Македонија - НАТО Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-nato/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Mar 2023 08:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија - НАТО Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-nato/ 32 32 Новиот владин партнер Алијанса за Албанците: Македонија е безбедна држава далеку од каква било опасност https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-vladin-partner-alijansa-za-albantsite-makedonija-e-bezbedna-drzhava-daleku-od-kakva-bilo-opasnost/ Mon, 27 Mar 2023 08:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=624107

На 27 март 2020 година, Република Македонија стана најновата членка на НАТО. Од овој момент, РСМ, како дел од најмоќната Северноатлантската алијанса, е безбедна држава и далеку од каква било опасност за суверенитетот и интегритетот на земјата. РСМ како членка на НАТО дава свој придонес за секоја земја во која мора да се обезбеди светскиот мир, велат од Алијанса за Албанците.

Според оваа партија, руската агресија врз Украина, загрозувајќи ја глобалната безбедност, уште еднаш докажа дека како дел од НАТО, граѓаните и земјата се заштитени од сојузот на најмоќните држави во светот.

„Алијанса за Албанците имаше среќа да придонесе во процесот на членството на Македонија во НАТО. Алијанса за Албанците со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ“, потенцираат од партијата.

The post Новиот владин партнер Алијанса за Албанците: Македонија е безбедна држава далеку од каква било опасност appeared first on Република.

]]>

На 27 март 2020 година, Република Македонија стана најновата членка на НАТО. Од овој момент, РСМ, како дел од најмоќната Северноатлантската алијанса, е безбедна држава и далеку од каква било опасност за суверенитетот и интегритетот на земјата. РСМ како членка на НАТО дава свој придонес за секоја земја во која мора да се обезбеди светскиот мир, велат од Алијанса за Албанците. Според оваа партија, руската агресија врз Украина, загрозувајќи ја глобалната безбедност, уште еднаш докажа дека како дел од НАТО, граѓаните и земјата се заштитени од сојузот на најмоќните држави во светот.
„Алијанса за Албанците имаше среќа да придонесе во процесот на членството на Македонија во НАТО. Алијанса за Албанците со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ“, потенцираат од партијата.

The post Новиот владин партнер Алијанса за Албанците: Македонија е безбедна држава далеку од каква било опасност appeared first on Република.

]]>
Власта ќе прославува 3 години членство во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ke-proslavuva-3-godini-chlenstvo-vo-nato/ Mon, 27 Mar 2023 06:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=624001

На 15 ноември 1995 година, државава го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир.

На 14 јуни 1996 година беше отворена Канцеларија за врски, а при крајот на 1997 година и Постојаната мисија во седиштето на НАТО во Брисел. Во април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија се стекна со статус на земја-кандидат за членство во Алијансата, по што се отпочна со подготовка и реализација на Акцискиот план за членство.

Во финалната Декларација од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Алијансата донесе одлука дека земјата треба да добие покана за членство по решавањето на спорот за името со Грција. Во рамки на декларациите на следните Самити на НАТО (Лисабон 2010, Чикаго 2012, Велс 2014 и Варшава 2016), беше повторена формулацијата од Букурешт дека Алијансата ќе упати покана за членство во НАТО веднаш по постигнувањето на взаемно прифатливо решение за името во рамки на ООН.

На Самитот на НАТО во Брисел, 11-12 јули 2018 година - Северноатлантскиот совет, на состанок на ниво на шефови на држави и влади, донесе одлука да ја покани Република Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата.

На 1 август, 2018 година, Генералниот Секретар на НАТО упати писмо до министерот за надворешни работи на Република Македонија заедно со План за спроведување на процесот на пристапување во НАТО.

На 18 и 19 октомври 2018 година, на состанокот одржан во седиштето на НАТО во Брисел, Република Македонија успешно ги заврши пристапните разговори за членство на земјата во Алијансата. На 21 јануари 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија упати писмо до Генералниот Секретар на НАТО во кое беше изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на земјата во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, како и желбата за добивање на покана за пристапување кон НАТО.

На 06 февруари 2019 година, во седиштето на НАТО во Брисел, претставниците на 29 земји - членки на НАТО, во присуство на генералниот секретар на НАТО и министерот за надворешни работи на Република Македонија го потпишаа Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во Алијансата.

По свечената церемонија во Брисел, започна постапката за ратификација на Пристапниот протокол од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Процедурата за ратификација на Пристапниот протокол беше финализирана на 19 март 2020 година, кога Aмбасадорот на Кралството Шпанија во Вашингтон, го предаде инструментот за ратификација на Вашингтонскиот договор, со што се заокружи третата и последна фаза од пристапниот процес.

Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на Република Македонија, на 11 февруари 2020 година, едногласно го ратификуваше Северно-атлантскиот Договор, по што, на 20 март 2020 година, следеше и потпишување на инструментот за ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Претседателот на Републиката.

На 27 март 2020 година, преку Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, Република Македонија и официјално стана триесетта земја членка на Алијансата.

The post Власта ќе прославува 3 години членство во НАТО appeared first on Република.

]]>

На 15 ноември 1995 година, државава го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир. На 14 јуни 1996 година беше отворена Канцеларија за врски, а при крајот на 1997 година и Постојаната мисија во седиштето на НАТО во Брисел. Во април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија се стекна со статус на земја-кандидат за членство во Алијансата, по што се отпочна со подготовка и реализација на Акцискиот план за членство. Во финалната Декларација од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Алијансата донесе одлука дека земјата треба да добие покана за членство по решавањето на спорот за името со Грција. Во рамки на декларациите на следните Самити на НАТО (Лисабон 2010, Чикаго 2012, Велс 2014 и Варшава 2016), беше повторена формулацијата од Букурешт дека Алијансата ќе упати покана за членство во НАТО веднаш по постигнувањето на взаемно прифатливо решение за името во рамки на ООН. На Самитот на НАТО во Брисел, 11-12 јули 2018 година - Северноатлантскиот совет, на состанок на ниво на шефови на држави и влади, донесе одлука да ја покани Република Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата. На 1 август, 2018 година, Генералниот Секретар на НАТО упати писмо до министерот за надворешни работи на Република Македонија заедно со План за спроведување на процесот на пристапување во НАТО. На 18 и 19 октомври 2018 година, на состанокот одржан во седиштето на НАТО во Брисел, Република Македонија успешно ги заврши пристапните разговори за членство на земјата во Алијансата. На 21 јануари 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија упати писмо до Генералниот Секретар на НАТО во кое беше изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на земјата во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, како и желбата за добивање на покана за пристапување кон НАТО. На 06 февруари 2019 година, во седиштето на НАТО во Брисел, претставниците на 29 земји - членки на НАТО, во присуство на генералниот секретар на НАТО и министерот за надворешни работи на Република Македонија го потпишаа Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во Алијансата. По свечената церемонија во Брисел, започна постапката за ратификација на Пристапниот протокол од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Процедурата за ратификација на Пристапниот протокол беше финализирана на 19 март 2020 година, кога Aмбасадорот на Кралството Шпанија во Вашингтон, го предаде инструментот за ратификација на Вашингтонскиот договор, со што се заокружи третата и последна фаза од пристапниот процес. Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на Република Македонија, на 11 февруари 2020 година, едногласно го ратификуваше Северно-атлантскиот Договор, по што, на 20 март 2020 година, следеше и потпишување на инструментот за ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Претседателот на Републиката. На 27 март 2020 година, преку Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, Република Македонија и официјално стана триесетта земја членка на Алијансата.

The post Власта ќе прославува 3 години членство во НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/severna-makedonija-i-crna-gora-megju-devette-zemji-koi-go-prifakjaat-baranjeto-na-ukraina-za-chlenstvo-vo-nato/ Sun, 02 Oct 2022 16:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=556572

Девет земји од Централна и Источна Европа, вклучително и Македонија и Црна Гора, го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО, се вели во заедничката изјава.

Документот го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска и Словачка, кои наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина“.

Тие ја повикаа Русија „итно да се повлече од окупираните територии“ и нагласија дека „не ја признаваат легитимноста на припојувањето на териториите кон Руската Федерација“.

„Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија“, се наведува во заедничката изјава.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на неделата потпиша договори за пристап со лидерите на Доњецката и Луганската народна република и регионите Керсон и Запорожје. Истиот ден, украинскиот лидер Володимир Зеленски го објави барањето за членство на Украина за забрзано членство во НАТО.

„Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина. Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата“, се наведува во заедничката изјава која ја потпишаа чешкиот претседател Милош Земан, естонскиот претседател Алар Карис, латвискиот претседател Егилс Левиц, литванскиот претседател Гитанас Науседа, македонскиот претседател Стево Пендаровски, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханис и словачката претседателка Зузана Чапутова.

Но, од Алијансата порачаа дека „не е вистинскиот момент“ за тоа.

The post Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>

Девет земји од Централна и Источна Европа, вклучително и Македонија и Црна Гора, го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО, се вели во заедничката изјава. Документот го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска и Словачка, кои наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина“. Тие ја повикаа Русија „итно да се повлече од окупираните територии“ и нагласија дека „не ја признаваат легитимноста на припојувањето на териториите кон Руската Федерација“.
„Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија“, се наведува во заедничката изјава.
Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на неделата потпиша договори за пристап со лидерите на Доњецката и Луганската народна република и регионите Керсон и Запорожје. Истиот ден, украинскиот лидер Володимир Зеленски го објави барањето за членство на Украина за забрзано членство во НАТО.
„Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина. Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата“, се наведува во заедничката изјава која ја потпишаа чешкиот претседател Милош Земан, естонскиот претседател Алар Карис, латвискиот претседател Егилс Левиц, литванскиот претседател Гитанас Науседа, македонскиот претседател Стево Пендаровски, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханис и словачката претседателка Зузана Чапутова.
Но, од Алијансата порачаа дека „не е вистинскиот момент“ за тоа.

The post Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонија две години полноправна членка на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/severna-makedonija-dve-godini-polnopravna-chlenka-na-nato/ Sun, 27 Mar 2022 07:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=479139

Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со пандемијата на Ковид-19, вршителот на должност амбасадор на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер.

Датумот 27 март 2020 година беше означен како историски, а честитки пристигнаа од лидери од земјава, од лидерите на САД и НАТО. Добредојде во НАТО ни посакаа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, тогашниот американскиот државен секретар Мајк Помпео, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен…Церемонијата на депoнирање на инструментот во МНР ја следеа тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров и американската амбасадорка Кејт Брнз. Претседателот Стево Пендаровски во видео изјава нагласи дека станува збор за историски успеси кои по три децении независност конечно ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина.

На 30 март 2020 година македонското знаме беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапување на земјава во Алијансата. Знамето беше кренато додека се интонираше македонската химна. Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во НАТО посака генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Свечената церемонија на подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеше тогашниот премиер Оливер Спасовски.

Знамето на Република Македонија беше кренато и во Командата на сојузничките сили за операции во Shape – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

По повод една година од членството во НАТО, лани во нашата земја пристигна командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк. Тој имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, со поранешниот премиер Зоран Заев и со поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Македонија имаше одличен почеток и обезбедува значителни придонеси за Алијансата, порача Бурк.

Зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на НАТО по повод одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата.

-Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Според него, Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики.

-Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност, наведува Османи.

Определбата за евро-атлантско интегрирање на Република Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

На официјализирањето на членството претходеше период на ратифицирање на Протоколот за пристапување од страна на земјите-членки. Протоколот за девет месеци го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а ратификацијата во шпанскиот Парламент се оддолжи поради изборите во Шпанија. Собранието на Република Македонија на 11 февруари 2020 година со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот беше донесен со одложено дејство и се чекаше ратификацијата во Шпанија, која беше комплетирана на 17 март 2020 година.

Парламентот во 1993 година усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон програмата Партнерство за мир, Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година, кандидат станавме во 1999 година, а најблиску до НАТО бевме во 2008 година на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат вратата за НАТО се отвори и за нешто повеќе од една година, по потпишувањето на Протоколот на 6 февруари 2019 година, Македонија во 2020 година на денешен ден и официјално стана дел од евроатлантското семејство.

The post Македонија две години полноправна членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со пандемијата на Ковид-19, вршителот на должност амбасадор на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер. Датумот 27 март 2020 година беше означен како историски, а честитки пристигнаа од лидери од земјава, од лидерите на САД и НАТО. Добредојде во НАТО ни посакаа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, тогашниот американскиот државен секретар Мајк Помпео, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен…Церемонијата на депoнирање на инструментот во МНР ја следеа тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров и американската амбасадорка Кејт Брнз. Претседателот Стево Пендаровски во видео изјава нагласи дека станува збор за историски успеси кои по три децении независност конечно ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина. На 30 март 2020 година македонското знаме беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапување на земјава во Алијансата. Знамето беше кренато додека се интонираше македонската химна. Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во НАТО посака генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Свечената церемонија на подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеше тогашниот премиер Оливер Спасовски. Знамето на Република Македонија беше кренато и во Командата на сојузничките сили за операции во Shape – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија. По повод една година од членството во НАТО, лани во нашата земја пристигна командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк. Тој имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, со поранешниот премиер Зоран Заев и со поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска. -Македонија имаше одличен почеток и обезбедува значителни придонеси за Алијансата, порача Бурк. Зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на НАТО по повод одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата. -Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил. Според него, Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики. -Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност, наведува Османи. Определбата за евро-атлантско интегрирање на Република Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ. На официјализирањето на членството претходеше период на ратифицирање на Протоколот за пристапување од страна на земјите-членки. Протоколот за девет месеци го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а ратификацијата во шпанскиот Парламент се оддолжи поради изборите во Шпанија. Собранието на Република Македонија на 11 февруари 2020 година со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот беше донесен со одложено дејство и се чекаше ратификацијата во Шпанија, која беше комплетирана на 17 март 2020 година. Парламентот во 1993 година усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон програмата Партнерство за мир, Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година, кандидат станавме во 1999 година, а најблиску до НАТО бевме во 2008 година на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат вратата за НАТО се отвори и за нешто повеќе од една година, по потпишувањето на Протоколот на 6 февруари 2019 година, Македонија во 2020 година на денешен ден и официјално стана дел од евроатлантското семејство.

The post Македонија две години полноправна членка на НАТО appeared first on Република.

]]>
Петровска: Не го оставивме Зеленски сам https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ne-go-ostavivme-zelenski-sam/ Thu, 10 Mar 2022 21:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=470935

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тие не го оставиле украинскиот претседател Володимир Зеленски сам.

Не би рекла дека го оставивме сам заради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на агресорот во Украина. Мислам дека покажавме прилично голема солидарност. Ако од нас како воена алијанса НАТО се очекува да извршиме инвазија во Украина, тоа е невозможно. НАТО силите дејствуваат на својата територија и дејствуваат исклучиво во одбрана на територијалноста на НАТО-сојузниците, вели Петровска, која потсети дека и члените и други земји се приклучиле кон санкциите и ревносно ги спроведуваат.

Санкциите значеа отпор на таа агресија, потенцира министерката за одбрана на триесеттата членка на НАТО.

The post Петровска: Не го оставивме Зеленски сам appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тие не го оставиле украинскиот претседател Володимир Зеленски сам.
Не би рекла дека го оставивме сам заради тоа што со сите механизми, кои во изминатиов период ги видовме, ги преземаме сите мерки и активности за спротиставувањето на агресорот во Украина. Мислам дека покажавме прилично голема солидарност. Ако од нас како воена алијанса НАТО се очекува да извршиме инвазија во Украина, тоа е невозможно. НАТО силите дејствуваат на својата територија и дејствуваат исклучиво во одбрана на територијалноста на НАТО-сојузниците, вели Петровска, која потсети дека и члените и други земји се приклучиле кон санкциите и ревносно ги спроведуваат.
Санкциите значеа отпор на таа агресија, потенцира министерката за одбрана на триесеттата членка на НАТО.

The post Петровска: Не го оставивме Зеленски сам appeared first on Република.

]]>
Канадскиот амбасадор нè пофалил за брзите реакции и НАТО-политики во однос на Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/kanadskiot-ambasador-ne-pofalil-za-brzite-reakcii-i-nato-politiki-vo-odnos-na-ukraina/ Thu, 10 Mar 2022 16:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=470808

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Џајлз Норман, амбасадор на Канада за нашата држава.

Заеднички е оценето дека пријателството помеѓу Македонија и Канада е искрено и цврсто и во таа насока продолжува да се развива, со активна соработка меѓу двете држави и како полноправни членки на НАТО.

Изразени се честитки до премиерот Ковачевски за стапувањето на должноста и е соопштено дека се видливи заложбите на Владата за справување со последиците од светската криза, како што е вчера усвоениот пакет економски мерки.

Исто така, пренесено е дека се почитуваат политиките и брзите реакции на Република Македонија во однос на ситуацијата во Украина, а коишто се на линија на политиките на НАТО.

Премиерот Ковачевски рече дека за нашата држава Канада е вистински пријател и оцени дека постојат можности за унапредување на соработката во делот на инвестициите.

Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски нагласи дека политиките на Владата се и ќе бидат на линија на позициите на стратешките партнери на Република Македонија, НАТО и на Европската Унија.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата, на домашен план, е посветена на изнаоѓање решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните и за поддршка на компаниите со цел надминување на тековните економски и енергетски предизвици, како и дека останува посветеноста за членство во ЕУ, во рамки на коишто заложби се и разговорите со Република Бугарија, коишто се поставени на ниво на меѓусебно почитување.

На средбата е констатирано дека иницијативата Отворен Балкан дава резултати преку поедноставени процедури на функционирање во повеќе области. При тоа е нагласено дека местото на Република Македонија, како и на земјите од регионот е во Европската Унија, како и дека е тоа од важност и за Унијата и нејзината стабилност.

The post Канадскиот амбасадор нè пофалил за брзите реакции и НАТО-политики во однос на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Џајлз Норман, амбасадор на Канада за нашата држава. Заеднички е оценето дека пријателството помеѓу Македонија и Канада е искрено и цврсто и во таа насока продолжува да се развива, со активна соработка меѓу двете држави и како полноправни членки на НАТО. Изразени се честитки до премиерот Ковачевски за стапувањето на должноста и е соопштено дека се видливи заложбите на Владата за справување со последиците од светската криза, како што е вчера усвоениот пакет економски мерки. Исто така, пренесено е дека се почитуваат политиките и брзите реакции на Република Македонија во однос на ситуацијата во Украина, а коишто се на линија на политиките на НАТО. Премиерот Ковачевски рече дека за нашата држава Канада е вистински пријател и оцени дека постојат можности за унапредување на соработката во делот на инвестициите. Во однос на ситуацијата во Украина, премиерот Ковачевски нагласи дека политиките на Владата се и ќе бидат на линија на позициите на стратешките партнери на Република Македонија, НАТО и на Европската Унија. Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата, на домашен план, е посветена на изнаоѓање решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните и за поддршка на компаниите со цел надминување на тековните економски и енергетски предизвици, како и дека останува посветеноста за членство во ЕУ, во рамки на коишто заложби се и разговорите со Република Бугарија, коишто се поставени на ниво на меѓусебно почитување. На средбата е констатирано дека иницијативата Отворен Балкан дава резултати преку поедноставени процедури на функционирање во повеќе области. При тоа е нагласено дека местото на Република Македонија, како и на земјите од регионот е во Европската Унија, како и дека е тоа од важност и за Унијата и нејзината стабилност.

The post Канадскиот амбасадор нè пофалил за брзите реакции и НАТО-политики во однос на Украина appeared first on Република.

]]>