Маричиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/marichikj/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 07:40:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маричиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/marichikj/ 32 32 Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики https://republika.mk/vesti/ekonomija/povrzuvaneto-na-regionot-preku-berlinskiot-protses-e-osnova-za-kreiraneto-na-vistinskite-energetski-politiki/ Tue, 11 Jun 2024 07:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=786446

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат.

Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.

Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.

10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.

Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот.

Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.

За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.

За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.

Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.

На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат. Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии. Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.
10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.
Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот. Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.
За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.
За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.
Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.
На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Европеизацијата на државата мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-evropeizatsijata-na-drzhavata-mora-da-prodolzhi-za-prosperitet-na-sekoj-graganin/ Thu, 16 May 2024 08:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=778658

По министерскиот состанок за Планот за раст,  првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во видео изјава за медиуми ја нагласи важноста за Планот за раст на ЕК за  Западен Балкан.

Во прилог проследете ја интегралната изјава.

Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.Во една реченица тоа е главната порака од Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и на министрите за финансии од земјите од регионот со највисоките претставници на Европската Комисија и на финансиските институции на ЕУ задолжени за успешна и навремена имплементација на Планот за раст.Како носечки ресори во Владата на Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот.Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел. Веќе се договорени и усогласени нашите обврски за Пристап до единствената област за плаќање во евра, за Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.Утврдени се и следните чекори.

Еден од нив е работата на проектите за Академија за единствен пазар за да се осигура дека националните системи целосно се усогласуваат со оние на ЕУ. Од исклучителна важност е прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.Како трет приоритет до следната средба е договорено да работиме на придружувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата на ЕУ за критични лекови и медицинска опрема за зајакнување на националните здравствени капацитети.За сето ова должиме благодарност до ЕК за постигнатите цели досега и за нивната тесна соработка со нашите институции.

Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан и на Македонија е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес. Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Македонија и на регионот и Европа."

The post Маричиќ: Европеизацијата на државата мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин appeared first on Република.

]]>

По министерскиот состанок за Планот за раст,  првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ во видео изјава за медиуми ја нагласи важноста за Планот за раст на ЕК за  Западен Балкан. Во прилог проследете ја интегралната изјава.
Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.Во една реченица тоа е главната порака од Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и на министрите за финансии од земјите од регионот со највисоките претставници на Европската Комисија и на финансиските институции на ЕУ задолжени за успешна и навремена имплементација на Планот за раст.Како носечки ресори во Владата на Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот.Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел. Веќе се договорени и усогласени нашите обврски за Пристап до единствената област за плаќање во евра, за Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.Утврдени се и следните чекори. Еден од нив е работата на проектите за Академија за единствен пазар за да се осигура дека националните системи целосно се усогласуваат со оние на ЕУ. Од исклучителна важност е прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.Како трет приоритет до следната средба е договорено да работиме на придружувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата на ЕУ за критични лекови и медицинска опрема за зајакнување на националните здравствени капацитети.За сето ова должиме благодарност до ЕК за постигнатите цели досега и за нивната тесна соработка со нашите институции. Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан и на Македонија е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес. Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Македонија и на регионот и Европа."

The post Маричиќ: Европеизацијата на државата мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин appeared first on Република.

]]>
СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-oddade-pochit-i-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-makedonskiot-velikan-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 11:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=774077

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје.

Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

The post СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје. Благодарни на неговото делот, споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев останува вечен.

The post СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-graganite-ke-odluchat-koj-ke-bide-vlast-a-koj-opozitsija-vo-sobranieto/ Sat, 04 May 2024 11:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=774093

СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ.

Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите.

- СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ.

Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните.

За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми.

- Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ.

The post Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието appeared first on Република.

]]>

СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ. Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите. - СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ. Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните. За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми. - Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ.

The post Маричиќ: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде власт, а кој опозиција во Собранието appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите и Македонија е на прво место во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sozdadovme-uslovi-za-sloboda-na-mediumite-i-makedonija-e-na-prvo-mesto-vo-regionot/ Fri, 03 May 2024 12:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=773787

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ на социјалните мрежи напиша: „Создадовме услови за слобода на медиумите и за слобода на изразувањето и тоа дава резултати. Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобар од 38-то место лани“.

Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на Маричиќ во целост:

Македонија е на врвот во регионот, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и „заробената држава“ Македонија беше на дното на Индексот на РБГ, кога во 2014 година се најде на 123 место, по слободниот пад во провалија кој започна во 2009 година, кога од 34-тото, дотогаш највисокото место, за 7 години падна за 84 место.

Во ерата на ВМРО-ДПМНЕ и „груевизмот“ воспоставен од оваа партија новинарите беа судени за „нанесената душевна болка” на политичари.

За разлика од “Сваровски” судството и судии и обвинители од тефтерчиња коишто ги судеа новинарите, Владата предводена од СДСМ донесе неколку измени и дополнувања на Кривичниот законик кои се однесуваат на пријави за клевета и навреда и за закани кон новинарите.

Сега нападите врз новинарите да се третираат како напади врз службено лице, а обвинителството постапува по службена должност.

Со ова е исполнето барањето на ЗНМ, чии претставници активно учествуваа во работната група што ги подготвуваше измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се стави крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите.

Ставивме крај на времињата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичка и институционална одмазда поради професионално извршување на својата работа.

За жал, за време на изборната кампања ВМРО повторно си го покажа вистинското лице и почна повторно да апси новинари, а функционерите на ДПМНЕ да тужат медиумски работници.

Изборите се можност да не дозволиме да се врати режимот кој тепа новинари и затвора медиуми.

Нема откажување од таа борба.

The post Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите и Македонија е на прво место во регионот appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ на социјалните мрежи напиша: „Создадовме услови за слобода на медиумите и за слобода на изразувањето и тоа дава резултати. Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобар од 38-то место лани“. Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на Маричиќ во целост: Македонија е на врвот во регионот, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и „заробената држава“ Македонија беше на дното на Индексот на РБГ, кога во 2014 година се најде на 123 место, по слободниот пад во провалија кој започна во 2009 година, кога од 34-тото, дотогаш највисокото место, за 7 години падна за 84 место. Во ерата на ВМРО-ДПМНЕ и „груевизмот“ воспоставен од оваа партија новинарите беа судени за „нанесената душевна болка” на политичари. За разлика од “Сваровски” судството и судии и обвинители од тефтерчиња коишто ги судеа новинарите, Владата предводена од СДСМ донесе неколку измени и дополнувања на Кривичниот законик кои се однесуваат на пријави за клевета и навреда и за закани кон новинарите. Сега нападите врз новинарите да се третираат како напади врз службено лице, а обвинителството постапува по службена должност. Со ова е исполнето барањето на ЗНМ, чии претставници активно учествуваа во работната група што ги подготвуваше измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се стави крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите. Ставивме крај на времињата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичка и институционална одмазда поради професионално извршување на својата работа. За жал, за време на изборната кампања ВМРО повторно си го покажа вистинското лице и почна повторно да апси новинари, а функционерите на ДПМНЕ да тужат медиумски работници. Изборите се можност да не дозволиме да се врати режимот кој тепа новинари и затвора медиуми. Нема откажување од таа борба.

The post Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите и Македонија е на прво место во регионот appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ставот на Македонија за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието од 2010 година https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-stavot-na-makedonija-za-srebrenitsa-e-jasno-utvrden-so-deklaratsija-vo-sobranieto-od-2010-godina/ Wed, 17 Apr 2024 15:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=767283

Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, по објавата од шефот на дипломатијата Бујар Османи за коспонзорството на Македонија на резолуцијата на ОН за геноцид во Сребреница вели дека ставот на државава за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието во 2010 година.

Според Маричиќ, одговорноста треба да биде индивидуална, а не колективна.

-Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5.

Во однос на најавата од Османи дека на седница на Владата ќе предложи излегување на државава од иницијативата Отворен Балкан, Маричиќ  порачува дека сите иницијативи од кои македонските граѓани имаат бенефит, мора да продолжат. Членството во Отворен Балкан, смета дека не треба да се политизира.

-Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ.

Министерот Османи, кој е и претседателски кандидат на ДУИ, претходно денеска изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека сме меѓу 17 држави кои ја коспонзорираат резолуцијата

-Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането... Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат. Република Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница, изјави Османи во седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз по учеството на панел-дискусија.

Тој претходно ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени и најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

Во однос на Отворен Балкан, тој појасни дека тоа било повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, како обид за помирување, односно, како што рече, „една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање“. Според него, по настаните во Бањска, во северниот дел на Косово, во септември лани, немало состанок или наше присуство на Отворен Балкан.

Консултациите за нацрт - резолуцијата за Сребреница почнуваат вечер по локално време на затворен состанок во седиштето на Светската организација, а ќе се гласа во Генералното собрание на ОН, на 2 мај.

The post Маричиќ: Ставот на Македонија за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието од 2010 година appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, по објавата од шефот на дипломатијата Бујар Османи за коспонзорството на Македонија на резолуцијата на ОН за геноцид во Сребреница вели дека ставот на државава за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието во 2010 година. Според Маричиќ, одговорноста треба да биде индивидуална, а не колективна. -Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид. Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава, изјави Маричиќ за ТВ Канал 5. Во однос на најавата од Османи дека на седница на Владата ќе предложи излегување на државава од иницијативата Отворен Балкан, Маричиќ  порачува дека сите иницијативи од кои македонските граѓани имаат бенефит, мора да продолжат. Членството во Отворен Балкан, смета дека не треба да се политизира. -Ние инсистиравме да остане таа иницијатива отворена и таа остана отворена. И се додека имаше и има поддршка од нашите стратешки партнери, треба во неа да партиципираме и да се фокусираме на конкретните придобивки без големи политички теми. Затоа што тие крупни политички теми блокираа други регионални процси и не донесоа ништо добро. Берлинскиот процес, Отворен Балкан и сите тие иницијативи ги гледаме како позитивни и треба од нив да извлечеме максимум, наместо да ги доведуваме во политички контекст, вели Маричиќ. Министерот Османи, кој е и претседателски кандидат на ДУИ, претходно денеска изјави дека е изненаден од реакциите по објавата дека сме меѓу 17 држави кои ја коспонзорираат резолуцијата -Не смееме да реагираме на оваа тема зашто ова прашање влегува во делот на негирање на геноцидот и тоа е строго забрането... Веќе има одлука на Меѓународниот суд на правдата што неделата во Сребреница ги имаат прогласено за геноцид и тие судски одлуки веќе ниту може да се коментираат, ниту да се интерпретираат. Република Македонија во 2010 година во Парламентот има донесено декларација со која се поддржува Европската резолуција за прогласување геноцид во Сребреница, изјави Османи во седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз по учеството на панел-дискусија. Тој претходно ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени и најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан. Во однос на Отворен Балкан, тој појасни дека тоа било повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, како обид за помирување, односно, како што рече, „една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање“. Според него, по настаните во Бањска, во северниот дел на Косово, во септември лани, немало состанок или наше присуство на Отворен Балкан. Консултациите за нацрт - резолуцијата за Сребреница почнуваат вечер по локално време на затворен состанок во седиштето на Светската организација, а ќе се гласа во Генералното собрание на ОН, на 2 мај.

The post Маричиќ: Ставот на Македонија за Сребреница е јасно утврден со Декларација во Собранието од 2010 година appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство https://republika.mk/zivot/marichik-prodolzhuvaneto-na-pregovorite-so-eu-znachi-i-otvorane-na-poveke-eu-fondovi-za-zachuvuvane-i-afirmatsija-na-makedonskoto-bogato-kulturno-nasledstvo/ Wed, 20 Mar 2024 13:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=756741

Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес го посетија локалитет „Стоби“ (НУ за управување со Археолошкиот локалитет Стоби-Градско) каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

Со поддршка на нашите европски пријатели и партнерите во овој проект, Стоби и околните инфраструктурни објекти, стануваат атрактивно место за туристичка посета, особено во делот на културниот туризам. Како значаен локалитет на историското и археолошкото наследство, на нашата земја и на Европа, во комбинација со природната средина, Стоби се стекнува со потенцијал за зајакнување на економскиот и културниот развој на целиот регион, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека вредноста на локалитетот беше препознаена и од Соединетите Американски држави кои преку Амбасадорскиот фонд три пати обезбедија директна финансиска поддршка за: конзервација и реставрација на крстилницата во Стоби, конзервација и реставрација во епископската базилика и градба со арки- Римски Форум.

Овој проект помеѓу партнерите од Грција и Република Македонија само го потврдува значењето на еворинтеграцијата на нашата земја. Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство и трајните вредности на европската култура – рече Маричиќ.

На крај на своето обраќање Маричиќ посочи дека како овој и многу слични проекти, се јасен показател дека ЕУ ја препознава автентичноста на македонската култура, посебност и идентитет, а нашето членство во ЕУ од кое нема да се откажеме, уште повеќе ќе го зајакне и промовира нашето богато културно-историско наследство.

The post Маричиќ: Продолжувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање на повеќе ЕУ фондови за зачувување и афирмација на македонското богато културно наследство appeared first on Република.

Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/deluvaneto-na-dksk-e-iskluchitelno-vazhno-vo-protsesot-na-evrointegratsijata/ Wed, 06 Mar 2024 13:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=751928

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.

Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога.

На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.

Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.

The post Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.   На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.   Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога.   На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.   Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.  

The post Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ние мораме да останеме на европскиот курс во полза на сите граѓани на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-nie-morame-da-ostaneme-na-evropskiot-kurs-vo-polza-na-site-gragani-na-severna-makedonija/ Mon, 19 Feb 2024 18:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=745847

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Никола Верола, Генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија.

На средбата беше истакнат фактот дека Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, мотивирани од Планот за раст кој е стратегија со намена за забрзување на економско приближување со земјите од ЕУ.

Вицепремиерот истакна дека регионалната соработка на Западниот Балкан е многу важна за успешно стратешко планирање на Планот за раст и спроведување на реформите во државата.

За нас е важно да останеме на Европскиот курс со оглед на моментумот со кој располагаме и кој Европската Унија го нуди како можност - рече Маричиќ.

Генералниот директор Верола укажа на голема поддршка на Италија за прогресот на Македонија на патот кон ЕУ, истакнувајќи ги позитивните сигнали кои Италија ги праќа во ЕУ за државата и за Западниот Балкан, со цел истите да станат дел од Европското семејство. Планот за раст е важна ставка со која граѓаните ќе ги почувствуваат бенефитите од приклучување кон ЕУ и пред полноправното членство во ЕУ.

Двете страни се сложија дека оваа шанса е реалност и  остварлива цел за Македонија да стане полноправна членка во ЕУ. На состанокот беше истакната важноста да се искористи моментот, да не се пропушта можноста со оглед на бенефициите кои државата би ги добила штом стане дел од Унијата.

Првиот заменик претседател Маричиќ го потврди значењето на долгогодишната соработка и се заблагодари за поддршката на Италија за суштинското прашање на државата за приклучување во Европската Унија.

На средбата учествуваа и Андреа Касконе, претставник од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Италија, заедно со амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио де Роза.

The post Маричиќ: Ние мораме да останеме на европскиот курс во полза на сите граѓани на Македонија appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Никола Верола, Генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија. На средбата беше истакнат фактот дека Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, мотивирани од Планот за раст кој е стратегија со намена за забрзување на економско приближување со земјите од ЕУ.

Вицепремиерот истакна дека регионалната соработка на Западниот Балкан е многу важна за успешно стратешко планирање на Планот за раст и спроведување на реформите во државата. За нас е важно да останеме на Европскиот курс со оглед на моментумот со кој располагаме и кој Европската Унија го нуди како можност - рече Маричиќ.

Генералниот директор Верола укажа на голема поддршка на Италија за прогресот на Македонија на патот кон ЕУ, истакнувајќи ги позитивните сигнали кои Италија ги праќа во ЕУ за државата и за Западниот Балкан, со цел истите да станат дел од Европското семејство. Планот за раст е важна ставка со која граѓаните ќе ги почувствуваат бенефитите од приклучување кон ЕУ и пред полноправното членство во ЕУ.

Двете страни се сложија дека оваа шанса е реалност и  остварлива цел за Македонија да стане полноправна членка во ЕУ. На состанокот беше истакната важноста да се искористи моментот, да не се пропушта можноста со оглед на бенефициите кои државата би ги добила штом стане дел од Унијата.

Првиот заменик претседател Маричиќ го потврди значењето на долгогодишната соработка и се заблагодари за поддршката на Италија за суштинското прашање на државата за приклучување во Европската Унија.   На средбата учествуваа и Андреа Касконе, претставник од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Италија, заедно со амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио де Роза.

The post Маричиќ: Ние мораме да останеме на европскиот курс во полза на сите граѓани на Македонија appeared first on Република.

]]>
Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dhaferi-i-marichik-vo-poseta-na-mobilnata-stanitsa-za-patni-ispravi-vo-brisel/ Wed, 14 Feb 2024 13:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=744076

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во придружба на Претседателот на Владата, Талат Џафери и Заменик претседателот на Владата за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за време на престојот во Брисел, денес, ја посети Амбасадата на Република Македонија, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку мобилната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи.

“Амбасадата во Брисел и сите други дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија целосно ја реорганизираа својата работа во делот на конзуларната проблематика со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство. Секое барање од наш државјанин значи обврска за сите нас, особено за дипломатите во претставништвата, со цел давање на брз, ефикасен и квалитетен одговор. Ова е период кога сите ние сме дополнително посветени за соочување со овој предизвик наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи” - истакна Османи, запознавајќи се одблиску со актуелната состојба во Амбасадата врзано за оваа проблематика.

Џафери, Маричиќ и Османи разговараа со наши државјани кои се наоѓаа во просториите на Амбасадата и ги уверија дека се прават максимални напори истите да не се соочуваат со никаков проблем во државата каде што живеат, поради обврската за обновување на личните документи која произлегува од Договорот од Преспа.

“Издавање на патните листови без надомест за сите државјани кои живеат во странство и имаат потреба да се вратат во земјата за да извадат нови патни исправи, како и достава на патниот лист преку брза пошта таму каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва се само дел од решенијата. Следува организирање на конзуларни денови и други видови на олеснувања за граѓаните во странство, за кои нашите претставништва беа инструирани и наскоро следи објава на планот”, информираше Министерот.

Министерот Османи ги брифираше нашите државјани дека времетраењето на изработката на пасоши кое е многу подолго од вообичаените рокови кои постоеја до неодамна е главната причина зошто периодот за врачување на изготвените пасоши во нашите претставништва е значително подолг од досегашната пракса  која имаше просек од 30 дена.

Министерството за надворешни работи располага со ограничен број на базни и мобилни станици. Една од мобилните станици е токму во Амбасадата во Брисел која во координација и соработка со Амбасадите во Хаг и Париз врши услуги за сликање и земање на биометриски податоци и за нашите државјани во Холандија и Франција.

Инаку, во текот на 2023-та година, Амбасадата во Брисел има обработено вкупно 2.488 предмети, од кои 1.127 издадени патни исправи и 523 патни листови; во Париз се обработени 1.083 предмети, меѓу кои 390 патни исправи и 242 патни листови; додека во Хаг вкупно 1.076, со 340 патни исправи и 72 патни листови.

Во нашата Амбасада во Брисел, беше оставрена средба и со добитникот на МКартата во Белгија, со цел врачување на истата. Министерот Османи изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот МКарта, како значајно вмрежување на нашите најдобри претставници од дијаспората во светот и одличен пример за врската на овие личности со нашата земја.

The post Османи, Џафери и Маричиќ во посета на мобилната станица за патни исправи во Брисел appeared first on Република.

Маричиќ на средба со белгиската министерка Лахбиб: Наша цел е да одиме чекор поблиску до ЕУ со поддршка на белгиското претседавање https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-na-sredba-so-belgiskata-ministerka-lahbib-nasha-tsel-e-da-odime-chekor-poblisku-do-eu-so-poddrshka-na-belgiskoto-pretsedavane/ Tue, 13 Feb 2024 12:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=743623

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ја предводеше делегацијата на Македонија, која денеска се вклучи во клучните дипломатски разговори со белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лахбиб, во Брисел.  потврдувајќи ја непоколебливата посветеност на Македонија на нејзината европска агенда.

Покрај цврстата поддршка на белгиското претседателство, вицепремиерот Маричиќ ја истакна решителната посветеност на Македонија за развој и успешна реализација на европската интеграција.

Состанокот претставуваше основа за изнаоѓање на начини за засилена соработка меѓу Македонија и Белгија, чија цел е зајакнување на регионалната стабилност, економскиот просперитет и културната размена во европската рамка.

Министерката за надворешни работи Лахбиб го пофали напредокот на Македонија во усогласувањето со европските вредности и стандарди, изразувајќи ја цврстата поддршка на Белгија за европските аспирации на Македонија. Во разговорот беше истакната важноста на солидарноста и партнерството во решавање  на предизвиците и можностите на европскиот пат.

Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност, истакнувајќи ја важноста на периодот на белгиското претседателство, кога што ќе се одвиваат клучни процеси во ЕУ важни за нас и за регионот.

„Нашата мисија е насочена кон проактивен ангажман на Македонија за исполнување на целта за полноправно членство во ЕУ.“ рече Маричиќ

Нашите заедничките вредности и заедничките цели што ги обврзуваат Македонија и Белгија, се решителност за продлабочување на соработката во различни сектори, реформи на демократски принципи, раст и развој на државите членки заедно со земјите кандидати од Западниот Балкан, како и реализација на проширувањето на Европската Унија.

The post Маричиќ на средба со белгиската министерка Лахбиб: Наша цел е да одиме чекор поблиску до ЕУ со поддршка на белгиското претседавање appeared first on Република.

Маричиќ уште еднаш побара уставни измени: Секој следен чекор од тоа зависи https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ushte-ednash-pobara-ustavni-izmeni-sekoj-sleden-chekor-od-toa-zavisi/ Thu, 07 Dec 2023 09:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=720631

Скрининг процесот се одвиваше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на преку 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции. Сериозна работа која е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ од Брисел во своето обраќање, пред последниот билатерален состанок за Поглавјето 31 од Кластерот 6.

Тој истакна дека до крајот на годината ќе бидат доставени клучните документи кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија, која што е усвоена на 19 јули 2022 година – Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.

-Воедно, ја очекуваме дискусијата на Европскиот совет за време на состанокот иднатата недела на 14 и 15 декември, како и заклучоците од овој Совет. Имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекувам да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција. Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот потенцира дека оваа шанса мораме да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа како ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните.

-Одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членство на Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и за нашиот развој. Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, посочи Маричиќ.

The post Маричиќ уште еднаш побара уставни измени: Секој следен чекор од тоа зависи appeared first on Република.

]]>

Скрининг процесот се одвиваше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на преку 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции. Сериозна работа која е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ од Брисел во своето обраќање, пред последниот билатерален состанок за Поглавјето 31 од Кластерот 6. Тој истакна дека до крајот на годината ќе бидат доставени клучните документи кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија, која што е усвоена на 19 јули 2022 година – Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.
-Воедно, ја очекуваме дискусијата на Европскиот совет за време на состанокот иднатата недела на 14 и 15 декември, како и заклучоците од овој Совет. Имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекувам да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција. Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот потенцира дека оваа шанса мораме да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа како ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните.
-Одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членство на Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и за нашиот развој. Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, посочи Маричиќ.

The post Маричиќ уште еднаш побара уставни измени: Секој следен чекор од тоа зависи appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-chlenstvoto-vo-eu-do-2030-godina-bara-mobilizatsija-i-aktivno-angazhirane-na-tselokupnoto-opshtestvo/ Wed, 01 Nov 2023 13:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=697080

Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни, ја истакнал важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството,што се голем придонес за државата, информираа од СЕП.

Тој потенцирал дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес.

Маричиќ посочил дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чиј капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата.

Во обраќањето, се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ ја потенцирал важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Македонија, со кој се  реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.

Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци. На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ, информираат од СЕП.

Вицепремиерот Маричиќ порачал дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството.

Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030 година, рекол маричиќ, се наведува во соопштението од СЕП.

Средбата ја модерирала амбасадорката на САД Анџела Агелер, а се обратиле и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни, ја истакнал важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството,што се голем придонес за државата, информираа од СЕП. Тој потенцирал дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес. Маричиќ посочил дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чиј капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата. Во обраќањето, се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ ја потенцирал важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Македонија, со кој се  реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес. Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци. На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ, информираат од СЕП. Вицепремиерот Маричиќ порачал дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството. Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030 година, рекол маричиќ, се наведува во соопштението од СЕП. Средбата ја модерирала амбасадорката на САД Анџела Агелер, а се обратиле и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sudskite-reformi-preku-digitalizatsijata-na-pravosudstvoto-mora-da-bidat-vo-korist-na-graganite/ Tue, 31 Oct 2023 15:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=696769

Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX Самит за пристап до правдата -современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видео порака истакнувајќи ја важноста на “Дигитализацијата на правосудството“ како тема која датира од неговиот претходен мандат во Владата, како министер за правда, започнувајќи го процесот на дигитализацијата на судскиот систем, во рамки на Стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022, која продолжува и во периодот од 2023 до 2027 година.

„Со првите опремени судници и овозможувањето судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално.“

Во продолжение порача дека Владата останува цврсто на ставот дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност.

„Определбата за дигитализација на правосудтвото е во согласност и со приоритетот на актуелното шпанско претседателство со Европската Унија, за сеопфатно заокружување на процесот на дигитализација и внимателната апликација на регулативата за вештачка интелигенција. Тоа се исклучително значајни алатки за комуникација помеѓу земјите-членки и на агенцијата ЕВРОПРАВДА на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања“

За крај, Вицепремиерот Маричиќ истакна дека судските реформи мора да бидат во корист на граѓаните и дека неговите очекувања се фокусирани на интензивирање на реформите во правосудството, продолжување на соработката со ЕУ и со земјите членки на Унијата.

На настанот воведни обраќања имаа и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, генералниот директор за дигитална трансформација на администрацијата на правдата, Министерство за правда, Шпанија - Аитор Кубо Контрерас, настанот за почеток го модерираше проф д-р и судија Лазар Нанев.

The post Маричиќ: Судските реформи преку дигитализацијата на правосудството мора да бидат во корист на граѓаните appeared first on Република.

Маричиќ: Планот на ЕУ за забрзана интеграција го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030 https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-planot-na-eu-za-zabrzana-integratsija-go-pravi-realno-i-opiplivo-chlenstvoto-vo-eu-do-2030/ Fri, 20 Oct 2023 10:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=693244

Живееме во нов геополитички момент каде итноста на нашите евроинтеграции никогаш не била поизразена. Руската воена агресија врз Украина како ниту една друга криза порано го вклучи алармот дека ЕУ мора да ја активира политиката на поширување и да презема обврска за редефинирање на својата улога во регионот, рече вицепремиеорт за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што Собранието ја организира заедно со ПССЕ.

Според него, јасно е дека војната во Украина и настаните во нашиот регион и на Блискиот исток повторно го отвораат прашањето за иднината на Европа, но и за иднината на ЗБ кој е, вели, мета на надворешни влијанија и пропаганда и затоа не смее да се изгуби фокусот на европската перспектива за државите од ЗБ.

Интеграцијата на земјите од регионот заедно со земјите од поранешното Источно партнерство, пред се Украина и Молдавија, до 2030 година не е само наша цел и интерес туку е геостратегиско прашање од огромно значење за регионот, за европскиот мир, стабилност и безбедност. Ова е клучот за да се врати довербата и популарноста за идејата на ЕУ која секогаш треба да доминира над националистичките идеи во нашиот регион но и насекаде низ Европа. Таа идеја треба да доминира со наш ангажман кај граѓаните но и евроинтеграцијата како процес бидејќи нашето пристапување во ЕУ во должина на времетраењето соборува рекорди во споредба со претходните рунди на проширување, рече Маричиќ.

После 20 години од Самитот во Солун и ветувањата за членство денес, вели тој, не сме сеуште таму каде што сакавме и требаше да бидеме, но секако дека сме на добар пат за да ја оствариме нашата цел. При тоа нагласи дека од големо значење е што ЕУ сега не ја ветува само реторички перспективата на ЗБ во ЕУ туку нуди конкретен план за забрзана интеграција кој го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030.

Да очекуваме наскоро и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен да го посети нашиот регион токму во оваа насока. Сите планови документи од нашите европски партнери во врска со пристапувањето на Македонија во ЕУ како и за останатите држави во регионот се многу важни за забрзано надминување на сегашните предизвици со кои се соочуваме во овој процес и ефикасно спроведување на реформите за целосна европеизација на нашето општество, вели вицепремиерот за европски прашања.

Тој го поздави и се поголемиот ангажман токму на ПССЕ кој, според него, има суштинска улога во европската перспектива на ЗБ преку засилување на активниостите на меѓупарламентарна соработка насочени кон зајакнување на демократската отпорност, институционалниот капацитет, одржливоста на реформите.

Македонија, вели Маричиќ, според предвиденото темпо напредува во преговорите со ЕУ, процесот на скрининг е во завршна фаза и интензивно работиме на стратешките документи со клучните приоритети кои треба да го забрзаат реформскиот процес во клучните области токму од кластерот Фундаментални вредности, со цел нивно отворање за време на шпанското претседавање со ЕУ.

Европската интергација не е само опција за државите од регионот таа е најдобра, најразумна и единствена алтернатива за нас. Заживувањето и интензивирањето на интегративниот процес од страна на ЕУ со план и конкретни задачи за членство до 2030 година ни дава шанса да го постигнеме она што го чекаме скоро две децении, а таа шанса нема да ни биде достапна до недоглед, рече Маричиќ.

Оваа и следната година, потенцира тој, се клучни за европската перспектива на нашиот регион.

Регионот ќе оди напред а ние сакаме Македонија да биде во чекор со другите. Треба да бидеме и должни сме да бидеме дел од оваа успешна приказна што ќе ја испишеме заедно со ЕУ и другите држави од регионот. Верувам дека нема непремостливи пречки. Убеден сум дека Собранието и пратениците ќе бидат на нивото на задачата и ќе водат конструктивен дијалог со кој брзо и ефикасно ќе ги исполнуваме обврските и ќе ги надминуваме предизвиците. Во наш интерес и во интерес на граѓаните е да продолжимне напред и да бидеме обединети во идејата за просперитетен и интегриран регион во ЕУ, порача вицепремиеорто Бојан Маричиќ во своето обраќање.

The post Маричиќ: Планот на ЕУ за забрзана интеграција го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>

Живееме во нов геополитички момент каде итноста на нашите евроинтеграции никогаш не била поизразена. Руската воена агресија врз Украина како ниту една друга криза порано го вклучи алармот дека ЕУ мора да ја активира политиката на поширување и да презема обврска за редефинирање на својата улога во регионот, рече вицепремиеорт за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што Собранието ја организира заедно со ПССЕ. Според него, јасно е дека војната во Украина и настаните во нашиот регион и на Блискиот исток повторно го отвораат прашањето за иднината на Европа, но и за иднината на ЗБ кој е, вели, мета на надворешни влијанија и пропаганда и затоа не смее да се изгуби фокусот на европската перспектива за државите од ЗБ.
Интеграцијата на земјите од регионот заедно со земјите од поранешното Источно партнерство, пред се Украина и Молдавија, до 2030 година не е само наша цел и интерес туку е геостратегиско прашање од огромно значење за регионот, за европскиот мир, стабилност и безбедност. Ова е клучот за да се врати довербата и популарноста за идејата на ЕУ која секогаш треба да доминира над националистичките идеи во нашиот регион но и насекаде низ Европа. Таа идеја треба да доминира со наш ангажман кај граѓаните но и евроинтеграцијата како процес бидејќи нашето пристапување во ЕУ во должина на времетраењето соборува рекорди во споредба со претходните рунди на проширување, рече Маричиќ.
После 20 години од Самитот во Солун и ветувањата за членство денес, вели тој, не сме сеуште таму каде што сакавме и требаше да бидеме, но секако дека сме на добар пат за да ја оствариме нашата цел. При тоа нагласи дека од големо значење е што ЕУ сега не ја ветува само реторички перспективата на ЗБ во ЕУ туку нуди конкретен план за забрзана интеграција кој го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030.
Да очекуваме наскоро и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен да го посети нашиот регион токму во оваа насока. Сите планови документи од нашите европски партнери во врска со пристапувањето на Македонија во ЕУ како и за останатите држави во регионот се многу важни за забрзано надминување на сегашните предизвици со кои се соочуваме во овој процес и ефикасно спроведување на реформите за целосна европеизација на нашето општество, вели вицепремиерот за европски прашања.
Тој го поздави и се поголемиот ангажман токму на ПССЕ кој, според него, има суштинска улога во европската перспектива на ЗБ преку засилување на активниостите на меѓупарламентарна соработка насочени кон зајакнување на демократската отпорност, институционалниот капацитет, одржливоста на реформите. Македонија, вели Маричиќ, според предвиденото темпо напредува во преговорите со ЕУ, процесот на скрининг е во завршна фаза и интензивно работиме на стратешките документи со клучните приоритети кои треба да го забрзаат реформскиот процес во клучните области токму од кластерот Фундаментални вредности, со цел нивно отворање за време на шпанското претседавање со ЕУ.
Европската интергација не е само опција за државите од регионот таа е најдобра, најразумна и единствена алтернатива за нас. Заживувањето и интензивирањето на интегративниот процес од страна на ЕУ со план и конкретни задачи за членство до 2030 година ни дава шанса да го постигнеме она што го чекаме скоро две децении, а таа шанса нема да ни биде достапна до недоглед, рече Маричиќ.
Оваа и следната година, потенцира тој, се клучни за европската перспектива на нашиот регион.
Регионот ќе оди напред а ние сакаме Македонија да биде во чекор со другите. Треба да бидеме и должни сме да бидеме дел од оваа успешна приказна што ќе ја испишеме заедно со ЕУ и другите држави од регионот. Верувам дека нема непремостливи пречки. Убеден сум дека Собранието и пратениците ќе бидат на нивото на задачата и ќе водат конструктивен дијалог со кој брзо и ефикасно ќе ги исполнуваме обврските и ќе ги надминуваме предизвиците. Во наш интерес и во интерес на граѓаните е да продолжимне напред и да бидеме обединети во идејата за просперитетен и интегриран регион во ЕУ, порача вицепремиеорто Бојан Маричиќ во своето обраќање.

The post Маричиќ: Планот на ЕУ за забрзана интеграција го прави реално и опипливо членството во ЕУ до 2030 appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ е мотив и движечка сила за брзи реформи и промени https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-2030-kako-plan-i-shansa-za-chlenstvo-vo-eu-e-motiv-i-dvizhechka-sila-za-brzi-reformi-i-promeni/ Thu, 19 Oct 2023 12:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=692885

За земјите кандидатки временската рамка за членство во ЕУ значи дека има шанса и план за тие кои ќе бидат спремни да станат членки на ЕУ. Тоа ќе го врати и кредибилитетот на политиката на проширување, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во воведното излагање на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, на кој учествуваше на покана на Европскиот институт од Фиренца.

- Две илјади и триесета како датум за европска перспектива на регионот со конкретен план треба да ни биде мотив и движечка сила за промени, шанса која треба да ја искористиме, рече Маричиќ потенцирајќи дека тоа е клучот да се врати довербата и популарноста за идејата на ЕУ, а не само за процесот на евроинтеграција, соопшти СЕП.

Во таа насока тој додаде дека не е многу популарно да се зборува за временски рамки, нагласувајќи, како што се наведува, дека доколку нема временска рамка секогаш ќе има оправдување зошто и како треба да се одложи проширувањето на ЕУ. Маричиќ се осврна и на планот за забрзување на пристапните преговори, кој треба да биде претставен во следните неколку недели.

- Ветувањето од Солун за европската перспектива треба да биде испорачано преку стратешки план, но во меѓувреме може да се направат неколку работи од сега до членството во ЕУ, покрај преговарачки процес, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој нагласи дека планот за забрзување на пристапувањето во ЕУ на Западен Балкан е нешто што проевропските политичари, структури, влади, граѓанско општество го очекуваа подолго време. Нагласи при тоа дека билатералните теми може да бидат голема пречка и подигнат ѕид помеѓу ЕУ и ЗБ, заради што, според него, потребно е ЕУ да има посебен фокус на менаџирање на билатералните спорови.

- Заедно мораме да ги направиме овие планови да се случат и да успеат, со цел да се заврши интеграцијата на Западен Балкан и како концепт да го победи национализмот, рече Маричиќ, порачувајќи дека на регионот му треба Европа повеќе, посилна и попросперитетна и дека тоа е можно само ако двете страни работат на оваа задача.

На семинарот, кој е во организација на Европскиот универзитет од Фиренца, а со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка учествуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри, со кој Маричиќ имаше и билатерална средба.

Дијалогот за политиката на високи ниво на Школата за транснационално владеење (ЕУИ), има за цел да ги запознае учесниците со најновите случувања на ниво на ЕУ и да размени идеи за тоа како „Отворената стратешката автономија на ЕУ“ може да влијае на иднината на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ, но и како да се вклопи во новата геополитичка реалност.

Настанот е организиран во контекст на поширок проект за градење на дипломатски и лидерски капацитети од Западен Балкан. Преку овој проект околу 50 јавни службеници од регионот биле обучени на ЕУИ во Фиренца на теми поврзани со креирање политики на ЕУ и дипломатски вештини, со цел да се поддржи пристапувањето во ЕУ во регионот и иницијативата за проширување на ЕУИ во регионот, стои во соопштението на СЕП

The post Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ е мотив и движечка сила за брзи реформи и промени appeared first on Република.

]]>

За земјите кандидатки временската рамка за членство во ЕУ значи дека има шанса и план за тие кои ќе бидат спремни да станат членки на ЕУ. Тоа ќе го врати и кредибилитетот на политиката на проширување, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во воведното излагање на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, на кој учествуваше на покана на Европскиот институт од Фиренца. - Две илјади и триесета како датум за европска перспектива на регионот со конкретен план треба да ни биде мотив и движечка сила за промени, шанса која треба да ја искористиме, рече Маричиќ потенцирајќи дека тоа е клучот да се врати довербата и популарноста за идејата на ЕУ, а не само за процесот на евроинтеграција, соопшти СЕП. Во таа насока тој додаде дека не е многу популарно да се зборува за временски рамки, нагласувајќи, како што се наведува, дека доколку нема временска рамка секогаш ќе има оправдување зошто и како треба да се одложи проширувањето на ЕУ. Маричиќ се осврна и на планот за забрзување на пристапните преговори, кој треба да биде претставен во следните неколку недели. - Ветувањето од Солун за европската перспектива треба да биде испорачано преку стратешки план, но во меѓувреме може да се направат неколку работи од сега до членството во ЕУ, покрај преговарачки процес, рече вицепремиерот Маричиќ. Тој нагласи дека планот за забрзување на пристапувањето во ЕУ на Западен Балкан е нешто што проевропските политичари, структури, влади, граѓанско општество го очекуваа подолго време. Нагласи при тоа дека билатералните теми може да бидат голема пречка и подигнат ѕид помеѓу ЕУ и ЗБ, заради што, според него, потребно е ЕУ да има посебен фокус на менаџирање на билатералните спорови. - Заедно мораме да ги направиме овие планови да се случат и да успеат, со цел да се заврши интеграцијата на Западен Балкан и како концепт да го победи национализмот, рече Маричиќ, порачувајќи дека на регионот му треба Европа повеќе, посилна и попросперитетна и дека тоа е можно само ако двете страни работат на оваа задача. На семинарот, кој е во организација на Европскиот универзитет од Фиренца, а со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка учествуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри, со кој Маричиќ имаше и билатерална средба. Дијалогот за политиката на високи ниво на Школата за транснационално владеење (ЕУИ), има за цел да ги запознае учесниците со најновите случувања на ниво на ЕУ и да размени идеи за тоа како „Отворената стратешката автономија на ЕУ“ може да влијае на иднината на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ, но и како да се вклопи во новата геополитичка реалност. Настанот е организиран во контекст на поширок проект за градење на дипломатски и лидерски капацитети од Западен Балкан. Преку овој проект околу 50 јавни службеници од регионот биле обучени на ЕУИ во Фиренца на теми поврзани со креирање политики на ЕУ и дипломатски вештини, со цел да се поддржи пристапувањето во ЕУ во регионот и иницијативата за проширување на ЕУИ во регионот, стои во соопштението на СЕП

The post Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ е мотив и движечка сила за брзи реформи и промени appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030 година https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ambitsiozen-no-dostizhen-datum-e-2030-godina/ Mon, 16 Oct 2023 11:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=691684

Две илјади и триесета е амбициозен, но достижен датум, заеднички работиме на таа цел. Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по учеството на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

-Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава, стои на фејсбук статусот на Маричиќ кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија.

ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој, како што посочува во објавата Маричиќ, вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција.

-Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој, посочува Маричиќ во објавата на фб

The post Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030 година appeared first on Република.

]]>

Две илјади и триесета е амбициозен, но достижен датум, заеднички работиме на таа цел. Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по учеството на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји. -Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава, стои на фејсбук статусот на Маричиќ кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија. ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој, како што посочува во објавата Маричиќ, вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција. -Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој, посочува Маричиќ во објавата на фб

The post Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030 година appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Блиску сме до целта, ЕУ работи на реално забрзување на пристапниот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-blisku-sme-do-tselta-eu-raboti-na-realno-zabrzuvane-na-pristapniot-protses/ Sun, 15 Oct 2023 17:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=691468

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Тирана учествуваше на завршната сесија на Форумот на граѓанско општество на која рече дека процесот на проширување се промени и дека веќе е реформиран, посочувајќи дека новата методологија го прави процесот поконкретен и со повеќе можности.

- Денес имаме различен пристап во пристапувањето. Можам да кажам дека има големи сериозни промени во последните месеци, особено по ГлобСек форумот можеме да забележиме дека има сериозни, суштински чекори за проширување на ЕУ. И тоа е голема позитивна промена за нас како земји кандидатки, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ,  како што информира неговиот Кабинет, додаде дека во последните месеци политичките пораки се различни и дека „веќе добивме нешто што го баравме и очекувавме долго време“, укажувајќи на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој 2030 го посочи како возможен датум за идното проширување, за нас како што рече Маричиќ е добредојдено и добро е да го имаме предвид при носењето на одлуки.

- До крајот на мандатот, Европската комисија со поддршка од државите членки на ЕУ треба да ја направи новата Агенда 2030 за проширување, која ќе биде наследство од оваа комисија за следниот состав, што ќе значи шанса до 2030 да станат членки сите кои ќе се спремни за тоа, а истовремено ќе се спречи и забавувањето на процесот, порача Маричиќ.

Во тој контекст вицепремиерот укажа дека сега е вистинско време е да ја забрзаме и да ја завршиме работата до крај, бидејќи има реални позитивни промени за проширување на ЕУ и оваа шанса треба да ја искористи регионот.

- Сега кога напредокот во пристапните преговори е видлив потребна ни е силна регионална соработка. Берлински процес никогаш не бил само економија или признавање на квалификации, секогаш бил продолжение на Договорот за стабилизација и асоцијација и стекнување навика да ги решаваме различните прашања на маса и никогаш не бил замена за членството во ЕУ, посочи Маричиќ.

На панелот со кој заврши Форумот на граѓанското општество – Тирана 2023, соговорници на вицепремиерот беа, Валеска Еш, виш советник на специјален претставник на Федералната влада за земјите од Западен Балкан, Федерално Министерство за надворешни работи, Лиза Гаши, заменик министер за надворешни работи и дијаспора, Хедвиг Морваи, програмски директор, Фондација ЕРСТЕ, Александар Сиемашко, заменик-директор во Министерството за развој и технологија, Марта Шпала, виш соработник, Центар за источни студии, Ардијан Хакај, истражувачки директор и координатор на форумот за поврзување во Тирана, Институт за соработка и развој, а главен говорник беше Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот.

Форумот за граѓанско општество и тинк тенк 2023, кој се одржа на 14-ти и 15-ти октомври во Тирана, беше организиран од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, која работи под мандат на Владата на Албанија, која во моментов претседава со Берлинскиот процес.

The post Маричиќ: Блиску сме до целта, ЕУ работи на реално забрзување на пристапниот процес appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Тирана учествуваше на завршната сесија на Форумот на граѓанско општество на која рече дека процесот на проширување се промени и дека веќе е реформиран, посочувајќи дека новата методологија го прави процесот поконкретен и со повеќе можности. - Денес имаме различен пристап во пристапувањето. Можам да кажам дека има големи сериозни промени во последните месеци, особено по ГлобСек форумот можеме да забележиме дека има сериозни, суштински чекори за проширување на ЕУ. И тоа е голема позитивна промена за нас како земји кандидатки, посочи Маричиќ. Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ,  како што информира неговиот Кабинет, додаде дека во последните месеци политичките пораки се различни и дека „веќе добивме нешто што го баравме и очекувавме долго време“, укажувајќи на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој 2030 го посочи како возможен датум за идното проширување, за нас како што рече Маричиќ е добредојдено и добро е да го имаме предвид при носењето на одлуки. - До крајот на мандатот, Европската комисија со поддршка од државите членки на ЕУ треба да ја направи новата Агенда 2030 за проширување, која ќе биде наследство од оваа комисија за следниот состав, што ќе значи шанса до 2030 да станат членки сите кои ќе се спремни за тоа, а истовремено ќе се спречи и забавувањето на процесот, порача Маричиќ. Во тој контекст вицепремиерот укажа дека сега е вистинско време е да ја забрзаме и да ја завршиме работата до крај, бидејќи има реални позитивни промени за проширување на ЕУ и оваа шанса треба да ја искористи регионот. - Сега кога напредокот во пристапните преговори е видлив потребна ни е силна регионална соработка. Берлински процес никогаш не бил само економија или признавање на квалификации, секогаш бил продолжение на Договорот за стабилизација и асоцијација и стекнување навика да ги решаваме различните прашања на маса и никогаш не бил замена за членството во ЕУ, посочи Маричиќ. На панелот со кој заврши Форумот на граѓанското општество – Тирана 2023, соговорници на вицепремиерот беа, Валеска Еш, виш советник на специјален претставник на Федералната влада за земјите од Западен Балкан, Федерално Министерство за надворешни работи, Лиза Гаши, заменик министер за надворешни работи и дијаспора, Хедвиг Морваи, програмски директор, Фондација ЕРСТЕ, Александар Сиемашко, заменик-директор во Министерството за развој и технологија, Марта Шпала, виш соработник, Центар за источни студии, Ардијан Хакај, истражувачки директор и координатор на форумот за поврзување во Тирана, Институт за соработка и развој, а главен говорник беше Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот. Форумот за граѓанско општество и тинк тенк 2023, кој се одржа на 14-ти и 15-ти октомври во Тирана, беше организиран од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, која работи под мандат на Владата на Албанија, која во моментов претседава со Берлинскиот процес.

The post Маричиќ: Блиску сме до целта, ЕУ работи на реално забрзување на пристапниот процес appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Со заеднички напори можеме да ја постигнеме целта и членство во ЕУ до 2030 година https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-so-zaednichki-napori-mozheme-da-ja-postigneme-tselta-i-chlenstvo-vo-eu-do-2030-godina/ Mon, 09 Oct 2023 11:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=689539

Врз основа на извештајот од скринингот на правиот кластер – темелни вредности, институциите веќе работат на креирање на патоказите за владеење на правото, за реформи на јавната администрација и за функционирање на демократските институции, од кои првите два се и формален услов за отворање на овој кластер. Формирани се работни групи на институционално ниво, кои веќе ги имаат првите верзии и интензивно се комуницира со Брисел. Во нив ќе бидат вклучени и препораките и упатствата кои ќе произлезат од Оценската мисија за работата на Судскиот совет и сето тоа, на крај ќе треба да најде место во новата Националната развојна стратегија.

Ова го порача вицепремиерот Бојан Маричиќ, на јавната расправа за владеење во функција на граѓаните во рамки на Комисијата за европски прашања.

Владеењето на правото е клучна претпоставка за развој и функционирање на економијата и затоа сме должни да посветиме и повеќе внимание и посериозни мерки, за да можеме на среден и долг рок да воспоставиме систем по овие патокази, каде што нема да ни требаат дополнителни механизми за набљудување на нашиот систем на правосудство, избори и разрешувања на судиите, квалитетот на правдата и пресудите, брзината на постапките и ефикасноста во постапките, што се дел од забелешките на ЕУ, рече Маричиќ.

Важно е, нагласи, овој процес да остане отворен за сите и сите да земат активно учество, пратениците од сите политички партии, но и обвинителите, судиите, и сите кои ја претставуваат таа фела на највисоко ниво, како и академската фела и граѓанското општество.

Ова е задача за сите, затоа и се вика Национална развојна стратегија. Владата поттикнува да биде што поотворена и поинклузивна дискусијата и сите овие стратешки мерки ќе имаат смисла, само ако ги направиме така да се однесуваат на клучните проблеми и може да се применат во пракса, изјави Маричиќ, порачувајќи дека не ни треба документ што е само список на убави желби кои што тешко се спроведуваат.

Патоказите, посочи Маричиќ, се битни затоа што се утврдуваат сега и ги покриваат темите од Поглавјата 23 и 24, кои остануваат отворени до крајот на преговорите, а обврските што ќе бидат вметнати се долгогодишни.

Планот во патоказите е седумгодишен, значи до 2030 година, до кога ние бараме да бидат заклучени преговорите и досега имаме позитивен сигнал од страна на Европската Комисија и затоа е важно како ќе ги обликуваме, изјави Маричиќ.

Во текот на овој процес, Маричиќ нагласи дека е побарано од Холандија да испратат свој експерт, кој учествува во Работната група за патоказот за владеење на правото, а имаме и Оценска мисија за работата на Судскиот совет.

Очекуваме на крајот од овие два процеси да добиеме извештај од нивната работа. Сето она што ќе ни го дадат како препорака и упатство, планираме да го вградиме во патоказот за владеење на правото, што е еден вид на стратешки документ за следните седум години, изјави Маричиќ.

Според Маричиќ, не треба да бегаме од проблемите и треба заеднички да работиме на нивно надминување.

И за спроведување, повторно треба учество на сите. Имате партнер во Владата, тоа така и ќе остане. Сигурен сум дека со заеднички напори можеме да ја постигнеме целта и членство во ЕУ до 2030 година, но и имплементација на целите за национален развој, кои што ќе бидат вградени во Националната развојна стратегија, изјави Маричиќ.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, посочи дека очекува конструктивна дебата и да бидат разгледани предложените системски измени и целите и приоритетите што се стратешки.

Поглавјето 23 е едно од најобемните и најсложени поглавја, додека брзината и времетраењето на приговорите во оваа област директно влијаат врз напредокот во другите аспекти на преговорите со ЕУ. Функционирањето на независно и ефикасно судство има пресудно значење, непристрасноста, интегритетот и високиот стандард при донесување на одлуки од судовите се суштински за заштита на владеењето на правото. Тоа подразбира цврста посветеност за елиминирање на надворешните влијание врз судството и обезбедување на соодветни финансиски ресурси и обука, изјави Адеми.

Потребно е, посочи Адеми, силна и системска борба против корупцијата и организираниот криминал без, како што рече, пречки и без неказнување, и дека Собранието треба да биде вклучено во овој процес.

Денешната расправа на собраниската Комисија за европски прашања е во рамки на процесот на подготовка на Националната развојна стратегија и има за цел вклучување на политичките партии во процесот на креирање на стратегијата како и отворање на дискусија со претставници од академската фела, граѓанското општество, бизнис-секторот и експерти, за вклучување на различните гледишта во финалниот документ, но и да се обезбеди континуитет во имплементирањето на стратегијата.

The post Маричиќ: Со заеднички напори можеме да ја постигнеме целта и членство во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Врз основа на извештајот од скринингот на правиот кластер – темелни вредности, институциите веќе работат на креирање на патоказите за владеење на правото, за реформи на јавната администрација и за функционирање на демократските институции, од кои првите два се и формален услов за отворање на овој кластер. Формирани се работни групи на институционално ниво, кои веќе ги имаат првите верзии и интензивно се комуницира со Брисел. Во нив ќе бидат вклучени и препораките и упатствата кои ќе произлезат од Оценската мисија за работата на Судскиот совет и сето тоа, на крај ќе треба да најде место во новата Националната развојна стратегија. Ова го порача вицепремиерот Бојан Маричиќ, на јавната расправа за владеење во функција на граѓаните во рамки на Комисијата за европски прашања.
Владеењето на правото е клучна претпоставка за развој и функционирање на економијата и затоа сме должни да посветиме и повеќе внимание и посериозни мерки, за да можеме на среден и долг рок да воспоставиме систем по овие патокази, каде што нема да ни требаат дополнителни механизми за набљудување на нашиот систем на правосудство, избори и разрешувања на судиите, квалитетот на правдата и пресудите, брзината на постапките и ефикасноста во постапките, што се дел од забелешките на ЕУ, рече Маричиќ.
Важно е, нагласи, овој процес да остане отворен за сите и сите да земат активно учество, пратениците од сите политички партии, но и обвинителите, судиите, и сите кои ја претставуваат таа фела на највисоко ниво, како и академската фела и граѓанското општество.
Ова е задача за сите, затоа и се вика Национална развојна стратегија. Владата поттикнува да биде што поотворена и поинклузивна дискусијата и сите овие стратешки мерки ќе имаат смисла, само ако ги направиме така да се однесуваат на клучните проблеми и може да се применат во пракса, изјави Маричиќ, порачувајќи дека не ни треба документ што е само список на убави желби кои што тешко се спроведуваат.
Патоказите, посочи Маричиќ, се битни затоа што се утврдуваат сега и ги покриваат темите од Поглавјата 23 и 24, кои остануваат отворени до крајот на преговорите, а обврските што ќе бидат вметнати се долгогодишни.
Планот во патоказите е седумгодишен, значи до 2030 година, до кога ние бараме да бидат заклучени преговорите и досега имаме позитивен сигнал од страна на Европската Комисија и затоа е важно како ќе ги обликуваме, изјави Маричиќ.
Во текот на овој процес, Маричиќ нагласи дека е побарано од Холандија да испратат свој експерт, кој учествува во Работната група за патоказот за владеење на правото, а имаме и Оценска мисија за работата на Судскиот совет.
Очекуваме на крајот од овие два процеси да добиеме извештај од нивната работа. Сето она што ќе ни го дадат како препорака и упатство, планираме да го вградиме во патоказот за владеење на правото, што е еден вид на стратешки документ за следните седум години, изјави Маричиќ.
Според Маричиќ, не треба да бегаме од проблемите и треба заеднички да работиме на нивно надминување.
И за спроведување, повторно треба учество на сите. Имате партнер во Владата, тоа така и ќе остане. Сигурен сум дека со заеднички напори можеме да ја постигнеме целта и членство во ЕУ до 2030 година, но и имплементација на целите за национален развој, кои што ќе бидат вградени во Националната развојна стратегија, изјави Маричиќ.
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, посочи дека очекува конструктивна дебата и да бидат разгледани предложените системски измени и целите и приоритетите што се стратешки.
Поглавјето 23 е едно од најобемните и најсложени поглавја, додека брзината и времетраењето на приговорите во оваа област директно влијаат врз напредокот во другите аспекти на преговорите со ЕУ. Функционирањето на независно и ефикасно судство има пресудно значење, непристрасноста, интегритетот и високиот стандард при донесување на одлуки од судовите се суштински за заштита на владеењето на правото. Тоа подразбира цврста посветеност за елиминирање на надворешните влијание врз судството и обезбедување на соодветни финансиски ресурси и обука, изјави Адеми.
Потребно е, посочи Адеми, силна и системска борба против корупцијата и организираниот криминал без, како што рече, пречки и без неказнување, и дека Собранието треба да биде вклучено во овој процес. Денешната расправа на собраниската Комисија за европски прашања е во рамки на процесот на подготовка на Националната развојна стратегија и има за цел вклучување на политичките партии во процесот на креирање на стратегијата како и отворање на дискусија со претставници од академската фела, граѓанското општество, бизнис-секторот и експерти, за вклучување на различните гледишта во финалниот документ, но и да се обезбеди континуитет во имплементирањето на стратегијата.

The post Маричиќ: Со заеднички напори можеме да ја постигнеме целта и членство во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-od-tetovo-nasha-tsel-e-da-gi-zadrzhime-mladite-i-obrazovani-kadri-doma/ Fri, 06 Oct 2023 18:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=688723

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок.

„Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.

Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ

Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат.

На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок. „Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.   Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.   Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат. На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.    

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>