Магдалена Archives - Република https://republika.mk/tema/magdalena/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Aug 2023 11:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Магдалена Archives - Република https://republika.mk/tema/magdalena/ 32 32 Апелација му скина 10 години од казната на велешанецот што пијан на пешачки ја уби Магдалена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/ Mon, 07 Aug 2023 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=669589

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес за Ангелче Николов, кој во декември минатата година на пешачки премин ја прегази 11-годишната Магдалена во центарот на Велес. Од изречените 18 години, Апелација му намали десет години за двете дела за кои тој се товареше – „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Оваа одлука на Апелациониот суд е финална, а Николов од притворското одделение, со денешната одлука, ќе биде упатен на издржување на затворската казна. Покрај затворска казна, Николов доби и пет годишна забрана за управување на моторно возило, која ќе биде ефективна од денот на неговото излегување од затвор.

28 годишниот велешанец Ангелче Николов на 17 декември минатата година, возејќи под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина во строгиот центар на Велес на улицата„Борис Трајковски“, прегази мајка и нејзината 11 годишна ќерка. Од силината на ударот, малолетното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин на улицата и починало, а возачот Николов воопшто не запрел туку продолжил да вози со голема брзина. Неговиот мерцедес полицијата брзо го пронајде, а Николов самиот се пријави два дена по сообраќајната несреќа.

The post Апелација му скина 10 години од казната на велешанецот што пијан на пешачки ја уби Магдалена appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи првостепената пресуда од Основниот суд во Велес за Ангелче Николов, кој во декември минатата година на пешачки премин ја прегази 11-годишната Магдалена во центарот на Велес. Од изречените 18 години, Апелација му намали десет години за двете дела за кои тој се товареше – „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Оваа одлука на Апелациониот суд е финална, а Николов од притворското одделение, со денешната одлука, ќе биде упатен на издржување на затворската казна. Покрај затворска казна, Николов доби и пет годишна забрана за управување на моторно возило, која ќе биде ефективна од денот на неговото излегување од затвор.
28 годишниот велешанец Ангелче Николов на 17 декември минатата година, возејќи под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина во строгиот центар на Велес на улицата„Борис Трајковски“, прегази мајка и нејзината 11 годишна ќерка. Од силината на ударот, малолетното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин на улицата и починало, а возачот Николов воопшто не запрел туку продолжил да вози со голема брзина. Неговиот мерцедес полицијата брзо го пронајде, а Николов самиот се пријави два дена по сообраќајната несреќа.

The post Апелација му скина 10 години од казната на велешанецот што пијан на пешачки ја уби Магдалена appeared first on Република.

]]>
18-години затвор за Николов, кој пијан ја прегази 11-годишната Магдалена и избега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/18-godini-zatvor-za-nikolov-koj-pijan-ja-pregazi-11-godishnata-magdalena-i-izbega/ Fri, 17 Mar 2023 11:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=620700

Вкупно 18 години затвор му беа пресудени на велешанецот Ангелчо Николов кој под дејство на алкохол во декември со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11-годишната Магдалена почина.

Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години, соопшти Судскиот совет денска на судењето во Велес.

Обвинетиот доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години, без да се земе предвид времето поминато во затвор, како и да ги плати трошоците на постапката.

The post 18-години затвор за Николов, кој пијан ја прегази 11-годишната Магдалена и избега appeared first on Република.