Македонската ракометна репрезентација попладнево забележа убедлива победа над Турција на гостински терен со 36:27. Средбата која се одигра во Ван беше од 2. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Македонците одлично го отворија мечот и може да се каже дека го решија победникот по само 14 минути игра кога поведоа со 9:0. Во 27. минута за првпат разилката беше двоцифрена (17:7). На полувреме „црвено-жолтите“ отидоа со преднсот 17:8.

Домаќините на почетокот на второто полувреме се обидоа да фатат резултатски приклучок, но македонската репрезентација ги одби нападите и во 40.минута повторно имаше 10 разлика (24:14). На петнаесетина минути пред крајот Турците дојдоа до минус шест (20:26), но тоа е сè што направија.

Во победничкиот состав најефикасни беа Филип Талески со шест и Дејан Манасков со пет погодоци.

Во следното коло, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Португалија која по две кола има исто така две победи.

Турција шансата за први бодови ќе ја бараа на дуелот со Луксембург.

Овие натпревари ќе се играат во март следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.