Македонија - Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-turcija/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 13:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-turcija/ 32 32 Македонска свадба во Измир https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonska-svadba-vo-izmir/ Fri, 13 Sep 2024 17:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=816096

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>

Македонска свадба во Измир, Турција

The post Македонска свадба во Измир appeared first on Република.

]]>
Македонската репрезентација со многу мака ја совлада Турција и се пласира на ЕП https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskata-reprezentatsija-so-mnogu-maka-ja-sovlada-turtsija-i-se-plasira-na-ep/ Sun, 30 Apr 2023 17:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=635587

Македонската репрезентација тешко ја совлада Турција ( 30-27) и се пласираше на Европското првенство во јануари во Германија.

Македонија не одигра речиси ништо на овој натпревар. Одбраната "нежна" , нападот без муниција но и ослабени по повредата на Кузмановски.

Згора на тоа голманот Томовски во првиот дел не одбрани речиси ништо но за тоа во второто полувреме се извади со неколку зицери. Но, и на фановите треба да им биде јасно дека ова е нова, млада репрезентација на која ќе и треба време да се искали на големи натпреварувања како европско и светско првенство.

The post Македонската репрезентација со многу мака ја совлада Турција и се пласира на ЕП appeared first on Република.

]]>

Македонската репрезентација тешко ја совлада Турција ( 30-27) и се пласираше на Европското првенство во јануари во Германија. Македонија не одигра речиси ништо на овој натпревар. Одбраната "нежна" , нападот без муниција но и ослабени по повредата на Кузмановски. Згора на тоа голманот Томовски во првиот дел не одбрани речиси ништо но за тоа во второто полувреме се извади со неколку зицери. Но, и на фановите треба да им биде јасно дека ова е нова, млада репрезентација на која ќе и треба време да се искали на големи натпреварувања како европско и светско првенство.

The post Македонската репрезентација со многу мака ја совлада Турција и се пласира на ЕП appeared first on Република.

]]>
Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето во Турција https://republika.mk/sport/rakomet/ubedliva-pobeda-za-makedonskite-rakometari-na-gostuvanjeto-vo-turcija/ Sun, 16 Oct 2022 16:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=561757

Македонската ракометна репрезентација попладнево забележа убедлива победа над Турција на гостински терен со 36:27. Средбата која се одигра во Ван беше од 2. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Македонците одлично го отворија мечот и може да се каже дека го решија победникот по само 14 минути игра кога поведоа со 9:0. Во 27. минута за првпат разилката беше двоцифрена (17:7). На полувреме „црвено-жолтите“ отидоа со преднсот 17:8.

Домаќините на почетокот на второто полувреме се обидоа да фатат резултатски приклучок, но македонската репрезентација ги одби нападите и во 40.минута повторно имаше 10 разлика (24:14). На петнаесетина минути пред крајот Турците дојдоа до минус шест (20:26), но тоа е сè што направија.

Во победничкиот состав најефикасни беа Филип Талески со шест и Дејан Манасков со пет погодоци.

Во следното коло, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Португалија која по две кола има исто така две победи.

Турција шансата за први бодови ќе ја бараа на дуелот со Луксембург.

Овие натпревари ќе се играат во март следната година.

The post Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето во Турција appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација попладнево забележа убедлива победа над Турција на гостински терен со 36:27. Средбата која се одигра во Ван беше од 2. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Македонците одлично го отворија мечот и може да се каже дека го решија победникот по само 14 минути игра кога поведоа со 9:0. Во 27. минута за првпат разилката беше двоцифрена (17:7). На полувреме „црвено-жолтите“ отидоа со преднсот 17:8. Домаќините на почетокот на второто полувреме се обидоа да фатат резултатски приклучок, но македонската репрезентација ги одби нападите и во 40.минута повторно имаше 10 разлика (24:14). На петнаесетина минути пред крајот Турците дојдоа до минус шест (20:26), но тоа е сè што направија. Во победничкиот состав најефикасни беа Филип Талески со шест и Дејан Манасков со пет погодоци. Во следното коло, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Португалија која по две кола има исто така две победи. Турција шансата за први бодови ќе ја бараа на дуелот со Луксембург. Овие натпревари ќе се играат во март следната година.

The post Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето во Турција appeared first on Република.

]]>
Османи во официјална посета на Турција https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-oficijalna-poseta-na-turcija/ Tue, 07 Jun 2022 06:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=511963

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата, информираа од МНР.

Како што е најавено, Османи ќе има средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Македонија. цр/са/

 

The post Османи во официјална посета на Турција appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу. Билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата, информираа од МНР. Како што е најавено, Османи ќе има средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп. На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Македонија. цр/са/  

The post Османи во официјална посета на Турција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Шентоп: Евроинтеграциите се значајни за стабилноста на регионот и пошироко https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-shentop-evrointegraciite-se-znachajni-za-stabilnosta-na-regionot-i-poshiroko/ Wed, 27 Apr 2022 16:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=494363

Македонија и Турција продолжуваат да ги се развиваат односите на планот на економијата и како држави партнери во рамки на НАТО алијансата, констатирале на денешната средба во Скопје претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, заеднички се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, коишто бележат унапредување, што го покажува растот на трговскиот обем во 2021-та година, како и тоа што турски компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава.

Оценето е дека државава се грижи за сите граѓани подеднакво, дека Македонија е пример како граѓани од различни култури, вери и етнички заедници можат да живеат заедно во една држава, во хармонија и дека е тоа значаен придонес во мирот на Балканот, се наведува во соопштението.

Во таа насока, пренесено е дека Турција ја поддржува Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, со надеж дека тоа ќе се случи во најскоро време, бидејќи се смета дека евроинтеграциите на нашата држава се од големо значење за стабилноста на регионот, но и пошироко.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за искрената и континуирана поддршка од Турција во напредокот на Македонија од осамостојувањето на државата до денес.

Во однос прашањето со Бугарија, премиерот Ковачевски потенцирал дека решение е можно ако двете страни се посветени на достоинствени разговори базирани на европските вредности и во духот на меѓусебно почитување.

Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски посочил дека нашата држава продолжува со политиките коишто се целосно на линија на ЕУ и на НАТО.

The post Ковачевски-Шентоп: Евроинтеграциите се значајни за стабилноста на регионот и пошироко appeared first on Република.

]]>

Македонија и Турција продолжуваат да ги се развиваат односите на планот на економијата и како држави партнери во рамки на НАТО алијансата, констатирале на денешната средба во Скопје претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, заеднички се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, коишто бележат унапредување, што го покажува растот на трговскиот обем во 2021-та година, како и тоа што турски компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава. Оценето е дека државава се грижи за сите граѓани подеднакво, дека Македонија е пример како граѓани од различни култури, вери и етнички заедници можат да живеат заедно во една држава, во хармонија и дека е тоа значаен придонес во мирот на Балканот, се наведува во соопштението. Во таа насока, пренесено е дека Турција ја поддржува Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, со надеж дека тоа ќе се случи во најскоро време, бидејќи се смета дека евроинтеграциите на нашата држава се од големо значење за стабилноста на регионот, но и пошироко. Премиерот Ковачевски се заблагодарил за искрената и континуирана поддршка од Турција во напредокот на Македонија од осамостојувањето на државата до денес. Во однос прашањето со Бугарија, премиерот Ковачевски потенцирал дека решение е можно ако двете страни се посветени на достоинствени разговори базирани на европските вредности и во духот на меѓусебно почитување. Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски посочил дека нашата држава продолжува со политиките коишто се целосно на линија на ЕУ и на НАТО.

The post Ковачевски-Шентоп: Евроинтеграциите се значајни за стабилноста на регионот и пошироко appeared first on Република.

]]>
Бектеши-Донмез: Ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Македонија и Турција https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-donmez-kje-se-zgolemuva-sorabotkata-vo-energetikata-pomegju-severna-makedonija-i-turcija/ Sat, 05 Feb 2022 09:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=454458

Македонија и Турција ќе потпишат меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата. Тоа го договориле министерот за економија, Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан.

На средбата на која присуствувал и директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговарале за можните правци за развој во полето на енергетиката земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки, како и енергетската криза.

Министерот информираше дека две турски компании се во конкуренција за избор на фирма која што по пат на јавно приватно-партнрство ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата. Процесот е во последна фаза и до крајот на годината треба да биде избрана компанија. Двајцата министри се согласија дека Турција и Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи дека во иднина оваа соработка да се продлабочи, информира Министерството за економија.

Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, Бектеши оствари неформална средба и со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Со него размениле мислење за реализација на заеднички енергетски проекти, пред се, за интерконективното гасно поврзување на Петрич и Струмица, како дел од процесот на продлабочување на економската соработка помеѓу двете соседни земји.

Бектеши во Баку имал и неформална средба со европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон со која разговарале за плановите и иневстициите за развој на енергетскиот сектор во Македонија, пред се за инвестициите за гасно поврзување во регионот.

The post Бектеши-Донмез: Ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>

Македонија и Турција ќе потпишат меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата. Тоа го договориле министерот за економија, Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан. На средбата на која присуствувал и директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговарале за можните правци за развој во полето на енергетиката земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки, како и енергетската криза.
Министерот информираше дека две турски компании се во конкуренција за избор на фирма која што по пат на јавно приватно-партнрство ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата. Процесот е во последна фаза и до крајот на годината треба да биде избрана компанија. Двајцата министри се согласија дека Турција и Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи дека во иднина оваа соработка да се продлабочи, информира Министерството за економија.
Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, Бектеши оствари неформална средба и со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Со него размениле мислење за реализација на заеднички енергетски проекти, пред се, за интерконективното гасно поврзување на Петрич и Струмица, како дел од процесот на продлабочување на економската соработка помеѓу двете соседни земји. Бектеши во Баку имал и неформална средба со европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон со која разговарале за плановите и иневстициите за развој на енергетскиот сектор во Македонија, пред се за инвестициите за гасно поврзување во регионот.

The post Бектеши-Донмез: Ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>