минималец Archives - Република https://republika.mk/tema/minimalec/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 07:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png минималец Archives - Република https://republika.mk/tema/minimalec/ 32 32 „Министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени- ситата власт не го верува гладниот народ“ https://republika.mk/vesti/makedonija/minister-so-plata-od-2000-evra-jade-tsel-den-za-100-tina-denari-a-rabotnik-so-minimalets-jade-mesen-narezok-so-poskapi-tseni-sitata-vlast-ne-go-veruva-gladniot-narod/ Tue, 17 Oct 2023 07:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=691905

Лицемерието на власта на СДС и ДУИ нема крај. Додека народот се тоне во сиромаштија поради високата инфлација, а власта вели дека тоа било така секаде, во владините бифеа цените стојат замрзнати и тоа на минимум, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштеваат по екстра ниски цени. Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат луксуз за народот, затоа што треба за него да одвојат околу две евра, во владините бифеа за истите пари кркаат сланина на скара( за 110 денари) или вешалица од свинско каре (за 135 денари).

Го слушате Ковачевски, Битиќи или Бектеши дека поскапуваат цените на детската храна затоа што тие тоа го сметаат за луксуз, а веројатно половина час порано јаделе омлет со свинско за 65 денари, тост со врат за 75 денари или тулумби и баклави за 30 денари.

Еден министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а еден работник со минималец јаде месен нарезок по поскапи цени. И на крајот министерот ќе те убедува дека поскапувањето на цените на одредени производи било за твое добро, затоа што не било здраво тоа да се јаде.

Ситата влада не го верува гладниот народ. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, стои ви соопштението на партијата.

The post „Министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени- ситата власт не го верува гладниот народ“ appeared first on Република.

]]>

Лицемерието на власта на СДС и ДУИ нема крај. Додека народот се тоне во сиромаштија поради високата инфлација, а власта вели дека тоа било така секаде, во владините бифеа цените стојат замрзнати и тоа на минимум, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштеваат по екстра ниски цени. Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат луксуз за народот, затоа што треба за него да одвојат околу две евра, во владините бифеа за истите пари кркаат сланина на скара( за 110 денари) или вешалица од свинско каре (за 135 денари). Го слушате Ковачевски, Битиќи или Бектеши дека поскапуваат цените на детската храна затоа што тие тоа го сметаат за луксуз, а веројатно половина час порано јаделе омлет со свинско за 65 денари, тост со врат за 75 денари или тулумби и баклави за 30 денари. Еден министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а еден работник со минималец јаде месен нарезок по поскапи цени. И на крајот министерот ќе те убедува дека поскапувањето на цените на одредени производи било за твое добро, затоа што не било здраво тоа да се јаде. Ситата влада не го верува гладниот народ. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, стои ви соопштението на партијата.

The post „Министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-тина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени- ситата власт не го верува гладниот народ“ appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Вработените во културата нема да останат на минималец https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vrabotenite-vo-kulturata-nema-da-ostanat-na-minimalec/ Fri, 25 Mar 2022 10:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=478321

Не знам од каде излегоа информациите дека сум кажала оти сите вработени во културата ќе бидат на минимална плата. Жалам што некој ја злоупотреби средбата со директорите на националните установи, каде кажавме дека сите ќе бидат активно вклучени во изработката на новиот колективен договор и во изработувањето на Законот за култура, вели министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа за Клан ТВ додава дека на состанокот со директорите на националните установи се разговарало за случувањата со кризите коија зафатија Европа.

Со одредени времени мерки треба да се позанимаваме за да може да имаме одржливи буџети, а да не падне нивото на културата. Мора некако да штедиме, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура додаде дека подготовката на новиот колективен договор во културата нема да биде рестриктивен, туку по примерот на покачувањето на минималната плата и пензиите, тоа ќе се прави инклузивно, каде што ќе се вклучат и слушнат сите кои активно исползуваат од тоа.

The post Костадиновска-Стојчевска: Вработените во културата нема да останат на минималец appeared first on Република.

Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomsko-socijalen-sovet-nema-dogovor-za-usoglasuvanje-na-platite-so-pokacheniot-minimalec/ Wed, 23 Mar 2022 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=477262

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.

Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.

Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија.

Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.
Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.
Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија. Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.  

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>
Владата ги усвои за законските измени за минимална плата од 18.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-usvoi-za-zakonskite-izmeni-za-minimalna-plata-od-18-000-denari/ Tue, 08 Feb 2022 16:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=455831

Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет.

Со овие измени со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика, соопшти прес-службата на Владата.

The post Владата ги усвои за законските измени за минимална плата од 18.000 денари appeared first on Република.

Работодавачите кои нема да ги усогласат останатите плати со порастот на минималната, прават кривично дело-реагираат синдикатите https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotodavachite-koi-nema-da-gi-usoglasat-ostanatite-plati-so-porastot-na-minimalnata-pravat-krivichno-delo-reagiraat-sindikatite/ Tue, 08 Feb 2022 15:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=455811

Минималната плата од 18 илјади денари е добиена битка на работниците сега следува борбата за скалесто покачување на останатите плати, најавуваат синдикатите. Во Законот за минималната плата е превидено во рок од шест месеци, според член 8, скалесто да се зголемат сите останати плати и во јавниот и во приватниот сектор.

Минималецот од 18 илјади денари е предвидено да почне да се плаќа од април за мартовската плата. Ќе опфати повеќе од 80 илјади вработени. Од државниот буџет до крајот на годинава ќе се одлеат 16 милиони евра за покривање на придонесите, но само за зголемениот дел од 2.800 денари.

Сите останати плати согласно законот за мининална плата, член 8 мора скалесто да растат или да се усогласат со зголемување на минималната плата. Ако тоа не се случи, а е законско решение, јас верувам дека тука се прави кривично дело, бидејќи се кријат даноци по основ на придонеси за зголемување на останатите плати. Апелирам до сите работовачи, без разлика дали се од приватен или јавен сектор, за доследно почитување на скалестото зголемување на сите останати плати, вели за „Телма“ претседателот на ССМ Дарко Димовски.

СОНК пак се заканува дека ќе има генерален штрајк ако не се зголемат останатите плати. Велат со растот на минималната на 18.000 денари ќе се случи класична „урамниловка“ десет групи на работници во градинките меѓу кои и негувателките ќе земаат иста плата – минимална.

The post Работодавачите кои нема да ги усогласат останатите плати со порастот на минималната, прават кривично дело-реагираат синдикатите appeared first on Република.

]]>

Минималната плата од 18 илјади денари е добиена битка на работниците сега следува борбата за скалесто покачување на останатите плати, најавуваат синдикатите. Во Законот за минималната плата е превидено во рок од шест месеци, според член 8, скалесто да се зголемат сите останати плати и во јавниот и во приватниот сектор. Минималецот од 18 илјади денари е предвидено да почне да се плаќа од април за мартовската плата. Ќе опфати повеќе од 80 илјади вработени. Од државниот буџет до крајот на годинава ќе се одлеат 16 милиони евра за покривање на придонесите, но само за зголемениот дел од 2.800 денари.