Ману Чао Archives - Република https://republika.mk/tema/manu-chao/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 22:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ману Чао Archives - Република https://republika.mk/tema/manu-chao/ 32 32 Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина https://republika.mk/scena/muzika/muzichko-uzivanje-do-maksimum-na-manu-chao-ne-mu-se-zaminuvashe-od-bina/ Tue, 27 Sep 2022 12:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=554761

Позитивна атмосфера, многу топлина и емоции и апсолутно никаква желба за музичката дружба да заврши...

Ману Чао и присутните во МКЦ на неговиот концерт во рамки на фестивалот Таксират, покажаа дека негуваат взаемна почит која доведе до тоа легендарниот музичар и неговите двајца соработници, гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито), да го продолжуваат бисот одново и одново, па со несмален интензитет позитивната атмосфера и интеракцијата меѓу бината и публиката се приближи и до два ипол часа.

Толку време во салата во МКЦ владееја доброто расположение од одличната музика, веселите луѓе и среќните лица... Едноставно, атмосфера која ги понесе и триото на бината и публиката, па ни едните ни другите не покажуваа ни грам желба да го прекинат музичкото дружење.

Па, дури и кога концертот конечно заврши, голем дел од присутните продолжија да танцуваат и да пејат на заразниот и весел ритам на музиката на Ману Чао, која продолжи од звучниците во салата во МКЦ.

Со ваквиот свој настап, Ману Чао целосно ги исполни очекувањата и потврди зошто е еден од милениците и најдраги гости на скопската публика.

Се на се, за настапот на Ману Чао на Таксират слободно може да се каже дека е многу високо на скалилото на најдобри музички случувања во Македонија оваа година.

The post Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина appeared first on Република.

]]>

Позитивна атмосфера, многу топлина и емоции и апсолутно никаква желба за музичката дружба да заврши... Ману Чао и присутните во МКЦ на неговиот концерт во рамки на фестивалот Таксират, покажаа дека негуваат взаемна почит која доведе до тоа легендарниот музичар и неговите двајца соработници, гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито), да го продолжуваат бисот одново и одново, па со несмален интензитет позитивната атмосфера и интеракцијата меѓу бината и публиката се приближи и до два ипол часа. Толку време во салата во МКЦ владееја доброто расположение од одличната музика, веселите луѓе и среќните лица... Едноставно, атмосфера која ги понесе и триото на бината и публиката, па ни едните ни другите не покажуваа ни грам желба да го прекинат музичкото дружење. Па, дури и кога концертот конечно заврши, голем дел од присутните продолжија да танцуваат и да пејат на заразниот и весел ритам на музиката на Ману Чао, која продолжи од звучниците во салата во МКЦ. Со ваквиот свој настап, Ману Чао целосно ги исполни очекувањата и потврди зошто е еден од милениците и најдраги гости на скопската публика. Се на се, за настапот на Ману Чао на Таксират слободно може да се каже дека е многу високо на скалилото на најдобри музички случувања во Македонија оваа година.

The post Музичко уживање до максимум: На Ману Чао не му се заминуваше од бина appeared first on Република.

]]>
Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират https://republika.mk/scena/muzika/ostanuvaat-ushte-samo-300-bileti-za-manu-chao-na-taksirat/ Fri, 16 Sep 2022 08:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=551278

Распродаден е и вториот контингент од билетите за настапот на Ману Чао на фестивалот Таксират, информираа од „Пасворд продукција“.

Организаторите на фестивалот информираат дека во продажба се останати само уште 300 влезници, коишто се продаваат по цена од 900 денари.

Ману Чао на Таксират ќе се претстави со акустичен концерт, што ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар.

https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

 

The post Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират appeared first on Република.

]]>

Распродаден е и вториот контингент од билетите за настапот на Ману Чао на фестивалот Таксират, информираа од „Пасворд продукција“. Организаторите на фестивалот информираат дека во продажба се останати само уште 300 влезници, коишто се продаваат по цена од 900 денари. Ману Чао на Таксират ќе се претстави со акустичен концерт, што ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар. https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/  

The post Остануваат уште само 300 билети за Ману Чао на Таксират appeared first on Република.

]]>
Ќе го слушнеме на 26 септември во Скопје: Се сеќавате ли на овој хит на Ману Чао https://republika.mk/scena/muzika/kje-go-slushneme-na-26-septemvri-vo-skopje-se-sekjavate-li-na-ovoj-hit-na-manu-chao/ Wed, 14 Sep 2022 12:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=550736

Во пресрет на настапот на Ману Чао во Скопје на 26 септември да се потсетиме на безвременскиот хит на Шпанецот „Мала Вида.

Неговиот настап се очекува со нетрпение од скопската публика.

https://www.youtube.com/watch?v=rc_JlAbCEeM

https://republika.mk/scena/muzika/biletite-za-nastapot-na-manu-chao-na-taksirat-odat-kako-alva/

The post Ќе го слушнеме на 26 септември во Скопје: Се сеќавате ли на овој хит на Ману Чао appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на настапот на Ману Чао во Скопје на 26 септември да се потсетиме на безвременскиот хит на Шпанецот „Мала Вида. Неговиот настап се очекува со нетрпение од скопската публика. https://www.youtube.com/watch?v=rc_JlAbCEeM https://republika.mk/scena/muzika/biletite-za-nastapot-na-manu-chao-na-taksirat-odat-kako-alva/

The post Ќе го слушнеме на 26 септември во Скопје: Се сеќавате ли на овој хит на Ману Чао appeared first on Република.

]]>
Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ https://republika.mk/scena/muzika/biletite-za-nastapot-na-manu-chao-na-taksirat-odat-kako-alva/ Wed, 14 Sep 2022 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=550651

Концертот на Ману Чао, кој ќе настапи со акустичен концерт, што ќе се одржи во амки на фестивалот Таксират на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, предизвикува голем интерес во јавноста.

Само еден ден откако беа пуштени во продажба првите 200 билети со промотивна цена од 700 денари, сите влезници се распродадени. По ваквиот интерес, сега во продажба се билети со цена од 800 денари достапни за купување во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија.
Концертот на Ману Чао во Скопје .

Покрај овој концерт, што е во организација на „Пасворд Продакшн“ и е дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал.

https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

The post Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ appeared first on Република.

]]>

Концертот на Ману Чао, кој ќе настапи со акустичен концерт, што ќе се одржи во амки на фестивалот Таксират на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, предизвикува голем интерес во јавноста. Само еден ден откако беа пуштени во продажба првите 200 билети со промотивна цена од 700 денари, сите влезници се распродадени. По ваквиот интерес, сега во продажба се билети со цена од 800 денари достапни за купување во продажната мрежа на МкТикетс низ Македонија. Концертот на Ману Чао во Скопје . Покрај овој концерт, што е во организација на „Пасворд Продакшн“ и е дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал. https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/

The post Билетите за настапот на Ману Чао на Таксират одат „како алва“ appeared first on Република.

]]>
Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап https://republika.mk/scena/muzika/manu-chao-doagja-na-taksirat-so-ekipa-podgotvena-za-akustichen-nastap/ Tue, 13 Sep 2022 18:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=550646

Ману Чао пристигнува во Скопје со акустичен концерт кој ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, во склоп на програмата на Таксират фестивал.

За концертот на Ману Чао во Скопје, билетите се веќе пуштени во продажба. Првите 200 купени билети беа со најповолна цена од 700 денари, а веќе достапни за купување во продажната мрежа на „МкТикетс“ низ Македонија се билети од втората група со цена од по 800 денари.

Покрај овој концерт, дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал.

Француско-шпанскиот уметник Ману Чао е култно име на бунтовната музика и еден од најважните гласови на музиката на светот, а привилегија на публиката на Таксират е што во својата мапа на секогаш внимателно избрани места за свирење големиот Ману Чао упорно инсистира на Скопје! Неговиот прв настап во Македонија се одржа во 2002 година и остана запаметен како еден од најдобрите што ги има видено македонската публика. Од тој посебен момент Ману Чао важи за другар на Таксират, на Скопје и на Македонија, а секое негово навраќање кај нас носи обострана неизмерна радост, како што впрочем и самиот напиша во најавата за овој концерт.

Во својата музика тој спојува различни култури и влијанија, панк, рок, ска, реге, салса и традиционални песни во кои го пренесува пркосот кон предизвиците на денешниот свет. Од имиграција до консумеризам и глобализација. Од основањето на славната група „Мано Негра“ во 1987 година до денес, Ману Чао е уметникот кој ги наполни дури и најголемите стадиони ширум светот, продаде милиони албуми и сними безброј хитови кои се искачија на врвот на топ листите, особено во земјите од Европа и Латинска Америка, како што се „Clandestino“, „Bongo Bong“, „Me Gustas Tu“, „Mala Vida“ и многу други. Тој е револуционерно продорен и подеднакво мирољубив музичар, пејач, гитарист, текстописец, полиглот, патник и активист кој го започна латинското алтернативно движење во 80-тите и ги надмина музичките стилови и географските граници во неговата музика. Без разлика дали тој настапува со „Мано Негра“, „Радио Бемба“ или „Ла Вентура“, атмосферата и енергијата на неговите концерти се практично неспоредливи.

Овој пат, Ману Чао пред својата публика се враќа во акустична постава. Заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито, член на Mano Negra и Radio Bemba), Ману сега патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од стотици илјади и по правило во мали концертни простори кои веднаш се распродаваат.

Веќе се распродадени и сите претходно најавени концерти на Ману Чао во регионов, а меѓу нив рекорден е белградскиот настап за кој билетите се распродадоа за помалку од 24 часа.

The post Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап appeared first on Република.

]]>

Ману Чао пристигнува во Скопје со акустичен концерт кој ќе се одржи на 26 септември со почеток во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар, во склоп на програмата на Таксират фестивал. За концертот на Ману Чао во Скопје, билетите се веќе пуштени во продажба. Првите 200 купени билети беа со најповолна цена од 700 денари, а веќе достапни за купување во продажната мрежа на „МкТикетс“ низ Македонија се билети од втората група со цена од по 800 денари. Покрај овој концерт, дел од годинашното, 24-то издание на „Таксират“ беа и двата распродадени концерти на светскиот музички феномен „Дед Кен Денс“ кој во мај годинава за прв пат настапи кај нас, а наскоро ќе бидат објавени уште многу нови изведувачи и настани во рамките на Таксират Фестивал. Француско-шпанскиот уметник Ману Чао е култно име на бунтовната музика и еден од најважните гласови на музиката на светот, а привилегија на публиката на Таксират е што во својата мапа на секогаш внимателно избрани места за свирење големиот Ману Чао упорно инсистира на Скопје! Неговиот прв настап во Македонија се одржа во 2002 година и остана запаметен како еден од најдобрите што ги има видено македонската публика. Од тој посебен момент Ману Чао важи за другар на Таксират, на Скопје и на Македонија, а секое негово навраќање кај нас носи обострана неизмерна радост, како што впрочем и самиот напиша во најавата за овој концерт. Во својата музика тој спојува различни култури и влијанија, панк, рок, ска, реге, салса и традиционални песни во кои го пренесува пркосот кон предизвиците на денешниот свет. Од имиграција до консумеризам и глобализација. Од основањето на славната група „Мано Негра“ во 1987 година до денес, Ману Чао е уметникот кој ги наполни дури и најголемите стадиони ширум светот, продаде милиони албуми и сними безброј хитови кои се искачија на врвот на топ листите, особено во земјите од Европа и Латинска Америка, како што се „Clandestino“, „Bongo Bong“, „Me Gustas Tu“, „Mala Vida“ и многу други. Тој е револуционерно продорен и подеднакво мирољубив музичар, пејач, гитарист, текстописец, полиглот, патник и активист кој го започна латинското алтернативно движење во 80-тите и ги надмина музичките стилови и географските граници во неговата музика. Без разлика дали тој настапува со „Мано Негра“, „Радио Бемба“ или „Ла Вентура“, атмосферата и енергијата на неговите концерти се практично неспоредливи. Овој пат, Ману Чао пред својата публика се враќа во акустична постава. Заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито, член на Mano Negra и Radio Bemba), Ману сега патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од стотици илјади и по правило во мали концертни простори кои веднаш се распродаваат. Веќе се распродадени и сите претходно најавени концерти на Ману Чао во регионов, а меѓу нив рекорден е белградскиот настап за кој билетите се распродадоа за помалку од 24 часа.

The post Ману Чао доаѓа на Таксират со екипа подготвена за акустичен настап appeared first on Република.

]]>