Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/madhirov/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 14:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/madhirov/ 32 32 Промоција на сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров вечерва во Струмица https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-slikovnitsata-rokcheto-od-nikola-madhirov-vecherva-vo-strumitsa/ Tue, 02 Apr 2024 17:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=761357

Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, вечер ќе биде промовирана пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Промотор на книгата, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а специјален гостин ќе е фолклористот Иван Котев.

Како што соопштија организаторите, со овој настан го одбележуваат Светскиот ден на книгите за деца.

-„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач. Приказната во книгата е поврзана со настанување на градот Струмица, а формата „приказна во приказна“ во текстот на Маџиров е изведена многу лирски, стои во поканата за овој настан.

Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено десетина книги на македонски јазик, вклучително и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство. Како преведувач се јавува на петнаесетина книги поезија, раскази и романи. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици во над педесет земји и објавувана во антологии и списанија во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка и Австралија. Добитник е на поетската награда „Хуберт Бурда“, којa му беше доделена од жирито чиј член беше добитникот на Нобеловата награда за 2019 година, Петер Хандке. Освен ова меѓународно признание, тој ги има добиено и светската награда за книжевност „ДЈС“ во Кина (2011), европската поетска награда „Левир литерер“ (2015) во Франција, наградата за придонес во современата европска поезија на колеџот „Кингс“ во Кембриџ (2016), главната поетска награда на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019), меѓународната поетска награда „Beijing Literature and Art Network“ во Пекинг, Кина (2021), националната награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и уште две поетски награди со национален предзнак: „Студентски збор“ и „Ацо Караманов“.

The post Промоција на сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров вечерва во Струмица appeared first on Република.

]]>

Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, вечер ќе биде промовирана пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Промотор на книгата, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а специјален гостин ќе е фолклористот Иван Котев. Како што соопштија организаторите, со овој настан го одбележуваат Светскиот ден на книгите за деца. -„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач. Приказната во книгата е поврзана со настанување на градот Струмица, а формата „приказна во приказна“ во текстот на Маџиров е изведена многу лирски, стои во поканата за овој настан. Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено десетина книги на македонски јазик, вклучително и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство. Како преведувач се јавува на петнаесетина книги поезија, раскази и романи. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици во над педесет земји и објавувана во антологии и списанија во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка и Австралија. Добитник е на поетската награда „Хуберт Бурда“, којa му беше доделена од жирито чиј член беше добитникот на Нобеловата награда за 2019 година, Петер Хандке. Освен ова меѓународно признание, тој ги има добиено и светската награда за книжевност „ДЈС“ во Кина (2011), европската поетска награда „Левир литерер“ (2015) во Франција, наградата за придонес во современата европска поезија на колеџот „Кингс“ во Кембриџ (2016), главната поетска награда на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019), меѓународната поетска награда „Beijing Literature and Art Network“ во Пекинг, Кина (2021), националната награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и уште две поетски награди со национален предзнак: „Студентски збор“ и „Ацо Караманов“.

The post Промоција на сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров вечерва во Струмица appeared first on Република.

]]>
Маџиров: Анета без да знае ништо за мене го нацрта главниот јунак со исти пижами како моите, а порцеланската кутија каде е сокриено рокчето е иста како онаа на моите баба и дедо https://republika.mk/vesti/kultura/madhirov-aneta-bez-da-znae-nishto-za-mene-go-natsrta-glavniot-junak-so-isti-pizhami-kako-moite-a-portselanskata-kutija-kade-e-sokrieno-rokcheto-e-ista-kako-onaa-na-moite-baba-i-dedo/ Wed, 31 Jan 2024 08:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=738816

Во преполната книжарница на Литература.мк синоќа беше претставена сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска.

„Рокчето“ е пишувана врз основа на традиционална приказна од струмичкиот крај која зборува за сите светови и времиња собрани во едно место – во рогот на еден вол; традиционална приказна во која несвесно живее идејата за универзалниот Борхесовски Алеф; приказна во која Алеф, односно (рогот на) волот, се претвора во Алфа или почеток на сите светови и градови, почеток на нов живот наспроти сите разделби, рече Маџиров.

Книгата ја промовираа Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. Ќорвезироска се задржа на соработката меѓу авторот и илустраторката при што беше истакнато дека тие двајца воопшто не се познавале пред да почнат да соработуваат, но дека во текот на процесот на изработка на илустрациите, толку многу почнале да се надополнуваат што Маџиров почнал да пишува текст според двете облачиња кои ги нацртала Илиевска, додека таа, пак, без да знае, порцеланската кутија во која стои рокчето во приказната ја нацртала токму онаква каква што имале неговите баба и дедо.

Едноставно како да постоеше некоја невидлива врска. Кога го видов нацртано детето како спие во пижами точно онакви какви што имав јас се изненадив. Само што детето во приказната ги имаше сите цели копчиња, а моите беа искршени, дополни Маџиров.

За Анета Илиевска ова е прва ваква соработка и рече дека била многу возбудена уште на самиот почеток, а особено бидејќи ги работела илустрациите во еден за неа тежок емотивен период, тоа и помогнало полесно да се справи со другите животни предизвици со кои се соочувала во тие мигови.

Лафазановски најпрвин им се обрати на децата кои ги имаше во голем број на синоќешната промоција и кои заедно со своите родители ја следеа промоцијата која беше придружена со слајдови од илустрациите на книгата, но и музичка точка. На само нему својствен начин Лафазановски ја доближи содржината и до најмалите и до постарите читатели посочувајќи дека „Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.

Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач, рече Лафазановаки.

Фото: Татјана Ранташа

The post Маџиров: Анета без да знае ништо за мене го нацрта главниот јунак со исти пижами како моите, а порцеланската кутија каде е сокриено рокчето е иста како онаа на моите баба и дедо appeared first on Република.

]]>

Во преполната книжарница на Литература.мк синоќа беше претставена сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска.
„Рокчето“ е пишувана врз основа на традиционална приказна од струмичкиот крај која зборува за сите светови и времиња собрани во едно место – во рогот на еден вол; традиционална приказна во која несвесно живее идејата за универзалниот Борхесовски Алеф; приказна во која Алеф, односно (рогот на) волот, се претвора во Алфа или почеток на сите светови и градови, почеток на нов живот наспроти сите разделби, рече Маџиров.
Книгата ја промовираа Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. Ќорвезироска се задржа на соработката меѓу авторот и илустраторката при што беше истакнато дека тие двајца воопшто не се познавале пред да почнат да соработуваат, но дека во текот на процесот на изработка на илустрациите, толку многу почнале да се надополнуваат што Маџиров почнал да пишува текст според двете облачиња кои ги нацртала Илиевска, додека таа, пак, без да знае, порцеланската кутија во која стои рокчето во приказната ја нацртала токму онаква каква што имале неговите баба и дедо.
Едноставно како да постоеше некоја невидлива врска. Кога го видов нацртано детето како спие во пижами точно онакви какви што имав јас се изненадив. Само што детето во приказната ги имаше сите цели копчиња, а моите беа искршени, дополни Маџиров.
За Анета Илиевска ова е прва ваква соработка и рече дека била многу возбудена уште на самиот почеток, а особено бидејќи ги работела илустрациите во еден за неа тежок емотивен период, тоа и помогнало полесно да се справи со другите животни предизвици со кои се соочувала во тие мигови. Лафазановски најпрвин им се обрати на децата кои ги имаше во голем број на синоќешната промоција и кои заедно со своите родители ја следеа промоцијата која беше придружена со слајдови од илустрациите на книгата, но и музичка точка. На само нему својствен начин Лафазановски ја доближи содржината и до најмалите и до постарите читатели посочувајќи дека „Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач, рече Лафазановаки.
Фото: Татјана Ранташа

The post Маџиров: Анета без да знае ништо за мене го нацрта главниот јунак со исти пижами како моите, а порцеланската кутија каде е сокриено рокчето е иста како онаа на моите баба и дедо appeared first on Република.

]]>
Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-madhirov-beshe-chlen-na-zhirito-za-svetskata-nagrada-grifin-poetri-prajz/ Fri, 16 Jun 2023 11:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=652108

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс.

Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.

На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.

Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други.

Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.
На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.
Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд. Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други. Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>