македонизам Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonizam/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 09:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонизам Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonizam/ 32 32 Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-fakt-chekerite-i-vlasta-da-odgovorat-dali-makedonizmot-e-rasistichka-i-shovinistichka-ideologija/ Fri, 09 Sep 2022 09:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=549016

Македонизмот во неговата антибугарска форма е нешто што не може да функционира без контроверзността на другиот. Не може да „цвета“, без лаги и забрани. Деновите на македонизмот, како расистичка и шовинистичка идеологија се преброени. Неговиот крај можете да го именувате, како што ви душа сака. Македонските Бугари, ниту имаат можност, а Бога ми, ни желба, да прават ад хок тело по тоа прашање. Тоа си е ваша трагедија и неминовна судбина.

Ова меѓу другото во текст во Трибуна.мк го пишув главниот уредник Атанас Вличков. Текстот  насловен како „Европизација со сталинистички методи“, а повод е штотуку формираното ад хок тело при Министерството за правда, кое до усвојувањето на новиот закон за фондации треба да одобрува или не имиња, што ќе можат или не да се користат.

Член и на ова ад хок тело е неизбежниот државен, „органски“ историчар број 1, академик Драги Ѓоргив, кој е и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците.

Не навлегувајќи во никаква полемика со главниот уредник на Трибуна.мк, г-динот Величков, особено не околу неговите ставови за потребата од формирање вакво тело, би било добро акедемикот Ѓоргив, јавно, јасно и гласно да и објасни на јавноста дали навистина  македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? Притоа да не се вади со изговор дека како комисија се уште не се стигнати до таа точка на дневен ред-прашува „Пресинг ТВ“.

 

А, и не само тој, тука се и најновите проверувачи на факти, кои се финансираат со европски пари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како надлежен за спречување на говорот на омраза, Комисијата за заштита од дискриминација, па и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, зашто не убедуваат дека македонскиот идентитет и јазик во спорот со Бугарија се заштитени.

Само пред да одговорат нека размислат добро, особено по тоа што прифатија со францускиот предлог. Меѓу другото, во делот на отворање на досиејата не само што признаа, туку и потврдија дека по Втората светска војна репресивниот државен апарат делувал и вршел репресии не само врз идеолошка, ами и врз етничка основа.

До сега ни беа познати многу критики од бугарска стран на сметка на македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, го именуваше како воинствен.

The post Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? appeared first on Република.

]]>

Македонизмот во неговата антибугарска форма е нешто што не може да функционира без контроверзността на другиот. Не може да „цвета“, без лаги и забрани. Деновите на македонизмот, како расистичка и шовинистичка идеологија се преброени. Неговиот крај можете да го именувате, како што ви душа сака. Македонските Бугари, ниту имаат можност, а Бога ми, ни желба, да прават ад хок тело по тоа прашање. Тоа си е ваша трагедија и неминовна судбина. Ова меѓу другото во текст во Трибуна.мк го пишув главниот уредник Атанас Вличков. Текстот  насловен како „Европизација со сталинистички методи“, а повод е штотуку формираното ад хок тело при Министерството за правда, кое до усвојувањето на новиот закон за фондации треба да одобрува или не имиња, што ќе можат или не да се користат. Член и на ова ад хок тело е неизбежниот државен, „органски“ историчар број 1, академик Драги Ѓоргив, кој е и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците.
Не навлегувајќи во никаква полемика со главниот уредник на Трибуна.мк, г-динот Величков, особено не околу неговите ставови за потребата од формирање вакво тело, би било добро акедемикот Ѓоргив, јавно, јасно и гласно да и објасни на јавноста дали навистина  македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? Притоа да не се вади со изговор дека како комисија се уште не се стигнати до таа точка на дневен ред-прашува „Пресинг ТВ“.  
А, и не само тој, тука се и најновите проверувачи на факти, кои се финансираат со европски пари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како надлежен за спречување на говорот на омраза, Комисијата за заштита од дискриминација, па и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, зашто не убедуваат дека македонскиот идентитет и јазик во спорот со Бугарија се заштитени. Само пред да одговорат нека размислат добро, особено по тоа што прифатија со францускиот предлог. Меѓу другото, во делот на отворање на досиејата не само што признаа, туку и потврдија дека по Втората светска војна репресивниот државен апарат делувал и вршел репресии не само врз идеолошка, ами и врз етничка основа. До сега ни беа познати многу критики од бугарска стран на сметка на македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, го именуваше како воинствен.

The post Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kocarev-site-dokumenti-shto-ne-se-konzistentni-so-osnovnite-premisi-na-makedonizmot-znachat-raznebituvanje-na-makedonija/ Thu, 21 Jul 2022 11:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=531801

Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, вели академик Љупчо Коцарев, во анализа за „Нова Македонија“ што целосно треба да биде објавена утре.

Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.

 

Затоа, во септември треба да почнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени - смета академик Коцарев.

The post Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија appeared first on Република.

]]>

Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија, вели академик Љупчо Коцарев, во анализа за „Нова Македонија“ што целосно треба да биде објавена утре.
Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.   Затоа, во септември треба да почнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени - смета академик Коцарев.

The post Коцарев: Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, значат разнебитување на Македонија appeared first on Република.

]]>
Бугарско здружение смета дека „Македонизмот е криминал кој ЕУ не смее да го дозволи“ https://republika.mk/vesti/balkan/bugarsko-zruzenie-smeta-deka-makedonizmot-e-kriminal-koj-eu-ne-smee-da-go-dozvoli/ Tue, 12 Jul 2022 12:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=527557

Проблемите на евроинтеграцијата наРепублика Македонија не се во Софија, туку во Скопје каде што се потребни неопходни реформи за надминување на злобните практики наследени од југословенското тоталитарно минато. Овој апел до сите васго упатуваме со повик притисокот што го вршите врз Бугарија да биде насочен кон РСМ за да ги започне и успешно да гизаврши преговорите за пристапување воЕУ“, апелира Здружението „Потомци набегалци и имигранти од територијата на Македонија.

Апелот е упатен до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, до претседателите на Бугарија и Македонија, Румен Радев и СтевоПендаровски, претседателите напарламентите на двете земји, премиеритена двете земји, како и до амбасадорите наЕУ и САД во Бугарија и Македонија.

The post Бугарско здружение смета дека „Македонизмот е криминал кој ЕУ не смее да го дозволи“ appeared first on Република.

]]>

Проблемите на евроинтеграцијата наРепублика Македонија не се во Софија, туку во Скопје каде што се потребни неопходни реформи за надминување на злобните практики наследени од југословенското тоталитарно минато. Овој апел до сите васго упатуваме со повик притисокот што го вршите врз Бугарија да биде насочен кон РСМ за да ги започне и успешно да гизаврши преговорите за пристапување воЕУ“, апелира Здружението „Потомци набегалци и имигранти од територијата на Македонија. Апелот е упатен до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, до претседателите на Бугарија и Македонија, Румен Радев и СтевоПендаровски, претседателите напарламентите на двете земји, премиеритена двете земји, како и до амбасадорите наЕУ и САД во Бугарија и Македонија.

The post Бугарско здружение смета дека „Македонизмот е криминал кој ЕУ не смее да го дозволи“ appeared first on Република.

]]>
Радев од Берлин: Не смееме да дозволиме легитимација на македонизмот https://republika.mk/vesti/balkan/radev-od-berlin-ne-smeeme-da-dozvolime-legitimacija-na-makedonizmot/ Mon, 16 May 2022 17:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=503039

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со германскиот државен врв во Берлин кажа дека не смее да се дозволи легитимација на македонизмот, зашто во Европската унија нема место за идеологии на поранешна Југославија.

Како што пренесуваат бугарските медуми, Радев кажа дека нема да отстави од ветото за Македонија во ЕУ.

Бугарија треба да работи за да добие нови партнери, а не да создаде проблеми. Не треба да дозволиме нашата национална позиција за Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина. Војната во Украина е загуба за цела Европа, вели Радев.

 

The post Радев од Берлин: Не смееме да дозволиме легитимација на македонизмот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со германскиот државен врв во Берлин кажа дека не смее да се дозволи легитимација на македонизмот, зашто во Европската унија нема место за идеологии на поранешна Југославија. Како што пренесуваат бугарските медуми, Радев кажа дека нема да отстави од ветото за Македонија во ЕУ.
Бугарија треба да работи за да добие нови партнери, а не да создаде проблеми. Не треба да дозволиме нашата национална позиција за Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина. Војната во Украина е загуба за цела Европа, вели Радев.
 

The post Радев од Берлин: Не смееме да дозволиме легитимација на македонизмот appeared first on Република.

]]>
Ќе реагираат ли нашите власти што Радев го нарече македонизмот „воинствен“? https://republika.mk/vesti/balkan/kje-reagiraat-li-nashite-vlasti-shto-radev-go-nareche-makedonizmot-voinstven/ Wed, 04 May 2022 14:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=497369

Бугарскиот претседател Руман Радев на денешната конференција по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.

– Наспроти ова, се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – како да го направиме тоа што е можно побрзо да започнат преговори додека во исто време поставуваат јасна бариера со воинствениот македонизам. Јасно е дека треба да бараме каде нашите интереси да се вкрстат и да бараме компромиси. Но, кога зборуваме за компромиси – не можам да направам такви со правата на македонските Бугари.

Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација. Не можам да направам компромис со нашите историја и идентитет. Исклучително важно – прекин и искоренување на говорот на омраза и се да започне со менување на учебниците. Не можам да прифатам дека помладата генерација кај нашиот пријателскиот сосед е воспитан во духот на омразата кон Бугари. Ова е апсолутно неприфатливо и не можеме да го прифатиме.

Нема шанси да тргнеме напред ако не се откријат архивите на УДБА. Исто како што сите земји од Источна Европа ја доживеаја својата катарза на раскинување со своето тоталитарно минато, а РСМ не може да не го стори тоа,

Не можам да направам компромис за нашата одговорност како демократија за иднината на ЕУ. Доколку во моментов некој од нашите партнери не ја согледа длабочината на историскиот проблем и можноста Македонизмот да ја дестабилизира унијата. Треба да се интегрираме како партнери, а не со проблеми, и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ, рече Радев.

Бугарскиот претседател е на ставот дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги заврши уставните измени.

– Отсекогаш сум велел дека треба да биде со промена на уставот и интегрирање на македонските Бугари. Зошто мислам дека мора да се направи пред тоа? Веќе имаме многу настани и процеси кои не доведоа до губење доверба. Ако во уставот е внесен еден збор „Бугари“, тоа значи дека ја прифаќате европската идеја. Изјавите дека нема 2/3 од мнозинството во парламентот – извинете, ако мнозинството во парламентот не е подготвено да ја прифати Копенхагенската конвенција за правата на човекот, тогаш за што зборуваме, праша претседателот.

Радев дополни дека услови за деблокадата се и гаранциите за заштита на бугарското културно и историско наследство.Според него, формулата 1 + 5 барање била разбрана од западните партнери и прифатена од нивна страна.

The post Ќе реагираат ли нашите власти што Радев го нарече македонизмот „воинствен“? appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Руман Радев на денешната конференција по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.
– Наспроти ова, се соочуваме со важни одлуки и тешка дилема – како да го направиме тоа што е можно побрзо да започнат преговори додека во исто време поставуваат јасна бариера со воинствениот македонизам. Јасно е дека треба да бараме каде нашите интереси да се вкрстат и да бараме компромиси. Но, кога зборуваме за компромиси – не можам да направам такви со правата на македонските Бугари.
Нивните права мора да бидат вградени во уставот за да бидат интегрирани целосно во општествениот и економскиот живот на нашиот сосед, а за тоа треба да се стави крај на процесите на дебугаризација. Не можам да направам компромис со нашите историја и идентитет. Исклучително важно – прекин и искоренување на говорот на омраза и се да започне со менување на учебниците. Не можам да прифатам дека помладата генерација кај нашиот пријателскиот сосед е воспитан во духот на омразата кон Бугари. Ова е апсолутно неприфатливо и не можеме да го прифатиме. Нема шанси да тргнеме напред ако не се откријат архивите на УДБА. Исто како што сите земји од Источна Европа ја доживеаја својата катарза на раскинување со своето тоталитарно минато, а РСМ не може да не го стори тоа,
Не можам да направам компромис за нашата одговорност како демократија за иднината на ЕУ. Доколку во моментов некој од нашите партнери не ја согледа длабочината на историскиот проблем и можноста Македонизмот да ја дестабилизира унијата. Треба да се интегрираме како партнери, а не со проблеми, и со тоа да ја покажеме нашата лојалност кон ЕУ, рече Радев.
Бугарскиот претседател е на ставот дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги заврши уставните измени.
– Отсекогаш сум велел дека треба да биде со промена на уставот и интегрирање на македонските Бугари. Зошто мислам дека мора да се направи пред тоа? Веќе имаме многу настани и процеси кои не доведоа до губење доверба. Ако во уставот е внесен еден збор „Бугари“, тоа значи дека ја прифаќате европската идеја. Изјавите дека нема 2/3 од мнозинството во парламентот – извинете, ако мнозинството во парламентот не е подготвено да ја прифати Копенхагенската конвенција за правата на човекот, тогаш за што зборуваме, праша претседателот.

Радев дополни дека услови за деблокадата се и гаранциите за заштита на бугарското културно и историско наследство.Според него, формулата 1 + 5 барање била разбрана од западните партнери и прифатена од нивна страна.

The post Ќе реагираат ли нашите власти што Радев го нарече македонизмот „воинствен“? appeared first on Република.

]]>
Еколошко загадување на МАКЕДОНИЗМОТ https://republika.mk/kolumni/ekoloshko-zagaduvanje-na-makedonizmot/ Sun, 30 Jan 2022 13:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=451552

„Од кога ГОСПОД ја направил МАКЕДОНИЈА потоа ништо ново не создал, сé било само реплика на совршенството што личело на МАКЕДОНИЈА“.

Ова стои во еден стар неколку векови запис во манастир што се наоѓа на брегот на прекрасно езеро.

Сега оваа чистотија, утринско ведра небеска бистрина е под закана од комплетно еколошко загадување на сé што личи на Македонија, нејзиниот народ, јазик, идентитет, историја, потекло, со еден збор кажано, комплетен брутален атак на МАКЕДОНИЗМОТ.

Луѓе на продажба, чии образи никако не можат да се калосаат, затоа што се КАЛЛИВИ родени, собрани во борд на злосторници во прв ред некои актуелни и поранешни функционери, премиери, претседатели, министри, претседатели на Собрание, универзитетски професори, академци, црквено свештеници, стопанственици, писатели, колумнисти и други подјармени суштества, управувани со историски застарена духовна технологија увезена од индустрискиот развиен свет и комшии, ниту кај нив ниту било каде во светот употреблива.

Овие бедници (далеку поразлични и поопасни од оние од романот на Виктор Иго) самопрогласени интелектуалци, кои својот ум го дале или продале на употреба и управување на непријателите на нашата татковина МАКЕДОНИЈА, се трансформираат во морони кои го изгубиле паметот.

Никогаш повеќе не ќе можат да размислуваат со својот ум туку ќе ги слушаат само заповедите на нивните наредбодаватели три пати поголеми трупци од нив. Ете до каде може да те донесе самопонижувањето.

Свесно од вашите усти направивте фабрички оџаци без филтри и постојано го труете и загадувате македонскиот воздух, без трошка размислување и патриотски резон, на својот народ место решенија му нудите само претпоставки, најчесто, поточно секогаш грешки, а потоа постојано се извинувате, но сега не на жртвата, својот народ туку на оние кои управуваат со вашиот мозок кој пак е во сериозен застој треперејќи дали доволно ефикасно сте ја сработиле зададената домашна задача.

Еве, само еден пример тапчовци сте собрани во фабричките првостепени загадувачи.
Дали некогаш сте знаеле, или сега заборавиле дека ваквите формули од типот 4+1, 5+1, 6+1, финални решенија, се од ризницата на најголемиот загадувачи на народи во историјата, Хитлер и дружината. На што сте спаднале.

Како сте тргнале ни најсовремени филтри не можат да ви се вградат за да се прочистите. Не помагаат ни ЗЕЛЕНИТЕ.

ЗЕЛЕНИТЕ се со вас и се уште поголеми загадувачи. По сé изгледа од сé што е зелено поседувате само зелени глави, несозреани од топлото македонско сонце кое го затемнувате и го правите недостапно за луѓето навикнати на светлината на духот што им го внедриле нивните прадедовци.

Таму каде што разумот не функционира, филтрите прочистувачи не помагаат, треба да се разурнат и уништат фабриките на злото. Тоа ќе ве снајде.

Затоа што еден честит домаќин глава на семејството, кондураџија, земјоделец, учител, занаетчија, студент, средношколец, војник, офицер, било кој што умот го задржал за себе, правилно го употребил (употреба на умот) и не го продал на туѓинци да го управуваат, само еден од нив поединец е 100 пати посилен од сите вас заедно колку и да сте, клетници и отпадници.

На крај, со голема почит кон чесните новинари, им се обраќам на дел од носителите на ПИ АР-от на фабрикантите ЗАГАДУВАЧИ:

Тие, измет да ви сервираат слатко ќе го изедете и ќе се пофалите: „Леле колку убава торта сме се најале“.

The post Еколошко загадување на МАКЕДОНИЗМОТ appeared first on Република.

]]>

„Од кога ГОСПОД ја направил МАКЕДОНИЈА потоа ништо ново не создал, сé било само реплика на совршенството што личело на МАКЕДОНИЈА“. Ова стои во еден стар неколку векови запис во манастир што се наоѓа на брегот на прекрасно езеро. Сега оваа чистотија, утринско ведра небеска бистрина е под закана од комплетно еколошко загадување на сé што личи на Македонија, нејзиниот народ, јазик, идентитет, историја, потекло, со еден збор кажано, комплетен брутален атак на МАКЕДОНИЗМОТ. Луѓе на продажба, чии образи никако не можат да се калосаат, затоа што се КАЛЛИВИ родени, собрани во борд на злосторници во прв ред некои актуелни и поранешни функционери, премиери, претседатели, министри, претседатели на Собрание, универзитетски професори, академци, црквено свештеници, стопанственици, писатели, колумнисти и други подјармени суштества, управувани со историски застарена духовна технологија увезена од индустрискиот развиен свет и комшии, ниту кај нив ниту било каде во светот употреблива. Овие бедници (далеку поразлични и поопасни од оние од романот на Виктор Иго) самопрогласени интелектуалци, кои својот ум го дале или продале на употреба и управување на непријателите на нашата татковина МАКЕДОНИЈА, се трансформираат во морони кои го изгубиле паметот. Никогаш повеќе не ќе можат да размислуваат со својот ум туку ќе ги слушаат само заповедите на нивните наредбодаватели три пати поголеми трупци од нив. Ете до каде може да те донесе самопонижувањето. Свесно од вашите усти направивте фабрички оџаци без филтри и постојано го труете и загадувате македонскиот воздух, без трошка размислување и патриотски резон, на својот народ место решенија му нудите само претпоставки, најчесто, поточно секогаш грешки, а потоа постојано се извинувате, но сега не на жртвата, својот народ туку на оние кои управуваат со вашиот мозок кој пак е во сериозен застој треперејќи дали доволно ефикасно сте ја сработиле зададената домашна задача. Еве, само еден пример тапчовци сте собрани во фабричките првостепени загадувачи. Дали некогаш сте знаеле, или сега заборавиле дека ваквите формули од типот 4+1, 5+1, 6+1, финални решенија, се од ризницата на најголемиот загадувачи на народи во историјата, Хитлер и дружината. На што сте спаднале. Како сте тргнале ни најсовремени филтри не можат да ви се вградат за да се прочистите. Не помагаат ни ЗЕЛЕНИТЕ. ЗЕЛЕНИТЕ се со вас и се уште поголеми загадувачи. По сé изгледа од сé што е зелено поседувате само зелени глави, несозреани од топлото македонско сонце кое го затемнувате и го правите недостапно за луѓето навикнати на светлината на духот што им го внедриле нивните прадедовци. Таму каде што разумот не функционира, филтрите прочистувачи не помагаат, треба да се разурнат и уништат фабриките на злото. Тоа ќе ве снајде. Затоа што еден честит домаќин глава на семејството, кондураџија, земјоделец, учител, занаетчија, студент, средношколец, војник, офицер, било кој што умот го задржал за себе, правилно го употребил (употреба на умот) и не го продал на туѓинци да го управуваат, само еден од нив поединец е 100 пати посилен од сите вас заедно колку и да сте, клетници и отпадници. На крај, со голема почит кон чесните новинари, им се обраќам на дел од носителите на ПИ АР-от на фабрикантите ЗАГАДУВАЧИ: Тие, измет да ви сервираат слатко ќе го изедете и ќе се пофалите: „Леле колку убава торта сме се најале“.

The post Еколошко загадување на МАКЕДОНИЗМОТ appeared first on Република.

]]>