Маск Archives - Република https://republika.mk/tema/mask/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 09:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маск Archives - Република https://republika.mk/tema/mask/ 32 32 Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог https://republika.mk/vesti/svet/mask-ke-se-sretne-so-pretsedatelot-na-izrael-hertsog/ Mon, 27 Nov 2023 09:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=716599

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Икс, Илон Маск денеска во Ерусалим ќе разговара со израелскиот претседател Исак Херцог за борбата против антисемитизмот на интернет, соопшти Кабинетот на шефот на израелската држава.

На средбата, што ќе се одржи попладне ќе учествуваат и претставници на семејствата на заложниците, кои ги држи Хамас.

Маск е во Ерусалим на четвртиот, последен ден од примирјето меѓу Израел и Хамас.

Минатата недела Белата куќа го обвини Маск дека „жалосно ја промовира антисемитска и расистичка омраза“ во една од неговите објави на неговата социјална мрежа Икс.

Маск, одговорајќи на објавата на еден корисник, кој напиша дека Евреите поттикнуваат „омраза против белците“ објави „Ја кажавте правата вистина“.

Белата куќа оцени дека со тоа Маск само ја повторува популарната теорија на заговор на бели националисти дека Евреите имаат таен план да ја поттикнат илегалната миграција во западните земји со цел да го поткопаат белото мнозинство.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември се сретна со Маск во Сан Франциско.

Се надевам дека ќе најдете капацитет да ставите крај на антисемитизмот (на мрежата Икс) или да го намалите колку што е можно во границите на слободата на говорот, му рекол Нетанјаху тогаш на Маск.

The post Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог appeared first on Република.

]]>

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Икс, Илон Маск денеска во Ерусалим ќе разговара со израелскиот претседател Исак Херцог за борбата против антисемитизмот на интернет, соопшти Кабинетот на шефот на израелската држава. На средбата, што ќе се одржи попладне ќе учествуваат и претставници на семејствата на заложниците, кои ги држи Хамас. Маск е во Ерусалим на четвртиот, последен ден од примирјето меѓу Израел и Хамас. Минатата недела Белата куќа го обвини Маск дека „жалосно ја промовира антисемитска и расистичка омраза“ во една од неговите објави на неговата социјална мрежа Икс. Маск, одговорајќи на објавата на еден корисник, кој напиша дека Евреите поттикнуваат „омраза против белците“ објави „Ја кажавте правата вистина“. Белата куќа оцени дека со тоа Маск само ја повторува популарната теорија на заговор на бели националисти дека Евреите имаат таен план да ја поттикнат илегалната миграција во западните земји со цел да го поткопаат белото мнозинство. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември се сретна со Маск во Сан Франциско. Се надевам дека ќе најдете капацитет да ставите крај на антисемитизмот (на мрежата Икс) или да го намалите колку што е можно во границите на слободата на говорот, му рекол Нетанјаху тогаш на Маск.

The post Маск ќе се сретне со претседателот на Израел, Херцог appeared first on Република.

]]>
Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа https://republika.mk/vesti/svet/mask-tvrdi-deka-starlink-mozhe-da-ja-vrati-komunikatsijata-so-humanitarnite-grupi-vo-gaza/ Sat, 28 Oct 2023 14:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=695827

Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање.

Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали.

Маск ова го напиша како одговор на објавата на левичарската американска политичарка Александрија Окасио-Кортез, која рече дека прекинот на комуникацијата со луѓето во Газа е неприфатливо и ги става на ризик новинарите, медицинските работници, хуманитарните напори и цивилите.

Бројни меѓународни организации изгубија контакт со нивниот персонал и партнери во Газа, вклучувајќи ги Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Програмата за развој на ОН (УНДП), Светската програма за храна на ОН (WFP), Спасете ги децата и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

Палестинската телекомуникациска компанија претходно соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради бомбардирањето на израелската војска.

Израелската војска вчера соопшти дека ги проширува своите копнени операции во Појасот Газа против исламистичката милитантна група Хамас.

Старлинк обезбедува брз сателитски интернет во оддалечените области.

Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа

The post Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа appeared first on Република.

]]>

Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање.
Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали.
Маск ова го напиша како одговор на објавата на левичарската американска политичарка Александрија Окасио-Кортез, која рече дека прекинот на комуникацијата со луѓето во Газа е неприфатливо и ги става на ризик новинарите, медицинските работници, хуманитарните напори и цивилите. Бројни меѓународни организации изгубија контакт со нивниот персонал и партнери во Газа, вклучувајќи ги Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Програмата за развој на ОН (УНДП), Светската програма за храна на ОН (WFP), Спасете ги децата и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). Палестинската телекомуникациска компанија претходно соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради бомбардирањето на израелската војска. Израелската војска вчера соопшти дека ги проширува своите копнени операции во Појасот Газа против исламистичката милитантна група Хамас. Старлинк обезбедува брз сателитски интернет во оддалечените области. Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа

The post Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа appeared first on Република.

]]>
Маск: Историјата е напишана од оние кои можат да уредуваат на „Википедија“ https://republika.mk/vesti/svet/mask-istorijata-e-napishana-od-onie-koi-mozhat-da-ureduvaat-na-vikipedija/ Wed, 20 Sep 2023 12:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=683482

Во понеделникот најбогатиот човек на светот Илон Маск ја критикуваше Википедија и нејзините „мотивирани“ уредници за манипулација со информации и искривување на фактите. Тој го изјави ова за време на дискусијата во живо на Икс (поранешен Твитер) со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Калифорнија.

Маск рече: „Постои една стара поговорка дека „историјата ја пишуваат победниците“, како да е добро, не ако вашите непријатели се уште се живи и имаат многу време на располагање да ја уредуваат Википедија. Губитниците едноставно добија многу време на своите раце“.

Кога го слушна тоа, израелскиот премиер Нетанјаху се пошегува: „Тие не мора да изнесуваат урамнотежено гледиште за работите. Историјата ја пишуваат оние кои можат да користат најмногу уредници“.

Ова не е прв пат Илон Маск да ја критикува Википедија поради недостатокот на уреднички надзор и ширење на пропагандна содржина под превезот на факти.

The post Маск: Историјата е напишана од оние кои можат да уредуваат на „Википедија“ appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот најбогатиот човек на светот Илон Маск ја критикуваше Википедија и нејзините „мотивирани“ уредници за манипулација со информации и искривување на фактите. Тој го изјави ова за време на дискусијата во живо на Икс (поранешен Твитер) со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Калифорнија.
Маск рече: „Постои една стара поговорка дека „историјата ја пишуваат победниците“, како да е добро, не ако вашите непријатели се уште се живи и имаат многу време на располагање да ја уредуваат Википедија. Губитниците едноставно добија многу време на своите раце“.
Кога го слушна тоа, израелскиот премиер Нетанјаху се пошегува: „Тие не мора да изнесуваат урамнотежено гледиште за работите. Историјата ја пишуваат оние кои можат да користат најмногу уредници“. Ова не е прв пат Илон Маск да ја критикува Википедија поради недостатокот на уреднички надзор и ширење на пропагандна содржина под превезот на факти.

The post Маск: Историјата е напишана од оние кои можат да уредуваат на „Википедија“ appeared first on Република.

]]>
Маск ќе отвора фабрика Тесла во Турција? https://republika.mk/zivot/tehnologija/mask-ke-otvora-fabrika-tesla-vo-turtsija/ Mon, 18 Sep 2023 09:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=682817

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на состанокот во Њујорк го повика сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск да отвори фабрика за автомобили во Турција, соопшти турското претседателство.

Ердоган, кој моментално престојува во САД каде присуствува на Генералното собрание на ОН, разговараше и за можната соработка меѓу компанијата за истражување на вселената на Маск, Спејс Икс (SpaceX) и турската вселенска програма.

Во соопштението се наведува дека Ердоган му предложил на Маск соработка во областа на вештачката интелигенција и Старлинк (Starlink), сателитски интернет сервис на Спејс Икс.

Маск рече дека Спејс Икс сака да ја обезбеди потребната лиценца за понуда на Старлинк во Турција.

The post Маск ќе отвора фабрика Тесла во Турција? appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска за време на состанокот во Њујорк го повика сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск да отвори фабрика за автомобили во Турција, соопшти турското претседателство. Ердоган, кој моментално престојува во САД каде присуствува на Генералното собрание на ОН, разговараше и за можната соработка меѓу компанијата за истражување на вселената на Маск, Спејс Икс (SpaceX) и турската вселенска програма. Во соопштението се наведува дека Ердоган му предложил на Маск соработка во областа на вештачката интелигенција и Старлинк (Starlink), сателитски интернет сервис на Спејс Икс. Маск рече дека Спејс Икс сака да ја обезбеди потребната лиценца за понуда на Старлинк во Турција.

The post Маск ќе отвора фабрика Тесла во Турција? appeared first on Република.

]]>
Маск сака да се тепа, ама не е сериозен – Борбата на милијардерите може нема да се одржи https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mask-saka-da-se-tepa-ama-ne-e-seriozen-borbata-na-milijarderite-mozhe-nema-da-se-odrzhi/ Mon, 14 Aug 2023 12:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=672016

Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Цукерберг оцени дека сопственикот на соперничката компанија „Х“ – Илон Маск, „не е сериозен во врска со нивниот меч во кафез“ и рече дека време е да се продолжи натаму со животот.

Може да се согласиме дека Илон е несериозен и време е да се оттргнеме од оваа приказна. Понудив конкретна средба. Шефот на боречкото Првенство „Ултимејт фајт“ (УФЦ), Ден Вајт понуди и правни начини да го направи мечот за добротворни цели. Илон нема намера да прифати средба… Рече дека му треба операција, а сега бара да тренира во мојот двор наместо „да се тепаме“ – рече Цукерберг.

Маск во јуни објави дека е „подготвен да се бори в кафез“ со Цукерберг, а вториов одговори со порака „кажи место“.

Ако Илон сериозно и официјално се зафати со датумот за „тепачката“, знае како да ме најде, додаде раководителот на „Мета“, т.е. социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Тредс“.

Во спротивно, Цукерберг ќе се сосредоточи на борбата со луѓето кои тоа го сфаќаат сериозно.

The post Маск сака да се тепа, ама не е сериозен – Борбата на милијардерите може нема да се одржи appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Цукерберг оцени дека сопственикот на соперничката компанија „Х“ – Илон Маск, „не е сериозен во врска со нивниот меч во кафез“ и рече дека време е да се продолжи натаму со животот. Може да се согласиме дека Илон е несериозен и време е да се оттргнеме од оваа приказна. Понудив конкретна средба. Шефот на боречкото Првенство „Ултимејт фајт“ (УФЦ), Ден Вајт понуди и правни начини да го направи мечот за добротворни цели. Илон нема намера да прифати средба… Рече дека му треба операција, а сега бара да тренира во мојот двор наместо „да се тепаме“ – рече Цукерберг. Маск во јуни објави дека е „подготвен да се бори в кафез“ со Цукерберг, а вториов одговори со порака „кажи место“. Ако Илон сериозно и официјално се зафати со датумот за „тепачката“, знае како да ме најде, додаде раководителот на „Мета“, т.е. социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Тредс“. Во спротивно, Цукерберг ќе се сосредоточи на борбата со луѓето кои тоа го сфаќаат сериозно.

The post Маск сака да се тепа, ама не е сериозен – Борбата на милијардерите може нема да се одржи appeared first on Република.

]]>
АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск https://republika.mk/vesti/svet/afp-ja-tuzhi-platformata-h-na-ilon-mask/ Thu, 03 Aug 2023 08:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=668153

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.

Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести.

„АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на 'Твитер' (неодамна преименуван во 'Х') да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права...“, се вели во соопштението на новинската агенција.

Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на 'X': „Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за објави на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“

Француската антимонополска управа во 2021 година го казни „Гугл“ со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш, интернет-пребарувачот најави решение на спорот и договори со АФП и неколку други водечки медиуми во Франција. Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

The post АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск appeared first on Република.

]]>

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести. „АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на 'Твитер' (неодамна преименуван во 'Х') да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права...“, се вели во соопштението на новинската агенција. Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на 'X': „Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за објави на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“ Француската антимонополска управа во 2021 година го казни „Гугл“ со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш, интернет-пребарувачот најави решение на спорот и договори со АФП и неколку други водечки медиуми во Франција. Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

The post АФП ја тужи платформата „Х“ на Илон Маск appeared first on Република.

]]>
Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/preimenuvaneto-na-tviter-vo-iks-mozhe-da-mu-predizvika-pravni-glavobolki-na-mask-vo-eu/ Fri, 28 Jul 2023 10:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=666242

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија.

Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како „Рокерс Металика“, „Мајкрософт“, „Хонда“ и „Адидас“.

Со регистрирањето на трговската марка во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, овие компании имаат ексклузивни права за користење на брендот „Икс“ во различни формати на дизајн, облека, индустрии за забава или финансиски услуги. Но, меѓу овие брендови во регистерот на ЕУ не се појавува името на „Твитер“ или Маск.

Според застапникот за трговски марки на адвокатската фирма „Аомб“, Дејвид Кранц, доколку некој планира да го преименува својот бренд и за тоа да одбере „добро познато име“, би очекувале да ги почитува правата на интелектуална сопственост.

Во овај случај, сепак, се чини дека тоа не е испочитувно, изјави Кранц.

Доколку не добие одобрение за користење на брендот „Икс“, Маск би можел да се соочи со правни постаки кои може да резултираат со забрана за употреба на тој назив или симбол или во целина или во одредени околности, како и со барања за исплата за надомест на штета за повреда на правата на регистрирана трговска марка на друга компанија, наведува „Политико“.

„Сони“ и „Панасоник“ поседуваат права на неколку заштитени брендови под називот „Икс“, „Мајкрософт“ има два, вклучително и за логото на неговата најпродавана конзола за игри „Иксбокс“, а британската „Фриментал Медија“ го поседува ова име како заштитен знак за своето телевизиско талент шоу „Икс Фактор“.

Доколку сопствениците на овие заштитени марки „Икс“ сметаат дека нивните логоа се „премногу слични“ со она на Маск и може да создадат „ризик од забуна меѓу потрошувачите“, би можеле да преземат правна постапка против него.

Адвокатката на „Пинсент Мејсонс“, Триона Дезмонд, изјави дека Маск би можел да се соочи со барања за „прилично високи отштети“ за прекршување на правото на заштитен бренд, оценувајќи ја неговата за одлука за преименување на „Твитер“ во „Икс“ како „храбра работа“.

Очекувам трети страни да преземат акција, изјави Дезмонд.

The post Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија. Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како „Рокерс Металика“, „Мајкрософт“, „Хонда“ и „Адидас“. Со регистрирањето на трговската марка во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, овие компании имаат ексклузивни права за користење на брендот „Икс“ во различни формати на дизајн, облека, индустрии за забава или финансиски услуги. Но, меѓу овие брендови во регистерот на ЕУ не се појавува името на „Твитер“ или Маск. Според застапникот за трговски марки на адвокатската фирма „Аомб“, Дејвид Кранц, доколку некој планира да го преименува својот бренд и за тоа да одбере „добро познато име“, би очекувале да ги почитува правата на интелектуална сопственост.
Во овај случај, сепак, се чини дека тоа не е испочитувно, изјави Кранц.
Доколку не добие одобрение за користење на брендот „Икс“, Маск би можел да се соочи со правни постаки кои може да резултираат со забрана за употреба на тој назив или симбол или во целина или во одредени околности, како и со барања за исплата за надомест на штета за повреда на правата на регистрирана трговска марка на друга компанија, наведува „Политико“. „Сони“ и „Панасоник“ поседуваат права на неколку заштитени брендови под називот „Икс“, „Мајкрософт“ има два, вклучително и за логото на неговата најпродавана конзола за игри „Иксбокс“, а британската „Фриментал Медија“ го поседува ова име како заштитен знак за своето телевизиско талент шоу „Икс Фактор“. Доколку сопствениците на овие заштитени марки „Икс“ сметаат дека нивните логоа се „премногу слични“ со она на Маск и може да создадат „ризик од забуна меѓу потрошувачите“, би можеле да преземат правна постапка против него. Адвокатката на „Пинсент Мејсонс“, Триона Дезмонд, изјави дека Маск би можел да се соочи со барања за „прилично високи отштети“ за прекршување на правото на заштитен бренд, оценувајќи ја неговата за одлука за преименување на „Твитер“ во „Икс“ како „храбра работа“. Очекувам трети страни да преземат акција, изјави Дезмонд.

The post Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Богатството на Маск се намали за 20,3 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/bogatstvoto-na-mask-se-namali-za-20-3-milijardi-dolari/ Sat, 22 Jul 2023 14:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=664248

Богатството на американскиот милијардер Eлон Маск се намали за 20,3 милијарди долари откако неговата компанија Tesla предупреди дека можеби ќе треба да продолжи да ги намалува цените на своите електрични возила, предизвикувајќи акциите да почнат да паѓаат.

Падот на богатството на 234,4 милијарди долари е седми најголем пад досега меѓу Индексот на милионери на Блумберг и продолжува да го намалува јазот меѓу Маск и Бернард Арно, двајцата најбогати луѓе во светот.

Богатството на Маск сè уште го надминува богатството на Арно за околу 33 милијарди долари.

The post Богатството на Маск се намали за 20,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Богатството на американскиот милијардер Eлон Маск се намали за 20,3 милијарди долари откако неговата компанија Tesla предупреди дека можеби ќе треба да продолжи да ги намалува цените на своите електрични возила, предизвикувајќи акциите да почнат да паѓаат. Падот на богатството на 234,4 милијарди долари е седми најголем пад досега меѓу Индексот на милионери на Блумберг и продолжува да го намалува јазот меѓу Маск и Бернард Арно, двајцата најбогати луѓе во светот. Богатството на Маск сè уште го надминува богатството на Арно за околу 33 милијарди долари.

The post Богатството на Маск се намали за 20,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ https://republika.mk/vesti/svet/mask-kina-e-zainteresirana-za-utvrduvane-megunarodni-pravila-za-vi/ Thu, 13 Jul 2023 08:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=660736

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени - демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер.

Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг. По овие состаноци, Маск минатиот месец рече дека кинеските власти ќе се обидат да иницираат регулативи за ВИ во Кина.

Неколку држави размислуваат за поголема безбедност и како да ги ублажат опасностите од новата технологија, којашто бележи „бум“ во инвестициите и популарноста кај потрошувачите последниве месеци, по објавувањето на „Чет-ГПТ“ на „Опен-АИ“.

Револуционерноста на ВИ којашто може да создава текст, слики, видеа, и нејзиното можно влијание врз иднината се споредува со она на Интернетот.

The post Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени - демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер. Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг. По овие состаноци, Маск минатиот месец рече дека кинеските власти ќе се обидат да иницираат регулативи за ВИ во Кина. Неколку држави размислуваат за поголема безбедност и како да ги ублажат опасностите од новата технологија, којашто бележи „бум“ во инвестициите и популарноста кај потрошувачите последниве месеци, по објавувањето на „Чет-ГПТ“ на „Опен-АИ“. Револуционерноста на ВИ којашто може да создава текст, слики, видеа, и нејзиното можно влијание врз иднината се споредува со она на Интернетот.

The post Маск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ appeared first on Република.

]]>
Илон Маск го предизвика Марк Цукерберг на натпревар во мерење на должината на „машкоста“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ilon-mask-go-predizvika-mark-tsukerberg-na-natprevar-vo-merene-na-dolzhinata-na-mashkosta/ Tue, 11 Jul 2023 10:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=660015

Откако го предизвика на натпревар во кафез, Илон Маск го предизвика Марк Цукерберг на друг натпревар.

Поточно, на конкуренцијата во мерење на должината на пенисот.

За потсетување, ривалството меѓу двајцата милијардери трае веќе некое време, а откако Цукерберг ја лансираше апликацијата Threads како конкурент на Твитер, Твитер на Маск се закани дека ќе ја тужи Мета на Цукерберг, кој ги поседува Фејсбук, Инстаграм и новата апликација Threads.

Непотребно е да се каже дека Маск не е среќен. Очигледно сака да направи нешто за да ја докаже својата моќ над Цукерберг и тоа го направи на најбизарен можен начин.

Пред само два дена Маск почна да го прозива основачот на Фејсбук пишувајќи на својот Твитер профил: „Зак е пенис“.

По прозивката, Маск одговори на сопствениот твит со друг коментар упатен кон Цукерберг.

Тој напиша: „Предлагам натпревар за мерење на пенисот“.

"Не заборавајте на дебелината. Понекогаш е поважно", му напишал еден корисник на Твитер, а некој во коментар оставил фотографија од Маск со вештачка интелигенција покрај џиновски патлиџан.

 

The post Илон Маск го предизвика Марк Цукерберг на натпревар во мерење на должината на „машкоста“ appeared first on Република.

]]>

Откако го предизвика на натпревар во кафез, Илон Маск го предизвика Марк Цукерберг на друг натпревар. Поточно, на конкуренцијата во мерење на должината на пенисот. За потсетување, ривалството меѓу двајцата милијардери трае веќе некое време, а откако Цукерберг ја лансираше апликацијата Threads како конкурент на Твитер, Твитер на Маск се закани дека ќе ја тужи Мета на Цукерберг, кој ги поседува Фејсбук, Инстаграм и новата апликација Threads. Непотребно е да се каже дека Маск не е среќен. Очигледно сака да направи нешто за да ја докаже својата моќ над Цукерберг и тоа го направи на најбизарен можен начин. Пред само два дена Маск почна да го прозива основачот на Фејсбук пишувајќи на својот Твитер профил: „Зак е пенис“. По прозивката, Маск одговори на сопствениот твит со друг коментар упатен кон Цукерберг.
Тој напиша: „Предлагам натпревар за мерење на пенисот“.
"Не заборавајте на дебелината. Понекогаш е поважно", му напишал еден корисник на Твитер, а некој во коментар оставил фотографија од Маск со вештачка интелигенција покрај џиновски патлиџан.  

The post Илон Маск го предизвика Марк Цукерберг на натпревар во мерење на должината на „машкоста“ appeared first on Република.

]]>
Нема да можете така лесно да испраќате пораки: Маск воведува уште една промена на Твитер https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nema-da-mozhete-taka-lesno-da-isprakate-poraki-mask-voveduva-ushte-edna-promena-na-tviter/ Wed, 14 Jun 2023 10:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=651246

Илон Маск, сопственикот на популарната социјална мрежа Твитер, презема нови чекори за борба против измамничките активности на платформата.

Пред да ја напушти функцијата извршен директор на Твитер, тој планира да воведе ажурирање што ќе го промени начинот на испраќање директни пораки.

Конкретно, оваа промена ќе ја ограничи можноста за испраќање директни пораки до корисниците кои не го следат испраќачот, а функцијата ќе биде достапна само за претплатниците. Оваа промена доаѓа како одговор на зголемениот број на ботови со вештачка интелигенција на платформата.

Маск за ова зборуваше за прв пат во еден од своите твитови, каде истакна дека промените ќе бидат видливи веќе оваа недела. Тој, исто така, истакна дека социјалните мрежи се соочени со зголемен предизвик да ги разликуваат вистинските корисници од ботови со вештачка интелигенција и дека таквиот систем за верификација, како воведувањето на плаќањата, драстично ќе ги зголеми трошоците за користење ботови.

Корисниците на Твитер веќе имаат можност автоматски да ги отфрлат сите директни пораки од корисниците кои не ги следат, што досега значително помогна во справувањето со проблемот со пораките за измама.

Tвитер нуди и премиум услуга позната како Twitter Blue, која на корисниците им овозможува дополнителни бенефиции, како што е можноста за уредување твитови и објавување подолги пораки, за годишна претплата од 120 долари.

The post Нема да можете така лесно да испраќате пораки: Маск воведува уште една промена на Твитер appeared first on Република.

]]>

Илон Маск, сопственикот на популарната социјална мрежа Твитер, презема нови чекори за борба против измамничките активности на платформата. Пред да ја напушти функцијата извршен директор на Твитер, тој планира да воведе ажурирање што ќе го промени начинот на испраќање директни пораки. Конкретно, оваа промена ќе ја ограничи можноста за испраќање директни пораки до корисниците кои не го следат испраќачот, а функцијата ќе биде достапна само за претплатниците. Оваа промена доаѓа како одговор на зголемениот број на ботови со вештачка интелигенција на платформата. Маск за ова зборуваше за прв пат во еден од своите твитови, каде истакна дека промените ќе бидат видливи веќе оваа недела. Тој, исто така, истакна дека социјалните мрежи се соочени со зголемен предизвик да ги разликуваат вистинските корисници од ботови со вештачка интелигенција и дека таквиот систем за верификација, како воведувањето на плаќањата, драстично ќе ги зголеми трошоците за користење ботови. Корисниците на Твитер веќе имаат можност автоматски да ги отфрлат сите директни пораки од корисниците кои не ги следат, што досега значително помогна во справувањето со проблемот со пораките за измама. Tвитер нуди и премиум услуга позната како Twitter Blue, која на корисниците им овозможува дополнителни бенефиции, како што е можноста за уредување твитови и објавување подолги пораки, за годишна претплата од 120 долари.

The post Нема да можете така лесно да испраќате пораки: Маск воведува уште една промена на Твитер appeared first on Република.

]]>
Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција https://republika.mk/zivot/tehnologija/elon-mask-tvrdi-deka-kina-ke-initsira-regulirane-na-veshtachkata-inteligentsija/ Tue, 06 Jun 2023 09:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=648346

Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални лица од Кина, изјави дека таа држава ќе се обиде да иницира регулирање на вештачката интелигенција во својата земја, пренесува „Ројтерс“.

„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговорот со Роберт Кенеди Џуниор.

Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија.

Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста.

The post Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални лица од Кина, изјави дека таа држава ќе се обиде да иницира регулирање на вештачката интелигенција во својата земја, пренесува „Ројтерс“.
„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговорот со Роберт Кенеди Џуниор.
Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија. Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста.

The post Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>