Марио Драги Archives - Република https://republika.mk/tema/mario-dragi/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 21:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марио Драги Archives - Република https://republika.mk/tema/mario-dragi/ 32 32 Распуштен италијанскиот Парламент, следат вонредни избори https://republika.mk/vesti/svet/raspushten-italijanskiot-parlament-sledat-vonredni-izbori/ Thu, 21 Jul 2022 21:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=531974

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот по падот на коалициската влада на премиерот Марио Драги.

Сè уште не е одреден датумот на парламентарните избори, но италијанскиот Устав предвидува тие да се одржат во рок од 70 дена од распуштањето на Парламентот.

Матарела истакна дека се одлучил за вонредни парламентарни избори, осум месеци пред истекот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, бидејќи недостигот на поддршка за Драги покажал дека не постои можност да се формира друга влада која ќе има поддршката од мнозинството пратеници.

Драги утрово ја достави до Матарела оставката откако се распадна владејачката коалиција, што претставува сериозен удар за Италија, но и за Европа, во време на економска неизвесност предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

Политичката криза ја погоди Италија, трета по големина економија во еврозоната, во време кога земјата се бори со висока инфлација.

Како и многу други земји, Италија се соочува со зголемени цени од храна до комунални услуги, како резултат на руската инвазија врз Украина, а земјата исто така е погодена од долготрајна суша.

The post Распуштен италијанскиот Парламент, следат вонредни избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска го распушти Парламентот по падот на коалициската влада на премиерот Марио Драги. Сè уште не е одреден датумот на парламентарните избори, но италијанскиот Устав предвидува тие да се одржат во рок од 70 дена од распуштањето на Парламентот. Матарела истакна дека се одлучил за вонредни парламентарни избори, осум месеци пред истекот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, бидејќи недостигот на поддршка за Драги покажал дека не постои можност да се формира друга влада која ќе има поддршката од мнозинството пратеници. Драги утрово ја достави до Матарела оставката откако се распадна владејачката коалиција, што претставува сериозен удар за Италија, но и за Европа, во време на економска неизвесност предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и руската инвазија врз Украина. Политичката криза ја погоди Италија, трета по големина економија во еврозоната, во време кога земјата се бори со висока инфлација. Како и многу други земји, Италија се соочува со зголемени цени од храна до комунални услуги, како резултат на руската инвазија врз Украина, а земјата исто така е погодена од долготрајна суша.

The post Распуштен италијанскиот Парламент, следат вонредни избори appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот премиер повторно поднесе оставка https://republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-premier-povtorno-podnese-ostavka/ Thu, 21 Jul 2022 08:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=531705

Премиерот на Италија, Марио Драги поднесе оставка, потврдија од кабинетот на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Италијанскиот претседател побарал од Драги да биде привремен премиер.

The post Италијанскиот премиер повторно поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Италија, Марио Драги поднесе оставка, потврдија од кабинетот на италијанскиот претседател Серџо Матарела. Италијанскиот претседател побарал од Драги да биде привремен премиер.

The post Италијанскиот премиер повторно поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка https://republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-premier-dragi-za-vecherva-najavi-ostavka/ Thu, 14 Jul 2022 18:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=529025

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.

Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“.

Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Серџо Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.
Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот премиер Драги за вечерва најави оставка appeared first on Република.

]]>
Медведев: Љубители на жаби, џигер и шпагети во Киев? Бескорисно! https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-ljubiteli-na-zabi-dziger-i-shpageti-vo-kiev-beskorisno/ Thu, 16 Jun 2022 20:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=516158

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги денеска пристигнаа во Киев за да ја дадат својата поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За посетата на „Твитер“ се огласи поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој сега е на позицијата заменик претседател на Советот за безбедност на Русија.

Европските љубители на жаби, џигер и шпагети сакаат да го посетуваат Киев. Со нула корист. Ветија членство во ЕУ и стари  хаубици за Украина, се „светнаа“ од горилка (украинска вотка) и си отидоа дома со воз, како пред 100 години. Сè е добро. Сепак, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукувa, пишува Медведев.

The post Медведев: Љубители на жаби, џигер и шпагети во Киев? Бескорисно! appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги денеска пристигнаа во Киев за да ја дадат својата поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски. За посетата на „Твитер“ се огласи поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој сега е на позицијата заменик претседател на Советот за безбедност на Русија.
Европските љубители на жаби, џигер и шпагети сакаат да го посетуваат Киев. Со нула корист. Ветија членство во ЕУ и стари  хаубици за Украина, се „светнаа“ од горилка (украинска вотка) и си отидоа дома со воз, како пред 100 години. Сè е добро. Сепак, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукувa, пишува Медведев.

The post Медведев: Љубители на жаби, џигер и шпагети во Киев? Бескорисно! appeared first on Република.

]]>
Путин: Русија е подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите https://republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-e-podgotvena-da-pomogne-vo-reshavanjeto-na-megjunarodnata-kriza-so-hrana-no-samo-dokolku-zapadot-gi-ukine-sankciite/ Fri, 27 May 2022 07:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=507479

Русија е „подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна“, но само доколку Западот ги укине санкциите, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на италијанскиот премиер Марио Драги, објави Скај њуз.

Путин рекол дека Русија е подготвена да извезува жито и ѓубрива за да се справи со кризата. Тој исто така рече дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.

The post Путин: Русија е подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите appeared first on Република.

]]>

Русија е „подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна“, но само доколку Западот ги укине санкциите, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на италијанскиот премиер Марио Драги, објави Скај њуз. Путин рекол дека Русија е подготвена да извезува жито и ѓубрива за да се справи со кризата. Тој исто така рече дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.

The post Путин: Русија е подготвена да помогне во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dragi-proshiruvanjeto-na-eu-e-kluchno-za-prosperitet-na-regionot-i-na-evropa/ Tue, 24 May 2022 11:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=506365

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги.

На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше потенцирано дека Македонија и Италија негуваат исклучително блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво.

Премиерот Ковачевски на средбата со италијанскиот колега Марио Драги ја потенцираше улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан што беше потврдено и со Резолуцијата на италијанскиот Парламент минатата година во која беше посебно потенцирана европската перспектива на регионот и со која беше испратен повик за итно одржувањето на првите меѓувладини конференција за Македонија и Албанија.

Премиерите Ковачевски и Драги изразија согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и на Европа.

Беше потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата со надворешната политика на ЕУ, како вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободен и демократски свет.

Двајцата премиери истакнаа дека гледаат потенцијал за уште поголемо унапредување на економска соработка меѓу двете земји.

Италија, беше речено на средбата, е меѓу 10-те топ рангирани земји со кои Македонија има најголем обем на билатерална трговија и дека од посебна важност за унапредување на економските односи е Коридорот 8 со кој преку пристаништата на Албанија ќе се овозможи директен пристап до италијанскиот пазар.

Премиерот Ковачевски го покани италијанскиот колега, премиерот Марио Драги, да ја посети Македонија.

 

The post Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги. На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше потенцирано дека Македонија и Италија негуваат исклучително блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво. Премиерот Ковачевски на средбата со италијанскиот колега Марио Драги ја потенцираше улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан што беше потврдено и со Резолуцијата на италијанскиот Парламент минатата година во која беше посебно потенцирана европската перспектива на регионот и со која беше испратен повик за итно одржувањето на првите меѓувладини конференција за Македонија и Албанија. Премиерите Ковачевски и Драги изразија согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и на Европа. Беше потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата со надворешната политика на ЕУ, како вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободен и демократски свет. Двајцата премиери истакнаа дека гледаат потенцијал за уште поголемо унапредување на економска соработка меѓу двете земји. Италија, беше речено на средбата, е меѓу 10-те топ рангирани земји со кои Македонија има најголем обем на билатерална трговија и дека од посебна важност за унапредување на економските односи е Коридорот 8 со кој преку пристаништата на Албанија ќе се овозможи директен пристап до италијанскиот пазар. Премиерот Ковачевски го покани италијанскиот колега, премиерот Марио Драги, да ја посети Македонија.  

The post Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа appeared first on Република.

]]>
Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора https://republika.mk/vesti/makedonija/dragi-vednash-pregovori-za-vlez-vo-eu-so-albanija-i-s-makedonija-zabrzuvanje-so-srbija-i-crna-gora/ Tue, 03 May 2022 16:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=497020

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета.

Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.

– Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги.

Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина.

– Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.

The post Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора, пренесе Бета. Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“, рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.
– Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово, рече уште Драги.
Италијанскиот премиер истакна дека го поддржува влезот на сите тие земји во ЕУ и сака прием и на Украина.
– Треба да го следиме процесот на пристапување што го воспоставивме, но и во тоа треба да дејствуваме што е можно поскоро, рече Драги.

The post Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и Македонија, забрзување со Србија и Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Драги: Невакцинираните се одговорни за здравствената криза https://republika.mk/vesti/svet/dragi-nevakciniranite-se-odgovorni-za-zdravstvenata-kriza/ Tue, 11 Jan 2022 22:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=443435

Малиот број Италијанци кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 се во голема мера одговорни за продолжувањето на здравствената криза, изјави италијанскиот премиер Марио Драги.

Италијанската влада минатата недела ја направи вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години во обид да го ублажи притисокот врз болниците поради порастот на бројот на новозаразените, пишува Ројтерс.

„Никогаш не смееме да го изгубиме предвид фактот дека повеќето проблеми кои денес ги имаме се поради невакцинираните луѓе“, кажа Драги на конференција за новинарите.

Министерот за здравство Роберто Сперанца кажа дека 89,4 отсто од сите постари од 12 години примиле најмалку една доза вакцина, но дека невакцинираните сочинуваат две третини од сите пациенти со ковид на одделите за интензивна нега.

Вршејќи дополнителен притисок врз луѓето да се вакцинираат, денес стапија на сила нови ограничувања кои им забрануваат на оние кои не се вакцинирани да влегуваат во баровите и рестораните или да користат јавен превоз.

Од новите правила се изземени само оние кои неодамна оздравеле од ковид

The post Драги: Невакцинираните се одговорни за здравствената криза appeared first on Република.

]]>

Малиот број Италијанци кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 се во голема мера одговорни за продолжувањето на здравствената криза, изјави италијанскиот премиер Марио Драги. Италијанската влада минатата недела ја направи вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години во обид да го ублажи притисокот врз болниците поради порастот на бројот на новозаразените, пишува Ројтерс.
„Никогаш не смееме да го изгубиме предвид фактот дека повеќето проблеми кои денес ги имаме се поради невакцинираните луѓе“, кажа Драги на конференција за новинарите.
Министерот за здравство Роберто Сперанца кажа дека 89,4 отсто од сите постари од 12 години примиле најмалку една доза вакцина, но дека невакцинираните сочинуваат две третини од сите пациенти со ковид на одделите за интензивна нега. Вршејќи дополнителен притисок врз луѓето да се вакцинираат, денес стапија на сила нови ограничувања кои им забрануваат на оние кои не се вакцинирани да влегуваат во баровите и рестораните или да користат јавен превоз. Од новите правила се изземени само оние кои неодамна оздравеле од ковид

The post Драги: Невакцинираните се одговорни за здравствената криза appeared first on Република.

]]>