Мијата Archives - Република https://republika.mk/tema/mijata/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 11:23:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мијата Archives - Република https://republika.mk/tema/mijata/ 32 32 Концерт на MIYATTA на јубилејното издание на Скопскиот Градски Фестивал https://republika.mk/scena/kontsert-na-miyatta-na-jubilejnoto-izdanie-na-skopskiot-gradski-festival/ Wed, 15 May 2024 16:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=778317

Јубилејно петтто издание на Скопски Градски фестивал, продолжува со возбудлива и исклучително квалитетна програма. Вечерва во малата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во концертот на MIYATTA.

MIYATTA (Наташа Мијат Крстевска) е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Кантавтор, со ангажирани текстови и умешно интегрирање на различни форми во својата музика, најблиската споредба со име од светската музичка сцена би била Kate Bush. MIYATTA има издадено два албуми, новиот насловен „Вида„ се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.

 

Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите онлајн на следниот линк: bileti.mk/e/miyatta

The post Концерт на MIYATTA на јубилејното издание на Скопскиот Градски Фестивал appeared first on Република.

]]>

Јубилејно петтто издание на Скопски Градски фестивал, продолжува со возбудлива и исклучително квалитетна програма. Вечерва во малата сала на Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе може да уживате во концертот на MIYATTA. MIYATTA (Наташа Мијат Крстевска) е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Кантавтор, со ангажирани текстови и умешно интегрирање на различни форми во својата музика, најблиската споредба со име од светската музичка сцена би била Kate Bush. MIYATTA има издадено два албуми, новиот насловен „Вида„ се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.   Билетите по цена од 800 денари можете да ги набавите онлајн на следниот линк: bileti.mk/e/miyatta

The post Концерт на MIYATTA на јубилејното издание на Скопскиот Градски Фестивал appeared first on Република.

]]>
Со концертот на Мијата на 15 мај завршува Скопски градски фестивал https://republika.mk/scena/so-kontsertot-na-mijata-na-15-maj-zavrshuva-skopski-gradski-festival/ Mon, 13 May 2024 09:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=777517

Во среда, на 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе се случи несекојдневен музички перформанс на нашата кантавторка MIYATTA. Концертот е во рамки на петтото издание на Скопски Градски Фестивал, во организација на Баги Комуникации.
MIYATTA е е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со  препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Мијата е кантавтор, создава ангажирани текстови и умешно интегрира различни форми во својата музика. Нејзините настапи се спој на музика и театар за целосно доживување на публиката.
Многумина ја споредуваат со Kate Bush, заради нејзините вокални и визуелни интерпретации. MIYATTA има издадено два албуми, „Небеска„ и „Вида„ кој се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.

Возбудена сум за претстојниот концерт и повторна средба со публиката. Концертот ќе биде комбинација на песни од двата мои албума во една акустична и бохо-атмосфера, која ќе ѝ направи на публиката да се чувствува како дома. Секогаш тргнувам од помислата што би сакала јас да видам, да чујам, да доживеам… Но најважно од се ми е да ја задржам автентичноста, вели Мијата

На концертот публиката ќе има можност да ги види и гостите Нина Јанева, Мухамед Ибрахими, Александар Пешевски, Теодора Гошева Капсарова, Никола Стојмановиќ, Гоце Вангеловски и уште неколку изненадувања кои организаторите не сакаат да ги откријат.

Ова е мал но значаен јубилеј за нашиот фестивал. Исто како и претходните години и оваа фокусот го ставаме на домашните изведувачи. Сметаме дека негувањето и поддршката на домашната сцена е суштинска во овие времиња на голем наплив на музика со сомнителен квалитет. Соработката со MIYATTA е нешто на што работевме изминатата година, таа е исклучителен професионалец и голем креативец, велат организаторите Баги Комуникации.

MIYATTA деновиве е актуелна и со соработката со македонската музичка атракција „Брас брадрс“ (Brass Brothers) на нивната најнова песна „I Wanted More“ каде таа е текстописец и вокал.
Јубилејното петто издание на „Скопски градски фестивал“, понуди возбудлива и исклучително квалитетна програма во организација на „Баги Комуникации“, со три фестивалски вечери, на 7, 9 и 15 мај. Фестивалот беше отворен на 7 мај во камерната сала на Филхармонија, каде настапија гитарското дуо „Роџерс и Харисон“ и битолската група „Код 369“. Втората фестивалска вечер се одржа на 9 мај во Младинскиот културен центар во Скопје. На програмата беа три концерти, на групата „Бла-бла-бла“, Мухамед Ибрахими и средношколскиот бенд 3rd Brigade“, со ученици од „American High School“ – Скопје, како и изложба на авантгардни колажи од уметницата Марга Рита.
Со концертот на MIYATTA на 15 мај ќе биде затворено ова издание на фестивалот.
Концертот ќе започне во 20 часот, а билетите по цена од 800 денари можат да
се набават преку www.bileti.mk

 

The post Со концертот на Мијата на 15 мај завршува Скопски градски фестивал appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе се случи несекојдневен музички перформанс на нашата кантавторка MIYATTA. Концертот е во рамки на петтото издание на Скопски Градски Фестивал, во организација на Баги Комуникации. MIYATTA е е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со  препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Мијата е кантавтор, создава ангажирани текстови и умешно интегрира различни форми во својата музика. Нејзините настапи се спој на музика и театар за целосно доживување на публиката. Многумина ја споредуваат со Kate Bush, заради нејзините вокални и визуелни интерпретации. MIYATTA има издадено два албуми, „Небеска„ и „Вида„ кој се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.
Возбудена сум за претстојниот концерт и повторна средба со публиката. Концертот ќе биде комбинација на песни од двата мои албума во една акустична и бохо-атмосфера, која ќе ѝ направи на публиката да се чувствува како дома. Секогаш тргнувам од помислата што би сакала јас да видам, да чујам, да доживеам… Но најважно од се ми е да ја задржам автентичноста, вели Мијата
На концертот публиката ќе има можност да ги види и гостите Нина Јанева, Мухамед Ибрахими, Александар Пешевски, Теодора Гошева Капсарова, Никола Стојмановиќ, Гоце Вангеловски и уште неколку изненадувања кои организаторите не сакаат да ги откријат.
Ова е мал но значаен јубилеј за нашиот фестивал. Исто како и претходните години и оваа фокусот го ставаме на домашните изведувачи. Сметаме дека негувањето и поддршката на домашната сцена е суштинска во овие времиња на голем наплив на музика со сомнителен квалитет. Соработката со MIYATTA е нешто на што работевме изминатата година, таа е исклучителен професионалец и голем креативец, велат организаторите Баги Комуникации.
MIYATTA деновиве е актуелна и со соработката со македонската музичка атракција „Брас брадрс“ (Brass Brothers) на нивната најнова песна „I Wanted More“ каде таа е текстописец и вокал. Јубилејното петто издание на „Скопски градски фестивал“, понуди возбудлива и исклучително квалитетна програма во организација на „Баги Комуникации“, со три фестивалски вечери, на 7, 9 и 15 мај. Фестивалот беше отворен на 7 мај во камерната сала на Филхармонија, каде настапија гитарското дуо „Роџерс и Харисон“ и битолската група „Код 369“. Втората фестивалска вечер се одржа на 9 мај во Младинскиот културен центар во Скопје. На програмата беа три концерти, на групата „Бла-бла-бла“, Мухамед Ибрахими и средношколскиот бенд 3rd Brigade“, со ученици од „American High School“ – Скопје, како и изложба на авантгардни колажи од уметницата Марга Рита. Со концертот на MIYATTA на 15 мај ќе биде затворено ова издание на фестивалот. Концертот ќе започне во 20 часот, а билетите по цена од 800 денари можат да се набават преку www.bileti.mk  

The post Со концертот на Мијата на 15 мај завршува Скопски градски фестивал appeared first on Република.

]]>
Brass Brothers и Мијата со својот прв заеднички проект „I Wanted More” https://republika.mk/scena/muzika/brass-brothers-i-mijata-so-svojot-prv-zaednichki-proekt-i-wanted-more/ Fri, 10 May 2024 09:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=776670

Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата.

Во оваа интересна музичка соработка, популарниот македонски бенд Brass Brothers и Мијата ги обединија своите сили за да ни го претстават својот прв заеднички проект, „I Wanted More“. Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата.

Ни беше задоволство да соработуваме со Мијата. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“, изјавија од Brass Brothers.

Оваа песна, која се надеваме дека ќе ги освои срцата на клубската публика, е најава за концертот на Мијата на 15-ти мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал.

Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска.

Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев.

„I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 11 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетов (алт саксофон), Пере Мелов (труба), Илија Мицев (труба), Јован Мартиновски (Dj support) и Никола Митрев (труба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот. Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред сè поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук.

https://youtu.be/RMUVZpm9rRo?si=M68k-LAv4zF5_SGN

The post Brass Brothers и Мијата со својот прв заеднички проект „I Wanted More” appeared first on Република.

]]>

Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата. Во оваа интересна музичка соработка, популарниот македонски бенд Brass Brothers и Мијата ги обединија своите сили за да ни го претстават својот прв заеднички проект, „I Wanted More“. Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата.
Ни беше задоволство да соработуваме со Мијата. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“, изјавија од Brass Brothers.
Оваа песна, која се надеваме дека ќе ги освои срцата на клубската публика, е најава за концертот на Мијата на 15-ти мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал. Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна. Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска. Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев. „I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници. Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 11 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетов (алт саксофон), Пере Мелов (труба), Илија Мицев (труба), Јован Мартиновски (Dj support) и Никола Митрев (труба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот. Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред сè поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук. https://youtu.be/RMUVZpm9rRo?si=M68k-LAv4zF5_SGN

The post Brass Brothers и Мијата со својот прв заеднички проект „I Wanted More” appeared first on Република.

]]>
Новиот сингл на Мијата „Добра ноќ, добар ден“ https://republika.mk/scena/muzika/noviot-singl-na-mijata-dobra-nok-dobar-den/ Tue, 18 Jul 2023 07:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=662511

Мијата го објави новиот сингл „Добра ноќ, добар ден“.

Оваа песна, која е од новиот албум, насловен „Вида“, беше изведена премиерно на концертот во Куршумли - ан во рамките на прoграмата на Скопско лето.

Официјалниот видеозапис ја визуализира атмосферата од концертот, кој се одржа на 28 јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот.

Освен тоа, денеска, вторник, 18 јули, со почеток од 19 часот, Мијата ќе ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине што традиционално се одржува во Скопје сити мол.

На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК-кулата, таа ќе се претстави со авторски и кавер репертоар, а ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас-гитара.

Инаку, музиката на песната „Добра ноќ, добар ден“ е на Мијата и Елизабет Пол, а текстот е на Мијата.

Аранжман, клавијатури и микс: Ангел Ќосев

Студио: Подрумот

Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски.

Мастеринг: Дамир Пух, Гринрум саунд студио

Режија и монтажа: Љупчо Трајковски.

https://youtu.be/IA7CF2YxLUQ

The post Новиот сингл на Мијата „Добра ноќ, добар ден“ appeared first on Република.

]]>

Мијата го објави новиот сингл „Добра ноќ, добар ден“. Оваа песна, која е од новиот албум, насловен „Вида“, беше изведена премиерно на концертот во Куршумли - ан во рамките на прoграмата на Скопско лето. Официјалниот видеозапис ја визуализира атмосферата од концертот, кој се одржа на 28 јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот. Освен тоа, денеска, вторник, 18 јули, со почеток од 19 часот, Мијата ќе ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине што традиционално се одржува во Скопје сити мол. На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК-кулата, таа ќе се претстави со авторски и кавер репертоар, а ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас-гитара. Инаку, музиката на песната „Добра ноќ, добар ден“ е на Мијата и Елизабет Пол, а текстот е на Мијата. Аранжман, клавијатури и микс: Ангел Ќосев Студио: Подрумот Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Мастеринг: Дамир Пух, Гринрум саунд студио Режија и монтажа: Љупчо Трајковски. https://youtu.be/IA7CF2YxLUQ

The post Новиот сингл на Мијата „Добра ноќ, добар ден“ appeared first on Република.

]]>
Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ https://republika.mk/scena/muzika/so-kontsert-vo-kurshumli-an-mijata-ke-go-promovira-vtoriot-album-vida/ Tue, 27 Jun 2023 14:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=655704

Со прв солистички концерт во кариерата поп пејачката Мијата, утре, на 28 јуни во 20 часот во Куршумли-ан ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот е во рамки на овогодинешната програма на Скопско лето 2023.

„Вида“ е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години, вели Мијата, чиј прв албум „Небеска“ беше објавен во 2015 година.

Учесници на концертот се Мијата - вокал, Валентино Скендеровски - клавијатури, Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара, Горан Гешовски - бас гитара, Ратко Даутовски - перкусии, Иво Митковски - тапани, Мартина Нанеска - придружен вокал, Елена Васова - придружен вокал, Дино Хриџиќ - придружен вокал.

Гости се Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев

Билетите се по цена од 300 денари и ќе се продаваат на влезот на Куршумли-ан.

 

The post Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ appeared first on Република.

]]>

Со прв солистички концерт во кариерата поп пејачката Мијата, утре, на 28 јуни во 20 часот во Куршумли-ан ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот е во рамки на овогодинешната програма на Скопско лето 2023.
„Вида“ е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години, вели Мијата, чиј прв албум „Небеска“ беше објавен во 2015 година.
Учесници на концертот се Мијата - вокал, Валентино Скендеровски - клавијатури, Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара, Горан Гешовски - бас гитара, Ратко Даутовски - перкусии, Иво Митковски - тапани, Мартина Нанеска - придружен вокал, Елена Васова - придружен вокал, Дино Хриџиќ - придружен вокал. Гости се Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев Билетите се по цена од 300 денари и ќе се продаваат на влезот на Куршумли-ан.  

The post Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ appeared first on Република.

]]>
Одложените настани од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот „Филип Втори“ https://republika.mk/vesti/kultura/odlozenite-nastani-od-bela-nokj-vecherva-na-ploshtadot-filip-vtori/ Tue, 04 Oct 2022 11:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=557209

Манифестација „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на повеќе локации низ Скопје продолжува и денес.

Централната манифестација поради лошите временски услови се одложи за денес од 19:30 на плоштадот „Филип Втори“.

Скопје и скопјани ќе уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа ќе можат да гледаат детска театарска претстава, музички концерт на Мијата, a за крај да се журкаат на настапот на диџеј Дабнотик.

 

The post Одложените настани од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот „Филип Втори“ appeared first on Република.

]]>

Манифестација „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на повеќе локации низ Скопје продолжува и денес. Централната манифестација поради лошите временски услови се одложи за денес од 19:30 на плоштадот „Филип Втори“. Скопје и скопјани ќе уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа ќе можат да гледаат детска театарска претстава, музички концерт на Мијата, a за крај да се журкаат на настапот на диџеј Дабнотик.  

The post Одложените настани од „Бела ноќ“ вечерва на плоштадот „Филип Втори“ appeared first on Република.

]]>
Мијата го објави спотот за новата песна „Враќање дома“ https://republika.mk/scena/muzika/mijata-go-objavi-spotot-za-novata-pesna-vrakjanje-doma/ Mon, 23 May 2022 10:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=505867

Македонска поп-пејачка и кантавторка, Mијата, го објави спотот за својата најнова песна „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, а текстот на Весна Малинова. Аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата, која е и режисер на спотот.

Во него Мијата и Теда се возат на камион од Ѓорче Петров до Железара и заедно пејат.

Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја, рече Мијата.

фото: Фросе Левковска

https://youtu.be/m5lri-yzgxU

 

The post Мијата го објави спотот за новата песна „Враќање дома“ appeared first on Република.

]]>

Македонска поп-пејачка и кантавторка, Mијата, го објави спотот за својата најнова песна „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, а текстот на Весна Малинова. Аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата, која е и режисер на спотот. Во него Мијата и Теда се возат на камион од Ѓорче Петров до Железара и заедно пејат.
Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја, рече Мијата.
фото: Фросе Левковска https://youtu.be/m5lri-yzgxU  

The post Мијата го објави спотот за новата песна „Враќање дома“ appeared first on Република.

]]>