мени Archives - Република https://republika.mk/tema/meni/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 07:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мени Archives - Република https://republika.mk/tema/meni/ 32 32 Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dojde-zhivot-na-rati-80-iljadi-gragani-so-60-denari-na-den-nemaat-ni-za-dva-leba-a-za-tie-pari-ministrite-vo-bife-jadat-slanina-i-biftetsi/ Wed, 18 Oct 2023 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=692340

Граѓаните се соочуваат со застрашувачко осиромашување и пад на стандардот. Во Македонија секојдневните трошоци се за 4 пати повеќе поскапени отколку што поскапеле во Европската Унија. За кратко време инфлацијата изеде третина од платите, а со новите покачувања на ДДВ од 5 на 10% на основни прехранбени производи уште повеќе ќе удрат по џебот на народот. Затоа граѓаните се повеќе се откажуваат од тоа да купуваат нешто кое порано го купувале, или се одлучуваат да купуваат само на парче, наместо на кило, или да купуваат бајати производи за да заштедат некој денар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За да се покрие буџетската дупка поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и други производи , само затоа што власта на СДС и ДУИ тоа го смета за луксуз.

Погрешните политики и алчноста на оваа влада го одраа народот и донесоа живот на рати.

Не е ни чудо што проекциите се дека до крајот на годината околу 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а од нив 80 илјади граѓани само со 60 денари дневно. Еден сиромашен граѓанин со 60 денари на ден не може да купи ни два леба, ама затоа во владиното бифе министрите со 2000 евра плата се хранат со тостови од 70 денари и готвени јадења од 100-тина денари. Социјалните случаи преку повисоко ДДВ ќе го полнат буџетот, за власта да се храни по повластени цени со сланина и бифтеци.

Оваа власт на ДУИ и СДС мора да замине за ова безумие да престане, стои во соопштението на партијата.

The post Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се соочуваат со застрашувачко осиромашување и пад на стандардот. Во Македонија секојдневните трошоци се за 4 пати повеќе поскапени отколку што поскапеле во Европската Унија. За кратко време инфлацијата изеде третина од платите, а со новите покачувања на ДДВ од 5 на 10% на основни прехранбени производи уште повеќе ќе удрат по џебот на народот. Затоа граѓаните се повеќе се откажуваат од тоа да купуваат нешто кое порано го купувале, или се одлучуваат да купуваат само на парче, наместо на кило, или да купуваат бајати производи за да заштедат некој денар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За да се покрие буџетската дупка поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, цвекло, брашно, чај, урда, сирење, кашкавал, зденки, замрзнати теста, феферони и други производи , само затоа што власта на СДС и ДУИ тоа го смета за луксуз. Погрешните политики и алчноста на оваа влада го одраа народот и донесоа живот на рати. Не е ни чудо што проекциите се дека до крајот на годината околу 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а од нив 80 илјади граѓани само со 60 денари дневно. Еден сиромашен граѓанин со 60 денари на ден не може да купи ни два леба, ама затоа во владиното бифе министрите со 2000 евра плата се хранат со тостови од 70 денари и готвени јадења од 100-тина денари. Социјалните случаи преку повисоко ДДВ ќе го полнат буџетот, за власта да се храни по повластени цени со сланина и бифтеци. Оваа власт на ДУИ и СДС мора да замине за ова безумие да престане, стои во соопштението на партијата.

The post Дојде живот на рати, 80 илјади граѓани со 60 денари на ден немаат ни за два леба, а за тие пари министрите во бифе јадат сланина и бифтеци appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, а господата во Влада се гостат со багатела свинско каре, јунешко соте и сланина на скара https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-makedonetsot-troshi-nad-60-od-svoite-primana-na-hrana-a-gospodata-vo-vlada-se-gostat-so-bagatela-svinsko-kare-juneshko-sote-i-slanina-na-skara/ Mon, 16 Oct 2023 15:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=691775

„Дневно на Клинички за храна се трошат 5К€, годишно 2 милиона.

Храната е ѓубре, невкусна, неквалитетна, а се одлеваат милиони 20 години.

Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, со месечна кошница која уште малце и ќе стане 1000€.

Просечна плата е едвај 600€, сведени на 300 од инфлација и поскапувања.

Властите си зголемија плати за 78%, а до Нова Година ќе добијат уште 400 € покачување.

500 илјади граѓани живеат со 200 денари дневно, а 69 илјади граѓани живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари.

Владиното мени во меѓувреме нуди пилешка чорба за 60 денари, омлет со свинско за 65 денари, сланина на скара за 110, вешалица од свинско каре за 135 денари, јунешко соте за 180 денари.

Живееме во тотална мизерија, парите ни се крадат секојдневно, градовите и државата ни се депонии, секоја агол од земјата е купен и раскурцан, загаден и упропастен, и господата продолжува да ужива во тотален криминал и корупција, да кажува што е луксуз и нездраво, додека глутонски се гоштева на нашето незапирливо тонење.

Ние сме за бунт, за распад низ бес, ама наместо тоа, тивко не гасат и газат“, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivo-dhabe-vo-restoranot-vo-vladata-chorba-za-60-denari-svinska-veshalitsa-za-130-shtrudla-i-tulumba-za-30/

The post Мицковски: Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, а господата во Влада се гостат со багатела свинско каре, јунешко соте и сланина на скара appeared first on Република.

]]>

„Дневно на Клинички за храна се трошат 5К€, годишно 2 милиона. Храната е ѓубре, невкусна, неквалитетна, а се одлеваат милиони 20 години. Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, со месечна кошница која уште малце и ќе стане 1000€. Просечна плата е едвај 600€, сведени на 300 од инфлација и поскапувања. Властите си зголемија плати за 78%, а до Нова Година ќе добијат уште 400 € покачување. 500 илјади граѓани живеат со 200 денари дневно, а 69 илјади граѓани живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари. Владиното мени во меѓувреме нуди пилешка чорба за 60 денари, омлет со свинско за 65 денари, сланина на скара за 110, вешалица од свинско каре за 135 денари, јунешко соте за 180 денари. Живееме во тотална мизерија, парите ни се крадат секојдневно, градовите и државата ни се депонии, секоја агол од земјата е купен и раскурцан, загаден и упропастен, и господата продолжува да ужива во тотален криминал и корупција, да кажува што е луксуз и нездраво, додека глутонски се гоштева на нашето незапирливо тонење. Ние сме за бунт, за распад низ бес, ама наместо тоа, тивко не гасат и газат“, коментира аналитичарот Ивор Мицковски. https://republika.mk/vesti/makedonija/zhivo-dhabe-vo-restoranot-vo-vladata-chorba-za-60-denari-svinska-veshalitsa-za-130-shtrudla-i-tulumba-za-30/

The post Мицковски: Македонецот троши над 60% од своите примања на храна, а господата во Влада се гостат со багатела свинско каре, јунешко соте и сланина на скара appeared first on Република.

]]>
„Гарнирот да не ќе ни пее“: Менито на еден хрватски ресторан стана хит во регионот https://republika.mk/vesti/balkan/garnirot-da-ne-ke-ni-pee-menito-na-eden-hrvatski-restoran-go-nasmea-regionot/ Wed, 11 Oct 2023 06:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=689796

Поради огромниот број странци коишто го посетуваат Балканот, сосема е нормално што многу ресторани одлучуваат да ги преведат своите менија и понуди на англиски јазик, со цел да им ја олеснат нарачката на туристите.

Сепак, кога сопственикот на ресторанот не знае доволно англиски може да се случат некои навистина смешни ситуации. Таков е примерот со еден ресторан во Хрватска, чиј сопственик одлучил да го преведе менито со помош на интернет алатката за превод, „Гугл транслејт“.

Оваа случка ја објавија на фејзбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“, каде ова мени стана вирален хит на социјалните мрежи.

Користејќи го „Гугл тарнслејт“ специјалетот на куќата „пивац (пејач) со прилог“ станал „пејач со приврзаност“, што предизвика бурни реакции.

„За да можеш да нарачаш ако можеш“, „Дали прилогот пее“ „Дали може да те викам песна“, „Не плаќај за преведувач, доволно е Google Translate“, „Готово е, затвори го интернетот“, се само некои од коментарите.

Инаку, „пивац“ е далматински специјалитет, вообичаено од пилешко месо, коешто може да се послужи со различен гарнир.

The post „Гарнирот да не ќе ни пее“: Менито на еден хрватски ресторан стана хит во регионот appeared first on Република.

]]>

Поради огромниот број странци коишто го посетуваат Балканот, сосема е нормално што многу ресторани одлучуваат да ги преведат своите менија и понуди на англиски јазик, со цел да им ја олеснат нарачката на туристите. Сепак, кога сопственикот на ресторанот не знае доволно англиски може да се случат некои навистина смешни ситуации. Таков е примерот со еден ресторан во Хрватска, чиј сопственик одлучил да го преведе менито со помош на интернет алатката за превод, „Гугл транслејт“. Оваа случка ја објавија на фејзбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“, каде ова мени стана вирален хит на социјалните мрежи. Користејќи го „Гугл тарнслејт“ специјалетот на куќата „пивац (пејач) со прилог“ станал „пејач со приврзаност“, што предизвика бурни реакции.

„За да можеш да нарачаш ако можеш“, „Дали прилогот пее“ „Дали може да те викам песна“, „Не плаќај за преведувач, доволно е Google Translate“, „Готово е, затвори го интернетот“, се само некои од коментарите.

Инаку, „пивац“ е далматински специјалитет, вообичаено од пилешко месо, коешто може да се послужи со различен гарнир.

The post „Гарнирот да не ќе ни пее“: Менито на еден хрватски ресторан стана хит во регионот appeared first on Република.

]]>
Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци https://republika.mk/vesti/svet/vakvo-beshe-menito-za-vechera-na-nato-samitot-vo-kralskata-palata-vo-madrid-ova-se-site-jadenja-i-pijaloci/ Wed, 29 Jun 2022 08:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=520975

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро.

Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос.

Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје.

Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.

 

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>

Менито на свечената вечера што шпанскиот крал кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција им ја понудија на лидерите на НАТО и нивните придружници учесници на Самитот на НАТО во Мадирд беше составена од коктел мезиња, главо јадење и десерт. За подготовката на вечерата беше задолжен славниот шпански шеф Пако Ронсеро. Дон Фелипе и Доња Летиција беа домаќини на 58 гости, вклучително и претседателите на 30-те држави кои го сочинуваат НАТО, како и оние на осум други земји кои се поканети на самитот што се одржува во шпанската престолнина.

Предјадење

Мадридскиот готвач, Пако Ронсеро, кој беше задолжен за менито, ја отвори детално испланираната вечера со тринаесет мезиња. Списокот на предјадења вклучуваше сферични маслинки; бриош од црвена туна со стар сенф; цевиче од морска риба корвина со тигарско млеко; воздушно перниче бифтек; јастог со супа од масло и розов грејпфрут; омлет од ракчиња; маринирана сардина со сос ромеско; „застаклено“ говедско тако и раженчиња од димен лосос. Има и крокети од ракчиња со лук; поховано пилешко со гвакамоле; бакалар и газпачо со масло од босилек.

Главно јадење и десерт

Главното јадење ќе биде ослиќ со мениер сос, тапиока и икра од пастрмка, додека за десерт Ронсеро подготви кокосова пена со мус од нане и тропско овошје. Менито е придружено со црвено, бело и пенливо вино, како и вода.  

The post Вакво беше менито за вечера на НАТО самитот во Кралската палата во Мадрид: Ова се сите јадења и пијалоци appeared first on Република.

]]>