министер за одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-odbrana/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 16:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за одбрана Archives - Република https://republika.mk/tema/minister-za-odbrana/ 32 32 Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-brisel-prodolzhuvame-da-gi-jakneme-makedonskite-odbranbeni-kapatsiteti-i-kapatsitetite-na-alijansata/ Thu, 17 Oct 2024 12:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=828150

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.

 

The post Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.
 

The post Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата appeared first on Република.

]]>
Путин назначи нов заменик министер за одбрана https://republika.mk/vesti/svet/putin-naznachi-nov-zamenik-minister-za-odbrana/ Mon, 20 May 2024 18:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=780250

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Олег Савељев за заменик министер за одбрана - началник на штабот на министерот за одбрана. Со друг указ, рускиот лидер го разреши од таа функција досегашниот заменик, генерал-полковник Јуриј Садовенко.

Савељев претходно ги извршуваше должностите ревизор на Управата за пресметка и плаќања во периодот 2012-2013 година, а во 2010 година ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана Андреј Белоусов во Министерството за економски развој.

The post Путин назначи нов заменик министер за одбрана appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Олег Савељев за заменик министер за одбрана - началник на штабот на министерот за одбрана. Со друг указ, рускиот лидер го разреши од таа функција досегашниот заменик, генерал-полковник Јуриј Садовенко. Савељев претходно ги извршуваше должностите ревизор на Управата за пресметка и плаќања во периодот 2012-2013 година, а во 2010 година ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана Андреј Белоусов во Министерството за економски развој.

The post Путин назначи нов заменик министер за одбрана appeared first on Република.

]]>
Нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, соопшти Пленковиќ https://republika.mk/vesti/balkan/nov-hrvatski-minister-za-odbrana-e-zdravko-jakop-soopshti-plenkovik/ Sun, 12 Nov 2023 15:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=700753

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ соопшти дека нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, откако претходниот Марио Баножиќ вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во која загина едно лице, јави ДПА.

Јакоп е поранешен генерал кој завршил Воената академија на НАТО во Рим.

Баножиќ вчера беше разрешен откако со неговиот автомобил директно се судрил со комбе во источна Хрватска. Тој одел на лов кога се случила несреќата, јавија хрватските медиуми. Во несреќата загинал 40-годишниот возач на комбето од Привлака, а Баножиќ е тешко повреден.

Според првичните истраги, Баножиќ ја предизвикал несреќата, велат обвинителите.

Билјана Лубуриќ, заменик - државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока.

Баножиќ е на одделението за интензивна нега во болницата во Осиек, но неговиот живот е надвор од животна опасност, изјавија за медиумите лекарите од болницата.

The post Нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, соопшти Пленковиќ appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ соопшти дека нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, откако претходниот Марио Баножиќ вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во која загина едно лице, јави ДПА. Јакоп е поранешен генерал кој завршил Воената академија на НАТО во Рим. Баножиќ вчера беше разрешен откако со неговиот автомобил директно се судрил со комбе во источна Хрватска. Тој одел на лов кога се случила несреќата, јавија хрватските медиуми. Во несреќата загинал 40-годишниот возач на комбето од Привлака, а Баножиќ е тешко повреден. Според првичните истраги, Баножиќ ја предизвикал несреќата, велат обвинителите. Билјана Лубуриќ, заменик - државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока. Баножиќ е на одделението за интензивна нега во болницата во Осиек, но неговиот живот е надвор од животна опасност, изјавија за медиумите лекарите од болницата.

The post Нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, соопшти Пленковиќ appeared first on Република.

]]>
Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-odbrana-na-bugarija-na-sredba-so-ambasadorkata-rusi-popovska-prezemenite-obvrski-na-makedonija-garant-za-bezbednosta-na-regionot/ Fri, 25 Aug 2023 15:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=675827

Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО.

Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување.

Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион.

Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.

The post Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО. Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување. Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион. Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.

The post Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот appeared first on Република.

]]>