Мичиген Archives - Република https://republika.mk/tema/michigen/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Oct 2023 15:50:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мичиген Archives - Република https://republika.mk/tema/michigen/ 32 32 Бугарија врши притисок и во дијаспората: Нивниот конзул во САД тврди дека Македонија е само географски поим, а оти Македонци не постојат https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-vrshi-pritisok-i-vo-dijasporata-nivniot-konzul-vo-sad-tvrdi-deka-makedonija-e-samo-geografski-poim-a-oti-makedontsi-ne-postojat/ Sat, 14 Oct 2023 15:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=691247

Однесувањето на Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков треба да биде предупредување за македонските власти какви ќе бидат следните потези на власта во Софија.

Тој бара од САД да се минимизира месецот на македонско-американското наследство во сојузната држава Мичиген. Конректно, од САД се бара  да се најде решение за заштита на наследството на „македонско-бугарската заедница“ во Мичиген, иако таква заедница не постои.

Бугарите стравуваат дека Македонија и Македонците ќе го присвојат културно наследството на бугарските Американци.

Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер.


За Бугарите во САД Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски, според нив“  и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада.

Станува јасно дека следното барање на Бугарија ќе биде да се откажеме од македонската дијапора во САД која гласно ги брани правата на Македонците на американскиот континент од пропагандата на бугарската дијапора која за жал е помоќна.

https://republika.mk/vesti/svet/nema-kraj-na-bugarskite-barana-michigen-ja-trgna-proklamatsijata-za-makedonsko-nasledstvo-od-veb-stranitsata-bugarskiot-konzul-vo-chikago-se-zhalel/

 

 

The post Бугарија врши притисок и во дијаспората: Нивниот конзул во САД тврди дека Македонија е само географски поим, а оти Македонци не постојат appeared first on Република.

]]>

Однесувањето на Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков треба да биде предупредување за македонските власти какви ќе бидат следните потези на власта во Софија. Тој бара од САД да се минимизира месецот на македонско-американското наследство во сојузната држава Мичиген. Конректно, од САД се бара  да се најде решение за заштита на наследството на „македонско-бугарската заедница“ во Мичиген, иако таква заедница не постои. Бугарите стравуваат дека Македонија и Македонците ќе го присвојат културно наследството на бугарските Американци. Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер. За Бугарите во САД Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски, според нив“  и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада. Станува јасно дека следното барање на Бугарија ќе биде да се откажеме од македонската дијапора во САД која гласно ги брани правата на Македонците на американскиот континент од пропагандата на бугарската дијапора која за жал е помоќна. https://republika.mk/vesti/svet/nema-kraj-na-bugarskite-barana-michigen-ja-trgna-proklamatsijata-za-makedonsko-nasledstvo-od-veb-stranitsata-bugarskiot-konzul-vo-chikago-se-zhalel/    

The post Бугарија врши притисок и во дијаспората: Нивниот конзул во САД тврди дека Македонија е само географски поим, а оти Македонци не постојат appeared first on Република.

]]>
Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел https://republika.mk/vesti/svet/nema-kraj-na-bugarskite-barana-michigen-ja-trgna-proklamatsijata-za-makedonsko-nasledstvo-od-veb-stranitsata-bugarskiot-konzul-vo-chikago-se-zhalel/ Sat, 14 Oct 2023 07:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=691086

Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, во кое реагира за прогласувањето на септември оваа година за месец на македонско-американското наследство во оваа сојузна држава.

Тој бара средба со нејзиниот тим за да се најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“, објави Војс оф Америка.

Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер.


Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото.

Станков вели дека тој и бугарската заедница во САД се загрижени оти прокламацијата навела дека над половина милион Американци со македонско потекло живеат во САД, без да ја прецизира нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД.

Според него, таквата „генерализација без извори ги храни културните обиди за присвојување на современите северномакедонски националисти“.

Тој објаснува и дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовираше нова македонска етничката припадност со цел да се обезбеди социјална и политичка кохезија. Прекувремено, дел од населението го прифати овој идентитет“.

Гласот на Америка на македонски побара коментар за писмото и од бугарскиот конзул Станков и од гувернерката на Мичиген, но до објавување на текстот не добивме одговор.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада.

Денес поднесов жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков. Тој ме напаѓа лично мене и другите членови на Обединетата македонска дијаспора врз основа на нашиот етнички идентитет, вклучително и вербални напади врз лица на македонски настани. Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа, изјави за Гласот на Америка на македонски коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Методија А. Колоски.

Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура во САД и во сојузната држава Илиноис, како и во градот Чикаго.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, го прогласи 16 септември за ден на македонското наследство.

Во јули, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Извор: ВОА

The post Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел appeared first on Република.

]]>

Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, во кое реагира за прогласувањето на септември оваа година за месец на македонско-американското наследство во оваа сојузна држава. Тој бара средба со нејзиниот тим за да се најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“, објави Војс оф Америка. Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер. Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото. Станков вели дека тој и бугарската заедница во САД се загрижени оти прокламацијата навела дека над половина милион Американци со македонско потекло живеат во САД, без да ја прецизира нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД. Според него, таквата „генерализација без извори ги храни културните обиди за присвојување на современите северномакедонски националисти“. Тој објаснува и дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовираше нова македонска етничката припадност со цел да се обезбеди социјална и политичка кохезија. Прекувремено, дел од населението го прифати овој идентитет“. Гласот на Америка на македонски побара коментар за писмото и од бугарскиот конзул Станков и од гувернерката на Мичиген, но до објавување на текстот не добивме одговор. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада. Денес поднесов жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков. Тој ме напаѓа лично мене и другите членови на Обединетата македонска дијаспора врз основа на нашиот етнички идентитет, вклучително и вербални напади врз лица на македонски настани. Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа, изјави за Гласот на Америка на македонски коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Методија А. Колоски. Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура во САД и во сојузната држава Илиноис, како и во градот Чикаго. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, го прогласи 16 септември за ден на македонското наследство. Во јули, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Извор: ВОА

The post Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел appeared first on Република.

]]>
Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура https://republika.mk/vesti/kultura/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-ta-za-mesets-na-makedonskata-kultura/ Sat, 02 Sep 2023 15:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=678161

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура.

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер изјави дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.

-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се вели дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Викендов, во Детроит, се очекуваат активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија

Оваа прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

-ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

The post Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура appeared first on Република.

]]>

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура. Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер изјави дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.
-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се вели дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит, се очекуваат активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија Оваа прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД). -ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.

The post Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура appeared first on Република.

]]>
Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада https://republika.mk/vesti/svet/pet-litsa-zaginaa-vo-nevreme-vo-michigen-ogneni-tornada-vo-kanada/ Fri, 25 Aug 2023 18:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=675889

Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше денеска дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава.

Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната провинција на Канада, пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари.

Во западниот дел на Мичиген, округ Кент синоќа загинале 21 годишна жена и две девојчиња на возраст од една и три години во директен судир на две возила кои возеле во дождот. Возачот маж, е повреден и бил однесен во болница. Колата удрила во теренско возило во кое немало тешко повредени.

Во престолнината на Мичиген Лансинг, едно лица загинало како последица на пад на дрво врз дом. Верижен судир се случил на меѓудржавниот автопат 96, при што загинало едно лице, повеќемина се тешко повредени.

Во Канада пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари. Познавачите велат дека ова е редок природен феномен создаден од интензитетот на огнот, нагло зголемената влажност и намаленото ниво на кондензација (роса).

The post Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада appeared first on Република.

]]>

Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше денеска дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава. Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната провинција на Канада, пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари. Во западниот дел на Мичиген, округ Кент синоќа загинале 21 годишна жена и две девојчиња на возраст од една и три години во директен судир на две возила кои возеле во дождот. Возачот маж, е повреден и бил однесен во болница. Колата удрила во теренско возило во кое немало тешко повредени. Во престолнината на Мичиген Лансинг, едно лица загинало како последица на пад на дрво врз дом. Верижен судир се случил на меѓудржавниот автопат 96, при што загинало едно лице, повеќемина се тешко повредени. Во Канада пак неделава беа забележани огнени торнада, на местата каде се уште беснеат шумски пожари. Познавачите велат дека ова е редок природен феномен создаден од интензитетот на огнот, нагло зголемената влажност и намаленото ниво на кондензација (роса).

The post Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада appeared first on Република.

]]>
Драма во школски автобус: Возачот се онесвести, а храбар седмодделенец скокна и го запре возилото https://republika.mk/vesti/svet/drama-vo-shkolski-avtobus-vozachot-se-onesvesti-a-hrabar-sedmoddelenets-skokna-i-go-zapre-voziloto/ Thu, 11 May 2023 09:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=639597

Седмоодделенец од Ворен, Мичиген, Дилон Ривс, успеал да го фати воланот и да притисне на сопирачките на училишниот автобус откако возачот се онесвестил додека возел.

Дилон потоа го донел возилото на безбедно застанување на прометниот пат во областа Детроит.

Некој да се јави на 911. Токму сега“, им викнал Ривс на другите ученици во автобусот.

Инцидентот го снимила видео камера веднаш над возачот. На видеото се гледа како возачот го известува диспечерот дека мора да застане.

Неколку секунди подоцна, Дилон скокна во акција, го фати воланот и притисна на сопирачката.

https://twitter.com/court_bennett11/status/1652077849883340800?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1652077849883340800%7Ctwgr%5E3678d3308c78ea01cd672d420d1b1d00f04206db%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-drama-vo-uchilishen-avtobus-hrabar-uchenik-go-zapre-voziloto-otkako-vozachot-se-onesvesti%2F

Американските медиуми го слават Дилон како херој кој спасил автобус полн со деца.

Во моите 35 и повеќе години работа во училиштето не сум видел таков несекојдневен чин на храброст и зрелост. Не знам дали можеше да помине подобро – вели директорот на училиштето, Роберт Ливерноа и додава дека во тој момент автобусот почнал да преминува на спротивната лента.

Дилон одбил да зборува со новинарите, но неговите родители Стив и Ирета Ривс се горди на него.

Имаме мал херој. Тој вози по мојот скут, возејќи селски патишта и паркирајќи по патеки од неговата возраст од околу четири години. Дилон е добар возач – рече неговиот татко.

The post Драма во школски автобус: Возачот се онесвести, а храбар седмодделенец скокна и го запре возилото appeared first on Република.

]]>

Седмоодделенец од Ворен, Мичиген, Дилон Ривс, успеал да го фати воланот и да притисне на сопирачките на училишниот автобус откако возачот се онесвестил додека возел. Дилон потоа го донел возилото на безбедно застанување на прометниот пат во областа Детроит.
Некој да се јави на 911. Токму сега“, им викнал Ривс на другите ученици во автобусот.
Инцидентот го снимила видео камера веднаш над возачот. На видеото се гледа како возачот го известува диспечерот дека мора да застане. Неколку секунди подоцна, Дилон скокна во акција, го фати воланот и притисна на сопирачката. https://twitter.com/court_bennett11/status/1652077849883340800?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1652077849883340800%7Ctwgr%5E3678d3308c78ea01cd672d420d1b1d00f04206db%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-drama-vo-uchilishen-avtobus-hrabar-uchenik-go-zapre-voziloto-otkako-vozachot-se-onesvesti%2F Американските медиуми го слават Дилон како херој кој спасил автобус полн со деца.
Во моите 35 и повеќе години работа во училиштето не сум видел таков несекојдневен чин на храброст и зрелост. Не знам дали можеше да помине подобро – вели директорот на училиштето, Роберт Ливерноа и додава дека во тој момент автобусот почнал да преминува на спротивната лента.
Дилон одбил да зборува со новинарите, но неговите родители Стив и Ирета Ривс се горди на него.
Имаме мал херој. Тој вози по мојот скут, возејќи селски патишта и паркирајќи по патеки од неговата возраст од околу четири години. Дилон е добар возач – рече неговиот татко.

The post Драма во школски автобус: Возачот се онесвести, а храбар седмодделенец скокна и го запре возилото appeared first on Република.

]]>