Словенија се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со епидемијата на ковид-19 која е во пад, потврди словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела.

Наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.

Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“.

Словенечката влада објави денес дека во изминатите 24 часа од околу 3.800 ПЦР тестови и брзи антигенски тестови се потврдени 528 нови зарази, што е пад во однос на претходниот ден кога биле 785, и во однос на состојбата од пред седум дена, кога имало 802 зарази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.