македонско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-zname/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-zname/ 32 32 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/1200-uchenitsi-od-prilep-go-formiraa-makedonskoto-zname-po-povod-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=825431

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.

Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври. Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.
Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Fri, 27 Sep 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=820133

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија.

Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија. Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис https://republika.mk/vesti/makedonija/imashe-makedonsko-zname-za-mitskoski-no-ne-i-grchko-na-sredbata-na-milanovik-so-mitsotakis/ Mon, 16 Sep 2024 13:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=816818

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат.

Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат. Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>
СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-reagira-za-neistaknuvaneto-na-makedonskoto-zname-vo-sofija/ Mon, 16 Sep 2024 11:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=816767

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.

Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.
Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија? вели Богданка Кузеска.

Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?

Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.

Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки

The post СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.
Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски. Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија? вели Богданка Кузеска.
Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите? Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија. Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ. Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки

The post СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија appeared first on Република.

]]>
На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето https://republika.mk/vesti/makedonija/na-ruchekot-megu-radev-i-siljanovska-imalo-makedonsko-zname-ke-se-bara-odgovor-zoshto-ne-i-za-slikaneto/ Mon, 16 Sep 2024 10:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=816736

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.

Според изворите од МНРиНТ, при договарањето на средбата меѓу двајцата претседали било планирано сликање сами во работните простирии на Радев. Од бугарскиот амбасадор ќе се побара одговор зошто било направена отстапка од нивна страна.

Инаку, на тет а тет сребата и на ручекот ги имаше знамињата од двете страни.

Мицкоски денеска порача дека македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

The post На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Според изворите од МНРиНТ, при договарањето на средбата меѓу двајцата претседали било планирано сликање сами во работните простирии на Радев. Од бугарскиот амбасадор ќе се побара одговор зошто било направена отстапка од нивна страна. Инаку, на тет а тет сребата и на ручекот ги имаше знамињата од двете страни. Мицкоски денеска порача дека македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

The post На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето appeared first on Република.

]]>
На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarskiot-ambasador-ke-mu-bide-vrachena-protestna-nota/ Mon, 16 Sep 2024 09:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=816720

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/

Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.

Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.
Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.
Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/ Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.
За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.
Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР поради знамето https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-zheljasko-radukov-na-razgovor-vo-mnr-poradi-znameto/ Mon, 16 Sep 2024 05:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=816632

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.

Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи  и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, потврдија вчера од МНРиНТ.

За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на МНРиНТ.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.

Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Опозициската СДСМ и вчера реагираше за  посетата на Софија, обвинувајќи дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозиле македонската самобитност и македонски идентитет.

Според СДСМ, „претседателката и владејачката партија иницирале дипломатски скандал со кој допуштиле Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани“.

Првпат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведе дека „не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.“

Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со  „Набуко“, како чекор од културната дипломатија.  Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков.

Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септемеври, заменувајќи го досегашниот амбасадор  Ангел Ангелов.

The post Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР поради знамето appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи  и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, потврдија вчера од МНРиНТ.
За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на МНРиНТ. Од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.
Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.
Опозициската СДСМ и вчера реагираше за  посетата на Софија, обвинувајќи дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозиле македонската самобитност и македонски идентитет. Според СДСМ, „претседателката и владејачката партија иницирале дипломатски скандал со кој допуштиле Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани“.
Првпат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведе дека „не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.“
Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Средбата на Радев и Сиљановска Давкова беше дел од активостите на македонската претседателка при посетата на Софија по повод присуство на настапот на македонската опера во Софија со  „Набуко“, како чекор од културната дипломатија.  Во македонската делегација беа и министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и за култура Зоран Љутков. Новоименуваниот амбасадор на Бугарија Желјаско Радуков и ги предаде акредитивните писма на претседателката Сиљановска Давкова на 10 септемеври, заменувајќи го досегашниот амбасадор  Ангел Ангелов.

The post Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР поради знамето appeared first on Република.

]]>
МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-utre-ke-go-povika-bugarskiot-ambasador-za-fotografijata-na-radev-i-silanovska-davkova/ Sun, 15 Sep 2024 14:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=816539

Министерството за надворешни работи и надврешна трговија утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.

Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, изјавија за МИА од МНР.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска - Давкова вчера најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.

Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Воодушевена од настапот на Бугарската опера во Скопје со вагнеровата „Валкира“, македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова, убедена во моќта на културната дипломатија, како што објаснија од нејзиниот Кабинет, вети дека ќе присуствува на настапот на Македонската опера во Софија со вердиевиот „Набуко“.

За таа цел, на 13 септември ја посети Република Бугарија, придружувана од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков. По тој повод, беше договорена тет-а-тет средба со претседателот на Република Бугарија, г-динот Румен Радев, ручек на македонските и бугарските претставници, како и заедничко присуство на операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет. За жал, трагичниот настан, односно авионската несреќа ги спречи претседателот и неговата сопруга да ѝ се придружат на претставата. Обајцата се извинија за спреченоста. Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот, посочуваат од нејзиниот Кабинет.

Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата.

The post МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова appeared first on Република.

По цели седум години пред СЦ „Борис Трајковски” повторно гордо се виори македонското знаме https://republika.mk/vesti/skopje/po-tseli-sedum-godini-pred-sts-boris-trajkovski-povtorno-gordo-se-viori-makedonskoto-zname/ Fri, 26 Jul 2024 10:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=800437

По цели седум години без ниту едно државно обележје, денеска пред СЦ „Борис Трајковски" повторно гордо се виори македонското знаме, објави новиот директор на скопскиот спортски центар Данијел Апостолоски.

Истакнувањето на македонското знаме и македонските симболи, претставува почит кон институцијата, но пред сѐ почит кон Република Македонија, порача тој.

Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Владата го назначи за директор на 5 јули годинава.

The post По цели седум години пред СЦ „Борис Трајковски” повторно гордо се виори македонското знаме appeared first on Република.

„Кораб е на Албанија“: Албански планинари го тргнаа македонското и го закачија албанското знаме https://republika.mk/vesti/makedonija/korab-e-na-albanija-albanski-planinari-go-trgnaa-makedonskoto-i-go-zakachija-albanskoto-zname/ Mon, 01 Jul 2024 11:18:56 +0000 https://republika.mk/?p=792386

Група албански планинари пред два дена го отстранија македонското знаме од Голем Кораб, врвот на планината Кораб, и го закачија албанското.

Видеото е споделено на „Фејсбук“ од страна на Изет Шулку, инаку готвач и сопственик на ресторан во Албанија.

Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме, напиша Шулку.

The post „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го тргнаа македонското и го закачија албанското знаме appeared first on Република.

]]>

Група албански планинари пред два дена го отстранија македонското знаме од Голем Кораб, врвот на планината Кораб, и го закачија албанското. Видеото е споделено на „Фејсбук“ од страна на Изет Шулку, инаку готвач и сопственик на ресторан во Албанија.
Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме, напиша Шулку.

The post „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го тргнаа македонското и го закачија албанското знаме appeared first on Република.

]]>
Македонско знаме со испечатен двоглав орел на средината истакнато кај Кванташки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonsko-zname-so-ispechaten-dvoglav-orel-na-sredinata-istaknato-kaj-kvantashki/ Fri, 15 Mar 2024 18:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=755244

Вчера околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Кванташки пазар во Скопје било истакнато знаме на Република Македонија, на кое во средината имало испечатен двоглав орел.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Македонско знаме со испечатен двоглав орел на средината истакнато кај Кванташки appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Кванташки пазар во Скопје било истакнато знаме на Република Македонија, на кое во средината имало испечатен двоглав орел. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Македонско знаме со испечатен двоглав орел на средината истакнато кај Кванташки appeared first on Република.

]]>
И тоа го дочекавме: На стaдионот на Шкендија немаше македонско знаме https://republika.mk/sport/fudbal/i-toa-go-dochekavme-na-stdionot-na-shkendija-nemashe-makedonsko-zname/ Tue, 05 Mar 2024 07:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=751288

Фудбалскиот клуб Вардар објави соопштение во кое се пожали дека на гостувањето кај Шкендија викендов во Тетово биле цел на националистички навреди, биле гаѓани со тврди предмети, а на стадионот го немало државното македонско знаме кое според пропозициите, е задолжително на секој стадион.

„На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар.

https://republika.mk/sport/fudbal/balistite-go-pogrebaa-vardar-vo-mrtovechki-kovcheg/

Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ, е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди, пред сè, околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но, за жал, не успеа.

Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме, пред сè, надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.

Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме макфудбалот на нормалните патеки!“, стои во соопштението на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

The post И тоа го дочекавме: На стaдионот на Шкендија немаше македонско знаме appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Вардар објави соопштение во кое се пожали дека на гостувањето кај Шкендија викендов во Тетово биле цел на националистички навреди, биле гаѓани со тврди предмети, а на стадионот го немало државното македонско знаме кое според пропозициите, е задолжително на секој стадион. „На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар. https://republika.mk/sport/fudbal/balistite-go-pogrebaa-vardar-vo-mrtovechki-kovcheg/ Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ, е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.
Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди, пред сè, околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но, за жал, не успеа.
Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме, пред сè, надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал. Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме макфудбалот на нормалните патеки!“, стои во соопштението на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

The post И тоа го дочекавме: На стaдионот на Шкендија немаше македонско знаме appeared first on Република.

]]>
За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка https://republika.mk/vesti/makedonija/za-mnr-na-osmani-zabranata-na-avstralija-open-za-makedonskoto-zname-e-tehnichka-greshka/ Tue, 16 Jan 2024 10:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=733547

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопшти Министерството за надворешни работи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/

Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст - техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.

-Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.

The post За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка appeared first on Република.

]]>

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопшти Министерството за надворешни работи. https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/ Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст - техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.
-Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.

The post За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка appeared first on Република.

]]>
„Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-na-site-strani-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijtsite-znameto/ Tue, 16 Jan 2024 08:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=733486

„Блескаме во светот, нема зошто да поднесам оставка“, велеше поранешниот премиер Зоран Заев кога веќе беше на крајот на своето владеење.

„Блескањето“ благодарение на мудрецот од Муртино на меѓународен план, најпрво со Грција, а потоа и со Бугарија, продолжува и на спортски план. По името на државата, јазикот и историја, на ред дојде и знамето.

Па така, на европското првенство во ракомет во Германија, на нашите навивачи им беше забрането да го внесат македонското знаме.За наредите со северномакедонци“, „северномакедонска храна“ северномакедонска репрезентација“ и да не говориме. Сепак Македонците не би биле Македонци ако не се снајдат и да го внесат на трибините нашето знаме со сонцето.

Најновото понижуваме дојде од Австралија.На овој континент има најмногу Македонци во дијаспората, околу 200.000.

Е, тие Македонци досега не се побунија што на трибините во Мелбурн каде се одржува Австралија опен е забрането македонското знаме. И тоа не само државното , туку и она со сонцето од Кутлеш. Нашето знаме е во друштво со знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван.

Затоа нашите од „Острелија“ наместо да даваат 20 долари во родниот крај подобро ќе биде да побараат официјално објаснување од организаторите на турниот зошто македонско знаме е меѓу забренетите.

Реакција од власта на ДУИ и СДСМ во Скопје и од Амбасадата во Канбера која е под контрола на Бујар Османи и не очекуваме.

The post „Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето appeared first on Република.

]]>

„Блескаме во светот, нема зошто да поднесам оставка“, велеше поранешниот премиер Зоран Заев кога веќе беше на крајот на своето владеење.
„Блескањето“ благодарение на мудрецот од Муртино на меѓународен план, најпрво со Грција, а потоа и со Бугарија, продолжува и на спортски план. По името на државата, јазикот и историја, на ред дојде и знамето. Па така, на европското првенство во ракомет во Германија, на нашите навивачи им беше забрането да го внесат македонското знаме.За наредите со северномакедонци“, „северномакедонска храна“ северномакедонска репрезентација“ и да не говориме. Сепак Македонците не би биле Македонци ако не се снајдат и да го внесат на трибините нашето знаме со сонцето. Најновото понижуваме дојде од Австралија.На овој континент има најмногу Македонци во дијаспората, околу 200.000. Е, тие Македонци досега не се побунија што на трибините во Мелбурн каде се одржува Австралија опен е забрането македонското знаме. И тоа не само државното , туку и она со сонцето од Кутлеш. Нашето знаме е во друштво со знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван. Затоа нашите од „Острелија“ наместо да даваат 20 долари во родниот крај подобро ќе биде да побараат официјално објаснување од организаторите на турниот зошто македонско знаме е меѓу забренетите. Реакција од власта на ДУИ и СДСМ во Скопје и од Амбасадата во Канбера која е под контрола на Бујар Османи и не очекуваме.

The post „Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето appeared first on Република.

]]>
Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-zaedno-so-ruskoto-izraelskoto-palestinskoto-na-tsrna-lista-na-avstralija-open/ Mon, 15 Jan 2024 19:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=733377

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме.

Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски.

Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш.

Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.

The post Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен appeared first on Република.

]]>

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме. Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски. Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш. Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.

The post Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен appeared first on Република.

]]>
„Немате толку обезбедување колку што ние имаме знамиња“ – порачаа навивачите откако им беа одземени знамињата со сонце https://republika.mk/sport/rakomet/nemate-tolku-obezbeduvane-kolku-shto-nie-imame-znamina-porachaa-navivachite-otkako-im-bea-odzemeni-znaminata-so-sontse/ Mon, 15 Jan 2024 08:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=733090

Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство силите ги мереа Германија и Македонија, ги отстранувало сите реквизити на кои го имало македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините.

Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одзимаше на влезот.
Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња.
Затоа следниот натпревар ќе има уште повеќе знамиња во сала.
„Проклети да се предавниците“, порача еден од најверните навивачи на македонските тимови, Наце Митев.

The post „Немате толку обезбедување колку што ние имаме знамиња“ – порачаа навивачите откако им беа одземени знамињата со сонце appeared first on Република.

]]>

Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство силите ги мереа Германија и Македонија, ги отстранувало сите реквизити на кои го имало македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините.
Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одзимаше на влезот. Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња. Затоа следниот натпревар ќе има уште повеќе знамиња во сала. „Проклети да се предавниците“, порача еден од најверните навивачи на македонските тимови, Наце Митев.
 
The post „Немате толку обезбедување колку што ние имаме знамиња“ – порачаа навивачите откако им беа одземени знамињата со сонце appeared first on Република.

]]>
Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ostro-se-dodeka-dobivaat-plata-od-budhetot-albantsite-mora-da-gi-pochituvaat-osnovnite-obelezhja-na-makedonija/ Thu, 23 Nov 2023 19:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=715637

Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги последните настани кои добија етничка конотација, поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и воведување албанска химна по општините со доминантно албанско население, Мицкоски рече дека сите општини се македонски, бидејќи граѓаните на Македонија им даваат плата, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот.

Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна – вели Мицкоски, за кого е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава.

Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски им се обрати на албанските политичари од опозицијата.

Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата, да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.

Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја. Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, рече Мицкоски.

The post Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија appeared first on Република.

]]>

Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги последните настани кои добија етничка конотација, поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и воведување албанска химна по општините со доминантно албанско население, Мицкоски рече дека сите општини се македонски, бидејќи граѓаните на Македонија им даваат плата, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот.
Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна – вели Мицкоски, за кого е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава. Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски им се обрати на албанските политичари од опозицијата.
Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата, да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.
Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја. Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, рече Мицкоски.

The post Мицкоски остро: Сè додека добиваат плата од буџетот, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја на Македонија appeared first on Република.

]]>
„Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч https://republika.mk/sport/fudbal/dobrosososedski-vo-solun-bea-zabraneti-makedonski-znamina-na-fudbalski-mech/ Fri, 10 Nov 2023 10:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=700147

На синоќешниот натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун беа забранети македонски знамиња. Причина е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за шкотскиот тим. Тој на првиот меч им покажа три прста и тоа беше доволен повод за домаќините да забранат наши знамиња на „Тумба“ стадионот.

Добрососедски, нема што

The post „Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч appeared first on Република.

]]>

На синоќешниот натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун беа забранети македонски знамиња. Причина е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за шкотскиот тим. Тој на првиот меч им покажа три прста и тоа беше доволен повод за домаќините да забранат наши знамиња на „Тумба“ стадионот. Добрососедски, нема што

The post „Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч appeared first on Република.

]]>
Mенкиноски: Нема споредба меѓу знамето од Кутлеш и албанското, едното е симбол на Македонците, а другото на Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-nema-sporedba-megu-znameto-od-kutlesh-i-albanskoto-ednoto-e-simbol-na-makedontsite-a-drugoto-na-albanija/ Wed, 08 Nov 2023 14:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=699325

Адвокатот Тони Менкиновски во интервјуто за „Република“ бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.

Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и  експанзионизам кон нас Македонците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/menkinoski-pokraj-za-mene-vlasta-podnese-novi-obvinenija-za-gragani-za-istaknuvane-na-makedonskoto-zname/

The post Mенкиноски: Нема споредба меѓу знамето од Кутлеш и албанското, едното е симбол на Македонците, а другото на Албанија appeared first on Република.

Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-potpisha-makedonsko-zname-po-istoriskiot-plasman-vo-polufinaleto/ Wed, 06 Sep 2023 08:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=679218

Македонец во Њујорк ќе го памети вчерашниот ден откако доби автограм од најтрофејниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, после победата за полуфинале на српската тениска ѕвезда на „Флашинг Медиуз“, на УС-опен.

Ѓоковиќ во три сета го мина Тејлор Фриц, па после победата застана да подели некој автограм, па излезе во фокус македонското знаме на кое се потпиша Ѓоковиќ, по што нашиот навивач не можеше да ја скрие среќата.

Почна да го бакнува знамето со автограмот, па „лебдеше од радост“ додека ги напушташе трибините.

The post Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето appeared first on Република.

]]>

Македонец во Њујорк ќе го памети вчерашниот ден откако доби автограм од најтрофејниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, после победата за полуфинале на српската тениска ѕвезда на „Флашинг Медиуз“, на УС-опен. Ѓоковиќ во три сета го мина Тејлор Фриц, па после победата застана да подели некој автограм, па излезе во фокус македонското знаме на кое се потпиша Ѓоковиќ, по што нашиот навивач не можеше да ја скрие среќата. Почна да го бакнува знамето со автограмот, па „лебдеше од радост“ додека ги напушташе трибините.

The post Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето appeared first on Република.

]]>