математика Archives - Република https://republika.mk/tema/matematika/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 12:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png математика Archives - Република https://republika.mk/tema/matematika/ 32 32 Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД https://republika.mk/zivot/kariera/zlaten-medal-za-makedon-dimitrovski-na-matematichka-olimpijada-vo-sad/ Fri, 07 Jun 2024 12:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=785519

Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.

Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование.

Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.

The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.

]]>

Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД. Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование. Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.

The post Златен медал за Македон Димитровски на математичка олимпијада во САД appeared first on Република.

]]>
Поразителни се резулатите по читање и математика, а за четири години двојно е зголемен бројот на несреќни ученици во Македонија, вели извештајот на УНИЦЕФ https://republika.mk/vesti/makedonija/porazitelni-se-rezulatite-po-chitane-i-matematika-a-za-chetiri-godini-dvojno-e-zgolemen-brojot-na-nesrekni-uchenitsi-vo-makedonija-veli-izveshtajot-na-unitsef/ Wed, 24 Jan 2024 15:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=736393

Образованието има потенцијал да ги извлече луѓето од сиромаштија, но резултатите од ПИСА посочуваат на нееднаквости во системот. Во Македонија, учениците кои се во многу добра социо-економска состојба имаат далеку подобри постигања од учениците кои се социо-економски најобесправени и тоа за дури 76 поени по математика. Ако не се надминат овие нееднаквости, системот ќе ги продлабочи и со тоа ќе придонесе кон уште поголема сиромаштија и недостаток на можности, вели претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ди Џовани на Меѓународниот ден на образованието.

 Квалитетното образование е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат на пазарот на трудот и да придонесат кон подобар економски развоја. Исто така, образованието помага да се намалат нееднаквостите и сиромаштијата преку подобрување на можностите за работа и зголемување на приходите, вели Ди Џовани.

Резултатите од последното тестирање во рамки на Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА 2022) кои укажуваат на проблеми во резултатите од учењето кај учениците, алармираат дека структурните реформи во образованието треба да станат национален натпартиски приоритет.

Севкупните постигнувања на учениците се многу ниски и се намалени меѓу 2018 и 2022 година. Само еден од тројца ученици на возраст од 15 години постигнал минимално ниво на знаење по математика (ниво 2 од 6), што значи дека двајца од тројца ученици не успеале да протолкуваат и препознаат, без директни инструкции, како едноставна ситуација може математички да се претстави. Резултатите по читање се уште позагрижувачки, при што само еден од четворица ученици постигнува минимално знаење.

За да се зајакне економијата, потребна е квалификувана и компетентна работна сила. Меѓутоа, во нашата држава процентот на ученици кои го постигнале највисокото ниво е значително понизок од просекот во ОЕЦД.

Според извештајот на УНИЦЕФ само еден процент од учениците имаат највисоки достигнувања по математиката, достигнувајќи ниво 5 или 6 (во споредба со просекот во ОЕЦД од 9%), додека речиси никој нема највисоки достигнувања по читање и наука (во споредба со просекот во ОЕЦД од 7% во двете области). Доколку таквата состојба не се надмине, земјата и понатаму ќе заостанува во развојот на човечкиот капитал и конкурентноста.

Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, се соочува со емиграција на млади, образовани и квалификувани луѓе и резултатите покажуваат дека овој тренд најверојатно ќе продолжи, бидејќи задоволството на учениците од животот е значително намалено. Помеѓу 2018 и 2022 година, двојно е зголемена стапката на ученици кои се изјасниле дека не се задоволни од својот живот, од 7% во 2018 година, на 14% во 2022 година.

Во извештајот на УНИЦЕФ се наведува дека оптимистички е тоа што Македонија е над просекот на ОЕЦД за прашања поврзани со чувството на припадност на учениците во училиште.

Во 2022 година, 85% од учениците во Македонија се изјасниле дека лесно се спријателуваат на училиште, а 86% имаат чувство на припадност во училиштето (во споредба со просекот во ОЕЦД од 76% и 75%, соодветно). Таквото споделено чувство на припадност треба да се искористи и да им се обезбеди квалитетна настава на учениците и стимулирачка училишна средина, за да можат да ги развиваат своите интереси, да се стекнат со повеќе знаења и компетенции, а со тоа да си обезбедат подобар живот.

Училиштата, исто така, треба да им овозможат на учениците да стекнат широк спектар на дополнителни вештини, како што се справување со емоциите, преговарање, решавање проблеми, емпатија и комуникација. Овие вештини им помагаат на учениците подобро да учат, да бидат глобални граѓани, оспособени да се справат со личните, социјалните, академските и економските предизвици, истовремено помагајќи им и на младите луѓе кои се справуваат со тешкотии да се справат со предизвиците и да изградат отпорност.

 

The post Поразителни се резулатите по читање и математика, а за четири години двојно е зголемен бројот на несреќни ученици во Македонија, вели извештајот на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Образованието има потенцијал да ги извлече луѓето од сиромаштија, но резултатите од ПИСА посочуваат на нееднаквости во системот. Во Македонија, учениците кои се во многу добра социо-економска состојба имаат далеку подобри постигања од учениците кои се социо-економски најобесправени и тоа за дури 76 поени по математика. Ако не се надминат овие нееднаквости, системот ќе ги продлабочи и со тоа ќе придонесе кон уште поголема сиромаштија и недостаток на можности, вели претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ди Џовани на Меѓународниот ден на образованието.
 Квалитетното образование е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат на пазарот на трудот и да придонесат кон подобар економски развоја. Исто така, образованието помага да се намалат нееднаквостите и сиромаштијата преку подобрување на можностите за работа и зголемување на приходите, вели Ди Џовани.
Резултатите од последното тестирање во рамки на Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА 2022) кои укажуваат на проблеми во резултатите од учењето кај учениците, алармираат дека структурните реформи во образованието треба да станат национален натпартиски приоритет. Севкупните постигнувања на учениците се многу ниски и се намалени меѓу 2018 и 2022 година. Само еден од тројца ученици на возраст од 15 години постигнал минимално ниво на знаење по математика (ниво 2 од 6), што значи дека двајца од тројца ученици не успеале да протолкуваат и препознаат, без директни инструкции, како едноставна ситуација може математички да се претстави. Резултатите по читање се уште позагрижувачки, при што само еден од четворица ученици постигнува минимално знаење. За да се зајакне економијата, потребна е квалификувана и компетентна работна сила. Меѓутоа, во нашата држава процентот на ученици кои го постигнале највисокото ниво е значително понизок од просекот во ОЕЦД. Според извештајот на УНИЦЕФ само еден процент од учениците имаат највисоки достигнувања по математиката, достигнувајќи ниво 5 или 6 (во споредба со просекот во ОЕЦД од 9%), додека речиси никој нема највисоки достигнувања по читање и наука (во споредба со просекот во ОЕЦД од 7% во двете области). Доколку таквата состојба не се надмине, земјата и понатаму ќе заостанува во развојот на човечкиот капитал и конкурентноста. Македонија, како и другите земји од Западен Балкан, се соочува со емиграција на млади, образовани и квалификувани луѓе и резултатите покажуваат дека овој тренд најверојатно ќе продолжи, бидејќи задоволството на учениците од животот е значително намалено. Помеѓу 2018 и 2022 година, двојно е зголемена стапката на ученици кои се изјасниле дека не се задоволни од својот живот, од 7% во 2018 година, на 14% во 2022 година. Во извештајот на УНИЦЕФ се наведува дека оптимистички е тоа што Македонија е над просекот на ОЕЦД за прашања поврзани со чувството на припадност на учениците во училиште. Во 2022 година, 85% од учениците во Македонија се изјасниле дека лесно се спријателуваат на училиште, а 86% имаат чувство на припадност во училиштето (во споредба со просекот во ОЕЦД од 76% и 75%, соодветно). Таквото споделено чувство на припадност треба да се искористи и да им се обезбеди квалитетна настава на учениците и стимулирачка училишна средина, за да можат да ги развиваат своите интереси, да се стекнат со повеќе знаења и компетенции, а со тоа да си обезбедат подобар живот. Училиштата, исто така, треба да им овозможат на учениците да стекнат широк спектар на дополнителни вештини, како што се справување со емоциите, преговарање, решавање проблеми, емпатија и комуникација. Овие вештини им помагаат на учениците подобро да учат, да бидат глобални граѓани, оспособени да се справат со личните, социјалните, академските и економските предизвици, истовремено помагајќи им и на младите луѓе кои се справуваат со тешкотии да се справат со предизвиците и да изградат отпорност.  

The post Поразителни се резулатите по читање и математика, а за четири години двојно е зголемен бројот на несреќни ученици во Македонија, вели извештајот на УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>
Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата https://republika.mk/vesti/makedonija/nastavnikot-po-matematika-ke-ima-144-chasa-godinshno-a-kolegata-po-geografija-36-a-ke-zemaat-ista-plata/ Fri, 25 Aug 2023 10:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=675713

Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?, прашува во статус објавен на Фејсбук професорката Весна Јаневска.

Во продолжение статусот на проф. д-р Весна Јаневска:

Насоките за планирање, организација и реализација на наставата од 1 до 6 одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година се донесени од страна на директорот на Бирото за развој на образованието со Решениие бр.02-1348/1 од 21.08.2023 година. Истите се доставени до училиштата на 22.08.2023 година. Насоки се спротивни на Законот за основното образование, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и други правни акти кои ја регулираат материјата на образованието во Македонија.
Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта
Во насоките пишува:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕСТОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ
● Задолжителниот престој на наставниците што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 саати дневно, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници.
● Поголемиот дел од времето во текот на задолжителниот престој, наставниците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети, а остатокот од времето е наменет за реализација на воннаставни активности, на додатна/дополнителна настава, на истражувачките и/или интердисциплинарните проекти на учениците, на општествено-хуманитарната работа на учениците, како и за соработка со колегите во рамки на стручните активи и за други стручни активности во рамки на училиштето.
Насоките се спротивни на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, затоа што спротивно на овој закон и на колективен договор уредуваат престој, работно време, работни задолженија и плата на наставниците.
Насоките упатуваат наставниците во училиште да престојуваат по 6 саати дневно без оглед дали се одделенски наставници или предметни наставници што е спротивно на ЗНССОСУ (член 17 став 1 и 8 (осум)). Во ЗНССОСУ е уредено дека работното време на наставниците е 40 часа неделно од кои од 20 до 23 наставни часови (член 17 став 1). ( 8-Осум) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40-часовна работна недела, ги утврдува министерот, на предлог на Бирото и Центарот.
Оваа насока е спротивна и на член 5 од Правилникот за начинот и обемот на работните задачи во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40 часовната работна недела бр. 18-4809/1 од 05.05.2020 година донесен од министерот за образование и наука.
Во членот 5 од правилникот е уредено дека во 40 работни часови неделно, наставникот во училиште реализира 20 до 23 наставни часа за задолжителни и изборни предмети, пет работни часа во директна, непосредна работа со ученици во додатна, дополнителна настава и воннаставни активности.
Бирото се дрзнало и да уредува и плата на наставниците без оглед на нивните наставни часови. Односно во насоките уредуваат „Сите наставници кои до сега учествувале и ќе учествуваат во реализација на наставата по предметите Историја, Географија, Граѓанско образование, Техничко образование и Информатика се сметаат за потенцијални наставници за реализација на новите наставни предмети Историја и општество и Техничко образование и информатика во 6. одделение.“ (дали ја презема улогата на директор на училиште Бирото? Дали на овој начин го обврзуваат директорот кои наставници во кое одделение да ги распореди?)
Понатаму уредуваат дека „училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Со оглед на новиот начин на организација и реализација на интегрираните предмети во некој временски период наставниците може да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно. Сепак, овие наставници во просек на годишно ниво ќе имаат доволен фонд на часови (вклучувајќи и други задолженија доделени од страна на директорот на училиштето) и ќе им се пресметува целосна месечна плата во текот на целата учебна година, без оглед на начинот на организацијата и реализацијата на наставата во одделни периоди во текот на наставната година.“
Во фондот на часови (ако нема од 20 до 23 часа наставникот) ги ставаат и задолженијата на директор???? за да земат цела плата наставниците по овие предмети. Со ваквите насоки се врши дискриминација на наставниците и се доведуваат во нееднаква положба наставниците кои предаваат македонски јазик, албански јазик, математика и други предмети, а и сите наставници кои работат во поголеми училишта со голем број на ученици и имаат полн фонд на часови (земаат цела плата), со наставниците кои ќе ги предаваат „интегрираните предмети“ кои ќе немаат полн фонд на часови, а ќе земаат цела плата со „задолженијата од директор“. Дали БРО пред да даде ваква насока има писмен документ дека платите за наставниците по интегрираните предмети се обезбедени во Буџетот на МОН (во блок дотациите). Дали ако нема доволно средства во блокот за плати, а нема, општините ќе влегуваат во долгови? Дали министерот ќе обезбеди пари за плати за сите наставници, а при тоа да има доволно средства и за комунални трошоци, струја, греење, превоз, хигиенски средства во услови кога општините трошат и до 99% од блокот за плати на наставниците?
Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?

The post Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата appeared first on Република.

]]>

Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?, прашува во статус објавен на Фејсбук професорката Весна Јаневска. Во продолжение статусот на проф. д-р Весна Јаневска: Насоките за планирање, организација и реализација на наставата од 1 до 6 одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година се донесени од страна на директорот на Бирото за развој на образованието со Решениие бр.02-1348/1 од 21.08.2023 година. Истите се доставени до училиштата на 22.08.2023 година. Насоки се спротивни на Законот за основното образование, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и други правни акти кои ја регулираат материјата на образованието во Македонија. Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта Во насоките пишува: ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕСТОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ● Задолжителниот престој на наставниците што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 саати дневно, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници. ● Поголемиот дел од времето во текот на задолжителниот престој, наставниците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети, а остатокот од времето е наменет за реализација на воннаставни активности, на додатна/дополнителна настава, на истражувачките и/или интердисциплинарните проекти на учениците, на општествено-хуманитарната работа на учениците, како и за соработка со колегите во рамки на стручните активи и за други стручни активности во рамки на училиштето. Насоките се спротивни на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, затоа што спротивно на овој закон и на колективен договор уредуваат престој, работно време, работни задолженија и плата на наставниците. Насоките упатуваат наставниците во училиште да престојуваат по 6 саати дневно без оглед дали се одделенски наставници или предметни наставници што е спротивно на ЗНССОСУ (член 17 став 1 и 8 (осум)). Во ЗНССОСУ е уредено дека работното време на наставниците е 40 часа неделно од кои од 20 до 23 наставни часови (член 17 став 1). ( 8-Осум) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40-часовна работна недела, ги утврдува министерот, на предлог на Бирото и Центарот. Оваа насока е спротивна и на член 5 од Правилникот за начинот и обемот на работните задачи во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40 часовната работна недела бр. 18-4809/1 од 05.05.2020 година донесен од министерот за образование и наука. Во членот 5 од правилникот е уредено дека во 40 работни часови неделно, наставникот во училиште реализира 20 до 23 наставни часа за задолжителни и изборни предмети, пет работни часа во директна, непосредна работа со ученици во додатна, дополнителна настава и воннаставни активности. Бирото се дрзнало и да уредува и плата на наставниците без оглед на нивните наставни часови. Односно во насоките уредуваат „Сите наставници кои до сега учествувале и ќе учествуваат во реализација на наставата по предметите Историја, Географија, Граѓанско образование, Техничко образование и Информатика се сметаат за потенцијални наставници за реализација на новите наставни предмети Историја и општество и Техничко образование и информатика во 6. одделение.“ (дали ја презема улогата на директор на училиште Бирото? Дали на овој начин го обврзуваат директорот кои наставници во кое одделение да ги распореди?) Понатаму уредуваат дека „училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Со оглед на новиот начин на организација и реализација на интегрираните предмети во некој временски период наставниците може да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно. Сепак, овие наставници во просек на годишно ниво ќе имаат доволен фонд на часови (вклучувајќи и други задолженија доделени од страна на директорот на училиштето) и ќе им се пресметува целосна месечна плата во текот на целата учебна година, без оглед на начинот на организацијата и реализацијата на наставата во одделни периоди во текот на наставната година.“ Во фондот на часови (ако нема од 20 до 23 часа наставникот) ги ставаат и задолженијата на директор???? за да земат цела плата наставниците по овие предмети. Со ваквите насоки се врши дискриминација на наставниците и се доведуваат во нееднаква положба наставниците кои предаваат македонски јазик, албански јазик, математика и други предмети, а и сите наставници кои работат во поголеми училишта со голем број на ученици и имаат полн фонд на часови (земаат цела плата), со наставниците кои ќе ги предаваат „интегрираните предмети“ кои ќе немаат полн фонд на часови, а ќе земаат цела плата со „задолженијата од директор“. Дали БРО пред да даде ваква насока има писмен документ дека платите за наставниците по интегрираните предмети се обезбедени во Буџетот на МОН (во блок дотациите). Дали ако нема доволно средства во блокот за плати, а нема, општините ќе влегуваат во долгови? Дали министерот ќе обезбеди пари за плати за сите наставници, а при тоа да има доволно средства и за комунални трошоци, струја, греење, превоз, хигиенски средства во услови кога општините трошат и до 99% од блокот за плати на наставниците? Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?

The post Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата appeared first on Република.

]]>
По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД https://republika.mk/vesti/svet/po-pandemijata-nikogash-poloshi-rezultatite-po-matematika-i-chitane-na-13-godishnite-uchenitsi-vo-sad/ Thu, 22 Jun 2023 06:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=653867

Американските 13-годишници имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении. Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation's report card“).

Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19.

Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.

„Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД.

„Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.

Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени.

Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети.

Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение.

Резултатите по математика и читање паѓаа уште пред пандемијата, но најновите резултати покажуваат пресврт.

Резултатите од тестовите по математика, кои се мерат од 1973 година, сега се на најниско ниво од 1990 година. Резултатите за читање се најслаби од 2004 година.

Посебна загриженост за официјалните лица е огромното намалување на знаењето меѓу учениците со најлош успех во училиштето..

Пад е забележан кај сите ученици, но додека подобрите ученици имале пад од шест до осум поени, учениците со полоши резултати забележале пад од 12 до 14 поени, покажуваат резултатите.

Разлики има и по раса. Учениците од речиси сите расни и етнички групи имаат полоши резултати по математика, но најголем пад има меѓу учениците од редовите на американските Индијанци (20 бодови) и црнците (13 бодови). Кај другите студенти падот е шест бодови, додека кај азиските студенти не е променет.

The post По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД appeared first on Република.

]]>

Американските 13-годишници имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении. Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation's report card“). Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19. Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.
„Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД. „Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.
Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени. Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети. Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение. Резултатите по математика и читање паѓаа уште пред пандемијата, но најновите резултати покажуваат пресврт. Резултатите од тестовите по математика, кои се мерат од 1973 година, сега се на најниско ниво од 1990 година. Резултатите за читање се најслаби од 2004 година. Посебна загриженост за официјалните лица е огромното намалување на знаењето меѓу учениците со најлош успех во училиштето.. Пад е забележан кај сите ученици, но додека подобрите ученици имале пад од шест до осум поени, учениците со полоши резултати забележале пад од 12 до 14 поени, покажуваат резултатите. Разлики има и по раса. Учениците од речиси сите расни и етнички групи имаат полоши резултати по математика, но најголем пад има меѓу учениците од редовите на американските Индијанци (20 бодови) и црнците (13 бодови). Кај другите студенти падот е шест бодови, додека кај азиските студенти не е променет.

The post По пандемијата, никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишните ученици во САД appeared first on Република.

]]>
На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! https://republika.mk/zivot/kariera/na-40-balkanskata-matematichka-olimpijada-makedonija-osvoi-rekordni-shest-medali/ Fri, 12 May 2023 13:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=640186

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија.

Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал.

Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.

Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, велат од тимот и додаваат дека во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе ги споделат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски-Цане.

The post На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! appeared first on Република.

]]>

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија. Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски. Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал. Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, велат од тимот и додаваат дека во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе ги споделат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски-Цане.

The post На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! appeared first on Република.

]]>
Кој е во право? Oваа математичка задача предизвика поделби https://republika.mk/zivot/psihologija/koj-e-vo-pravo-ovaa-matematichka-zadacha-predizvika-podelbi/ Sun, 22 Jan 2023 14:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=599595

Mатематичка задача наменета за основци, која и покрај тоа што е релативно едноставна, предизвика расправија на многу корисници на Интернет.

Луѓето се расправаат за конечното решение, и тие се поделени во две групи - оние чиј резултат е 1 и 4. И две групи се во право

Тие што добиле резултат 1 не ги разбираат оние што добиле резултат 4 и обратно, а збунетоста настанува поради кој редослед на математички операции сте користеле.

The post Кој е во право? Oваа математичка задача предизвика поделби appeared first on Република.

]]>

Mатематичка задача наменета за основци, која и покрај тоа што е релативно едноставна, предизвика расправија на многу корисници на Интернет. Луѓето се расправаат за конечното решение, и тие се поделени во две групи - оние чиј резултат е 1 и 4. И две групи се во право Тие што добиле резултат 1 не ги разбираат оние што добиле резултат 4 и обратно, а збунетоста настанува поради кој редослед на математички операции сте користеле.

The post Кој е во право? Oваа математичка задача предизвика поделби appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски https://republika.mk/zivot/kariera/pendarovski-go-primi-uchenikot-so-natprosechna-inteligencija-makedon-dimitrievski/ Thu, 19 May 2022 14:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=504449

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција.

 

Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.

 

Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.

 

„Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција. „Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици“, додаде претседателот Пендаровски.

 

Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина.

 

Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

The post Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција.

 

Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.

 

Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.

 

„Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција. „Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици“, додаде претседателот Пендаровски.

 

Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина.

 

Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

The post Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски appeared first on Република.

]]>