мазут Archives - Република https://republika.mk/tema/mazut/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 12:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мазут Archives - Република https://republika.mk/tema/mazut/ 32 32 Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот не се менуваат https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapuva-mazutot-tsenite-na-benzinite-i-dizelot-ne-se-menuvaat/ Thu, 15 Aug 2024 12:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=806908

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да се зголеми малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,056 денари со што еден килограм ќе чини 45,804 денари за килограм.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и
на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

The post Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот не се менуваат appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да се зголеми малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,056 денари со што еден килограм ќе чини 45,804 денари за килограм. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

The post Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот не се менуваат appeared first on Република.

]]>
Промени на цените на нафтените деривати: Поскапува мазутот https://republika.mk/vesti/ekonomija/promeni-na-tsenite-na-naftenite-derivati-poskapuva-mazutot/ Fri, 28 Jun 2024 16:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=791638

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 отсто.

Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,061 отсто, кај дизелот за 0,419, кај екстра лесното масло за 0,4 и кај мазутот за 3,489 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008 отсто.

The post Промени на цените на нафтените деривати: Поскапува мазутот appeared first on Република.

]]>

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 отсто. Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75 денари за литар. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,061 отсто, кај дизелот за 0,419, кај екстра лесното масло за 0,4 и кај мазутот за 3,489 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008 отсто.

The post Промени на цените на нафтените деривати: Поскапува мазутот appeared first on Република.

]]>
Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-gorivata-ostanuvaat-isti-poskapuva-mazutot/ Thu, 13 Jun 2024 17:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=787300

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од вечерва на полноќ се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ).

РКЕ, информира дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335%

Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  80,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС - 98                             82,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            71,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 43,639 (денари/килограм)

Од РКЕ, напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2024 година и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од вечерва на полноќ се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). РКЕ, информира дека со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335% Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  80,00 (денари/литар) Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС - 98                             82,00 (денари/литар) Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            71,50 (денари/литар) Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               70,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС                                                                 43,639 (денари/килограм) Од РКЕ, напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2024 година и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот appeared first on Република.

]]>
Од полноќ се намалува цената на мазутот: Ова се цените на другите горива https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnok-se-namaluva-tsenata-na-mazutot-ova-se-tsenite-na-drugite-goriva/ Thu, 16 May 2024 16:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=778941

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар)

- моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар)

- дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

- мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од полноќ се намалува цената на мазутот: Ова се цените на другите горива appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг. Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,50 (денари/литар) - моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,50 (денари/литар) - дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар) - масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар) - мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм) Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

The post Од полноќ се намалува цената на мазутот: Ова се цените на другите горива appeared first on Република.

]]>
Поскапува мазутот https://republika.mk/vesti/ekonomija/poskapuva-mazutot/ Thu, 22 Feb 2024 13:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=747046

Од полноќ се зголемува цената на мазутот, а цените на бензините остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛОТ и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети

The post Поскапува мазутот appeared first on Република.

Поранешен директор на ЕСМ ја злоупотребил положбата за набавка на мазут https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshen-direktor-na-esm-ja-zloupotrebil-polozhbata-za-nabavka-na-mazut/ Wed, 27 Dec 2023 11:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=727088

ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавката на мазут.

Предметот со број 12-462/1 од 25.01.2023 година е оформен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива, во врска со јавно изнесени наводи за незаконска набавка на мазут од страна на АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ Неготино, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија. По оформувањето на предметот, на 28.02.2023 година, непознат подносител до ДКСК достави дополнителна документација која се однесуваше за предметот, со цел ДКСК да ги испита состојбите наведени во пријавата. Вредноста на вкупната набавка е околу седум милијарди и 500 илјади денари, или околу 212 милиони евра. Набавката требало да ја изврши фирмата „РКМ ДОО Скопје“, при што била предвидена количина на мазут за која постои сомнеж дека истата не можела да биде испорачана за многу краток временски период. Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут. Дополнително, според јавно изнесените наводи, АД ЕСМ Скопје наводно извршил и продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на една фирма по цена која била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX. За наводите кои се однесуваат на сомнеж за незаконска продажба на ноќни вишоци на електрична енергија од страна на АД ЕСМ Скопје, ДКСК ќе одлучи со друга одлука кон предметот, велат од ДКСК.

Како што посочуваат во своето соопштение ДКСК побара податоци, информации и документација од АД ЕСМ Скопје, од АД ТЕЦ Неготино, од Управа за јавни приходи, од Влада, потоа од деловните банки со кои соработува „РКМ ДОО Скопје“, Царинска управа на РСМ, и еден стопански субјект од РСМ кој остварил соработка со РКМ ДОО Скопје, Нафтовод ДООЕЛ Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Со цел обезбедување дополнителни сознанија за конкретниот случај, Државната комисија за спречување на корупцијата закажа и одржа службени разговори со овластени претставници од АД ТЕЦ Неготино на 10.04.2023 година, во нејзините простории и со овластен претставник на Регулаторната комисија за енергетика, исто така во нејзините простории на 01.08.2023 година, соопштија од ДКСК.

The post Поранешен директор на ЕСМ ја злоупотребил положбата за набавка на мазут appeared first on Република.

]]>

ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавката на мазут. Предметот со број 12-462/1 од 25.01.2023 година е оформен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива, во врска со јавно изнесени наводи за незаконска набавка на мазут од страна на АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ Неготино, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија. По оформувањето на предметот, на 28.02.2023 година, непознат подносител до ДКСК достави дополнителна документација која се однесуваше за предметот, со цел ДКСК да ги испита состојбите наведени во пријавата. Вредноста на вкупната набавка е околу седум милијарди и 500 илјади денари, или околу 212 милиони евра. Набавката требало да ја изврши фирмата „РКМ ДОО Скопје“, при што била предвидена количина на мазут за која постои сомнеж дека истата не можела да биде испорачана за многу краток временски период. Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут. Дополнително, според јавно изнесените наводи, АД ЕСМ Скопје наводно извршил и продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на една фирма по цена која била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX. За наводите кои се однесуваат на сомнеж за незаконска продажба на ноќни вишоци на електрична енергија од страна на АД ЕСМ Скопје, ДКСК ќе одлучи со друга одлука кон предметот, велат од ДКСК. Како што посочуваат во своето соопштение ДКСК побара податоци, информации и документација од АД ЕСМ Скопје, од АД ТЕЦ Неготино, од Управа за јавни приходи, од Влада, потоа од деловните банки со кои соработува „РКМ ДОО Скопје“, Царинска управа на РСМ, и еден стопански субјект од РСМ кој остварил соработка со РКМ ДОО Скопје, Нафтовод ДООЕЛ Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со цел обезбедување дополнителни сознанија за конкретниот случај, Државната комисија за спречување на корупцијата закажа и одржа службени разговори со овластени претставници од АД ТЕЦ Неготино на 10.04.2023 година, во нејзините простории и со овластен претставник на Регулаторната комисија за енергетика, исто така во нејзините простории на 01.08.2023 година, соопштија од ДКСК.

The post Поранешен директор на ЕСМ ја злоупотребил положбата за набавка на мазут appeared first on Република.

]]>
ТЕЦ Неготино ќе купува мазут за 210 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/tets-negotino-ke-kupuva-mazut-za-210-milioni-evra/ Tue, 07 Mar 2023 13:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=616919

ТЕЦ Неготино годинава ќе купува мазут во вредност од 210 милиони евра, според финансискиот план за 2023 што го објави термоелектраната.

Во планот пишува дека за купување на мазут се предвидени 12.804.773.500 денари. Тоа е двојно повеќе од проекциите за 2022, кои засега се сведуваат на проектирани 5.688.482.926 денари, или поточно 93 милиони евра, објави Фактор.

Вчера, рударско-енергетскиот комбинат РЕК „Осломеј“ беше исклучен од мрежа.

Од „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) информираа дека исклучувањето е плански испланирано, со цел да се спроведат планираните активности за санација на неколку позиции во комбинатот.

Во меѓувреме, додаваат оттаму, сите други капацитети на ЕСМ продолжуваат со работа.

The post ТЕЦ Неготино ќе купува мазут за 210 милиони евра appeared first on Република.

]]>

ТЕЦ Неготино годинава ќе купува мазут во вредност од 210 милиони евра, според финансискиот план за 2023 што го објави термоелектраната. Во планот пишува дека за купување на мазут се предвидени 12.804.773.500 денари. Тоа е двојно повеќе од проекциите за 2022, кои засега се сведуваат на проектирани 5.688.482.926 денари, или поточно 93 милиони евра, објави Фактор. Вчера, рударско-енергетскиот комбинат РЕК „Осломеј“ беше исклучен од мрежа. Од „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) информираа дека исклучувањето е плански испланирано, со цел да се спроведат планираните активности за санација на неколку позиции во комбинатот. Во меѓувреме, додаваат оттаму, сите други капацитети на ЕСМ продолжуваат со работа.  

The post ТЕЦ Неготино ќе купува мазут за 210 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП https://republika.mk/vesti/skopje/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/ Fri, 23 Dec 2022 12:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=589177

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена - изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут.

Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола.

За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП - вели директорот на Државниот инспекторат.

Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра.

Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.

The post Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП appeared first on Република.

]]>

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.
Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена - изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут.
Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола.
За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП - вели директорот на Државниот инспекторат.
Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра. Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.

The post Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП appeared first on Република.

]]>
Со два телефона Мицкоски заштеди стотици милиони евра: И понудената цена за мазутот повеќе од одлична https://republika.mk/vesti/ekonomija/so-dva-telefona-mickoski-zashtedi-stotici-milioni-evra-i-ponudenata-cena-za-mazutot-povekje-od-odlichna/ Mon, 17 Oct 2022 19:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=562275

Од 17 октомври, на масата на АД ЕСМ се наоѓа рамковен договор потпишан од страна на странска компанија, за набавка на гас по цена којашто е најмалку два пати пониска од таа што ја плаќаше ЕСМ за месец октомври.

Ова го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Отвореното студио на Македонската телевизија, демантирајќи ги наводите дека понудите од компаниите чии контакти ги понуди тој, за набавка на гас и на мазут, не биле добри, изречени на денешниот брифинг на премиерот Димитар Ковачевски.

Странската компанија го испратила текстот на рамковниот договор за набака на гас на 9 октомври до АД ЕСМ и се очекувало одговорот од Скопје да стаса на 10 октомври. На 13 октомври АД ЕСМ побарала договор потпишан од страна на странската компанија и таков е доставен.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/eden-od-kontaktite-na-mickoski-ponudil-cena-dvojno-poniska-od-cena-i-ispratil-dogovor-na-poteg-e-esm/

Што се однесува до мазутот, на масата е понуда за набавка на 150.000 тони мазут по берзанска цена минус 40 евра за 1 тон.

На тој начин, цената ќе биде пониска за најмалку 80 евра за 1 тон од цената која сега ја плаќа владата за набавка на мазут – изјави Мицкоски и додаде дека јавноста од бриферот Ковачевски очекува коментар на овие бројки, зашто во случајот станува збор за можност да се заштедат неколку стотици милиони евра.

The post Со два телефона Мицкоски заштеди стотици милиони евра: И понудената цена за мазутот повеќе од одлична appeared first on Република.

]]>

Од 17 октомври, на масата на АД ЕСМ се наоѓа рамковен договор потпишан од страна на странска компанија, за набавка на гас по цена којашто е најмалку два пати пониска од таа што ја плаќаше ЕСМ за месец октомври.
Ова го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Отвореното студио на Македонската телевизија, демантирајќи ги наводите дека понудите од компаниите чии контакти ги понуди тој, за набавка на гас и на мазут, не биле добри, изречени на денешниот брифинг на премиерот Димитар Ковачевски. Странската компанија го испратила текстот на рамковниот договор за набака на гас на 9 октомври до АД ЕСМ и се очекувало одговорот од Скопје да стаса на 10 октомври. На 13 октомври АД ЕСМ побарала договор потпишан од страна на странската компанија и таков е доставен. https://republika.mk/vesti/ekonomija/eden-od-kontaktite-na-mickoski-ponudil-cena-dvojno-poniska-od-cena-i-ispratil-dogovor-na-poteg-e-esm/ Што се однесува до мазутот, на масата е понуда за набавка на 150.000 тони мазут по берзанска цена минус 40 евра за 1 тон.
На тој начин, цената ќе биде пониска за најмалку 80 евра за 1 тон од цената која сега ја плаќа владата за набавка на мазут – изјави Мицкоски и додаде дека јавноста од бриферот Ковачевски очекува коментар на овие бројки, зашто во случајот станува збор за можност да се заштедат неколку стотици милиони евра.

The post Со два телефона Мицкоски заштеди стотици милиони евра: И понудената цена за мазутот повеќе од одлична appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-obvrskite-koi-gi-imashe-vmro-dpmne-se-ispolneti-predadeni-se-kontaktite-vladata-treba-da-izmenadzira-za-kolichini-na-gas-i-mazut/ Wed, 05 Oct 2022 09:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=557545

Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, брифираат од партијата.

-После речиси два часа состанок можам да кажам дека како што бев загрижен пред состанокот истата загриженост ја споделувам и сега веднаш после состанокот. Мислам дека во периодот кој што следи е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира, истакна вчера после средбата во Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, истакна Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут appeared first on Република.

]]>

Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, брифираат од партијата. -После речиси два часа состанок можам да кажам дека како што бев загрижен пред состанокот истата загриженост ја споделувам и сега веднаш после состанокот. Мислам дека во периодот кој што следи е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира, истакна вчера после средбата во Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, истакна Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут appeared first on Република.

]]>
Одлуката на Русија да го запре гасот нема да влијае врз Македонија, капацитетите ќе се префрлат на мазут https://republika.mk/vesti/ekonomija/odlukata-na-rusija-da-go-zapre-gasot-nema-da-vlijae-vrz-makedonija-kapacitetite-kje-se-prefrlat-na-mazut/ Thu, 28 Apr 2022 07:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=494528

Во земјава има непречена испорака на природен гас од Русија преку гасоводот од Бугарија и покрај тоа што руски „Газпром“ вчера ја прекина испораката на гас кон Бугарија и Полска. Надлежните смируваат и уверуваат дека има алтернатива и доколку дојде до ситуација Русија да донесе одлука да забрани извоз на природен гас за земјава, но порачуваат дека засега нема такви најави.

Сепак, земјава во моментов е целосно зависна од рускиот гас, бидејќи има само еден интерконектор со кој нашиот гасоводен систем е поврзан на бугарскиот гасовод преку кој засега се транспортира само гас од Русија.

–Испораката не е стопирана. Од наша страна се подмирени сите обврски во делот на снабдување со природен гас. Сепак, ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Како држава и институции сме подготвени и имаме соодветни алтернативи за секаква одлука што би можела да се донесе. Такви најави како институции немаме ни од Руската Федерација ниту, пак, од Република Бугарија. Од трговците денеска добивме податоци дека во континуитет се снабдуваат со природен гас сите нивни клиенти вклучувајќи ги и компаниите во зоните и надвор од зоните, истакна министерот за економија Крешник Бектеши вчера на прес-конференција.

Според него, Бугарија не смее да направи прекин во транспортот на природен гас кон земјава и преносната мрежа мора да функционира.

–Не смее тоа да го направи согласно договорот и потребата на цевководот. Имаме количества кои се одредени за потребите на земјава и преносната мрежа мора да функционира. Тоа значи дека ако Руската Федерација не донесе одлука за прекин на испорака на природен гас во Македонија, испораката треба да се одвива во континуитет и редовно, рече Бектеши.

Нагласи дека прекуграничните количества во интерконекторот со Бугарија се резервирани до 2030 година од страна на „Газпром“.

-Во случај да се раскине договорот меѓу „Бугартрансгаз“ и „Газпром“ во делот на прекуграничните количества кои се резервирани во нашиот интерконектор и во другите интерконектори во Република Бугарија тогаш слободно можеме да увеземе природен гас и преку интерконекторот што го има Република Бугарија со Република Грција, кој е поврзан на гасоводот ТАБ и обезбедува гас од Азербејџан, посочи Бектеши.

Најмногу  природен гас се троши за време на зимскиот период заради работата на топланите, а од 1 јануари до сега, како што истакна, во земјава се увезени 127 милиони нормални кубни метри природен гас или над 35 проценти од вкупната годишна потрошувачка во нашата држава која просечно е од 300 до 330 милиони.

–Од 15 октомври би требало да се увезат најмалку дополнителни 35 отсто, што значи дека околу 20 отсто од целосната потрошувачка за потребите на индустријата можеме да ги најдеме и со снабдување со компромиран природен гас. Такво искуство веќе имаме во нашата држава со работењето на ЈП „Струмица гас“. Залиха на гас нема, бидејќи немаме складишта за природен гас во земјава, но во континуитет и денеска имаме увоз на природен гас во нашата држава, посочи вчера Бектеши.

Тој потсети дека е во тек и проектот за гасна интерконекција со мрежата на ДЕСФА во Грција. Во јуни, како што најави, треба да биде објавен тендер за изведба, а се очекува целосно да биде функционален за 18 до 20 месеци. Со изградбата на овој интерконектор, додаде тој, ќе се обезбедат услови за целосна диверзификација во снабдувањето со природен гас. Дополнително, истакна Бектеши, земјава учествува и во изградбата на терминалот на ЕНEРЏИ во Александропулос, кој треба да биде готов за две до две и пол години и да обезбеди течен гас од САД.

– Генерално уделот на увозот на нафтени деривати со потекло од Русија е приближно 8 отсто во земјава. Ние сме подготвени како институции, како и компаниите дека каква и одлука да се донесе, кај нас влијанието ќе биде многу мало, минимално, потенцира Бектеши.

Министерот најави дека следната недела во Софија ќе се одржи состанок на сите министри задолжени за енергетскиот сектор од регионот за да се презентираат потребите на државите и да има континуирано снабдување со природен гас и со други енергенси на Западен Балкан.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), пак, вчера порачаа дека и покрај руските најави за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија сепак има техничка можност за непречен проток на природен гас од цевководот што минува низ Бугарија кон земјава, но додадоа дека состојбата зависи од одлуките на Русија.

– Цевководот што минува низ Бугарија  може да служи како транзитен вод за Македонија со што техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава има. Според достапните информации со кои располагаме „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас ги има подмирено обврските кон „Газпром“ навреме што  подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, посочија од РКЕ.

Потенцираа дека во континуитет ја следат состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот и упатија на нашата легислатива според која согласно членот 13, став (7) од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија“ во случај да нема природен гас.

-Тоа значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво, порачаа од РКЕ.

The post Одлуката на Русија да го запре гасот нема да влијае врз Македонија, капацитетите ќе се префрлат на мазут appeared first on Република.

]]>

Во земјава има непречена испорака на природен гас од Русија преку гасоводот од Бугарија и покрај тоа што руски „Газпром“ вчера ја прекина испораката на гас кон Бугарија и Полска. Надлежните смируваат и уверуваат дека има алтернатива и доколку дојде до ситуација Русија да донесе одлука да забрани извоз на природен гас за земјава, но порачуваат дека засега нема такви најави. Сепак, земјава во моментов е целосно зависна од рускиот гас, бидејќи има само еден интерконектор со кој нашиот гасоводен систем е поврзан на бугарскиот гасовод преку кој засега се транспортира само гас од Русија.
–Испораката не е стопирана. Од наша страна се подмирени сите обврски во делот на снабдување со природен гас. Сепак, ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови. Како држава и институции сме подготвени и имаме соодветни алтернативи за секаква одлука што би можела да се донесе. Такви најави како институции немаме ни од Руската Федерација ниту, пак, од Република Бугарија. Од трговците денеска добивме податоци дека во континуитет се снабдуваат со природен гас сите нивни клиенти вклучувајќи ги и компаниите во зоните и надвор од зоните, истакна министерот за економија Крешник Бектеши вчера на прес-конференција.
Според него, Бугарија не смее да направи прекин во транспортот на природен гас кон земјава и преносната мрежа мора да функционира. –Не смее тоа да го направи согласно договорот и потребата на цевководот. Имаме количества кои се одредени за потребите на земјава и преносната мрежа мора да функционира. Тоа значи дека ако Руската Федерација не донесе одлука за прекин на испорака на природен гас во Македонија, испораката треба да се одвива во континуитет и редовно, рече Бектеши. Нагласи дека прекуграничните количества во интерконекторот со Бугарија се резервирани до 2030 година од страна на „Газпром“.
-Во случај да се раскине договорот меѓу „Бугартрансгаз“ и „Газпром“ во делот на прекуграничните количества кои се резервирани во нашиот интерконектор и во другите интерконектори во Република Бугарија тогаш слободно можеме да увеземе природен гас и преку интерконекторот што го има Република Бугарија со Република Грција, кој е поврзан на гасоводот ТАБ и обезбедува гас од Азербејџан, посочи Бектеши.
Најмногу  природен гас се троши за време на зимскиот период заради работата на топланите, а од 1 јануари до сега, како што истакна, во земјава се увезени 127 милиони нормални кубни метри природен гас или над 35 проценти од вкупната годишна потрошувачка во нашата држава која просечно е од 300 до 330 милиони.
–Од 15 октомври би требало да се увезат најмалку дополнителни 35 отсто, што значи дека околу 20 отсто од целосната потрошувачка за потребите на индустријата можеме да ги најдеме и со снабдување со компромиран природен гас. Такво искуство веќе имаме во нашата држава со работењето на ЈП „Струмица гас“. Залиха на гас нема, бидејќи немаме складишта за природен гас во земјава, но во континуитет и денеска имаме увоз на природен гас во нашата држава, посочи вчера Бектеши.
Тој потсети дека е во тек и проектот за гасна интерконекција со мрежата на ДЕСФА во Грција. Во јуни, како што најави, треба да биде објавен тендер за изведба, а се очекува целосно да биде функционален за 18 до 20 месеци. Со изградбата на овој интерконектор, додаде тој, ќе се обезбедат услови за целосна диверзификација во снабдувањето со природен гас. Дополнително, истакна Бектеши, земјава учествува и во изградбата на терминалот на ЕНEРЏИ во Александропулос, кој треба да биде готов за две до две и пол години и да обезбеди течен гас од САД.
– Генерално уделот на увозот на нафтени деривати со потекло од Русија е приближно 8 отсто во земјава. Ние сме подготвени како институции, како и компаниите дека каква и одлука да се донесе, кај нас влијанието ќе биде многу мало, минимално, потенцира Бектеши.
Министерот најави дека следната недела во Софија ќе се одржи состанок на сите министри задолжени за енергетскиот сектор од регионот за да се презентираат потребите на државите и да има континуирано снабдување со природен гас и со други енергенси на Западен Балкан. Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), пак, вчера порачаа дека и покрај руските најави за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија сепак има техничка можност за непречен проток на природен гас од цевководот што минува низ Бугарија кон земјава, но додадоа дека состојбата зависи од одлуките на Русија.
– Цевководот што минува низ Бугарија  може да служи како транзитен вод за Македонија со што техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава има. Според достапните информации со кои располагаме „Макпетрол“, кој е долгогодишен трговец со природен гас ги има подмирено обврските кон „Газпром“ навреме што  подразбира стабилна испорака на природен гас. Сепак, состојбата е комплексна и континуирано се следи и зависи од одлуките што Русија ќе ги донесе – дали ќе ја прошири листата на земји кон кои ќе ја стопира или ограничи испораката на природен гас, посочија од РКЕ.
Потенцираа дека во континуитет ја следат состојбата на пазарот со енергенси и во време на енергетска криза секојдневно се обезбедуваат информации од сите чинители на пазарот и упатија на нашата легислатива според која согласно членот 13, став (7) од Правилата за снабдување со природен гас, потрошувачот е должен „да обезбеди услови за користење на алтернативна енергија“ во случај да нема природен гас.
-Тоа значи дека сите кои користат природен гас се должни да имаат алтернативно гориво како што е мазут, ТНГ, компримиран природен гас или екстра лесно гориво, порачаа од РКЕ.
 
The post Одлуката на Русија да го запре гасот нема да влијае врз Македонија, капацитетите ќе се префрлат на мазут appeared first on Република.

]]>
Ако секне гасот од Русија, во следната грејна Скопје ќе се топли на мазут, но тогаш градот ќе биде енормно загаден https://republika.mk/vesti/skopje/ako-sekne-gasot-od-rusija-vo-slednata-grejna-skopje-kje-se-topli-na-mazut-no-togash-gradot-kje-bide-enormno-zagaden/ Mon, 11 Apr 2022 20:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=487024

Се наоѓаме во незапаметени ситуации кога никој ништо не може да предвиди и никогаш немало толку драстични промени на берзите како сега, вели во интервју за Макфакс претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој вели дека останува да се надеваме дека оваа криза ќе заврши и ќе добиеме стабилни и предвидливи цени на енергенсите.

Бислимоски вели дека ако во државата нема природен гас (кој 100 отсто е увоз од Русија), тоа би бил сериозен проблем, особено во текот на следната грејна сезона. Во таков случај, смета тој, греењето во Скопје единствено може да биде на мазут, но тогаш во градот ќе има енормно загадување.

– Реално е дека во Македонија немаше никаков проблем во обезбедувањето нафтени деривати и тоа функционираше. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации бидејќи во однос на нафтените деривати немавме и не очекувам да имаме некој посебен проблем. Но кризата лично ме научи – никогаш не вели никогаш, вели Бислимовски.

Сепак, додава тој, во делот на нафтените деривати не се очекуваат проблеми.

– Да видиме кои се тие експерти кои кажуваа дека ние со нашите одлуки на енергетскиот пазар сме правеле енормни профити. Многу е лесно во време на криза да се шпекулира, но многу е тешко да се преземаат мерки кои се непопуларни, вели првиот човек на РКЕ.

The post Ако секне гасот од Русија, во следната грејна Скопје ќе се топли на мазут, но тогаш градот ќе биде енормно загаден appeared first on Република.

]]>

Се наоѓаме во незапаметени ситуации кога никој ништо не може да предвиди и никогаш немало толку драстични промени на берзите како сега, вели во интервју за Макфакс претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Тој вели дека останува да се надеваме дека оваа криза ќе заврши и ќе добиеме стабилни и предвидливи цени на енергенсите. Бислимоски вели дека ако во државата нема природен гас (кој 100 отсто е увоз од Русија), тоа би бил сериозен проблем, особено во текот на следната грејна сезона. Во таков случај, смета тој, греењето во Скопје единствено може да биде на мазут, но тогаш во градот ќе има енормно загадување.