотно правни прашања односно прашањата на експропријација. И третиот проблем е проблем со свлечиштата или т.н. косини“, рече Николоски.

Тој посочи дека денеска видел една катастрофална постапка на проектот односно практично ништо не се работело. Се наиде на пустош, на една состојба за која што може слободно да каже дека е тотална неработа.

„Јас денеска испратив писмо до сите институции кои што се поврзани со министерството за транспорт вклучувајќи го и ЈП за државни патишта каде што барам написмено да ми дадат извештај до каде се со реализација на проектите и зошто проектите се закочени, појасни тој.

„Така се работи, а не со раскажување на состаноци, кажување и образложување на приказни. Потребни се факти кои што се ставаат на хартија и кои што си се архивираат за утре и следни генерации после нас да можат да видат и да споредат“, додаде Николоски.

Николоски истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу за граѓаните.

The post Николоски: Уште првиот ден наидовме на пустош, но ветувам дека Кичево – Охрид ќе биде завршен до 2026-та година appeared first on Република.

]]>

„Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок. Јас секако ќе направам се заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето кога ќе се изгради автопатот Кичево – Охрид. Николоски додаде дека ќе се залага рокот за завршување на автопатот Кичево – Охрид да биде пократок. Тој потсети дека што изградбата на сите магистрални, регионални и експресни патишта и автопатишта е надлежност на ЈП за државни патишта. А, министерството е контролор.
Она што го знам и како мое сознание и што го видов денеска во министерството, бидејќи ова беше првото нешто што го побарав од вработените е дека имаат три проблеми, првиот проблем е со изведувачите, еден несериозен однос. Вториот проблем е имотно правни прашања односно прашањата на експропријација. И третиот проблем е проблем со свлечиштата или т.н. косини“, рече Николоски.
Тој посочи дека денеска видел една катастрофална постапка на проектот односно практично ништо не се работело. Се наиде на пустош, на една состојба за која што може слободно да каже дека е тотална неработа.
„Јас денеска испратив писмо до сите институции кои што се поврзани со министерството за транспорт вклучувајќи го и ЈП за државни патишта каде што барам написмено да ми дадат извештај до каде се со реализација на проектите и зошто проектите се закочени, појасни тој.
„Така се работи, а не со раскажување на состаноци, кажување и образложување на приказни. Потребни се факти кои што се ставаат на хартија и кои што си се архивираат за утре и следни генерации после нас да можат да видат и да споредат“, додаде Николоски. Николоски истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу за граѓаните.  

The post Николоски: Уште првиот ден наидовме на пустош, но ветувам дека Кичево – Охрид ќе биде завршен до 2026-та година appeared first on Република.

]]>
Mинистерството за транспорт следи што се случува во М-НАВ, но нема надлежност да влијае кој ќе биде вработен https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-transport-sledi-shto-se-sluchuva-vo-m-nav-no-nema-nadlezhnost-da-vlijae-koj-ke-bide-vraboten/ Thu, 04 Jan 2024 17:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=729732

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboten-vo-kontrola-na-letane-tvrdi-nepoznati-litsa-vlegoa-vo-zgradata-i-napadnaa-vraboteni/

-Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата, велат од Министерството за транспорт и врски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/banda-partiski-vojnitsi-na-dui-vlegle-vo-zgradata-na-m-nav-dali-e-dovedena-vo-prashane-bezbednosta-vo-avio-soobrakajot/

Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото.

-Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, порачуваат од Министерството за транспорт и врски

The post Mинистерството за транспорт следи што се случува во М-НАВ, но нема надлежност да влијае кој ќе биде вработен appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски континуирано ја следи состојбата во М-НАВ, а од апсект на надлежности, нема законска надлежност да влијае врз интерните постапки за вработување, ниту, пак, да влијае врз финансиската самостојност на АД М-НАВ, информираат за МИА од ресорното Министерство. https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboten-vo-kontrola-na-letane-tvrdi-nepoznati-litsa-vlegoa-vo-zgradata-i-napadnaa-vraboteni/
-Во неколку наврати, Министерството за транспорт и врски апелираше на соработка меѓу Синдикатот, вработените и менаџметот на Друштвото. Уште еднаш апелираме на професионалност и стручност во функционирањето на М-НАВ, притоа состојбите со административните постапки во претпријатието не смееат да влијаат на тековното работење на оваа витална институција за државата, велат од Министерството за транспорт и врски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/banda-partiski-vojnitsi-na-dui-vlegle-vo-zgradata-na-m-nav-dali-e-dovedena-vo-prashane-bezbednosta-vo-avio-soobrakajot/ Нагласуваат дека авиосообраќајот во земјава мора да се одвива непречено во континуитет и без прекини и во таа насока упатуваат повик до сите инволвирани на професионлност и обавување на основната функција на Друштвото. -Во однос на внатрешните прашања поврзани со постапките за вработување, тие треба да се решаваат институционално и доколку има забелешки на постапките тие да се водат во системот на државата, порачуваат од Министерството за транспорт и врски