Милан Завков Archives - Република https://republika.mk/tema/milan-zavkov/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Apr 2023 07:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милан Завков Archives - Република https://republika.mk/tema/milan-zavkov/ 32 32 Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков https://republika.mk/vesti/kultura/veligdenski-kontsert-na-tanets-vo-chest-na-milan-zavkov/ Mon, 10 Apr 2023 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=629255

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.

Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак - програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.

На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.

Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот "Млад Танец". Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера.

Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со "Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата "Македонски мерак". Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии.

Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

-Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни "Танец”, каде што уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот, создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја, се посочува во соопштението од „Танец“. 

The post Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт. Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак - програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“. На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков. Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот "Млад Танец". Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера. Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со "Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата "Македонски мерак". Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии. Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.
-Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни "Танец”, каде што уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот, создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја, се посочува во соопштението од „Танец“. 

The post Велигденски концерт на „Танец“ во чест на Милан Завков appeared first on Република.

]]>
Сузана Спасовска ги расплака присутните кога запеа песна која Завков ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“, Мартин Вучиќ рече дека учел од великаните https://republika.mk/scena/muzika/suzana-spasovska-gi-rasplaka-prisutnite-koga-zapea-pesna-koja-zavkov-ja-napishal-za-nea-zasviri-edna-nasha-milane-martin-vuchik-reche-deka-uchel-od-velikanite/ Wed, 08 Feb 2023 10:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=606425

Сузана Спасовска која беше голема пријателка со Завков во негова чест на денешната комеморативна седница запеа песна која тој ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“, објави Слободен печат.

На присутните им се обрати и Мартин Вучиќ, директорот на „Танец“.

Да бевме писатели ќе ја преточевме музиката во зборови. На нам својствен начин, ќе му оддадеме почит со музика. Од кога постојам и самиот живеам со музика, и учев од великаните. Улогата на Завков во „Танец“, беше повеќе од престиж, таму се искачуваат најдобрите – рече Вучиќ.

Целиот текст овде.

Спасовска на социјалните мрежи се прости од својот долгогодишен колега и пријател, Милан Завков.

The post Сузана Спасовска ги расплака присутните кога запеа песна која Завков ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“, Мартин Вучиќ рече дека учел од великаните appeared first on Република.

]]>

Сузана Спасовска која беше голема пријателка со Завков во негова чест на денешната комеморативна седница запеа песна која тој ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“, објави Слободен печат. На присутните им се обрати и Мартин Вучиќ, директорот на „Танец“.
Да бевме писатели ќе ја преточевме музиката во зборови. На нам својствен начин, ќе му оддадеме почит со музика. Од кога постојам и самиот живеам со музика, и учев од великаните. Улогата на Завков во „Танец“, беше повеќе од престиж, таму се искачуваат најдобрите – рече Вучиќ.
Целиот текст овде. Спасовска на социјалните мрежи се прости од својот долгогодишен колега и пријател, Милан Завков.

The post Сузана Спасовска ги расплака присутните кога запеа песна која Завков ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“, Мартин Вучиќ рече дека учел од великаните appeared first on Република.

]]>
„Танец“ организира Комеморативен собир во спомен на маестро Милан Завков денеска во Фоајето на Националната опера и балет https://republika.mk/scena/muzika/tanets-organizira-komemorativen-sobir-vo-spomen-na-maestro-milan-zavkov-deneska-vo-foajeto-na-natsionalnata-opera-i-balet/ Wed, 08 Feb 2023 10:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=606396

НУ Танец извести дека денеска, 8 февруари 2023, среда, ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков. Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

The post „Танец“ организира Комеморативен собир во спомен на маестро Милан Завков денеска во Фоајето на Националната опера и балет appeared first on Република.

Почина Милан Завков https://republika.mk/scena/muzika/pochina-milan-zavkov/ Tue, 07 Feb 2023 07:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=605734

Ненадејно, во 61-та година од животот почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.

Почитувани, со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објави утрово Националната установа - ансамбл за народни игри и песни „Танец“ - Скопје на својот официјален Фејсбук профил.

Од „Танец“ потсетуваат дека љубовта кон музиката на Милан Завков почнува од детството. Тој почнал да свири хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот „Млад Танец“ со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор - хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот „Октет Македонија“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група „Македонски мерак“ остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи, соопшти „Танец“.

The post Почина Милан Завков appeared first on Република.