мапа Archives - Република https://republika.mk/tema/mapa/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 10:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мапа Archives - Република https://republika.mk/tema/mapa/ 32 32 Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-mapira-rechisi-700-javni-objekti-koi-se-great-na-nafta-i-mazut-poveke-od-100-se-vo-skopje/ Wed, 25 Oct 2023 10:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=694849

Иницијативата која има три советници во Советот на Центар, Шанса за Центар, информира дека мапирала јавни објекти загадувачи низ цела Македонија.

Нов Буџет, нова зима, ново загадување, нова шанса: Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена!, велат од Шанса за Центар.

Од таму посочуваат дека се подготвува новиот државен буџет за 2024 година, што е можност граѓаните да се обратат до пратениците од секоја изборна единица и заедно да се притиска за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот.

И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти, стои во соопштението.

Иницијативата е децидна – во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Па, нагласуваат дека тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа.

Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. По скопското мапирање, продолживме со обележување на такви објекти низ цела Македонија. Најдовме близу 700 такви објекти!“, потенцираат од Шанса за Центар.

Според нив, нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме! За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра“, забележуваат од иницијативата.

Оттука, повикуваат да се притиснат пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во Буџетот за 2024-та во нивните изборни единици, за да се даде шанса на сите општини да станат почисти.

The post Шанса за Центар мапира речиси 700 јавни објекти кои се греат на нафта и мазут, повеќе од 100 се во Скопје appeared first on Република.

]]>

Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период https://republika.mk/vesti/kultura/promovirana-mapa-so-nad-sto-objekti-od-nedvizhnoto-kulturno-nasledstvo-na-bitola-od-osmanliskiot-period/ Fri, 28 Jul 2023 16:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=666364

Македонската јавност денеска прв пат се информира за недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период кое располага со над 100 мекогашни и сегашни објекти во градот.

Проектот го презентираше тим предводен од Виктор Трајановски, доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ-Скопје.

The post Промовирана мапа со над сто објекти од недвижното културно наследство на Битола од Османлискиот период appeared first on Република.

Maкедонија цела ќе е: Објавена мапа како ќе изгледа Европа во следните 50 години https://republika.mk/vesti/svet/makedonija-tsela-ke-e-objavena-mapa-kako-ke-izgleda-evropa-vo-slednite-50-godini/ Tue, 07 Mar 2023 09:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=616734

„Голема карта на поделба на Европа според културно-просторни критериуми“ сподели на Твитер луксембуршкиот политиколог Флоријан Бибер со коментар дека ја цени „германската прецизност“, но дека идејата може да повлече јасни граници меѓу културните области.

Се предлага да се подели континентот на Западна, Северна, Јужна, Централна, Југоисточна и Источна Европа, со територијата на неколку земји да се протега на неколку региони.

Така, според картата, северниот дел на Србија, односно поголемиот дел од Војводина, би припаѓал на Централна Европа, а Македонија на Југоисточна.

Авторот на картата е Постојаниот комитет за географски имиња (StAGN), тело кое се занимава со стандардизација на географските имиња на германскиот јазик. Тоа е независен академски комитет без суверени функции, а во него членуваат научници од Германија, Австрија, Швајцарија и други земји од германско говорно подрачје.

Поделбата била инспирирана од работата на австрискиот истражувач Питер Џордан, кој сакал да создаде модел на културни простори што „ги исклучува националните и политичките фактори“.

The post Maкедонија цела ќе е: Објавена мапа како ќе изгледа Европа во следните 50 години appeared first on Република.

]]>

„Голема карта на поделба на Европа според културно-просторни критериуми“ сподели на Твитер луксембуршкиот политиколог Флоријан Бибер со коментар дека ја цени „германската прецизност“, но дека идејата може да повлече јасни граници меѓу културните области. Се предлага да се подели континентот на Западна, Северна, Јужна, Централна, Југоисточна и Источна Европа, со територијата на неколку земји да се протега на неколку региони. Така, според картата, северниот дел на Србија, односно поголемиот дел од Војводина, би припаѓал на Централна Европа, а Македонија на Југоисточна. Авторот на картата е Постојаниот комитет за географски имиња (StAGN), тело кое се занимава со стандардизација на географските имиња на германскиот јазик. Тоа е независен академски комитет без суверени функции, а во него членуваат научници од Германија, Австрија, Швајцарија и други земји од германско говорно подрачје. Поделбата била инспирирана од работата на австрискиот истражувач Питер Џордан, кој сакал да создаде модел на културни простори што „ги исклучува националните и политичките фактори“.

The post Maкедонија цела ќе е: Објавена мапа како ќе изгледа Европа во следните 50 години appeared first on Република.

]]>
Стара нацистичка мапа поттикна лов на богатство во Холандија https://republika.mk/vesti/svet/stara-natsistichka-mapa-pottikna-lov-na-bogatstvo-vo-holandija/ Sat, 07 Jan 2023 20:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=594420

Стара мапа за која се верува дека го означува местото каде германските војници криеле богатство вредно милиони евра во Втората светска војна, оваа недела ја разбуди имагинацијата на аматерски ловци на богатство во Холандија.

Вооружени со детектори за метал и лопати, групи талкаа по полињата околу руралниот Омерен на истокот од земјата, откако Холандскиот национален архив објави мапа во вторникот.

Архивот соопшти дека се верува дека мапата покажува каде нацистичките војници криеле четири големи кутии полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и секаков вид накит ограбен по експлозијата на банка во август 1944 година.

Мапата била набавена од германски војник набргу по војната од холандски институт задолжен за следење на германскиот главен град во Холандија откако земјата била ослободена од нацистичката окупација во 1945 година.

Мапата беше објавена оваа недела бидејќи истече максималниот период од 75 години во кој требаше да се чува доверливо.

Иако постоењето на богатството никогаш не можеше целосно да се потврди, институтот направи различни неуспешни обиди да го пронајде во 1947 година, изјави за Ројтерс портпаролката на Националниот архив Ен-Марике Самсон.

Но, малите шанси за пронаоѓање на богатството не ги одвратиле аматерските копачи на злато.

„Мапата со ред од три дрвја и црвен крст што го означува местото каде што се претпоставува дека е скриено богатството ја поттикнува фантазијата“, рече поранешниот градоначалник на Омерен, Клас Тамес, кој сега раководи со фондација која ја поседува земјата каде што може да биде скриено богатството.

„Ако некој најде нешто, ќе треба да ни пријави, па ќе видиме. Но, не би очекувал дека ќе биде лесно“, додаде тој.

The post Стара нацистичка мапа поттикна лов на богатство во Холандија appeared first on Република.

]]>

Стара мапа за која се верува дека го означува местото каде германските војници криеле богатство вредно милиони евра во Втората светска војна, оваа недела ја разбуди имагинацијата на аматерски ловци на богатство во Холандија. Вооружени со детектори за метал и лопати, групи талкаа по полињата околу руралниот Омерен на истокот од земјата, откако Холандскиот национален архив објави мапа во вторникот. Архивот соопшти дека се верува дека мапата покажува каде нацистичките војници криеле четири големи кутии полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и секаков вид накит ограбен по експлозијата на банка во август 1944 година. Мапата била набавена од германски војник набргу по војната од холандски институт задолжен за следење на германскиот главен град во Холандија откако земјата била ослободена од нацистичката окупација во 1945 година. Мапата беше објавена оваа недела бидејќи истече максималниот период од 75 години во кој требаше да се чува доверливо. Иако постоењето на богатството никогаш не можеше целосно да се потврди, институтот направи различни неуспешни обиди да го пронајде во 1947 година, изјави за Ројтерс портпаролката на Националниот архив Ен-Марике Самсон. Но, малите шанси за пронаоѓање на богатството не ги одвратиле аматерските копачи на злато. „Мапата со ред од три дрвја и црвен крст што го означува местото каде што се претпоставува дека е скриено богатството ја поттикнува фантазијата“, рече поранешниот градоначалник на Омерен, Клас Тамес, кој сега раководи со фондација која ја поседува земјата каде што може да биде скриено богатството. „Ако некој најде нешто, ќе треба да ни пријави, па ќе видиме. Но, не би очекувал дека ќе биде лесно“, додаде тој.

The post Стара нацистичка мапа поттикна лов на богатство во Холандија appeared first on Република.

]]>
Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/natprevaruvachite-kje-trchaat-po-novi-pateki-na-ovogodineshnoto-izdanie-na-skopski-maraton/ Tue, 06 Sep 2022 12:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=547967

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот.

Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија.

Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот. Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија. Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/institutot-za-vojna-objavi-mapa-na-voenite-sluchuvanja-vo-donbas/ Thu, 02 Jun 2022 12:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=510170

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, во која ги споделува информациите од терен за борбите во регионот на Донбас.

Според овој извештај, руските сили се обидуваат да напредуваат кон Лисичанск од југ и запад, со цел да избегнат борби преку реката Северски Донецк кај Северодонецк.

Институтот додава дека руските сили досега имале „ограничен успех“.

https://twitter.com/TheStudyofWar/status/1532144425068945408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532144425068945408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F636320%2Fukrajina-rusija-rat-sukob%2Fvest

Од Институтот додаваат дека од 20 мај, руските сили напредуваат северно и западно од Попасна, иако не се наведува динамиката на руското напредување.

The post Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас appeared first on Република.

]]>

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, во која ги споделува информациите од терен за борбите во регионот на Донбас. Според овој извештај, руските сили се обидуваат да напредуваат кон Лисичанск од југ и запад, со цел да избегнат борби преку реката Северски Донецк кај Северодонецк. Институтот додава дека руските сили досега имале „ограничен успех“. https://twitter.com/TheStudyofWar/status/1532144425068945408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532144425068945408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F636320%2Fukrajina-rusija-rat-sukob%2Fvest Од Институтот додаваат дека од 20 мај, руските сили напредуваат северно и западно од Попасна, иако не се наведува динамиката на руското напредување.

The post Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас appeared first on Република.

]]>
Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ https://republika.mk/vesti/svet/objavena-tajna-mapa-na-industriskiot-kompleks-azovstal/ Mon, 09 May 2022 08:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=499778

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“, Александар Сафулин, го обајви планот на територијата на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол.

Како што објаснуваат од медиумот, тајната мапа на индустрискиот комлекс била добиена од раководството на руските сили коишто се обидуваат да ја заземат челичарницата.

The post Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“, Александар Сафулин, го обајви планот на територијата на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол. Како што објаснуваат од медиумот, тајната мапа на индустрискиот комлекс била добиена од раководството на руските сили коишто се обидуваат да ја заземат челичарницата.

The post Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>
Лукашенко случајно откри уште една мета на Путин https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-sluchajno-otkri-ushte-edna-meta-na-putin/ Wed, 02 Mar 2022 16:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=466589

За време на вчерашното обраќање пред Советот за безбедност, белорускиот претседател и сојузник на Владимир Путин, Александар Лукашенко пред мапа со стап го прикажуваше планираното движење на војниците и целите во Украина. Но, според „Индекс“, така тој случајно откри уште една можна цел на Путин - напад врз Молдавија.

На картата е прикажано и движењето на војниците од Одеса кон крајниот југозапад на Украина, кон Молдавија, пишува порталот.

Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан на „Твитер“ вели дека мапата изгледа како вистинската карта на инвазијата.

На неа се прикажани воените објекти на Украина уништени со проектили кои доаѓаа од Белорусија и насоките за нападот. Украина е поделена на четири сектори на картата, пишува тој, додавајќи дека единствено отскокнува нападот од Одеса врз Молдавија.

Аналитичарот Денис Казакијевиќ, исто така предупреди дека мапата на Лукашенко изгледа како вистинска карта на инвазијата.

The post Лукашенко случајно откри уште една мета на Путин appeared first on Република.

]]>

За време на вчерашното обраќање пред Советот за безбедност, белорускиот претседател и сојузник на Владимир Путин, Александар Лукашенко пред мапа со стап го прикажуваше планираното движење на војниците и целите во Украина. Но, според „Индекс“, така тој случајно откри уште една можна цел на Путин - напад врз Молдавија. На картата е прикажано и движењето на војниците од Одеса кон крајниот југозапад на Украина, кон Молдавија, пишува порталот. Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан на „Твитер“ вели дека мапата изгледа како вистинската карта на инвазијата.
На неа се прикажани воените објекти на Украина уништени со проектили кои доаѓаа од Белорусија и насоките за нападот. Украина е поделена на четири сектори на картата, пишува тој, додавајќи дека единствено отскокнува нападот од Одеса врз Молдавија.
Аналитичарот Денис Казакијевиќ, исто така предупреди дека мапата на Лукашенко изгледа како вистинска карта на инвазијата.

The post Лукашенко случајно откри уште една мета на Путин appeared first on Република.

]]>
Објавена нова Ковид-19 карта на Европа: „Гори“ речиси целиот континент https://republika.mk/vesti/svet/objavena-nova-kovid-19-karta-na-evropa-gori-rechisi-celiot-kontinent/ Thu, 13 Jan 2022 13:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=444163

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на Ковид-19 на Европа.

Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, со неколку исклучоци.

Имено, како што може да се види на мапата, трите земји се уште не се целосно во најлош степен – тоа се делови од Полска, Романија и Унгарија. Картата на коронавирусот покажува 14-дневна инфекција на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот на ризик.

Црвената ги означува областите каде стапката на 14 дена е од 75 до 200 со позитивен удел од повеќе од четири проценти, како и оние каде стапката на 14 дена е од 200 до 500.

Темно црвените области се оние каде стапката на 14 дена е поголема од 500.

Во моментов, ниту еден дел од Европа не е обоен со зелена боја, што укажува на стапка на инфекција под 50 и помалку од еден процент.

Да потсетиме, оваа карта е најважната карта за коронавирусот во Европската унија, според која земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги утврдуваат правилата за влез од одредена земја токму според бојата што ја има земјата на оваа карта.

The post Објавена нова Ковид-19 карта на Европа: „Гори“ речиси целиот континент appeared first on Република.

]]>

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на Ковид-19 на Европа. Речиси цела Европа е во иста, темноцрвена боја, со неколку исклучоци. Имено, како што може да се види на мапата, трите земји се уште не се целосно во најлош степен – тоа се делови од Полска, Романија и Унгарија. Картата на коронавирусот покажува 14-дневна инфекција на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот на ризик. Црвената ги означува областите каде стапката на 14 дена е од 75 до 200 со позитивен удел од повеќе од четири проценти, како и оние каде стапката на 14 дена е од 200 до 500. Темно црвените области се оние каде стапката на 14 дена е поголема од 500. Во моментов, ниту еден дел од Европа не е обоен со зелена боја, што укажува на стапка на инфекција под 50 и помалку од еден процент. Да потсетиме, оваа карта е најважната карта за коронавирусот во Европската унија, според која земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги утврдуваат правилата за влез од одредена земја токму според бојата што ја има земјата на оваа карта.

The post Објавена нова Ковид-19 карта на Европа: „Гори“ речиси целиот континент appeared first on Република.

]]>