милјардер Archives - Република https://republika.mk/tema/miljarder/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 08:26:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милјардер Archives - Република https://republika.mk/tema/miljarder/ 32 32 Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството https://republika.mk/scena/estrada/kanje-vest-vekje-ne-e-milijarder-otkako-adidas-mu-go-otkaza-partnerstvoto/ Wed, 26 Oct 2022 08:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=565746

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер.

Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“. Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари.

„Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато. „’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија.

Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“. На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.

The post Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството appeared first on Република.

]]>

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер. Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“. Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари. „Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато. „’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија. Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“. На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.

The post Кање Вест веќе не е милијардер откако „Адидас“ му го откажа партнерството appeared first on Република.

]]>
Mилијардер кој е на смртна постела им ги подели парите на сиромашните https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/milijarder-koj-e-na-smrtna-postela-im-gi-podeli-parite-na-siromashnite/ Wed, 16 Feb 2022 08:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=459139

Милијардер од Мјанмар доби големо внимание и пофалби на социјалните мрежи откако ги подели своите пари на сиромашните и рече дека не може да ги однесе на другиот свет.

Во видеото објавено на Фејсбук се гледа како лица им делат пари на луѓе кои се поклонуваа на човек кој е облечен во бела облека и седи на стол.

Овој човек во бело е видно болен, иако дава се од себе да седне на столот додека луѓето му се заблагодаруваат за неговата дарежливост.

На видеото не можеме да видиме кој е овој човек, од каде е и колку пари им дава на луѓето, но ако ова навистина се случило, тогаш навистина го заслужува вниманието кое го доби на социјалните мрежи.

 

The post Mилијардер кој е на смртна постела им ги подели парите на сиромашните appeared first on Република.

]]>

Милијардер од Мјанмар доби големо внимание и пофалби на социјалните мрежи откако ги подели своите пари на сиромашните и рече дека не може да ги однесе на другиот свет. Во видеото објавено на Фејсбук се гледа како лица им делат пари на луѓе кои се поклонуваа на човек кој е облечен во бела облека и седи на стол. Овој човек во бело е видно болен, иако дава се од себе да седне на столот додека луѓето му се заблагодаруваат за неговата дарежливост. На видеото не можеме да видиме кој е овој човек, од каде е и колку пари им дава на луѓето, но ако ова навистина се случило, тогаш навистина го заслужува вниманието кое го доби на социјалните мрежи.  

The post Mилијардер кој е на смртна постела им ги подели парите на сиромашните appeared first on Република.

]]>