мачки Archives - Република https://republika.mk/tema/machki/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 06:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мачки Archives - Република https://republika.mk/tema/machki/ 32 32 Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-domot-na-gostivarets-pronajdeni-ostatotsi-od-machki-negovata-ja-ubil-frlajki-ja-od-shesti-sprat/ Thu, 25 Jul 2024 07:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=800015

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули годинава пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.

 

The post Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат appeared first on Република.

]]>

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесена кривична пријава против Џ.Р.(44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Како што соопштуваат од МВР, на 3 јули годинава пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.  

The post Во домот на гостиварец пронајдени остатоци од мачки, неговата ја убил фрлајќи ја од шести спрат appeared first on Република.

]]>
Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки https://republika.mk/vesti/balkan/osum-godini-zatvor-za-grk-za-ubivane-na-bezdomni-machki/ Wed, 17 Jan 2024 17:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=734091

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор.

На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поглем број.

Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.

The post Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки appeared first on Република.

]]>

На затворска казна од осум години е осуден 33-годишен маж во Грција за убиство на две бездомни мачки во атинска населба, а паралелно изречена му е и парична казна во висина од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во февруари минатата година, сега веќе осудениот беше уапсен по пријави од граѓани и видеа од безбедносни камери дека убива и измачува улични мачки, по што му беше одредена мерка притвор. На судењето одржано вчера, според грчките медиуми, 33-годишниот бил осуден без никакви олеснувања, му се судело за убиства на две мачки, иако против него имало пријави за поглем број. Ова е втор случај во Грција лице да биде осудено на затворска казна поради мачење или убиство на животно.

The post Осум години затвор за Грк за убивање на бездомни мачки appeared first on Република.

]]>
Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/politsijata-vo-kina-spasi-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso/ Wed, 25 Oct 2023 09:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=694810

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми.

Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште.

Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.

 

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми. Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште. Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.  

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>
Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО https://republika.mk/zivot/zdravje/machki-vo-polska-imaat-ptichji-grip-ima-rizik-i-za-lugeto-predupreduva-szo/ Mon, 17 Jul 2023 12:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=662301

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека десетици мачки во Полска се заразени со птичји грип и има ризик вирусот да се пренесе на луѓето, иако тоа засега не е регистрирано.

Кон крајот на минатиот месец, полските власти ги известија претставниците на СЗО за невообичаената смрт на повеќе од 45 мачки во 13 региони на земјата.

Тестирањето минатата недела покажа дека 29 од тие мачки биле заразени со вирусот Х5Н1.

Во соопштението се наведува дека ова е првпат да се забележат толку голем број заразени мачки на толку голема површина во една земја.

СЗО соопшти дека ризикот луѓето во Полска да бидат заразени со птичји грип е „низок“ до „умерен“ за тие кои биле во контакт со мачките, вклучително и сопствениците на мачки и ветеринарите.

Од минатата година, властите во 10 земји пријавија појава на птичји грип кај цицачи, вклучително и одгледувани куни во Шпанија, фоки во САД и морски лавови во Перу и Чиле.

Од јуни, најновата варијанта на Х5Н1 е пријавена кај птиците и другите животински видови во Азија, Африка, Европа и Америка.

СЗО соопшти дека од 2020 година во светот се пријавени десет случаи на заразување кај луѓето.

Научниците се загрижени дека зголемениот број случаи на Х5Н1, особено кај животните кои имаат контакт со луѓе, може да доведе до мутирана верзија на вирусот што лесно може да се шири меѓу луѓето, предизвикувајќи уште една пандемија.

 

The post Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека десетици мачки во Полска се заразени со птичји грип и има ризик вирусот да се пренесе на луѓето, иако тоа засега не е регистрирано. Кон крајот на минатиот месец, полските власти ги известија претставниците на СЗО за невообичаената смрт на повеќе од 45 мачки во 13 региони на земјата. Тестирањето минатата недела покажа дека 29 од тие мачки биле заразени со вирусот Х5Н1. Во соопштението се наведува дека ова е првпат да се забележат толку голем број заразени мачки на толку голема површина во една земја. СЗО соопшти дека ризикот луѓето во Полска да бидат заразени со птичји грип е „низок“ до „умерен“ за тие кои биле во контакт со мачките, вклучително и сопствениците на мачки и ветеринарите. Од минатата година, властите во 10 земји пријавија појава на птичји грип кај цицачи, вклучително и одгледувани куни во Шпанија, фоки во САД и морски лавови во Перу и Чиле. Од јуни, најновата варијанта на Х5Н1 е пријавена кај птиците и другите животински видови во Азија, Африка, Европа и Америка. СЗО соопшти дека од 2020 година во светот се пријавени десет случаи на заразување кај луѓето. Научниците се загрижени дека зголемениот број случаи на Х5Н1, особено кај животните кои имаат контакт со луѓе, може да доведе до мутирана верзија на вирусот што лесно може да се шири меѓу луѓето, предизвикувајќи уште една пандемија.  

The post Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>
Под санкции ставени и руските мачки https://republika.mk/vesti/svet/pod-sankcii-staveni-i-machkite-od-rusija/ Thu, 03 Mar 2022 20:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=467184

Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (Fédération Internationale Féline – ФИФЕ) го забрани натпреварувањето на саемите на мачки за руските сопственици поради воените случувања во Украина.

Одборот директори на ФИФЕ е шокиран и ужаснат од руската инвазија на Украина и војната. Не можеме само да бидеме сведоци и да не направиме ништо - соопштија од ФИФЕ.

Поради оваа одлука, на мачките чии сопственици се Руси им е забрането да учествуваат на натпреварите на ФИФЕ, а забранет е и увоз и регистрација на мачки одгледани во Русија.

Санкциите ќе траат најмалку до мај, а може да бидат и продолжени, во зависност од состојбата во Украина. ФИФЕ ќе искористи и дел од својот буџет за да им помогне на одгледувачите и љубителите на мачки во Украина.

ФИФЕ има 39 земји-членки во Европа, Јужна Африка и Азија и е дел од Светскиот конгрес за мачки. Меѓународните санкции против Русија се проширија многу подалеку од економијата и сега забраните се воведени за спортисти, музичари и други јавни личности.

The post Под санкции ставени и руските мачки appeared first on Република.

]]>

Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (Fédération Internationale Féline – ФИФЕ) го забрани натпреварувањето на саемите на мачки за руските сопственици поради воените случувања во Украина.
Одборот директори на ФИФЕ е шокиран и ужаснат од руската инвазија на Украина и војната. Не можеме само да бидеме сведоци и да не направиме ништо - соопштија од ФИФЕ.
Поради оваа одлука, на мачките чии сопственици се Руси им е забрането да учествуваат на натпреварите на ФИФЕ, а забранет е и увоз и регистрација на мачки одгледани во Русија. Санкциите ќе траат најмалку до мај, а може да бидат и продолжени, во зависност од состојбата во Украина. ФИФЕ ќе искористи и дел од својот буџет за да им помогне на одгледувачите и љубителите на мачки во Украина. ФИФЕ има 39 земји-членки во Европа, Јужна Африка и Азија и е дел од Светскиот конгрес за мачки. Меѓународните санкции против Русија се проширија многу подалеку од економијата и сега забраните се воведени за спортисти, музичари и други јавни личности.

The post Под санкции ставени и руските мачки appeared first on Република.

]]>