Марјан Митовски Archives - Република https://republika.mk/tema/marjan-mitovski/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 12:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Митовски Archives - Република https://republika.mk/tema/marjan-mitovski/ 32 32 ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени https://republika.mk/vesti/skopje/ssm-uo-na-vodovod-go-ukina-reshenieto-za-raskin-na-dogovorite-na-93-vraboteni/ Sun, 23 Oct 2022 12:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=564626

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод.

Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил.

Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието.

Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.

Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.

Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.

The post ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени appeared first on Република.

]]>

Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод. Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил. Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието. Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.
Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.
Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.

The post ССМ: УО на „Водовод“ го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени appeared first on Република.

]]>
Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта https://republika.mk/vesti/skopje/sudir-na-interesi-noviot-direktor-na-jp-vodovod-e-chlen-na-uo-na-jp-ulici-i-patishta/ Sat, 17 Sep 2022 11:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=551690

Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите.

Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.

„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.

The post Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.
„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.

The post Судир на интереси: Новиот директор на ЈП Водовод е член на УО на ЈП Улици и патишта appeared first on Република.

]]>
Марјан Митовски е нов директор на „Водовод“, Зоран Глигоров е нов секретар на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-gi-naznachi-marjan-mitovski-za-nov-direktor-na-vodovod-i-zoran-gligorov-za-sekretar-na-grad-skopje/ Tue, 13 Sep 2022 11:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=550367

Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако го разреши досегашниот Златко Перински. Тој досега бил вработен во претпријатието.

Град Скопје има и нов секретар откако Арсовска од функцијата го смени Ѓоко Велковски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.

The post Марјан Митовски е нов директор на „Водовод“, Зоран Глигоров е нов секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако го разреши досегашниот Златко Перински. Тој досега бил вработен во претпријатието. Град Скопје има и нов секретар откако Арсовска од функцијата го смени Ѓоко Велковски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.

The post Марјан Митовски е нов директор на „Водовод“, Зоран Глигоров е нов секретар на Град Скопје appeared first on Република.

]]>