ОКО e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации, и за маалски креативни дружења на која учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост, и преку практична работа да осмислат и креираат кратки филмски етиди.
ОКО 4
Аматерска филмска работилница
со режисерката Марија Џиџева
10 - 12 јуни | 11.00 часот
Концептот на работилницата е формирање на екипи составени од два члена (пензионер/ка и ученик/ка), и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде своја филмска приказна, инспирирана од семејните албуми, од соочувањата со генерациски јазови, или од секојдневните современи предизвици.
Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од Маалскиот фестивал на КСП Центар-Јадро, со заедничко учество на сите учесници.
The post Аматерска филмска работилница со режисерката Марија Џиџева во КСП Центар Јадро appeared first on Република.
]]>The post Аматерска филмска работилница со режисерката Марија Џиџева во КСП Центар Јадро appeared first on Република.
]]>Од денеска до 11 октомври годинава е отворен повикот за учесниците на аматерската филмска работилница „ОКО“. Работилницата за семејни разговори и филмски креации ќе биде под водство на режисерката Марија Џиџева, а ќе се одржи од 14 до 16 октомври 2022 година во просториите на Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје. Темата е ручек.
Заинтересираните треба да испратат е-маил со податоци на: [email protected] Повикот е за деца од 8 до 12 години и на работилницата ќе можат да учествуваат првите шест екипи кои ќе се пријават.
Концептот на работилницата е формирање на семејни екипи составени од два члена (дете и родител/старател, дедо или баба…) и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде своја филмска приказна.
Филмот треба да е инспириран од семејните ручеци, културата на готвење или неготвење, храната како сврзно ткиво и дружење, како игра на откривања и реоткривање на вкусови и мириси на животната радост и на новите предизвици, и сл. За учество во работилницата не е потребно никакво предзнаење или техничка опрема, соопшти Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје.
Работилницата ќе заврши со финален настан со проекции на филмските приказни во Центар-Јадро, како дел од „Фестивалот на заедницата“, кој ќе одржи од 3 -5 ноември 2022 година.
Марија Џиџева ќе ја реализира работилницата заедно со филмологот Александар Трајковски.
Оваа работилница е дел од годишината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура.
The post Отворен повик за учество на работилницата „ОКО“ под водство на Марија Џиџева appeared first on Република.
]]>Филмот треба да е инспириран од семејните ручеци, културата на готвење или неготвење, храната како сврзно ткиво и дружење, како игра на откривања и реоткривање на вкусови и мириси на животната радост и на новите предизвици, и сл. За учество во работилницата не е потребно никакво предзнаење или техничка опрема, соопшти Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје.Работилницата ќе заврши со финален настан со проекции на филмските приказни во Центар-Јадро, како дел од „Фестивалот на заедницата“, кој ќе одржи од 3 -5 ноември 2022 година. Марија Џиџева ќе ја реализира работилницата заедно со филмологот Александар Трајковски. Оваа работилница е дел од годишината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура.
The post Отворен повик за учество на работилницата „ОКО“ под водство на Марија Џиџева appeared first on Република.
]]>