Медлин Олбрајт Archives - Република https://republika.mk/tema/medlin-olbrajt/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 19:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медлин Олбрајт Archives - Република https://republika.mk/tema/medlin-olbrajt/ 32 32 Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница https://republika.mk/vesti/balkan/olbrajt-vo-on-gi-skrila-dokazite-za-genotsid-vrz-srbite-vo-srebrenitsa/ Tue, 30 Apr 2024 20:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=772658

Информацијата дека на 2 јуни 1993 година, Обединетите нации го потврдиле приемот на Меморандумот за злосторствата врз српскиот народ во Братунац, Милиќ, Скелани и Сребреница, кај професорот Миливој Иванишевиќ, ја разгорел надежта дека правдољубивиот свет ќе се сожали на српските жртви.

Сепак во о администрацијата на Советот за безбедност, Тунижанец и Мароканец прикриле извештаи за страдањата на Србите, а во документите за жртвите муслимани додале неколку нули.. Медлин Олбрајт, поранешниот државниот секретар на САД, имала најголема заслуга што се спречила вистината за Србите да дојде до јавноста.

Според сведочењето на проф. Иванишевиќ, Србинките најмногу настрадале во Сараево. Некои од камповите во Босна и Херцеговина биле и  јавни куќи.

- Толку садисти и развратни умови излегоа на површина за време на таа војна, а нивното уживање беше слушањето на крикот и офкањето на жените и децата што ги убиваа - вели проф. Иванишевиќ.

The post Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница appeared first on Република.

]]>

Информацијата дека на 2 јуни 1993 година, Обединетите нации го потврдиле приемот на Меморандумот за злосторствата врз српскиот народ во Братунац, Милиќ, Скелани и Сребреница, кај професорот Миливој Иванишевиќ, ја разгорел надежта дека правдољубивиот свет ќе се сожали на српските жртви. Сепак во о администрацијата на Советот за безбедност, Тунижанец и Мароканец прикриле извештаи за страдањата на Србите, а во документите за жртвите муслимани додале неколку нули.. Медлин Олбрајт, поранешниот државниот секретар на САД, имала најголема заслуга што се спречила вистината за Србите да дојде до јавноста. Според сведочењето на проф. Иванишевиќ, Србинките најмногу настрадале во Сараево. Некои од камповите во Босна и Херцеговина биле и  јавни куќи.
- Толку садисти и развратни умови излегоа на површина за време на таа војна, а нивното уживање беше слушањето на крикот и офкањето на жените и децата што ги убиваа - вели проф. Иванишевиќ.

The post Олбрајт во ОН ги скрила доказите за геноцид врз Србите во Сребреница appeared first on Република.

]]>
Kлинтон најубаво си поминал на Косово во друштво со Олбрајт https://republika.mk/vesti/balkan/klinton-najubavo-si-pominal-na-kosovo-vo-drushtvo-so-olbrajt/ Fri, 29 Apr 2022 09:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=495157

Се сеќавам на времето кога секретарката Олбрајт и јас патувавме во Косово пред три години за да ја прославиме 20-годишнината од нивната и нашата победа, во спречувањето на етничкото чистење и самото постоење на Косово“, рече поранешниот американски претседател на САД Бил Клинтон на погрбот на Медлин Олбрајт.

Шетавме по улиците на Приштина со  косовските власти и застанавме на булеварот каде што има прекрасна биста посветена на секретарката Олбрајт како дел од работата што таа ја работеше таму. „Многу сум горда на животот што го живееше и благодарна сум што Хилари и јас бевме нејзини пријатели“, изјави Клинтон.

The post Kлинтон најубаво си поминал на Косово во друштво со Олбрајт appeared first on Република.

]]>

Се сеќавам на времето кога секретарката Олбрајт и јас патувавме во Косово пред три години за да ја прославиме 20-годишнината од нивната и нашата победа, во спречувањето на етничкото чистење и самото постоење на Косово“, рече поранешниот американски претседател на САД Бил Клинтон на погрбот на Медлин Олбрајт.
Шетавме по улиците на Приштина со  косовските власти и застанавме на булеварот каде што има прекрасна биста посветена на секретарката Олбрајт како дел од работата што таа ја работеше таму. „Многу сум горда на животот што го живееше и благодарна сум што Хилари и јас бевме нејзини пријатели“, изјави Клинтон.

The post Kлинтон најубаво си поминал на Косово во друштво со Олбрајт appeared first on Република.

]]>
Погребана Медлин Олбрајт https://republika.mk/vesti/svet/pogrebana-medlin-olbrajt/ Thu, 28 Apr 2022 06:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=494505

Американската политичка елита денеска во црква во Вашингтон се прости од Медлин Олбрајт (1937-2022), првата жена што беше државен секретар на САД.

Комеморацијата ја предводеа американскиот претседател Џо Бајден и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, кој ја избра Олбрајт за свој највисок дипломат.

Околу 1.400 гости се собраа да се простат од Олбрајт, која минатиот месец почина од рак на 84-годишна возраст.

На службата присуствуваа и тројца државни секретари кои ја наследија, како и други сегашни и поранешни членови на владата, странски дипломати, пратеници и други кои ја познаваа.

Бајден ѝ оддаде почит на Олбрајт, велејќи дека „нејзиното име е синоним за идејата дека САД се добра сила во светот“.

Поранешниот претседател Клинтон се потсети дека две недели пред да почине, му рекла дека „не сака да зборува за влошување на нејзиното здравје во време кога Западот е на раб по руската инвазија на Украина“, туку дека „единствено што е навистина важно е каков свет ќе им оставиме на нашите внуци“.

На погребот беа поканети странски претставници, меѓу кои и претседателите на Грузија и Косово и високи претставници од Колумбија, БиХ и Чешка.

Олбрајт е родена во Чехословачка, од каде нејзиното семејство побегна двапати – прво од нацистите, а потоа од советските власти. Дипломирала во САД, каде што студирала на колеџот Велсли и напредувала низ редовите на надворешнополитичките кругови на Демократската партија. Таа стана амбасадор на САД во Обединетите нации, а во 1996 година Бил Клинтон ја избра за државен секретар.

The post Погребана Медлин Олбрајт appeared first on Република.

]]>

Американската политичка елита денеска во црква во Вашингтон се прости од Медлин Олбрајт (1937-2022), првата жена што беше државен секретар на САД. Комеморацијата ја предводеа американскиот претседател Џо Бајден и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, кој ја избра Олбрајт за свој највисок дипломат. Околу 1.400 гости се собраа да се простат од Олбрајт, која минатиот месец почина од рак на 84-годишна возраст. На службата присуствуваа и тројца државни секретари кои ја наследија, како и други сегашни и поранешни членови на владата, странски дипломати, пратеници и други кои ја познаваа. Бајден ѝ оддаде почит на Олбрајт, велејќи дека „нејзиното име е синоним за идејата дека САД се добра сила во светот“. Поранешниот претседател Клинтон се потсети дека две недели пред да почине, му рекла дека „не сака да зборува за влошување на нејзиното здравје во време кога Западот е на раб по руската инвазија на Украина“, туку дека „единствено што е навистина важно е каков свет ќе им оставиме на нашите внуци“. На погребот беа поканети странски претставници, меѓу кои и претседателите на Грузија и Косово и високи претставници од Колумбија, БиХ и Чешка. Олбрајт е родена во Чехословачка, од каде нејзиното семејство побегна двапати – прво од нацистите, а потоа од советските власти. Дипломирала во САД, каде што студирала на колеџот Велсли и напредувала низ редовите на надворешнополитичките кругови на Демократската партија. Таа стана амбасадор на САД во Обединетите нации, а во 1996 година Бил Клинтон ја избра за државен секретар.

The post Погребана Медлин Олбрајт appeared first on Република.

]]>
Олбрајт уште не е погребана! https://republika.mk/vesti/svet/olbrajt-ushte-ne-e-pogrebana/ Wed, 20 Apr 2022 14:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=491234

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на семејството Олбрајт следната недела ќе отпатува во САД, каде ќе присуствува на погребот на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. На погребот ќе биде и премиерот Курти.

Државниот секретар во администрацијата на Бил Клинтон почина на 23 март на 84-годишна возраст.

Нејзиното семејство дека починала од рак. Погребот ќе се одржи во националната катедрала во Вашингтон на 27 април.

Поранешната американска државна секретарка кај косовските Албанци ужива голема почит, како една од најзаслужните светски политичари за интервенцијата на НАТО против српските и југословенските сили во 1999 година, што подоцна, во 2008 година, резултира со прогласување на независна Република Косово.

The post Олбрајт уште не е погребана! appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на покана на семејството Олбрајт следната недела ќе отпатува во САД, каде ќе присуствува на погребот на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. На погребот ќе биде и премиерот Курти. Државниот секретар во администрацијата на Бил Клинтон почина на 23 март на 84-годишна возраст. Нејзиното семејство дека починала од рак. Погребот ќе се одржи во националната катедрала во Вашингтон на 27 април. Поранешната американска државна секретарка кај косовските Албанци ужива голема почит, како една од најзаслужните светски политичари за интервенцијата на НАТО против српските и југословенските сили во 1999 година, што подоцна, во 2008 година, резултира со прогласување на независна Република Косово.

The post Олбрајт уште не е погребана! appeared first on Република.

]]>
Олбрајт носела брошеви на средбите со светските лидери за да им пренесе порака https://republika.mk/vesti/svet/olbrajt-nosela-broshevi-na-sredbite-so-svetskite-lideri-za-da-im-prenese-poraka/ Fri, 25 Mar 2022 17:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=478493

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт која почина пред неколку денови беше голем обожавател на брошеви и ги носеше во свечени прилики на средби со светски државници.

Имаше приказна зад секој избор - изјави таа за магазинот InStyle во октомври 2021 година.

За стајлингот со Јасер Арафат таа објасни.

Носев пчела затоа што боли убодот и морав да пренесам остра порака“, рече таа за нејзиниот избор на накит за средбата со палестинскиот лидер Јасер Арафат.

Дознавајќи дека Русите прислушувале соба во Стејт департментот, Олбрајт носела многу голем брош на нејзиниот следен состанок со руските дипломати и тие точно знаеле што таа зборува, изјави таа за ЦНН 2015.

Како државен секретар од 1997 до 2001 година. Олбрајт стана повнимателна во начинот на кој ја користеше симболиката на нејзините игли, изјави еднаш за InStyle.

Ги претставував САД, па беше важно да изгледам достоинствено, но сакав и да се облекувам како жена, а брошевите помогнаа да се внесе малку хумор, личност и пораки во многу сериозни времиња. И морам да признаам, многу се забавував. Особено се обидувам да разберам до кој степен е примена мојата порака.

Колекцијата на Олбрајт има повеќе од 200 брошеви. Колекцијата се наоѓа во Националниот музеј на американската дипломатија во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

The post Олбрајт носела брошеви на средбите со светските лидери за да им пренесе порака appeared first on Република.

]]>

Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт која почина пред неколку денови беше голем обожавател на брошеви и ги носеше во свечени прилики на средби со светски државници.
Имаше приказна зад секој избор - изјави таа за магазинот InStyle во октомври 2021 година.
За стајлингот со Јасер Арафат таа објасни.
Носев пчела затоа што боли убодот и морав да пренесам остра порака“, рече таа за нејзиниот избор на накит за средбата со палестинскиот лидер Јасер Арафат.
Дознавајќи дека Русите прислушувале соба во Стејт департментот, Олбрајт носела многу голем брош на нејзиниот следен состанок со руските дипломати и тие точно знаеле што таа зборува, изјави таа за ЦНН 2015. Како државен секретар од 1997 до 2001 година. Олбрајт стана повнимателна во начинот на кој ја користеше симболиката на нејзините игли, изјави еднаш за InStyle.
Ги претставував САД, па беше важно да изгледам достоинствено, но сакав и да се облекувам како жена, а брошевите помогнаа да се внесе малку хумор, личност и пораки во многу сериозни времиња. И морам да признаам, многу се забавував. Особено се обидувам да разберам до кој степен е примена мојата порака.
Колекцијата на Олбрајт има повеќе од 200 брошеви. Колекцијата се наоѓа во Националниот музеј на американската дипломатија во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

The post Олбрајт носела брошеви на средбите со светските лидери за да им пренесе порака appeared first on Република.

]]>
Косово тагува по Медлин Олбрајт, утре имаат ден на жалост https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-taguva-po-medlin-olbrajt-utre-imaat-den-na-zalost/ Thu, 24 Mar 2022 16:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=477818

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи петок, 25 март, за ден на жалост по повод смртта на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Османи, се наведува дека, на тој начин, косовскиот народ ѝ оддава почит на „големата пријателка на Косово“, која имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.

„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, се прогласува за ден на жалост во Република Косово, за сеќавање на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ, затоа што и самата ја преживеала персекуцијата уште од детството, затоа застана цврсто против (српскиот лидер, Слободан) Милошевиќ до запирањето на неговиот геноцид во Косово. Го поддржувше без престан Косово до последниот здив и затоа косовскиот народ ќе ја помни вечно“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

The post Косово тагува по Медлин Олбрајт, утре имаат ден на жалост appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи петок, 25 март, за ден на жалост по повод смртта на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението од кабинетот на Османи, се наведува дека, на тој начин, косовскиот народ ѝ оддава почит на „големата пријателка на Косово“, која имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.
„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, се прогласува за ден на жалост во Република Косово, за сеќавање на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ, затоа што и самата ја преживеала персекуцијата уште од детството, затоа застана цврсто против (српскиот лидер, Слободан) Милошевиќ до запирањето на неговиот геноцид во Косово. Го поддржувше без престан Косово до последниот здив и затоа косовскиот народ ќе ја помни вечно“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

The post Косово тагува по Медлин Олбрајт, утре имаат ден на жалост appeared first on Република.

]]>
Иронија на животот: Олбрајт почина на денот кога ја донесе одлуката за бомбардирање на Србија https://republika.mk/vesti/svet/ironija-na-zivotot-olbrajt-pochina-na-denot-koga-ja-donese-odlukata-za-bombardiranje-na-srbija/ Thu, 24 Mar 2022 08:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=477505

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт почина на 84-годишна возраст, на годишницата на денот кога е донесена одлука за бомбардирање на СР Југославија, и тоа еден ден пред почетокот на  НАТО-бомбардирањето пред 23 години.

Таа беше државна секретарка на САД баш кога беше донесена оваа одлука, а го навлече гневот на голем број на Срби бидејќи важи за личност која имала клучна улога за ваква интервенција, која беше образложена со тоа да се спречи Слободан Милошевиќ да изврши геноцид над муслиманското население во Косово, како што во 1995 г. изврши во Сребреница.

Според мемоарите на Олбрајт, таа еднаш се расправала со Колин Пауел за употреба на воена сила од страна на прашањето “Што е поентата на заштеда на ова инзвонредна војска ,Колин, ако не можеме да ја користиме?”

Косовските власти од друга страна напишаа дека се шокирани од смртта на поранешната државна секретарка на САД, која, според нив, им дала надеж, кога ја немале и станала нивна рака и глас, кога немале, ниту глас, ниту рака.

Олбрајт не и е непозната и на македонската јавност, прв пат дојде во Скопје во 1996 година, кога како американска амбасадорка во ОН дојде во посета по повод отворањето на американската амбасада во земјава.

Следната посета била во 1999 година кога го посети и бегалскиот камп Стенковец каде се фотографираше со децата бегалци од Косово. Последен пат била во Скопје во 2005 година кога се сретнала со со тогашниот премиер Владо Бучковски.

Олбрајт е родена на 15 мај 1937 година во Прага како Мари Јана Корбелова. Во времето на раѓањето на Олбрајт, нејзиниот татко служеше како дипломат во Чехословачката Амбасада во Белград.

Таа емигрирала во САД од Чехословачка со своето семејство во 1948 година. Станала американска државјанка во 1957 година, а по дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт и со него имаше три ќерки, близначките Ен, Елис и Кејти.

The post Иронија на животот: Олбрајт почина на денот кога ја донесе одлуката за бомбардирање на Србија appeared first on Република.

]]>

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт почина на 84-годишна возраст, на годишницата на денот кога е донесена одлука за бомбардирање на СР Југославија, и тоа еден ден пред почетокот на  НАТО-бомбардирањето пред 23 години. Таа беше државна секретарка на САД баш кога беше донесена оваа одлука, а го навлече гневот на голем број на Срби бидејќи важи за личност која имала клучна улога за ваква интервенција, која беше образложена со тоа да се спречи Слободан Милошевиќ да изврши геноцид над муслиманското население во Косово, како што во 1995 г. изврши во Сребреница. Според мемоарите на Олбрајт, таа еднаш се расправала со Колин Пауел за употреба на воена сила од страна на прашањето “Што е поентата на заштеда на ова инзвонредна војска ,Колин, ако не можеме да ја користиме?” Косовските власти од друга страна напишаа дека се шокирани од смртта на поранешната државна секретарка на САД, која, според нив, им дала надеж, кога ја немале и станала нивна рака и глас, кога немале, ниту глас, ниту рака. Олбрајт не и е непозната и на македонската јавност, прв пат дојде во Скопје во 1996 година, кога како американска амбасадорка во ОН дојде во посета по повод отворањето на американската амбасада во земјава. Следната посета била во 1999 година кога го посети и бегалскиот камп Стенковец каде се фотографираше со децата бегалци од Косово. Последен пат била во Скопје во 2005 година кога се сретнала со со тогашниот премиер Владо Бучковски. Олбрајт е родена на 15 мај 1937 година во Прага како Мари Јана Корбелова. Во времето на раѓањето на Олбрајт, нејзиниот татко служеше како дипломат во Чехословачката Амбасада во Белград. Таа емигрирала во САД од Чехословачка со своето семејство во 1948 година. Станала американска државјанка во 1957 година, а по дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт и со него имаше три ќерки, близначките Ен, Елис и Кејти.

The post Иронија на животот: Олбрајт почина на денот кога ја донесе одлуката за бомбардирање на Србија appeared first on Република.

]]>
Сопругот ја остави за Србинка: Еве зошто Олбрајт ги мразеше Србија и Србите https://republika.mk/vesti/balkan/soprugot-ja-ostavi-za-srbinka-eve-zoshto-olbrajt-ja-mrazeshe-srbija-i-srbite/ Thu, 24 Mar 2022 07:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=477434

Поранешната прва дипломатка на САД и експерт за меѓународна политика, Медлин Олбрајт почина во 84 година од животот, по долго боледување од рак, соопшти нејзиното семејство.

Медлин Олбрајт беше именувана за државна секретарка во 1996 година од тогашниот претседател Бил Клинтон, функција која ја извршуваше четири години.

Во тој период, таа беше највисоко рангирана жена во историјата на владата на САД. Не беше во можност да се кандидира за претседател на државата затоа што беше родена во Чехословачка.

Која е Олбрајт приватно?

Олбрајт е родена како Марија Јан Корбелова во Прага на 15 мај 1937 година.

Со цел да избегнат прогон и да се заштитат себеси, родителите на Медлин Олбрајт се преобратиле во римокатоличката вера, во која таа самата била израсната и образувана. Таа тврди дека за своето еврејско потекло дознала дури кога пораснала, иако тоа е детал од нејзината биографија во кој многумина не веруваат.

Јозеф Корбел, таткото на Олбрајт, бил аташе за печат во чехословачката амбасада во Белград, па Марија Јана првата година од животот ја поминала во главниот град на Југославија.

Бидејќи се плашела од комунистичката индоктринација, татко ѝ не ја пратил во југлословенските државни училишта, туку ја учеле гувернантите, а малку подоцна ја испратил во интернат за девојки во Женева. Тогаш таа официјално го променила името во Медлин, француската верзија на чешкиот прекар Медлин, кој ѝ го дала нејзината баба.

Олбрајт се школувала во Швајцарија и Денвер, а подоцна студирала политички науки на колеџот Велсли во Масачусетс. Таа стана американски државјанин во 1957 година. По дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт.

Имале три ќерки, близначките Ана и Елис и Кејти. Близначките се родиле шест недели пред терминот, па за да ги одврати мислите од тој проблем, младата политичарка се запишала на курс по руски јазик и течно го научила во тие шест недели.

Докторирала на Универзитетот Колумбија, студирајќи паралелно со воспитувањето на децата. Во 1982 година Олбрајт се развела бидејќи Џозеф си нашол друга жена, наводно Србинка.

Оттаму потекнува нејзинота патолошка омраза кон Србија и Србите иако таа живееше во Белград кога нејзиниот татко бил дипломат на Чехословачка.

Таа се залагаше за бомбардирање на Србија. Таа повремено ги нарекуваше Србите „одвратни“, но и „извонредни луѓе со значајна историја“.

„Одвратни Срби“, се зборовите со кои Медлин Олбрајт ги почести активистите на чешкото здружение „Прашка пролет“, кога под нејзиниот нос ставија фотографија од жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

The post Сопругот ја остави за Србинка: Еве зошто Олбрајт ги мразеше Србија и Србите appeared first on Република.

]]>

Поранешната прва дипломатка на САД и експерт за меѓународна политика, Медлин Олбрајт почина во 84 година од животот, по долго боледување од рак, соопшти нејзиното семејство. Медлин Олбрајт беше именувана за државна секретарка во 1996 година од тогашниот претседател Бил Клинтон, функција која ја извршуваше четири години. Во тој период, таа беше највисоко рангирана жена во историјата на владата на САД. Не беше во можност да се кандидира за претседател на државата затоа што беше родена во Чехословачка.

Која е Олбрајт приватно?

Олбрајт е родена како Марија Јан Корбелова во Прага на 15 мај 1937 година. Со цел да избегнат прогон и да се заштитат себеси, родителите на Медлин Олбрајт се преобратиле во римокатоличката вера, во која таа самата била израсната и образувана. Таа тврди дека за своето еврејско потекло дознала дури кога пораснала, иако тоа е детал од нејзината биографија во кој многумина не веруваат. Јозеф Корбел, таткото на Олбрајт, бил аташе за печат во чехословачката амбасада во Белград, па Марија Јана првата година од животот ја поминала во главниот град на Југославија. Бидејќи се плашела од комунистичката индоктринација, татко ѝ не ја пратил во југлословенските државни училишта, туку ја учеле гувернантите, а малку подоцна ја испратил во интернат за девојки во Женева. Тогаш таа официјално го променила името во Медлин, француската верзија на чешкиот прекар Медлин, кој ѝ го дала нејзината баба. Олбрајт се школувала во Швајцарија и Денвер, а подоцна студирала политички науки на колеџот Велсли во Масачусетс. Таа стана американски државјанин во 1957 година. По дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт. Имале три ќерки, близначките Ана и Елис и Кејти. Близначките се родиле шест недели пред терминот, па за да ги одврати мислите од тој проблем, младата политичарка се запишала на курс по руски јазик и течно го научила во тие шест недели. Докторирала на Универзитетот Колумбија, студирајќи паралелно со воспитувањето на децата. Во 1982 година Олбрајт се развела бидејќи Џозеф си нашол друга жена, наводно Србинка. Оттаму потекнува нејзинота патолошка омраза кон Србија и Србите иако таа живееше во Белград кога нејзиниот татко бил дипломат на Чехословачка. Таа се залагаше за бомбардирање на Србија. Таа повремено ги нарекуваше Србите „одвратни“, но и „извонредни луѓе со значајна историја“.
„Одвратни Срби“, се зборовите со кои Медлин Олбрајт ги почести активистите на чешкото здружение „Прашка пролет“, кога под нејзиниот нос ставија фотографија од жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

The post Сопругот ја остави за Србинка: Еве зошто Олбрајт ги мразеше Србија и Србите appeared first on Република.

]]>
Почина Медлин Олбрајт, потврдија од нејзиното семејство https://republika.mk/vesti/svet/pochina-medlin-olbrajt-potvrdija-od-nejzinoto-semejstvo/ Wed, 23 Mar 2022 18:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=477317

Починала Медлин Олбрајт, првата жена што ја извршуваше функцијата државен секретар на САД, потврдија од нејзиното семејство во соопштението објавена на социјалните мрежи. Олбрајт имаше 84 години.

https://twitter.com/madeleine/status/1506699712199593985?cxt=HHwWgsC4jfnZ7-gpAAAA

Тогашниот претседател Бил Клинтон ја именуваше Олбрајт за амбасадор на САД во Обединетите нации набргу откако беше инаугуриран во 1993 година, а три години подоцна ја номинираше за државен секретар. Таа служеше на оваа функција четири години, активно промовирајќи го проширувањето на НАТО и воената интервенција на НАТО во Косово.

Во 2012 година, тогашниот претседател Барак Обама и го додели на Олбрајт „Медалот на слободата“, највисокото цивилно признание во САД.

The post Почина Медлин Олбрајт, потврдија од нејзиното семејство appeared first on Република.

]]>

Починала Медлин Олбрајт, првата жена што ја извршуваше функцијата државен секретар на САД, потврдија од нејзиното семејство во соопштението објавена на социјалните мрежи. Олбрајт имаше 84 години. https://twitter.com/madeleine/status/1506699712199593985?cxt=HHwWgsC4jfnZ7-gpAAAA Тогашниот претседател Бил Клинтон ја именуваше Олбрајт за амбасадор на САД во Обединетите нации набргу откако беше инаугуриран во 1993 година, а три години подоцна ја номинираше за државен секретар. Таа служеше на оваа функција четири години, активно промовирајќи го проширувањето на НАТО и воената интервенција на НАТО во Косово. Во 2012 година, тогашниот претседател Барак Обама и го додели на Олбрајт „Медалот на слободата“, највисокото цивилно признание во САД.

The post Почина Медлин Олбрајт, потврдија од нејзиното семејство appeared first on Република.

]]>