маски за заштита Archives - Република https://republika.mk/tema/maski-za-zashtita/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Apr 2022 17:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маски за заштита Archives - Република https://republika.mk/tema/maski-za-zashtita/ 32 32 Словенија ги укинува маските и речиси сите мерки https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-gi-ukinuva-maskite-i-rechisi-site-merki/ Mon, 11 Apr 2022 17:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=486943

Словенија се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со епидемијата на ковид-19 која е во пад, потврди словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела.

Наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.

Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“.

Словенечката влада објави денес дека во изминатите 24 часа од околу 3.800 ПЦР тестови и брзи антигенски тестови се потврдени 528 нови зарази, што е пад во однос на претходниот ден кога биле 785, и во однос на состојбата од пред седум дена, кога имало 802 зарази.

The post Словенија ги укинува маските и речиси сите мерки appeared first on Република.

]]>

Словенија се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со епидемијата на ковид-19 која е во пад, потврди словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела.
Наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.
Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“. Словенечката влада објави денес дека во изминатите 24 часа од околу 3.800 ПЦР тестови и брзи антигенски тестови се потврдени 528 нови зарази, што е пад во однос на претходниот ден кога биле 785, и во однос на состојбата од пред седум дена, кога имало 802 зарази.

The post Словенија ги укинува маските и речиси сите мерки appeared first on Република.

]]>