Мека Archives - Република https://republika.mk/tema/meka/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 10:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мека Archives - Република https://republika.mk/tema/meka/ 32 32 1.300 аџии починаа на аџилак во Мека https://republika.mk/vesti/svet/1-300-adhii-pochinaa-na-adhilak-vo-meka/ Mon, 24 Jun 2024 09:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=790196

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад Ал Џалаџел, а објави Еј-Пи њус.

Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „патување на долги растојанија под директна сончева светлина“ без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и луѓе кои боледуваат од хронични заболувања.

Околу 83% од смртните случаи се лица на кои не им бил одобрен аџилак, рече саудискиот министер.

Саудиските власти презедоа мерки против нелегалните аџии, протерувајќи десетици илјади луѓе. Но, многумина, главно Египќани, успеаја да стигнат до светите места во и околу Мека, a некои од нив и пеш. За разлика од овластените аџии, тие немаа хотели за престој во кои можеа да се вратат за да избегаат од жешкото.

Во соопштение од саботата, египетската влада рече дека 16 туристички агенции не обезбедиле соодветни услуги за аџиите. Се вели дека овие агенции незаконски го олесниле патувањето на аџиите во Саудиска Арабија користејќи визи кои не се важечки за патување во Мека.

Владата соопшти и дека надлежните лица од компаниите се упатени до јавниот обвинител за истрага.

Секоја година, десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат на аџилакот без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот, а секој муслиман кој е здрав и финансиски способен, е должен барем еднаш во животот да ја изврши оваа верска должност, според начелата на исламот.

The post 1.300 аџии починаа на аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>

Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави министерот за здравство на Саудиска Арабија, Фахад Ал Џалаџел, а објави Еј-Пи њус. Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е „патување на долги растојанија под директна сончева светлина“ без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и луѓе кои боледуваат од хронични заболувања. Околу 83% од смртните случаи се лица на кои не им бил одобрен аџилак, рече саудискиот министер. Саудиските власти презедоа мерки против нелегалните аџии, протерувајќи десетици илјади луѓе. Но, многумина, главно Египќани, успеаја да стигнат до светите места во и околу Мека, a некои од нив и пеш. За разлика од овластените аџии, тие немаа хотели за престој во кои можеа да се вратат за да избегаат од жешкото. Во соопштение од саботата, египетската влада рече дека 16 туристички агенции не обезбедиле соодветни услуги за аџиите. Се вели дека овие агенции незаконски го олесниле патувањето на аџиите во Саудиска Арабија користејќи визи кои не се важечки за патување во Мека. Владата соопшти и дека надлежните лица од компаниите се упатени до јавниот обвинител за истрага. Секоја година, десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат на аџилакот без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори. Аџилакот е еден од петте столбови на исламот, а секој муслиман кој е здрав и финансиски способен, е должен барем еднаш во животот да ја изврши оваа верска должност, според начелата на исламот.

The post 1.300 аџии починаа на аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи https://republika.mk/vesti/svet/toploten-bran-vo-saudiska-arabija-vo-meka-izmereni-51-8-stepeni-raste-brojot-na-smrtni-sluchai/ Mon, 17 Jun 2024 15:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=788491

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати.

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

The post Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови. Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија. Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство. Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови. „Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија. Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени. Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати. Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии. Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

The post Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Повеќе од милион и половина аџии веќе пристигнаа на годишниот аџилак во Мека https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-milion-i-polovina-adhii-veke-pristignaa-na-godishniot-adhilak-vo-meka/ Wed, 12 Jun 2024 18:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=786862

Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок.

Официјални лица велат дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе.

Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го сторат тоа барем еднаш во својот живот, доколку се физички и финансиски способни.

The post Повеќе од милион и половина аџии веќе пристигнаа на годишниот аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>

Саудиските власти објавија дека повеќе од 1,5 милиони верници пристигнале во земјата за да присуствуваат на годишниот аџилак во Мека, што почнува в петок. Официјални лица велат дека очекуваат годинашниот број на лица на аџилак да биде поголем од оној во 2023 година, кога се проценува дека имало 1,8 милиони луѓе. Еден од најголемите верски собири во светот, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се бара да го сторат тоа барем еднаш во својот живот, доколку се физички и финансиски способни.

The post Повеќе од милион и половина аџии веќе пристигнаа на годишниот аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>
Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции https://republika.mk/vesti/svet/nevreme-vo-meka-veterot-soboruval-luge-i-prevrtel-teshki-metalni-konstruktsii/ Wed, 23 Aug 2023 19:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=675103

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции.

Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството.

Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветерот кој носи големи канти за отпад.

На снимките исто така се гледаат и поплавени улици и автомобили кои речиси целосно се потопени.

 

The post Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции appeared first on Република.

]]>

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции. Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството. Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветерот кој носи големи канти за отпад. На снимките исто така се гледаат и поплавени улици и автомобили кои речиси целосно се потопени.  

The post Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции appeared first on Република.

]]>
Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshija-podgotovkite-za-adhilak-nad-2-000-vernitsi-od-zemjava-ke-zaminat-vo-meka/ Sat, 10 Jun 2023 12:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=649882

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места од земјава ќе заминат над 2.000 верници, што претставува рекорден број и подготовките поминаа во најдобар ред, изјави поглаварот на Исламската верска заедница, реисот хаџи Хафиз Шаќир Ефенди Фетаи на информативната средба со верниците во Гостивар.

Од нашата земја оваа година на аџилак ќе заминат 2030 верници, кои ќе им се придружат на околу четири милиони верници од целиот свет. Оваа година бројот на аџии од Македонија е поголем од која било друга земја на Балканот, рече Фетаи.

Тој на верниците кои се собраа на традиционалниот информативен собир им посака добро здравје и да се придржуваат до препораките на верските лидери и лекарскиот тим.

Рекорден број на верници, годинава ќе заминат од Гостиварско и сите подготовки поврзани со визи, авионски билети, вакцини се завршени и како што рече гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели, верниците може да заминат за Саудиска Арабија и да го исполнат петтиот услов на исламот.

Собирот беше можност верниците да се запознаат со нивните водачи и да слушнат совети и предавања поврзани со престојот во светите места.

Муфтијата Зендели напомена дека од гостиварско на аџилак годинава ќе одат 451 аџии кои ќе бидат придружувани верски лица и медицински тим со тројца лекари. Најстариот верник кој ќе замина Хаџот 2023 има 80 години, а најмладиот 26.

Покрај советите и благословот, верниците денес ги добија и пакетите во кои се наоѓа традиционалната наметка ирхам.

Првата и втората група ќе тргне на 16 јуни, односно 17 јуни со по 180 верници, а последната со 85 ќе отпатува на 18 јуни.

ИВЗ го организираше патот, сместувањето и храна за време на 28 дневниот престој.

The post Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека appeared first on Република.

]]>

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места од земјава ќе заминат над 2.000 верници, што претставува рекорден број и подготовките поминаа во најдобар ред, изјави поглаварот на Исламската верска заедница, реисот хаџи Хафиз Шаќир Ефенди Фетаи на информативната средба со верниците во Гостивар. Од нашата земја оваа година на аџилак ќе заминат 2030 верници, кои ќе им се придружат на околу четири милиони верници од целиот свет. Оваа година бројот на аџии од Македонија е поголем од која било друга земја на Балканот, рече Фетаи. Тој на верниците кои се собраа на традиционалниот информативен собир им посака добро здравје и да се придржуваат до препораките на верските лидери и лекарскиот тим. Рекорден број на верници, годинава ќе заминат од Гостиварско и сите подготовки поврзани со визи, авионски билети, вакцини се завршени и како што рече гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели, верниците може да заминат за Саудиска Арабија и да го исполнат петтиот услов на исламот. Собирот беше можност верниците да се запознаат со нивните водачи и да слушнат совети и предавања поврзани со престојот во светите места. Муфтијата Зендели напомена дека од гостиварско на аџилак годинава ќе одат 451 аџии кои ќе бидат придружувани верски лица и медицински тим со тројца лекари. Најстариот верник кој ќе замина Хаџот 2023 има 80 години, а најмладиот 26. Покрај советите и благословот, верниците денес ги добија и пакетите во кои се наоѓа традиционалната наметка ирхам. Првата и втората група ќе тргне на 16 јуни, односно 17 јуни со по 180 верници, а последната со 85 ќе отпатува на 18 јуни. ИВЗ го организираше патот, сместувањето и храна за време на 28 дневниот престој.

The post Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека appeared first on Република.

]]>
Милион муслимански верници пристигнаа на аџилак во Мека https://republika.mk/vesti/svet/milion-muslimanski-vernici-pristignaa-na-adzilak-vo-meka/ Wed, 06 Jul 2022 13:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=524756

Милион муслимански верници се собраа во светиот град Мека во Саудиска Арабија, со цел да учествуваат во аџилакот. Ваквата бројка аџии доаѓа окако пандемијата од корона вирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта.

Министерството за аџилак на Саудиска Арабија издаде дозволи за еден милион аџии од земјата и од странство да извршат аџилак, што почнува денеска. Станува збор за бројка помала од 2,5 милиони муслимани кои за таа намена допатуваа во 2019 година.

Од Министерството соопштија дека годинава аџилакот е за лица помлади од 65 години, целосно вакцинирани. Муслиманските верници кои доаѓаат од странство мора да ги почитуваат сите здравствени мерки на претпазливост и да имаат негативен резултат од ПЦР тест.

Лицата се избрани меѓу милиони пријавени низ систем на лотарија на интернет.

Во летото во 2020 година, аџилак можеа да извршат само илјада верници.

Аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак.

Аџилакот се состои од патување во Мека, пристигнување и чествување на аџилакот, што вклучува девет основни обреди.

The post Милион муслимански верници пристигнаа на аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>

Милион муслимански верници се собраа во светиот град Мека во Саудиска Арабија, со цел да учествуваат во аџилакот. Ваквата бројка аџии доаѓа окако пандемијата од корона вирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта. Министерството за аџилак на Саудиска Арабија издаде дозволи за еден милион аџии од земјата и од странство да извршат аџилак, што почнува денеска. Станува збор за бројка помала од 2,5 милиони муслимани кои за таа намена допатуваа во 2019 година. Од Министерството соопштија дека годинава аџилакот е за лица помлади од 65 години, целосно вакцинирани. Муслиманските верници кои доаѓаат од странство мора да ги почитуваат сите здравствени мерки на претпазливост и да имаат негативен резултат од ПЦР тест. Лицата се избрани меѓу милиони пријавени низ систем на лотарија на интернет. Во летото во 2020 година, аџилак можеа да извршат само илјада верници. Аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак. Аџилакот се состои од патување во Мека, пристигнување и чествување на аџилакот, што вклучува девет основни обреди.

The post Милион муслимански верници пристигнаа на аџилак во Мека appeared first on Република.

]]>