мандат Archives - Република https://republika.mk/tema/mandat/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 12:43:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мандат Archives - Република https://republika.mk/tema/mandat/ 32 32 Советот на ЕУ му го продолжи мандатот на Лајчак https://republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-mu-go-prodolzhi-mandatot-na-lajchak/ Sat, 06 Jul 2024 12:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=794030

Советот на Европската унија му го продолжи мандатот на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, до јануари следната година.

Како што јави радио Слободна Европа, одлуката била донесена на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одржан на 4 јули.

Продолжувањето на мандатот на Лајчак доаѓа на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

За наследникот на Лајчак ќе одлучува наследникот на Борел, а за таа функција е предложена естонската премиерка Каја Калас.

За да се потврди нејзината позиција, потребна е согласност од Европскиот парламент, кој гласа за структурата на новата Европска комисија.

The post Советот на ЕУ му го продолжи мандатот на Лајчак appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската унија му го продолжи мандатот на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, до јануари следната година. Како што јави радио Слободна Европа, одлуката била донесена на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одржан на 4 јули. Продолжувањето на мандатот на Лајчак доаѓа на барање на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. За наследникот на Лајчак ќе одлучува наследникот на Борел, а за таа функција е предложена естонската премиерка Каја Калас. За да се потврди нејзината позиција, потребна е согласност од Европскиот парламент, кој гласа за структурата на новата Европска комисија.

The post Советот на ЕУ му го продолжи мандатот на Лајчак appeared first on Република.

]]>
Мандатот за состав на нова Влада десет дена по конституирањето на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/mandatot-za-sostav-na-nova-vlada-deset-dena-po-konstituiraneto-na-sobranieto/ Thu, 09 May 2024 07:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=776140

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Седниците за инаугурација на новиот претседател и за конституирање на новиот собраниски состав треба да ги свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

The post Мандатот за состав на нова Влада десет дена по конституирањето на Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седниците за инаугурација на новиот претседател и за конституирање на новиот собраниски состав треба да ги свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

The post Мандатот за состав на нова Влада десет дена по конституирањето на Собранието appeared first on Република.

]]>
Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери за преодна Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-mu-go-vrachi-mandatot-na-talat-dhaferi-za-preodna-vlada/ Fri, 26 Jan 2024 14:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=737178

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори.

По добивањето на мандатот, Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата.

Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата, рече Џафери.

Тој додаде дека се надева оти ќе креира соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните.

Собранието во рамки на 139. седница денеска ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а во рамки на седницата пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието.

Седницата за избор на преодната Влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за во недела, 28 јануари.

The post Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери за преодна Влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори. По добивањето на мандатот, Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата.
Со задоволство и потполна одговорност го примам мандатот од претседателот на државата, со ветување дека совесно и врз основа на законите и Уставот, составот на Владата и преговорите за составот на Владата ќе се одвиваат соодветно на политичката потреба и состојба во државата, рече Џафери.
Тој додаде дека се надева оти ќе креира соодветен состав на Владата со соодветни обврски, надлежности и одговорности кон граѓаните. Собранието во рамки на 139. седница денеска ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а во рамки на седницата пратеникот Јован Митрески од СДСМ беше избран за претседател на Собранието. Седницата за избор на преодната Влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за во недела, 28 јануари.

The post Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери за преодна Влада appeared first on Република.

]]>
На Јовески му истекува мандатот идниот месец: Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител https://republika.mk/vesti/makedonija/na-joveski-mu-istekuva-mandatot-idniot-mesets-pochnuva-postapkata-za-izbor-na-nov-drzhaven-javen-obvinitel/ Wed, 29 Nov 2023 10:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=717497

Огласот за нов државен јавен обвинител, Собранието го објави денеска во Службен весник и во два дневни весника, откако во понеделникот пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител. На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува следниот месец.

Според Законот за јавно обвинителство се предвидува рокот за пријавување на кандидатите да е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. За јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

Во меѓувреме, во Собранието пратениците од албанскиот опозициски блок поднесоа интерпелација за Јовески со клучна забелешка во однос на истрагата за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово што се случи во септември 2021 годдина, во кој загинаа 14 пациенти.

The post На Јовески му истекува мандатот идниот месец: Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

Огласот за нов државен јавен обвинител, Собранието го објави денеска во Службен весник и во два дневни весника, откако во понеделникот пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител. На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува следниот месец. Според Законот за јавно обвинителство се предвидува рокот за пријавување на кандидатите да е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. За јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието. Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители. Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот. Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година. Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во меѓувреме, во Собранието пратениците од албанскиот опозициски блок поднесоа интерпелација за Јовески со клучна забелешка во однос на истрагата за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово што се случи во септември 2021 годдина, во кој загинаа 14 пациенти.

The post На Јовески му истекува мандатот идниот месец: Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-otsenka-za-mojot-mandat-ke-dadat-graganite/ Wed, 01 Nov 2023 21:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=697231

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за ТВ Шења беше запрашан за неговите намери за кандидатура за втор мандат, при што тој истакна дека му е важна и партиската, но и граѓанската поддршка.

Претседателот изјави дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанаа зад неговата кандидатура на претходните избори, но истакна дека еднакво значајна му е и поддршката од оние граѓани кои не се членови на политички партии, од лицата кои се неопределени или кои ретко излегуваат на гласање, или пак сметаат дека сите политичари се исти и нивниот глас нема да направи разлика.

Тој дополни дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните.

 

The post Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за ТВ Шења беше запрашан за неговите намери за кандидатура за втор мандат, при што тој истакна дека му е важна и партиската, но и граѓанската поддршка. Претседателот изјави дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанаа зад неговата кандидатура на претходните избори, но истакна дека еднакво значајна му е и поддршката од оние граѓани кои не се членови на политички партии, од лицата кои се неопределени или кои ретко излегуваат на гласање, или пак сметаат дека сите политичари се исти и нивниот глас нема да направи разлика. Тој дополни дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните.  

The post Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните appeared first on Република.

]]>
Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика https://republika.mk/vesti/makedonija/bislimoski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-regulatornata-komisija-za-energetika/ Wed, 26 Jul 2023 13:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=665582

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Собранието на Република Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.

Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан.

Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти.

За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева.

Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

The post Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика appeared first on Република.

]]>

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема. Собранието на Република Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан. Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти. За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева. Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

The post Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика appeared first on Република.

]]>
Румен Радев ѝ го врачи вториот мандат за формирање влада на Продолжуваме со промената https://republika.mk/vesti/balkan/rumen-radev-go-vrachi-vtoriot-mandat-za-formirane-vlada-na-prodolzhuvame-so-promenata/ Wed, 04 Jan 2023 17:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=593685

Четири месеци по парламентарните избори во Бугарија, претседателот Румен Радев му го врачи вториот мандат за формирање влада на академик Николај Денков, номиниран за премиер од Продолжуваме со промената, втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание.

Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува Продолжуваме со промената ќе ја побараат потребната собраниска поддршка.

Денков рече дека во име на Продолжуваме со промената го прифаќа вториот мандат со јасна свест дека задачата е исклучително тешка и рече дека се убедени дека мора да се направи сѐ што е потребно за да се формира влада.

Денков го информирал претседателот на Бугарија дека одржале консултации со три парламентарни партии – Демократска Бугарија, БСП и Бугарски подем.

Продолжуваме со промената ќе поднесе декларација со националните приоритети до 48. Народно собрание и при гласањето ќе се види дали има мнозинство за поддршка на нивната влада, објасни кандидатот за премиер Николај Денков.

Се очекува гласањето за декларацијата да се одржи утре во Народното собрание на Бугарија, но рокот за враќање на вториот мандат, според бугарскиот устав, истекува на 12 јануари.

Бугарските пратеници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на ГЕРБ-СДС на проф. Николај Габровски, кој го доби првиот мандат за формирање влада. За него гласаа 113 пратеници, против беа 125. Поддршка за кандидатурата на проф. Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС стигна од пратеничката група на ГЕРБ, ПГ на ДПС, како и ПГ на Бугарски подем, но гласовите на пратениците од овие партии не беа доволни.

The post Румен Радев ѝ го врачи вториот мандат за формирање влада на Продолжуваме со промената appeared first on Република.

]]>

Четири месеци по парламентарните избори во Бугарија, претседателот Румен Радев му го врачи вториот мандат за формирање влада на академик Николај Денков, номиниран за премиер од Продолжуваме со промената, втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание. Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува Продолжуваме со промената ќе ја побараат потребната собраниска поддршка. Денков рече дека во име на Продолжуваме со промената го прифаќа вториот мандат со јасна свест дека задачата е исклучително тешка и рече дека се убедени дека мора да се направи сѐ што е потребно за да се формира влада. Денков го информирал претседателот на Бугарија дека одржале консултации со три парламентарни партии – Демократска Бугарија, БСП и Бугарски подем.
Продолжуваме со промената ќе поднесе декларација со националните приоритети до 48. Народно собрание и при гласањето ќе се види дали има мнозинство за поддршка на нивната влада, објасни кандидатот за премиер Николај Денков.
Се очекува гласањето за декларацијата да се одржи утре во Народното собрание на Бугарија, но рокот за враќање на вториот мандат, според бугарскиот устав, истекува на 12 јануари. Бугарските пратеници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на ГЕРБ-СДС на проф. Николај Габровски, кој го доби првиот мандат за формирање влада. За него гласаа 113 пратеници, против беа 125. Поддршка за кандидатурата на проф. Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС стигна од пратеничката група на ГЕРБ, ПГ на ДПС, како и ПГ на Бугарски подем, но гласовите на пратениците од овие партии не беа доволни.

The post Румен Радев ѝ го врачи вториот мандат за формирање влада на Продолжуваме со промената appeared first on Република.

]]>
Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП https://republika.mk/vesti/balkan/radev-odluchi-da-go-dodeli-tretiot-mandat-za-nova-vlada-na-bugarija-na-bsp/ Sun, 17 Jul 2022 16:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=530405

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.

 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба“ побараа предвремени избори наесен во Бугарија.

 

Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.

 

Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.

The post Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба“ побараа предвремени избори наесен во Бугарија.   Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.   Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.

The post Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-go-vrati-mandatot-za-formiranje-nova-bugarska-vlada/ Thu, 14 Jul 2022 09:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=528545

ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев

Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер.

Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до, предвремени парламентарни избори.

The post ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада appeared first on Република.

]]>

ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер. Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до, предвремени парламентарни избори.

The post ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Бојкотот на парламентот е најдобар начин да го продолжиме мандатот на оваа влада која треба да си замине https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bojkotot-na-parlamentot-e-najdobar-nachin-da-go-prodolzime-mandatot-na-ovaa-vlada-koja-treba-da-si-zamine/ Sat, 01 Jan 2022 17:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=439384

Не сакам да ми кажуваат дека треба да се бојкотира Парламентот, дека треба да бидеме насилни, тоа не е решение. Тоа е одлична можност да им ја продолжиме кариерата на овие кои што се сега на власт. Тоа не е решение, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија коментирајќи за штетните договори во однос на спорот со источниот сосед.

Мицкоски додаде дека потребен е друг пристап, треба да се понуди друг пристап на кој што ќе се зборува.

Ако ми понудат друг пристап на кој што ние би зборувале и би дошле до целта подготвен сум ги слушнам. Во спротивно таа е нашата политика, да ги користиме сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање да го спречиме тоа. Имавме низа протести во минатото и цениме дека јавното мислење на кое што е негативно кон таков тип на решение и те како допринесе за да досега не потпишат таков авантуристички договор. И ќе ве потсетам на интервју на Зоран Заев даден за оној бугарски медиум кога наеднаш од окупатори станаа администратори и ослободители, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека по интервјуто на Заев, ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица и така се спротивстави на штетните политики и изјави на оваа власт.

The post Мицкоски: Бојкотот на парламентот е најдобар начин да го продолжиме мандатот на оваа влада која треба да си замине appeared first on Република.

]]>

Не сакам да ми кажуваат дека треба да се бојкотира Парламентот, дека треба да бидеме насилни, тоа не е решение. Тоа е одлична можност да им ја продолжиме кариерата на овие кои што се сега на власт. Тоа не е решение, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија коментирајќи за штетните договори во однос на спорот со источниот сосед. Мицкоски додаде дека потребен е друг пристап, треба да се понуди друг пристап на кој што ќе се зборува.
Ако ми понудат друг пристап на кој што ние би зборувале и би дошле до целта подготвен сум ги слушнам. Во спротивно таа е нашата политика, да ги користиме сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање да го спречиме тоа. Имавме низа протести во минатото и цениме дека јавното мислење на кое што е негативно кон таков тип на решение и те како допринесе за да досега не потпишат таков авантуристички договор. И ќе ве потсетам на интервју на Зоран Заев даден за оној бугарски медиум кога наеднаш од окупатори станаа администратори и ослободители, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети дека по интервјуто на Заев, ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица и така се спротивстави на штетните политики и изјави на оваа власт.

The post Мицкоски: Бојкотот на парламентот е најдобар начин да го продолжиме мандатот на оваа влада која треба да си замине appeared first on Република.

]]>