Марија Петрушевска Archives - Република https://republika.mk/tema/marija-petrushevska/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 07:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Петрушевска Archives - Република https://republika.mk/tema/marija-petrushevska/ 32 32 Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevska-odgovorot-i-pristapot-vo-borbata-protiv-dezinformatsiite-mora-da-bidat-strateshki-a-za-toa-e-potrebna-i-megunarodna-sorabotka/ Thu, 03 Oct 2024 07:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=822037

Правото на слобода на изразување, вклучително и слободата на информирање е камен темелник на секоја функционална демократија, обезбедувајќи им на граѓаните да имаат можност да се вклучат во јавната дебата и да учествуваат во процесите на донесување одлуки, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето обраќање во Парламентарното Собрание на Советот на Европа како новоименуван шеф на делегацијата за тековниот извештај за “Борбата со дезинформации во Европа“.

Таа посочи дека во последните години можеше да се види дека оваа слобода е под значителна закана.

„Пропагандата, без разлика дали преку традиционалните медиуми контролирани од државата или брзото ширење на дезинформации преку социјалните медиуми стана опасна алатка за манипулација со јавното мислење, дестабилизирање на демократиите и поткопување на човечкото достоинство. Овие практики ги загрозуваат самите основи на демократските системи. Сведоци сме на ова во руската агресија врз Украина, каде што медиумите се користеа како оружје за дезинформации и на домашно и на меѓународно ниво“, рече Петрушевска.

Таа посочи дека во Западен Балкан, вклучително во Македонија, пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на Европската Унија и на европската интеграција на регионот.

Петрушевска додаде дека нашиот одговор и пристап во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, за што и меѓународната соработка е од суштинско значење.

„Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот на пропаганда и дезинформации. Соработката меѓу демократските нации, медиумите и граѓанското општество е од клучно значење за развој на најдобрите практики и зајакнување на отпорноста на нашите општества против овие закани. Како креатори на политики, нашата одговорност е да ја заштитиме слободата на изразување и да обезбедиме дека нашите граѓани имаат пристап до веродостојни, точни информации кои ќе го зачуваат интегритетот на демократијата и демократските вредности во кои веруваме“, истакна пратеничката Петрушевска.

The post Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка appeared first on Република.

]]>

Правото на слобода на изразување, вклучително и слободата на информирање е камен темелник на секоја функционална демократија, обезбедувајќи им на граѓаните да имаат можност да се вклучат во јавната дебата и да учествуваат во процесите на донесување одлуки, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето обраќање во Парламентарното Собрание на Советот на Европа како новоименуван шеф на делегацијата за тековниот извештај за “Борбата со дезинформации во Европа“.
Таа посочи дека во последните години можеше да се види дека оваа слобода е под значителна закана.
„Пропагандата, без разлика дали преку традиционалните медиуми контролирани од државата или брзото ширење на дезинформации преку социјалните медиуми стана опасна алатка за манипулација со јавното мислење, дестабилизирање на демократиите и поткопување на човечкото достоинство. Овие практики ги загрозуваат самите основи на демократските системи. Сведоци сме на ова во руската агресија врз Украина, каде што медиумите се користеа како оружје за дезинформации и на домашно и на меѓународно ниво“, рече Петрушевска.
Таа посочи дека во Западен Балкан, вклучително во Македонија, пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на Европската Унија и на европската интеграција на регионот. Петрушевска додаде дека нашиот одговор и пристап во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, за што и меѓународната соработка е од суштинско значење.
„Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот на пропаганда и дезинформации. Соработката меѓу демократските нации, медиумите и граѓанското општество е од клучно значење за развој на најдобрите практики и зајакнување на отпорноста на нашите општества против овие закани. Како креатори на политики, нашата одговорност е да ја заштитиме слободата на изразување и да обезбедиме дека нашите граѓани имаат пристап до веродостојни, точни информации кои ќе го зачуваат интегритетот на демократијата и демократските вредности во кои веруваме“, истакна пратеничката Петрушевска.

The post Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка appeared first on Република.

]]>
Андоновски и Петрушевска на средба со високи претставници на Европската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-i-petrushevska-na-sredba-so-visoki-pretstavnitsi-na-evropskata-komisija/ Fri, 08 Mar 2024 18:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=752786

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и пратеничката во македонското Собрание, Марија Петрушевска, остварија средба со Иво Шуте, заменик раководител на одделот за Западен Балкан на Службата за надворешни работи на Европската комисија, како и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Бен Нупнау.

Соговорниците се согласија дека пристапувањето на Македонија кон Европската Унија е од исклучително значење за Македонија, како и од стратегиско значење за Унијата.

На средбата беше истакната подготвеноста на Македонија да продолжи со процесот на евроинтеграцијата, почитувајќи ги македонските национални интереси.

Андоновски истакна дека македонската евроинтеграција е предолго обременета со национални разочарувања, нереални ветувања, откажувања и недостаток на реални решенија. Оттука, новата Влада сериозно ќе се посвети на завршување на домашната задача која значи реформи, истовремено градејќи добрососедски односи за надминување на проблемите, со целосно почитување на македонскиот многувековен идентитет, јазик и македонските национални херои.

Владата на СДС и ДУИ предолго се служеше со убави зборови со меѓународната заедница, истовремено крадејќи ги сопствените граѓани. Нема реформи во јавната администрација, нема напредок, но затоа има милионски имоти на децата на владините функционери.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе гради партнерски односи во соседството и поширокиот европски регион, со цел вистинска интеграција кон ЕУ и европеизација на македонското општество, се наведува во пораката на Андоновски и Петрушевска.

The post Андоновски и Петрушевска на средба со високи претставници на Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски и пратеничката во македонското Собрание, Марија Петрушевска, остварија средба со Иво Шуте, заменик раководител на одделот за Западен Балкан на Службата за надворешни работи на Европската комисија, како и заменикот шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Бен Нупнау. Соговорниците се согласија дека пристапувањето на Македонија кон Европската Унија е од исклучително значење за Македонија, како и од стратегиско значење за Унијата. На средбата беше истакната подготвеноста на Македонија да продолжи со процесот на евроинтеграцијата, почитувајќи ги македонските национални интереси. Андоновски истакна дека македонската евроинтеграција е предолго обременета со национални разочарувања, нереални ветувања, откажувања и недостаток на реални решенија. Оттука, новата Влада сериозно ќе се посвети на завршување на домашната задача која значи реформи, истовремено градејќи добрососедски односи за надминување на проблемите, со целосно почитување на македонскиот многувековен идентитет, јазик и македонските национални херои.
Владата на СДС и ДУИ предолго се служеше со убави зборови со меѓународната заедница, истовремено крадејќи ги сопствените граѓани. Нема реформи во јавната администрација, нема напредок, но затоа има милионски имоти на децата на владините функционери.   Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе гради партнерски односи во соседството и поширокиот европски регион, со цел вистинска интеграција кон ЕУ и европеизација на македонското општество, се наведува во пораката на Андоновски и Петрушевска.

The post Андоновски и Петрушевска на средба со високи претставници на Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Петрушевска: Поднесовме измени на законот за студентски оброк по скратена постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevska-podnesovme-izmeni-na-zakonot-za-studentski-obrok-po-skratena-postapka/ Tue, 06 Feb 2024 13:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=741034

Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим.Имено, тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите, вели Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен на 23 точка. Оттука ние како пратеничка група ќе побараме ова точка да биде приоритет бидејќи законот го поднесовме во скратена постапка, односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите. И апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката.

https://www.youtube.com/watch?v=17PUeA2uB4M&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Имено, ќе побараме оваа точка да биде прва точка на дневен ред. Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите. И веднаш после тоа бидејќи истиот ќе се најде и на комисијата за финансирање и буџет како предмет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме комисијата за финансирање и буџет.

The post Петрушевска: Поднесовме измени на законот за студентски оброк по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со универзитетското студентско собрание со претседателот Николовски и неговиот тим.Имено, тие до собранието доставија барање за измена и дополна на законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите, вели Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен на 23 точка. Оттука ние како пратеничка група ќе побараме ова точка да биде приоритет бидејќи законот го поднесовме во скратена постапка, односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите. И апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката.
  https://www.youtube.com/watch?v=17PUeA2uB4M&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Имено, ќе побараме оваа точка да биде прва точка на дневен ред. Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите. И веднаш после тоа бидејќи истиот ќе се најде и на комисијата за финансирање и буџет како предмет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме комисијата за финансирање и буџет.

The post Петрушевска: Поднесовме измени на законот за студентски оброк по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Оваа власт веќе е поразена, наместо да работи на спроведување на европските вредности го краде народот https://republika.mk/vesti/makedonija/ovaa-vlast-veke-e-porazena-namesto-da-raboti-na-sproveduvane-na-evropskite-vrednosti-go-krade-narodot/ Thu, 31 Aug 2023 19:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=677740

Однесувањето на Димитар Ковачевски е сосема спротивно од европските вредности. Оваа Влада направи секоја година да старува без учебници за учениците, оваа Влада прави се само не се придржува до владеење на правото или оваа Влада знае само за корупција и криминал, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Петрушевска се осврна на настапот на Ковачевски на стартот на кампањата Ние сме Европа укажувајќи дека истиот покажуват само дека тој нема допир со реалноста.

„Ковачевски е на позиција која безмалку му е подарена, да ја заслужеше можеби и посериозно ќе пристапеше“, кажа Петрушевска.

Пратеничката посочи дека она што го виделе во Собранието на 18 август, кога партиите од власта немаа мнозинство, а сакаат да го менуваат Уставот, е само безидејност, а стратуваат кампања за Европа.

„Свесни се од власта дека рејтингот им е во слободен пад. Нивната кампања за Европа е задоцнета. Најдобра кампања за придобивките од ЕУ е кога Владата почнува да ги спроведува реформите. Или ако ви е укажано дека нема доверба во правосудството тогаш надлежните треба да почнат да работат во овој дел. И ако имаат резултати тоа треба да го адресираат. Но каква е ситуацијата ЕУ им испрати дополнителна оценска мисија на Судскот совет“, вели Петрушевска.

Петрушевска зборувајли за однесувањето на власта го спомена и состанокот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

„Тие дадоа скоро два милиони евра на фирма финансиер на ДУИ, ги трошат парите на народот, наместо да се фатат и да работат на европската агенда. Значи наместо европска агенда кај власта има само криминал и корупција“, кажа Петрушевска.

The post Оваа власт веќе е поразена, наместо да работи на спроведување на европските вредности го краде народот appeared first on Република.

]]>

Однесувањето на Димитар Ковачевски е сосема спротивно од европските вредности. Оваа Влада направи секоја година да старува без учебници за учениците, оваа Влада прави се само не се придржува до владеење на правото или оваа Влада знае само за корупција и криминал, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Петрушевска се осврна на настапот на Ковачевски на стартот на кампањата Ние сме Европа укажувајќи дека истиот покажуват само дека тој нема допир со реалноста.
„Ковачевски е на позиција која безмалку му е подарена, да ја заслужеше можеби и посериозно ќе пристапеше“, кажа Петрушевска.
Пратеничката посочи дека она што го виделе во Собранието на 18 август, кога партиите од власта немаа мнозинство, а сакаат да го менуваат Уставот, е само безидејност, а стратуваат кампања за Европа.
„Свесни се од власта дека рејтингот им е во слободен пад. Нивната кампања за Европа е задоцнета. Најдобра кампања за придобивките од ЕУ е кога Владата почнува да ги спроведува реформите. Или ако ви е укажано дека нема доверба во правосудството тогаш надлежните треба да почнат да работат во овој дел. И ако имаат резултати тоа треба да го адресираат. Но каква е ситуацијата ЕУ им испрати дополнителна оценска мисија на Судскот совет“, вели Петрушевска.
Петрушевска зборувајли за однесувањето на власта го спомена и состанокот на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.
„Тие дадоа скоро два милиони евра на фирма финансиер на ДУИ, ги трошат парите на народот, наместо да се фатат и да работат на европската агенда. Значи наместо европска агенда кај власта има само криминал и корупција“, кажа Петрушевска.

The post Оваа власт веќе е поразена, наместо да работи на спроведување на европските вредности го краде народот appeared first on Република.

]]>
Петрушевска: Пратениците од партиите на власт целосно го изгубија кредибилитетот по 18 август кога уставните измени беа на дневен ред https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevska-pratenitsite-od-partiite-na-vlast-tselosno-go-izgubija-kredibilitetot-po-18-avgust-koga-ustavnite-izmeni-bea-na-dneven-red/ Thu, 31 Aug 2023 19:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=677729

Спикерот Талат Џафери кој треба да е прв меѓу еднаквите, да мотивира сите активно да се вклучат во работата на пленарните седници и комисиските седници тој само го крши Деловникот Власта не е присутна во дебатаите во Собранието, рече Марија Петрушевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Петрушевска говорејќи за Извештајот за работа на Собранието подготвен од Институот за демократија рече дека овој состав посебно пратениците од партиите на власта ги нема никаде.

„Политичкиот кредибилитет на овој состав на Собранието ќе тоне дополнително по она што им се случи на пратениците од партиите на власт на 18 август кога од нив предложените уставни измени не можеа да поминат. Дополнително што ќе ни се пратеници од власта кои ниту се вклучуваат во дебата туку се само гласачка машина“, кажа Петрушевска.

Според неа во овој состав на Собранието воден од Џафери има само сериозно нарушување на собраниски процедури, непочитување на правила, непочитување на етички кодекс, невклученост на потребните страни во дебата за одредени законски решенија.

The post Петрушевска: Пратениците од партиите на власт целосно го изгубија кредибилитетот по 18 август кога уставните измени беа на дневен ред appeared first on Република.

Петрушевска: Избори што поскоро за да дојде тим со стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevska-izbori-shto-poskoro-za-da-dojde-tim-so-strategija-i-vizija-za-da-ja-vrati-makedonija-na-praviot-pat/ Wed, 01 Jun 2022 09:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=509679

Состојбата во Собрание е многу сериозна, ние покренавме две иницијативи. Eдната ја поднесовме до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, кој што за жал е предводена од пратеник кој е дел од парламентарното мнозинство, познат по неговата променливост во однос на ставовите, но она кое го очекуваме е наредната недела да ја закаже таа комисија. Во таа комисија треба да дискутираме за одговорноста на Џафери, додека интерпелација е сумирана во однос на целата негова работа во Собранието, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска за Радио Лидер.

Таа истакна дека срамни се навредите и се останато што се слушна од страна на Џафери.

Недозволиво е такво однесување, а камоли во Собрание. Едно такво однесување не можеме да препознаеме никаде во Европа особено замислете ова однесување доаѓа од луѓе кои милуваат честопати да се нарекуваат прогресивна влада. Ние да имавме прогресивна влада, ова утро требаше да видиме оставка од целиот „економски тим“. Ние од оваа влада очекуваме да се вразуми, рече Петрушевска.

Таа порача дека потреби се избори час поскоро и дека на 18 јуни народот ќе испрати порака дека оваа ненародна властатреба да си замине.

Денеска продолжува активната блокада во Собранието и ние заедно со народот ќе стасаме до предвремени парламентарни избори. Цениме дека навистина е алармантно она што се случува во државата и потребни се час поскоро избори и тим кој ќе има стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат. Она што се случува во Македонија бара обединување, сплотеност и мислам дека ја имаме таа поддршка. На 18 јуни ќе ни се придружи народот и ќе испратиме една силна порака дека крајно време е оваа ненародна власт да си замине и да почнеме сериозно да се работи во интерес на граѓаните, додаде таа.

The post Петрушевска: Избори што поскоро за да дојде тим со стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат appeared first on Република.