мартинки Archives - Република https://republika.mk/tema/martinki/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 19:38:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартинки Archives - Република https://republika.mk/tema/martinki/ 32 32 Мартинките се симбол на месец март: Ова е обичајот за нив, а еве што вели црквата за тоа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/martinkite-se-simbol-na-mesets-mart-ova-e-obichajot-za-niv-a-eve-shto-veli-tsrkvata-za-toa/ Thu, 29 Feb 2024 19:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=749787

Утре, на 1. Март се прави и подарува Мартинка, висулец од засукани конци кој се дава за среќа.

Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна.

-Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена „мартинка“ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата.

Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Мартинките се симбол на месец март: Ова е обичајот за нив, а еве што вели црквата за тоа appeared first on Република.

]]>

Утре, на 1. Март се прави и подарува Мартинка, висулец од засукани конци кој се дава за среќа. Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна. -Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена „мартинка“ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога. Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва. Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас. Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Мартинките се симбол на месец март: Ова е обичајот за нив, а еве што вели црквата за тоа appeared first on Република.

]]>
Јубилејна манифестација посветена на обичајот Мартинки – културно наследство на УНЕСКО https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-manifestatsija-posvetena-na-obichajot-martinki-kulturno-nasledstvo-na-unesko/ Mon, 27 Feb 2023 08:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=613582

Јубилејната и десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ од денеска до 1 март ќе биде отворена за јавноста, на вториот кат во Капитол Мол во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинки, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Комплексниот настан содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на неколку јазици, продажна галерија со ракотворби и детско катче во кое ќе се организираат интерактивни креативни детски работилници за правење мартинки.

- Со оваа десетта по ред манифестација заокружуваме убав мал јубилеј посветен на обичајот Мартинки. За овие десетина години создадовме многу материјал за овој обичај, во рамките на кој спаѓаат и низа илустрирани читанки и боенки за деца и млади на неколку јазици, како и анимирано видео со превод на албански, турски и англиски јазик. Минатата недела ја промовиравме нашата научна публикација „Mапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ како вовед во претстојниот настан „Среќна Баба Марта 2023“, изјави Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС.

ХАЕМУС е правен носител на обичајот Мартинки во УНЕСКО. Како проект што покажува исклучителен пример преку кој се визуелизира и интерпретира европското културното наследство, како и за своите заложби да ja спаси оваа традиција од заборав, проектот за „Денот на Баба Марта“ ја доби наградата за „Најдобра европска приказна за 2020“ којашто ја доделуваат Советот на Европа и Европската комисија.

The post Јубилејна манифестација посветена на обичајот Мартинки – културно наследство на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>

Јубилејната и десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ од денеска до 1 март ќе биде отворена за јавноста, на вториот кат во Капитол Мол во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинки, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Комплексниот настан содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на неколку јазици, продажна галерија со ракотворби и детско катче во кое ќе се организираат интерактивни креативни детски работилници за правење мартинки. - Со оваа десетта по ред манифестација заокружуваме убав мал јубилеј посветен на обичајот Мартинки. За овие десетина години создадовме многу материјал за овој обичај, во рамките на кој спаѓаат и низа илустрирани читанки и боенки за деца и млади на неколку јазици, како и анимирано видео со превод на албански, турски и англиски јазик. Минатата недела ја промовиравме нашата научна публикација „Mапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ како вовед во претстојниот настан „Среќна Баба Марта 2023“, изјави Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС. ХАЕМУС е правен носител на обичајот Мартинки во УНЕСКО. Како проект што покажува исклучителен пример преку кој се визуелизира и интерпретира европското културното наследство, како и за своите заложби да ja спаси оваа традиција од заборав, проектот за „Денот на Баба Марта“ ја доби наградата за „Најдобра европска приказна за 2020“ којашто ја доделуваат Советот на Европа и Европската комисија.

The post Јубилејна манифестација посветена на обичајот Мартинки – културно наследство на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>
Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-publikatsijata-mapirane-na-obichajot-martinki-vo-skopje-i-skopsko/ Tue, 21 Feb 2023 07:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=611350

Публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска во издание на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, денеска ќе биде промовирана онлајн на страниците на ХАЕМУС на социјалните медиуми.

Автор на илустрациите е Бисера Наумовска.

 

Промоцијата на „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ претставува вовед во претстојната јубилејна десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС.

Публикацијата е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект поддржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ appeared first on Република.

]]>

Публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска во издание на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, денеска ќе биде промовирана онлајн на страниците на ХАЕМУС на социјалните медиуми. Автор на илустрациите е Бисера Наумовска.   Промоцијата на „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ претставува вовед во претстојната јубилејна десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС. Публикацијата е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект поддржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.

The post Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ appeared first on Република.

]]>
Музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави на традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ https://republika.mk/vesti/kultura/muzejska-postavka-so-avtentichni-amajlii-od-povekje-drzavi-na-tradicionalnata-manifestacija-srekjna-baba-marta/ Tue, 22 Feb 2022 08:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=461767

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022" по деветти пат ќе биде отворена на 24 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Лиса" во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до први март и ќе содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на повеќе јазици, продажна галерија со ракотворби, а ќе се организира и специјална интерактивна детска работилница за правење на мартинки.

Минатата година на традиционалната манифестација посветена на обичајот Мартинки, промовиравме шест печатени изданија за деца на повеќе јазици. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство" кадешто проектот за „Денот на Баба Марта" на ХАЕМУС беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство. Како носители на обичајот Мартинки во УНЕСКО, нѐ радува фактот дека вративме во живот обичај кој беше скоро на изумирање. Горди сме што манифестацијата секоја година има голема посетеност благодарејќи на високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција“, вели Василка Димитровска, директорка на ХАЕМУС.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022" се прави со поддршка од Минстерството за култура, Градот Скопје, ТЦ Лиса и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за oтворени oбразовни rесурси.

The post Музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави на традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ appeared first on Република.

]]>

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022" по деветти пат ќе биде отворена на 24 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Лиса" во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Настанот ќе биде отворен до први март и ќе содржи музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави, едукативни панели на повеќе јазици, продажна галерија со ракотворби, а ќе се организира и специјална интерактивна детска работилница за правење на мартинки.
Минатата година на традиционалната манифестација посветена на обичајот Мартинки, промовиравме шест печатени изданија за деца на повеќе јазици. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство" кадешто проектот за „Денот на Баба Марта" на ХАЕМУС беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство. Како носители на обичајот Мартинки во УНЕСКО, нѐ радува фактот дека вративме во живот обичај кој беше скоро на изумирање. Горди сме што манифестацијата секоја година има голема посетеност благодарејќи на високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција“, вели Василка Димитровска, директорка на ХАЕМУС.
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022" се прави со поддршка од Минстерството за култура, Градот Скопје, ТЦ Лиса и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за oтворени oбразовни rесурси.

The post Музејска поставка со автентични амајлии од повеќе држави на традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта“ appeared first on Република.

]]>