мали партии Archives - Република https://republika.mk/tema/mali-partii/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Jan 2023 20:03:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мали партии Archives - Република https://republika.mk/tema/mali-partii/ 32 32 СДСМ на средба со партнерите од коалицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-na-sredba-so-partnerite-od-koalitsijata/ Thu, 26 Jan 2023 20:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=601438

Владејачката партија СДСМ денеска имаше средба со коалициските партнери која, како што велат од партијата ја искористиле да поразговараат за заедничките активности кои ги планираат за оваа година и за европската иднина на државата.

Денеска, на работната вечера со претседателите и другите високи претставници на вонпарламентарните партии кои се дел од нашата коалиција, разговаравме за реализација на владината програма, како и за мерките и политиките за поддршка на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза, објави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

The post СДСМ на средба со партнерите од коалицијата appeared first on Република.

]]>

Владејачката партија СДСМ денеска имаше средба со коалициските партнери која, како што велат од партијата ја искористиле да поразговараат за заедничките активности кои ги планираат за оваа година и за европската иднина на државата.
Денеска, на работната вечера со претседателите и другите високи претставници на вонпарламентарните партии кои се дел од нашата коалиција, разговаравме за реализација на владината програма, како и за мерките и политиките за поддршка на граѓаните во време на светска економска и енергетска криза, објави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

The post СДСМ на средба со партнерите од коалицијата appeared first on Република.

]]>
Не дале поддршка за францускиот предлог: Полноќна средба на Ковачевски со малите партии https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-dale-poddrshka-za-francuskiot-predlog-polnokjna-sredba-na-kovachevski-so-malite-partii/ Mon, 04 Jul 2022 09:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=523466

Премиерот Ковачевски до доцна во ноќта имал консултации и со малите политички партии но од нив не успеал да обезбеди поддршка за францускиот предлог.

Како што дознава Прес24 од извори кои вчера присуствувале на разговорите кои Ковачевски ги имал со раководствата на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение. Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација.

Извори од малите политички партии велат дека не се подготвени да дадат бланко поддршка, особено ако се има предвид дека големо мнозинство од граѓаните но и од партиското членство на самите партии е против овој предлог, а тоа, како што вели нашиот извор катастрофално ќе се одрази на рејтинзите и резултатите на наредните избори. Велат, во овој момент не треба да се реагира брзоплето и веднаш да се прифати предлогот, бидејќи времето не треба да биде фактор во оваа ситуација.

Малите политички партии веќе ја одбија првата верзија од францускиот предлог заканувајќи се дека ако власта ја прифати тие, ќе ја напуштат коалицијата

The post Не дале поддршка за францускиот предлог: Полноќна средба на Ковачевски со малите партии appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски до доцна во ноќта имал консултации и со малите политички партии но од нив не успеал да обезбеди поддршка за францускиот предлог. Како што дознава Прес24 од извори кои вчера присуствувале на разговорите кои Ковачевски ги имал со раководствата на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение. Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација. Извори од малите политички партии велат дека не се подготвени да дадат бланко поддршка, особено ако се има предвид дека големо мнозинство од граѓаните но и од партиското членство на самите партии е против овој предлог, а тоа, како што вели нашиот извор катастрофално ќе се одрази на рејтинзите и резултатите на наредните избори. Велат, во овој момент не треба да се реагира брзоплето и веднаш да се прифати предлогот, бидејќи времето не треба да биде фактор во оваа ситуација. Малите политички партии веќе ја одбија првата верзија од францускиот предлог заканувајќи се дека ако власта ја прифати тие, ќе ја напуштат коалицијата

The post Не дале поддршка за францускиот предлог: Полноќна средба на Ковачевски со малите партии appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-koaliciskite-partneri-vo-vladata-na-sdsm-i-dui-da-go-otfrlat-predlogot-od-pariz-vo-sprotivno-se-souchesnici-na-kovachevski/ Wed, 22 Jun 2022 06:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=518271

Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски.

ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз.

Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност.

Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник.

Помалите партии во Коалицијата да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски. ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз. Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност. Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник. Помалите партии во Коалицијата да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Слатка им е власта: Малите партии порачаа дека не ја менуваат страната https://republika.mk/vesti/makedonija/slatka-im-e-vlasta-malite-partii-porachaa-deka-ne-ja-menuvaat-stranata/ Fri, 21 Jan 2022 11:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=447619

Помалите партии му порачаа на лидерот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да не смета на нивната поддршка за предвремени парламентарни избори. Тие се децидни дека промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е позитивен чекор, но дека тоа не значи поддршка на идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин изјави дека, право на опозицијата е да бара предвремени избори, но ДОМ не планира да ја промени страната, ниту да биде една од партиите што ќе поддржи распуштање на Собранието.

Таа дополнително истакна дека барањето на помалите партии за една изборна единица воопшто не е поврзано со барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Оградување за иницирање на предвремени парламентарни избори имаше и од страна на Демократскиот сојуз Павле Трајанов којшто изјави дека:  Демократскиот сојуз не учествува во никакви активности на опозицијата. Не сме дел од нивниот процес ниту учествуваме во пазарења за промена на мнозинството или во иницирање предвремени избори.

Во приоритетите на новата владина програма со новиот премиер Димитар Ковачевски се предвидени реформи на изборното законодавство, односно анулирање на системската предност на четирите големи партии на изборите, како и една изборна единица без праг и пропорционален изборен модел. Малите партии се задоволни што наидуваат на поддршка за промена на изборниот модел како дел од заложбите на новата Влада и се надеваат дека сите партии ќе постигнат согласност по ова прашање.

The post Слатка им е власта: Малите партии порачаа дека не ја менуваат страната appeared first on Република.

]]>

Помалите партии му порачаа на лидерот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да не смета на нивната поддршка за предвремени парламентарни избори. Тие се децидни дека промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е позитивен чекор, но дека тоа не значи поддршка на идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин изјави дека, право на опозицијата е да бара предвремени избори, но ДОМ не планира да ја промени страната, ниту да биде една од партиите што ќе поддржи распуштање на Собранието. Таа дополнително истакна дека барањето на помалите партии за една изборна единица воопшто не е поврзано со барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори. Оградување за иницирање на предвремени парламентарни избори имаше и од страна на Демократскиот сојуз Павле Трајанов којшто изјави дека:  Демократскиот сојуз не учествува во никакви активности на опозицијата. Не сме дел од нивниот процес ниту учествуваме во пазарења за промена на мнозинството или во иницирање предвремени избори. Во приоритетите на новата владина програма со новиот премиер Димитар Ковачевски се предвидени реформи на изборното законодавство, односно анулирање на системската предност на четирите големи партии на изборите, како и една изборна единица без праг и пропорционален изборен модел. Малите партии се задоволни што наидуваат на поддршка за промена на изборниот модел како дел од заложбите на новата Влада и се надеваат дека сите партии ќе постигнат согласност по ова прашање.

The post Слатка им е власта: Малите партии порачаа дека не ја менуваат страната appeared first on Република.

]]>
Maлите партии пак побараа една изборна единица, но ќе си ја гласаат новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/malite-partii-pak-pobaraa-edna-izborna-edinica-no-kje-si-ja-glasaat-novata-vlada/ Fri, 14 Jan 2022 09:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=444480

Ако во рок од три месеци не се донесат измени на Изборниот законик, пратеници од мнозинството најавуваат дека ќе ја откажат поддршката на Владата, што ќе предизвика предвремени избори.

Пратеници од пет помали партии во владејачката коалиција ја условуваат нивната натамошна поддршка на новата Влада со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Тие на 12-ти јануари доставија барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предлогот за измени на Изборниот законик, доставен пред 11 месеци.

„Повеќе пратеници на 5-ти март 2021 година, до Собранието на Република Македонија доставивме Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18.5.2021 година, (точка 58), но не е започната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Со промените се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг“, се вели во барањето потишано од пратениците Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Моника Зајкова и Боби Мојсоски (ЛДП), Љупчо Балкоски (ВМРО-НП) и Бејџан Иљас од ДПТ.

Ако во рок од три месеци не се донесат измените на Изборниот законик, најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка на Владата.

Барањето за измени на Изборниот законик беше дел од програмските приоритети на овие партии и инсистираа тие да бидат дел од владината програма, за што и разговарале на консултатативните средби со мандатарот Димитар Ковачевски. Откако дел од тие приоритети влегле во Програмата за работа на Владата 2022-2024, но дел не, петте партии усогласиле заеднички став: поддршката за новата влада да зависи од имплементацијата на програмските приоритети на овие партии.

„Поддршката за новата влада ќе биде условена. Инсистираме во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Ако во тој период не се донесат измените, тоа значи дека нашата поддршка нема да продолжи и со тоа ќе се предизвикаат предвремени парламентарни избори. Ова не е уцена, туку принципиелен став изграден поодамна, познат и промовиран во повеќе наврати“, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Потписниците на барањето, очекуваат расправата за измените на Изборниот законик да започне до крајот на јануари. Инсистираат на тие измени, бидејќи во нив гледаат единствена можност да се дефинираат основите за рамноправен политички натревар, со кои ќе се елиминираат системските предности за четирите големи партии. Досегашните обиди за измени на тој план останаа јалови. Иницијатива и дебата за промена на изборниот модел имаше и во 2019 година. И покрај ставовите дека со такви измени „највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата“, сепак ништо не се измени, и парламентарните избори во 2020 година се спроведоа „по старо“.

The post Maлите партии пак побараа една изборна единица, но ќе си ја гласаат новата влада appeared first on Република.

]]>

Ако во рок од три месеци не се донесат измени на Изборниот законик, пратеници од мнозинството најавуваат дека ќе ја откажат поддршката на Владата, што ќе предизвика предвремени избори. Пратеници од пет помали партии во владејачката коалиција ја условуваат нивната натамошна поддршка на новата Влада со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Тие на 12-ти јануари доставија барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предлогот за измени на Изборниот законик, доставен пред 11 месеци. „Повеќе пратеници на 5-ти март 2021 година, до Собранието на Република Македонија доставивме Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18.5.2021 година, (точка 58), но не е започната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Со промените се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг“, се вели во барањето потишано од пратениците Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Моника Зајкова и Боби Мојсоски (ЛДП), Љупчо Балкоски (ВМРО-НП) и Бејџан Иљас од ДПТ. Ако во рок од три месеци не се донесат измените на Изборниот законик, најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка на Владата. Барањето за измени на Изборниот законик беше дел од програмските приоритети на овие партии и инсистираа тие да бидат дел од владината програма, за што и разговарале на консултатативните средби со мандатарот Димитар Ковачевски. Откако дел од тие приоритети влегле во Програмата за работа на Владата 2022-2024, но дел не, петте партии усогласиле заеднички став: поддршката за новата влада да зависи од имплементацијата на програмските приоритети на овие партии.
„Поддршката за новата влада ќе биде условена. Инсистираме во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Ако во тој период не се донесат измените, тоа значи дека нашата поддршка нема да продолжи и со тоа ќе се предизвикаат предвремени парламентарни избори. Ова не е уцена, туку принципиелен став изграден поодамна, познат и промовиран во повеќе наврати“, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Потписниците на барањето, очекуваат расправата за измените на Изборниот законик да започне до крајот на јануари. Инсистираат на тие измени, бидејќи во нив гледаат единствена можност да се дефинираат основите за рамноправен политички натревар, со кои ќе се елиминираат системските предности за четирите големи партии. Досегашните обиди за измени на тој план останаа јалови. Иницијатива и дебата за промена на изборниот модел имаше и во 2019 година. И покрај ставовите дека со такви измени „највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата“, сепак ништо не се измени, и парламентарните избори во 2020 година се спроведоа „по старо“.

The post Maлите партии пак побараа една изборна единица, но ќе си ја гласаат новата влада appeared first on Република.

]]>
Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/malite-partii-ja-uslovuvaat-poddrshkata-za-novata-vlada-edna-izborna-edinica-ili-predvremeni-izbori/ Thu, 13 Jan 2022 14:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=444234

Пет мали парламентарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот закони, објави Телма.

Доколку тоа не се случи тие повеќе нема да бидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила.

Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел без изборен праг.

Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.

The post Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Пет мали парламентарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот закони, објави Телма. Доколку тоа не се случи тие повеќе нема да бидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила. Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел без изборен праг. Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.

The post Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори appeared first on Република.

]]>