Марибор Archives - Република https://republika.mk/tema/maribor/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 13:51:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марибор Archives - Република https://republika.mk/tema/maribor/ 32 32 Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharnikarite-od-maribor-doniraa-tsreva-za-voda-motorna-pila-shlemovi-i-zashtitna-obleka-za-gostivarskite-kolegi/ Thu, 02 Nov 2023 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=697483

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски.

Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор.

Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија.

Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>

Делегација на пожарникарската служба од словенечкиот град Марибор при денешната посета на противпожарната единица во Гостивар предаде повеќе парчиња опрема кои ќе ги користат нивните колеги. Во делегацијата беше и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. Пожарникарите и амбасадорот остварија средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на која се зборувало за натамошната соработка и продлабочување на досегашните врски. Градоначалникот Таравари во изјавата за новинарите по средбата се заблагодари на донацијата од, како што рече, пријателска земја. Тој напомена дека во реализацијата посредувал и Иљаз Демири, иселеник од Гостиварско, кој четири децении со неговото семејство живее и работи во Марибор. Амбасадорот Прескер истакна дека иако е првпат во Гостивар, ја познава културата и традицијата, бидејќи имал можност да запознае многу наши сонародници кои работат во Словенија. Пожарникарите од Марибор остварија средба со нивните колеги во ПППЕ на која разменија искуства од нивниот делокруг и им ја предадоа опремата во која имаше црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека.

The post Пожарникарите од Марибор донираа црева за вода, моторна пила, шлемови и заштитна облека за гостиварските колеги appeared first on Република.

]]>
Голема потрага во Хрватска, исчезна спортски авион кој летал од Марибор кон Пула https://republika.mk/vesti/balkan/golema-potraga-vo-hrvatska-ischezna-sportski-avion-koj-letal-od-maribor-kon-pula/ Sat, 20 May 2023 15:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=643024

Денеска преку Центар 112 добивме дојава за исчезнување од радарот на спортски авион меѓу Језеран и Модруш. Веднаш е започната интензивна потрага, соопштува Хрватската планинска спасувачка служба - ХГСС.

Станува збор за спортски авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор до Пула.

Веднаш по добивањето на дојавата, на терен се испратени станиците за ХГСС Огулин, Госпиќ, Карловац и Загреб, а дополнителни сили се ставени на готовност.

Првите екипи се на терен и веќе е пребаран дел од просторот. Во потрагата моментално учествуваат вкупно 40 припадници на ХГСС од 4 станици. Дополнителни сили беа ставени во готовност.

The post Голема потрага во Хрватска, исчезна спортски авион кој летал од Марибор кон Пула appeared first on Република.

]]>

Денеска преку Центар 112 добивме дојава за исчезнување од радарот на спортски авион меѓу Језеран и Модруш. Веднаш е започната интензивна потрага, соопштува Хрватската планинска спасувачка служба - ХГСС. Станува збор за спортски авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор до Пула. Веднаш по добивањето на дојавата, на терен се испратени станиците за ХГСС Огулин, Госпиќ, Карловац и Загреб, а дополнителни сили се ставени на готовност. Првите екипи се на терен и веќе е пребаран дел од просторот. Во потрагата моментално учествуваат вкупно 40 припадници на ХГСС од 4 станици. Дополнителни сили беа ставени во готовност.    

The post Голема потрага во Хрватска, исчезна спортски авион кој летал од Марибор кон Пула appeared first on Република.

]]>
Изложба на двајца македонски фотографи во Марибор https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-dvajtsa-makedonski-fotografi-vo-maribor/ Sat, 22 Apr 2023 19:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=633084

На покана на Фото клубот „Марибор“ од Марибор, Словенија, фотографите Зоран Андонов од Тетово и Димче Коруноски од Охрид имаат заедничка фото - изложба. Авторите на поставката која беше отворена оваа недела во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор, пред словенечката публика се претставија со триесетина фотографии.

Пред словенечката публика се претставив со 15 фотографии во боја на тема „Пеливани“. Пеливанството, како вид на традиционална боречка вештина, секогаш е атрактивно како за гледања така и за фотографирање, бидејќи сета онаа физичка сила која пеливаните мораат да ја употребат во борбата, напорот, емоциите кои притоа се јавуваат на нивните лица, дава убава можност да се добијат добри фотографии. Токму затоа, а и поради тоа што за пеливанството многу малку се знае на тие простори, овие фотографии наидоа на голем интерес кај словенечката публика, вели Андонов, кој е член на Фото групата „Чкрап“ од Тетово.

Најголем предизвик на Коруноски во фотографијата се портретите и луѓето од улицата.

Претежно работам фотографии во црно - бела техника, бидејќи мислам дека на тој начин посугестивно можам да го доловам моментот на ликот кој ми позира или на минувачот кого сум го фотографирал. На овие мои 12 фотографии со кои се претставив пред словенечката публика, има портрети на професори, мои пријатели, но и на сосем непознати луѓе кои некаде сум ги сретнал и фотографирал. Посебно ми се интересни мотивите кои ги фотографирав во ромското маало во градот Лесковац во Србија, па на оваа изложба се претставив и со неколку вакви лајф фотографии, вели Коруноски, кој е претседател на Фото клубот од Охрид.

Изложбата на фотографии во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор ќе биде отворена до 8 мај 2023 година. 

The post Изложба на двајца македонски фотографи во Марибор appeared first on Република.

Расфрлани алишта и храна: Еве што остана од романскиот автобус во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/rasfrlani-alishta-i-hrana-eve-shto-ostana-od-romanskiot-avtobus-vo-slovanija/ Fri, 03 Feb 2023 10:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=604248

Романски автобус полн со патници рано утринава слета од автопатот кај Мурска Собота во Словенија.

Полициската управа Мурска Собота нешто по 5 часот добила информација за тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот меѓу Гачан и Мурска Субота во која учествувал автобус со странски таблички, објави порталот Собота.инфо.

Првите информации говореа дека загинале две лица, но подоцна бројот на жртви се зголеми на вкупно три.

Она што засега е познато е дека автобусот се движел кон Марибор и на делот од патот за село Гачани, автобусот слетал и се превртел.

Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот наутро.

The post Расфрлани алишта и храна: Еве што остана од романскиот автобус во Словенија appeared first on Република.

]]>

Романски автобус полн со патници рано утринава слета од автопатот кај Мурска Собота во Словенија. Полициската управа Мурска Собота нешто по 5 часот добила информација за тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот меѓу Гачан и Мурска Субота во која учествувал автобус со странски таблички, објави порталот Собота.инфо. Првите информации говореа дека загинале две лица, но подоцна бројот на жртви се зголеми на вкупно три. Она што засега е познато е дека автобусот се движел кон Марибор и на делот од патот за село Гачани, автобусот слетал и се превртел. Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот наутро.

The post Расфрлани алишта и храна: Еве што остана од романскиот автобус во Словенија appeared first on Република.

]]>
Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор https://republika.mk/vesti/balkan/najmalku-trojtsa-zaginati-vo-avtobuska-nesreka-kaj-maribor/ Fri, 03 Feb 2023 09:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=604196

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешката автобуска несреќа што се случила утрово неколку минути по 5 часот на помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор во Словенија, јавува „24ур“.

Како што соопшти полициската управа од Мурска Собота, во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички.

Увидот на местото на несреќата е во тек, а повеќе информации ќе има по завршувањето. Се уште не е позната причината за несреќата.

The post Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешката автобуска несреќа што се случила утрово неколку минути по 5 часот на помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор во Словенија, јавува „24ур“. Како што соопшти полициската управа од Мурска Собота, во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички. Увидот на местото на несреќата е во тек, а повеќе информации ќе има по завршувањето. Се уште не е позната причината за несреќата.  

The post Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор appeared first on Република.

]]>