македонска рамометна репрезентација Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-ramometna-reprezentacija/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 12:04:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска рамометна репрезентација Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-ramometna-reprezentacija/ 32 32 Вечерва сите навиваме за нашите ракометарки https://republika.mk/sport/rakomet/vecherva-site-navivame-za-nashite-rakometarki/ Thu, 29 Feb 2024 12:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=749632

Женската ракометна репрезентација на Македонија во 18 часот ќе го одигра итретиот меч во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 против Шпанија.

По две кола Македонија  обезбеди две победи и е блиску до пласан на ЕП.Особено и по победата  на Азербејџан над Литванија.

The post Вечерва сите навиваме за нашите ракометарки appeared first on Република.

]]>

Женската ракометна репрезентација на Македонија во 18 часот ќе го одигра итретиот меч во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 против Шпанија. По две кола Македонија  обезбеди две победи и е блиску до пласан на ЕП.Особено и по победата  на Азербејџан над Литванија.

The post Вечерва сите навиваме за нашите ракометарки appeared first on Република.

]]>
Вечерва сите сме Македонија https://republika.mk/sport/rakomet/vecherva-site-sme-makedonija-4/ Thu, 09 Mar 2023 10:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=617624

Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на играчи поради повреди или други причини.

Сепак, од таборот на македонскиот национален тим ветуваат мексимална борбеност и пожртвуваност во обид да се дојде до победа и со тоа да се направи можеби и најважниот чекор на патот кон Еуро 2024.

Двете репрезентации по вечерашниот натпревар во Скопје, за три дена ги чека реваншот во Порто.

На првиот дуел од 3.коло во оваа група, Турција вчера го победи Луксембург на гости со 30:29 и ги освои првите два бода, додека домаќините останаа со празни раци и по три одиграни средби.

The post Вечерва сите сме Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на играчи поради повреди или други причини.

Сепак, од таборот на македонскиот национален тим ветуваат мексимална борбеност и пожртвуваност во обид да се дојде до победа и со тоа да се направи можеби и најважниот чекор на патот кон Еуро 2024.

Двете репрезентации по вечерашниот натпревар во Скопје, за три дена ги чека реваншот во Порто.

На првиот дуел од 3.коло во оваа група, Турција вчера го победи Луксембург на гости со 30:29 и ги освои првите два бода, додека домаќините останаа со празни раци и по три одиграни средби.

The post Вечерва сите сме Македонија appeared first on Република.

]]>
Ракометарите по старо, се вратија на поразите https://republika.mk/sport/rakomet/rakometarite-po-staro-se-vratija-na-porazite/ Sat, 21 Jan 2023 18:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=599464

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Тунис со 28:33 во второто коло од Групата-2 во Президент купот на Светското првенство во Полска/Шведска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров лошо го отворија резултатот со 0:5. Следуваше нешто подобра игра, во финишот се дојде на 14:15 з ана одмор да се оди со резултат 14:16 за Тунис.

Во второто полувреме резултатот беше изедначен во неколку наврати, а некаде на средината Македонците поведоа со 21:20. Оттогаш, Тунис повторно влезе во ритам и до крај не го испушти водството.

Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со осум голови.

Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со Мароко.

На другиот натпревар од 2. коло, Мароко го победи Алжир со 28:27

The post Ракометарите по старо, се вратија на поразите appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Тунис со 28:33 во второто коло од Групата-2 во Президент купот на Светското првенство во Полска/Шведска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров лошо го отворија резултатот со 0:5. Следуваше нешто подобра игра, во финишот се дојде на 14:15 з ана одмор да се оди со резултат 14:16 за Тунис. Во второто полувреме резултатот беше изедначен во неколку наврати, а некаде на средината Македонците поведоа со 21:20. Оттогаш, Тунис повторно влезе во ритам и до крај не го испушти водството. Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со осум голови. Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со Мароко. На другиот натпревар од 2. коло, Мароко го победи Алжир со 28:27

The post Ракометарите по старо, се вратија на поразите appeared first on Република.

]]>
Македонија сепак продолжува на СП, ќе играме куп за „лузери“ https://republika.mk/vesti/makedonija-sepak-prodolzhuva-na-sp-ke-igrame-kup-za-luzeri/ Tue, 17 Jan 2023 19:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=598059

Македонија со трет убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35:26 се прости од сите надежи да се пласира во следната рунда и да биде во друштво на „одбраните“ селекции. Сега нашата репрезентација ќе разигрува за пониските позиции.

Македонија ќе игра во групата 2 каде за противници ќе ги има Алжир, Мароко и Тунис во „Президент купот“ каде што се селекциите кои завршиле на последните места во својата група.

Еве го распоредот на мечевите:

Група 2 Президент куп

Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30)
Мароко – Тунис (19 јануари, 18:00)

Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30)
Македонија – Тунис (21 јануари, 18:00)

Тунис – Алжир (23 јануари, 15:30)
Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)

The post Македонија сепак продолжува на СП, ќе играме куп за „лузери“ appeared first on Република.

]]>

Македонија со трет убедлив пораз, овој пат од Аргентина со 35:26 се прости од сите надежи да се пласира во следната рунда и да биде во друштво на „одбраните“ селекции. Сега нашата репрезентација ќе разигрува за пониските позиции. Македонија ќе игра во групата 2 каде за противници ќе ги има Алжир, Мароко и Тунис во „Президент купот“ каде што се селекциите кои завршиле на последните места во својата група. Еве го распоредот на мечевите:
Група 2 Президент куп
Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30) Мароко – Тунис (19 јануари, 18:00) Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30) Македонија – Тунис (21 јануари, 18:00) Тунис – Алжир (23 јануари, 15:30) Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)

The post Македонија сепак продолжува на СП, ќе играме куп за „лузери“ appeared first on Република.

]]>
Со среќа: Ракометарите тргнаа за Полска https://republika.mk/sport/rakomet/so-sreka-rakometarite-trgnaa-za-polska/ Thu, 12 Jan 2023 09:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=596062

Од вчера официјално почна светското ракометно првенство кое се оддржува во Полска и Шведска.

Македонија утре го игра првиот натпревар во својата група против селекцијата на Норвешка, а во овој момент македонските ракометари се на скопскиот аеродром од каде треба да полетаат за Полска.

-Сениорската машка репрезентација на Македонија заминува за Краков, Полска на Светско првенство. Среќно момци!!! Со ❤ за Македонија, се вели во Фејсбук статусот на македонската ракометна федерација.

The post Со среќа: Ракометарите тргнаа за Полска appeared first on Република.

]]>

Од вчера официјално почна светското ракометно првенство кое се оддржува во Полска и Шведска. Македонија утре го игра првиот натпревар во својата група против селекцијата на Норвешка, а во овој момент македонските ракометари се на скопскиот аеродром од каде треба да полетаат за Полска. -Сениорската машка репрезентација на Македонија заминува за Краков, Полска на Светско првенство. Среќно момци!!! Со ❤ за Македонија, се вели во Фејсбук статусот на македонската ракометна федерација.

The post Со среќа: Ракометарите тргнаа за Полска appeared first on Република.

]]>
Вечерва сите навиваме за Кире и момчињата https://republika.mk/vesti/vecherva-site-navivame-za-kire-i-momchinjata/ Wed, 12 Oct 2022 09:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=560007

Селекторот на ракометната репрезентација Кирe Лазаров, го објави конечниот список на ракометари со кои вечерва нашата селекција ќе ги брка првите бодови во квалификациите за следното Европско првенство.

Во „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Луксембург, а за оваа средба Лазаров се реши на трибини да ги остави Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ. Поради повреда надвор од стројот е и левото крило Дејан Манасков.

The post Вечерва сите навиваме за Кире и момчињата appeared first on Република.

]]>

Селекторот на ракометната репрезентација Кирe Лазаров, го објави конечниот список на ракометари со кои вечерва нашата селекција ќе ги брка првите бодови во квалификациите за следното Европско првенство. Во „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Луксембург, а за оваа средба Лазаров се реши на трибини да ги остави Мартин Томовски, Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ. Поради повреда надвор од стројот е и левото крило Дејан Манасков.

The post Вечерва сите навиваме за Кире и момчињата appeared first on Република.

]]>
На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија https://republika.mk/sport/rakomet/na-evropskoto-vo-skopje-makedonskite-rakometarki-kje-igraat-protiv-francija-holandija-i-romanija/ Thu, 28 Apr 2022 16:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=494914

Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија.

На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи:

А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.

Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија.

Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија.

Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции.

Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група)

The post На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија appeared first on Република.

]]>

Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија. Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија. Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија. Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции. Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група)

The post На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија appeared first on Република.

]]>
Со два пораза Македонија се простува од ЕП https://republika.mk/sport/rakomet/so-dva-poraza-makedonija-se-prostuva-od-ep/ Sat, 15 Jan 2022 18:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=445078

Десеткуваната македонска репрезентација предводена од Кирил Лазаров остана без шанси за пласман во следната фаза на Европското првенство (ЕП) откако загуби од Црна Гора (24-28) во рамки на второто коло на шампионатот на стариот континент.  Црна Гора ја забележа првата победа во меѓусебните пресметки на европските првенства, или првата на последните девет меѓусебни натпревари. Исто така ова е втора победа за Црна Гора во историјата на европските првенства.

Лошиот старт, играта „падни-стани“ и многуте грешки се покажаа кобни за македонскиот состав.

Дуелот во „Феникс Арена“, каде македонските навивачи беа побројни на трибините и приредија одлична атмосфера, започна со серија грешки на нашите ракометари во фазата на напад и пет гола на Црногорците за само пет минути (1-5).

Ѓоргиев, како и на натпреварот против Словенија, беше во стартниот состав на Лазаров, но повторно не се снајде најдобро, а на десната бековска позиција предност доби Серафимов место Велковски и одигра одлично во воведниот дел и ги постигна првите два гола за нашата селекција.

Поради честите технички грешки во нападот, на местото на Ѓоргиев Лазаров го внесе Филип Кузмановски, но ниту тоа не донесе резултат. Добрата игра на Црногорците и голот на Анѓелиќ во 15. минута ги одлепи со пет гола разлика.

Лазаров го искористи своето право на прв тајм-аут и направи нови промени во составот, па искусниот Миркуловски и Кузмановски со четири гола за само неколку минути ја вратија неизвесноста на натпреварот (7-10).

Во последните десет минути од полувремето се влезе со позитива на Црногорците од три гола (9-12), но Мартин Велковски и Цветан Кузманоски со своите први погодоци намалија на само еден негатива. До крајот на полувремето Црна Гора ја задржа контролата на паркетот и на одмор замина со еден гол позитива. На стартот на вториот дел Македонија преку Цветан Кузманоски изедначи за првпат (17-17). Во следниот период мечот беше игра на нерви. Во неколку наврати Македонија можеше и да го преземе водството, но следеа многу грешки. Грешеа и Црногорците, затоа паднаа мал број на голови.

Во 40. минута од мечот Црна Гора преку разиграните Вујовиќ влезе во серија од три гола и се врати на „плус три“ (18-21). Црната низа на нашиот национален тим ја прекина одличниот Мартин Велковски со шестиот гол на мечот од шестиот обид (19-21), па следеше добра одбрана, но Кузманоски не погоди за ново враќање во мечот. Тоа го казни Шеваљевиќ (19-22), додека потоа Македонија имаше одлична можност повторно да се доближи до противникот откако Црногорците добија две исклучувања, арно ама не се успеа во тоа благодарение на расположениот голман Небојша Симиќ кој царуваше меѓу стативите. Мора да се напомене и добриот учинок на Никола Митревски, но грешките во нападот го направија своето.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со шест гола од седум обида, пред Цветан Кузманоски со пет гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов стрелаа по три пати. Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по шест реализации.

Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска, која важи за главен фаворит за златото и воедно беше ривал на нашиот национален тим во квалификациите за овој голем ракометен настан.


извор: gol.mk

The post Со два пораза Македонија се простува од ЕП appeared first on Република.

]]>

Десеткуваната македонска репрезентација предводена од Кирил Лазаров остана без шанси за пласман во следната фаза на Европското првенство (ЕП) откако загуби од Црна Гора (24-28) во рамки на второто коло на шампионатот на стариот континент.  Црна Гора ја забележа првата победа во меѓусебните пресметки на европските првенства, или првата на последните девет меѓусебни натпревари. Исто така ова е втора победа за Црна Гора во историјата на европските првенства. Лошиот старт, играта „падни-стани“ и многуте грешки се покажаа кобни за македонскиот состав. Дуелот во „Феникс Арена“, каде македонските навивачи беа побројни на трибините и приредија одлична атмосфера, започна со серија грешки на нашите ракометари во фазата на напад и пет гола на Црногорците за само пет минути (1-5). Ѓоргиев, како и на натпреварот против Словенија, беше во стартниот состав на Лазаров, но повторно не се снајде најдобро, а на десната бековска позиција предност доби Серафимов место Велковски и одигра одлично во воведниот дел и ги постигна првите два гола за нашата селекција. Поради честите технички грешки во нападот, на местото на Ѓоргиев Лазаров го внесе Филип Кузмановски, но ниту тоа не донесе резултат. Добрата игра на Црногорците и голот на Анѓелиќ во 15. минута ги одлепи со пет гола разлика. Лазаров го искористи своето право на прв тајм-аут и направи нови промени во составот, па искусниот Миркуловски и Кузмановски со четири гола за само неколку минути ја вратија неизвесноста на натпреварот (7-10). Во последните десет минути од полувремето се влезе со позитива на Црногорците од три гола (9-12), но Мартин Велковски и Цветан Кузманоски со своите први погодоци намалија на само еден негатива. До крајот на полувремето Црна Гора ја задржа контролата на паркетот и на одмор замина со еден гол позитива. На стартот на вториот дел Македонија преку Цветан Кузманоски изедначи за првпат (17-17). Во следниот период мечот беше игра на нерви. Во неколку наврати Македонија можеше и да го преземе водството, но следеа многу грешки. Грешеа и Црногорците, затоа паднаа мал број на голови. Во 40. минута од мечот Црна Гора преку разиграните Вујовиќ влезе во серија од три гола и се врати на „плус три“ (18-21). Црната низа на нашиот национален тим ја прекина одличниот Мартин Велковски со шестиот гол на мечот од шестиот обид (19-21), па следеше добра одбрана, но Кузманоски не погоди за ново враќање во мечот. Тоа го казни Шеваљевиќ (19-22), додека потоа Македонија имаше одлична можност повторно да се доближи до противникот откако Црногорците добија две исклучувања, арно ама не се успеа во тоа благодарение на расположениот голман Небојша Симиќ кој царуваше меѓу стативите. Мора да се напомене и добриот учинок на Никола Митревски, но грешките во нападот го направија своето. Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со шест гола од седум обида, пред Цветан Кузманоски со пет гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов стрелаа по три пати. Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по шест реализации. Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска, која важи за главен фаворит за златото и воедно беше ривал на нашиот национален тим во квалификациите за овој голем ракометен настан.
извор: gol.mk

The post Со два пораза Македонија се простува од ЕП appeared first on Република.

]]>
Maкедонија денеска го игра првиот меч на ЕП против Словенија https://republika.mk/sport/rakomet/makedonija-deneska-go-igra-prviot-mech-na-ep-protiv-slovenija/ Thu, 13 Jan 2022 08:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=443997

Македонија денеска го игра првиот меч на Европското првенство во ракомет. Противник во Дебрецин ќе ни биде силната Словенија. Она што може да го радува селекторот Лазаров е што резултатите на сите тестирани се негативни и може да смета на сите ракометари освен на Митревски, Младеновиќ, Ојлески и Кизиќ се четворицата ракометари кои дефинитивно ќе ги пропуштат првите две средби од ЕП 2022, против Словенија и Црна Гора.

The post Maкедонија денеска го игра првиот меч на ЕП против Словенија appeared first on Република.

]]>

Македонија денеска го игра првиот меч на Европското првенство во ракомет. Противник во Дебрецин ќе ни биде силната Словенија. Она што може да го радува селекторот Лазаров е што резултатите на сите тестирани се негативни и може да смета на сите ракометари освен на Митревски, Младеновиќ, Ојлески и Кизиќ се четворицата ракометари кои дефинитивно ќе ги пропуштат првите две средби од ЕП 2022, против Словенија и Црна Гора.

The post Maкедонија денеска го игра првиот меч на ЕП против Словенија appeared first on Република.

]]>
Maкедонија в четврток во Унгарија ќе игра пред полни трибини https://republika.mk/sport/rakomet/makedonija-v-chetvrtok-vo-ungarija-kje-igra-pred-polni-tribini/ Sun, 09 Jan 2022 11:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=442137

Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ.

Одлуката да се лимитира капацитетот за дуелите во Братислава и Кошице, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ), е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус во Словачка.

Засега без ограничувања остануваат салите во Будимпешта, Сегед и Дебрецин во Унгарија.

Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30 јануари.

Македонската ракометна репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин, а прв противник на „црвено – жолтите“ ќе им биде Словенија, в четврток со почеток во 18 часот.

The post Maкедонија в четврток во Унгарија ќе игра пред полни трибини appeared first on Република.

]]>

Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ. Одлуката да се лимитира капацитетот за дуелите во Братислава и Кошице, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ), е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус во Словачка. Засега без ограничувања остануваат салите во Будимпешта, Сегед и Дебрецин во Унгарија. Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30 јануари. Македонската ракометна репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин, а прв противник на „црвено – жолтите“ ќе им биде Словенија, в четврток со почеток во 18 часот.

The post Maкедонија в четврток во Унгарија ќе игра пред полни трибини appeared first on Република.

]]>