лукоил Archives - Република https://republika.mk/tema/lukoil/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 09:53:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лукоил Archives - Република https://republika.mk/tema/lukoil/ 32 32 Италија ја презеде контролата над рафинеријата на „Лукоил“ на Сицилија https://republika.mk/vesti/svet/italija-ja-prezede-kontrolata-nad-rafinerijata-na-lukoil-na-sicilija/ Fri, 02 Dec 2022 09:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=580793

Италијанската влада привремено го презеде управувањето со рафинеријата на „Лукоил“ во земјата за да обезбеди снабдување со гориво откако на 5 декември ќе стапи на сила европското ембарго за увоз на руска сурова нафта, пренесе АФП.

Рафинеријата ИСАБ со која управува „Лукоил“ е една од најголемите во Европа. Нејзиниот опстанок е во прашање, бидејќи рафинеријата беше принудена целосно да се снабдува со нафта од Русија. Стравувајќи од санкции, европските банки престанаа да ја финансираат рафинеријата и да ѝ ги даваат потребните гаранции за увоз на нафта од други земји.

Италија не успеа во обидите да преговара за дополнително ослободување од санкциите на ЕУ за рафинеријата во Сицилија, која директно или индиректно вработува 7.000 луѓе. Рафинеријата има капацитет да преработува 10 милиони тони сурова нафта годишно и обезбедува околу 20 отсто од националните потреби.

Ова е привремено решение за да се избегне „блокирање на машините и активности и последователни катастрофи за вработување“, коментираше Ренато Сцифани, гувернер на регионот Сицилија, пред министерскиот совет.

„Одлуката за ставање на компанијата под државен надзор ќе овозможи да се бараат можни купувачи, без нужно да се исклучи опцијата за национализација“, истакна тој.

„Итната интервенција има за цел да ги заштити и стратешките национални енергетски локации и нивоата на вработеност кои се толку важни за Сицилија и за целата земја“, истакна премиерката Џорџа Мелони.

Во септември Германија ја презеде контролата врз објектите на руската нафтена групација „Роснефт“, која управуваше со многу рафинерии.

Американскиот инвестициски фонд „Кросбриџ енерџи партнерс“ преговара за договор со „Лукоил“ за купување на рафинеријата, чија вредност се проценува на 1-1,5 милијарди евра, објави во четвртокот „Фајненшел тајмс“.

Бугарија и Хрватска се единствените земји од ЕУ кои успеаја да преговараат за ослободување за увоз на руска нафта по морски пат. Бугарската рафинерија на „Лукоил“ доби право да работи со руска нафта до крајот на 2024 година. Руската компанија и преодната влада на Румен Радев се обидуваат да му дадат можност на „Лукоил“ дури и да извезува нафтени деривати на европскиот пазар.

 

The post Италија ја презеде контролата над рафинеријата на „Лукоил“ на Сицилија appeared first on Република.

]]>

Италијанската влада привремено го презеде управувањето со рафинеријата на „Лукоил“ во земјата за да обезбеди снабдување со гориво откако на 5 декември ќе стапи на сила европското ембарго за увоз на руска сурова нафта, пренесе АФП. Рафинеријата ИСАБ со која управува „Лукоил“ е една од најголемите во Европа. Нејзиниот опстанок е во прашање, бидејќи рафинеријата беше принудена целосно да се снабдува со нафта од Русија. Стравувајќи од санкции, европските банки престанаа да ја финансираат рафинеријата и да ѝ ги даваат потребните гаранции за увоз на нафта од други земји. Италија не успеа во обидите да преговара за дополнително ослободување од санкциите на ЕУ за рафинеријата во Сицилија, која директно или индиректно вработува 7.000 луѓе. Рафинеријата има капацитет да преработува 10 милиони тони сурова нафта годишно и обезбедува околу 20 отсто од националните потреби. Ова е привремено решение за да се избегне „блокирање на машините и активности и последователни катастрофи за вработување“, коментираше Ренато Сцифани, гувернер на регионот Сицилија, пред министерскиот совет. „Одлуката за ставање на компанијата под државен надзор ќе овозможи да се бараат можни купувачи, без нужно да се исклучи опцијата за национализација“, истакна тој. „Итната интервенција има за цел да ги заштити и стратешките национални енергетски локации и нивоата на вработеност кои се толку важни за Сицилија и за целата земја“, истакна премиерката Џорџа Мелони. Во септември Германија ја презеде контролата врз објектите на руската нафтена групација „Роснефт“, која управуваше со многу рафинерии. Американскиот инвестициски фонд „Кросбриџ енерџи партнерс“ преговара за договор со „Лукоил“ за купување на рафинеријата, чија вредност се проценува на 1-1,5 милијарди евра, објави во четвртокот „Фајненшел тајмс“. Бугарија и Хрватска се единствените земји од ЕУ кои успеаја да преговараат за ослободување за увоз на руска нафта по морски пат. Бугарската рафинерија на „Лукоил“ доби право да работи со руска нафта до крајот на 2024 година. Руската компанија и преодната влада на Румен Радев се обидуваат да му дадат можност на „Лукоил“ дури и да извезува нафтени деривати на европскиот пазар.  

The post Италија ја презеде контролата над рафинеријата на „Лукоил“ на Сицилија appeared first on Република.

]]>
САД ќе запленат руски авион во сопственост на „Лукоил“ https://republika.mk/vesti/svet/sad-kje-zaplenat-ruski-avion-vo-sopstvenost-na-lukoil/ Thu, 01 Sep 2022 09:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=546346

САД распишале налог за заплена на авион вреден 45 милиони долари, кој е во сопственост на руската енергетска компанија „Лукоил“, соопшти американското Министерство за правда.

Окружниот суд на САД за јужниот округ Тексас ја одобри заплената - се вели во соопштението пренесено од Ројтерс.

Во соопштението се додава дека Авионот долетал од Русија, прекршувајќи ги санкциите на американското Министерство за трговија.

The post САД ќе запленат руски авион во сопственост на „Лукоил“ appeared first on Република.

]]>

САД распишале налог за заплена на авион вреден 45 милиони долари, кој е во сопственост на руската енергетска компанија „Лукоил“, соопшти американското Министерство за правда.
Окружниот суд на САД за јужниот округ Тексас ја одобри заплената - се вели во соопштението пренесено од Ројтерс.
Во соопштението се додава дека Авионот долетал од Русија, прекршувајќи ги санкциите на американското Министерство за трговија.

The post САД ќе запленат руски авион во сопственост на „Лукоил“ appeared first on Република.

]]>
Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница https://republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-lukoil-pronajden-mrtov-pod-prozorec-na-bolnica/ Thu, 01 Sep 2022 09:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=546335

Претседателот на управниот одбор на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, Равил Маганов, е пронајден мртов во двоорт на Клиничкиот центар во Москва. Како што пренесуваат руските медуими, од непознати причини, паднал од шестиот спрат на болницата во која бил хоспитализиран. Засега нема коментар од „Лукоил“, вели Ројтерс.

Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ. Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија.

Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт.

Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов.

Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина.

The post Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница appeared first on Република.

]]>

Претседателот на управниот одбор на втората најголема руска нафтена компанија „Лукоил“, Равил Маганов, е пронајден мртов во двоорт на Клиничкиот центар во Москва. Како што пренесуваат руските медуими, од непознати причини, паднал од шестиот спрат на болницата во која бил хоспитализиран. Засега нема коментар од „Лукоил“, вели Ројтерс. Маганов паднал утрово, а неговото тело било најдено подоцна од медицинскиот персонал на ЦКБ. Дел од шпекулациите се дека тој лежел во болница заради проблеми со срце, и дека станува збор за самоубиство бидејќи претходно му била дијагностицирана депресија. Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт. Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов. Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина.

The post Директорот на „Лукоил“ пронајден мртов под прозорец на болница appeared first on Република.

]]>
Директорот на „Лукоил“ ја напушта компанијата https://republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-lukoil-ja-napushta-kompanijata/ Thu, 21 Apr 2022 21:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=492043

Еден од најбогатите Руси, Вагит Алекперов, поднесе оставка како директор и претседател на втората по големина нафтена компанија во земјата „Лукоил“.

Во куса изјава, Алекперов ја информирал компанијата дека има намера да поднесе оставка од функцијата директор и претседател на компанијата.

Причината за оставката не е позната, но таа следува откако компанијата го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната во Украина.

„Ројтерс“, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека Алекперов си заминал за да го заштити функционирањето на компанијата.

„Лукоил“ произведува повеќе од 2 отсто од светската сурова нафта и вработува повеќе од 100.000 луѓе, а по „Роснефт“ е втора по големина нафтена компанија во Русија.

The post Директорот на „Лукоил“ ја напушта компанијата appeared first on Република.

]]>

Еден од најбогатите Руси, Вагит Алекперов, поднесе оставка како директор и претседател на втората по големина нафтена компанија во земјата „Лукоил“. Во куса изјава, Алекперов ја информирал компанијата дека има намера да поднесе оставка од функцијата директор и претседател на компанијата. Причината за оставката не е позната, но таа следува откако компанијата го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната во Украина. „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека Алекперов си заминал за да го заштити функционирањето на компанијата. „Лукоил“ произведува повеќе од 2 отсто од светската сурова нафта и вработува повеќе од 100.000 луѓе, а по „Роснефт“ е втора по големина нафтена компанија во Русија.

The post Директорот на „Лукоил“ ја напушта компанијата appeared first on Република.

]]>
За граѓаните е, ама кога директор од ДУИ купува нафта за 500.000 евра од „Лукоил“ тогаш „ска проблем“ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-gragjanite-e-ama-koga-direktor-od-dui-kupuva-nafta-za-500-000-evra-od-lukoil-togash-ska-problem/ Thu, 17 Mar 2022 10:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=474182

За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на „Лукоил“, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, реагира пратеникот Антонио Милошоски, по изјавите на министерот за надворешни работи дека со секое купување на руската бензиска пумпа граѓаните ја финансираат руската армија

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gragjanite-koi-se-snabduvaat-so-ruska-nafta-ja-finansiraat-ruskata-armija/

Нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од „Лукоил“, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра, пишува Милошоски.

The post За граѓаните е, ама кога директор од ДУИ купува нафта за 500.000 евра од „Лукоил“ тогаш „ска проблем“ appeared first on Република.

]]>

За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на „Лукоил“, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, реагира пратеникот Антонио Милошоски, по изјавите на министерот за надворешни работи дека со секое купување на руската бензиска пумпа граѓаните ја финансираат руската армија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gragjanite-koi-se-snabduvaat-so-ruska-nafta-ja-finansiraat-ruskata-armija/
Нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од „Лукоил“, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра, пишува Милошоски.

The post За граѓаните е, ама кога директор од ДУИ купува нафта за 500.000 евра од „Лукоил“ тогаш „ска проблем“ appeared first on Република.

]]>
Луксузната јахта на сопственикот на „Лукоил“ исчезна од радарот кога Западот почна да ги плени бродовите на руските милијардери https://republika.mk/vesti/svet/luksuznata-jahta-na-sopstvenikot-na-lukoil-ischezna-od-radarot-koga-zapadot-pochna-da-gi-pleni-brodovite-na-ruskite-milijarderi/ Tue, 15 Mar 2022 13:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=473190

Луксузната јахта на рускиот милијардер Вагит Алекперов, „Галактика Супер Нова“ (The Galactica Super Nova), исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“.

Бродот во сопственст на газдата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ минатата недела бил во Порто Монтенегро во близина на Тиват во Црна Гора, но според официјалните податоци испловил од црногорската марина, објави РТВ „Будва“.

Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење на јахтата, познат и како АИС, престанал да испраќа сигнали, пишуваат „Марин трафик“ и слични сајтови како „Весел фајндер“ и „Весел валју“.

https://twitter.com/diannemando/status/1501982530840547328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1501982530840547328%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fregion%2Fcrna-gora%2F3889651%2Fluksuzna-jahta-ruskog-milijaredra-nestala-sa-radara-plovilo-vlasnika-ruskog-lukoila-postao-nevidljivo-po-napustanju-crne-gore

Медиумите коментираат дека луксузната јахта на рускиот милијардер „мистериозно исчезнала“ токму во моментот кога ширум Европа беа запленувани јахтите на голем број руски олигарси.

https://www.youtube.com/watch?v=-bys0Fg1so0&feature=emb_title

Според „Супер јахт“, оваа јахта има базен со стаклено дно од шест метри, какои водопад, хелиодром, лифт и голем ноќен клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе.

https://republika.mk/vesti/svet/lov-na-bogatsvo-po-luksuznite-jahti-na-ruskite-milijarderi-nekoi-izbegaa-nekoi-ostanaa-zapleneti/

The post Луксузната јахта на сопственикот на „Лукоил“ исчезна од радарот кога Западот почна да ги плени бродовите на руските милијардери appeared first on Република.

]]>

Луксузната јахта на рускиот милијардер Вагит Алекперов, „Галактика Супер Нова“ (The Galactica Super Nova), исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“. Бродот во сопственст на газдата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ минатата недела бил во Порто Монтенегро во близина на Тиват во Црна Гора, но според официјалните податоци испловил од црногорската марина, објави РТВ „Будва“. Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење на јахтата, познат и како АИС, престанал да испраќа сигнали, пишуваат „Марин трафик“ и слични сајтови како „Весел фајндер“ и „Весел валју“. https://twitter.com/diannemando/status/1501982530840547328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1501982530840547328%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fregion%2Fcrna-gora%2F3889651%2Fluksuzna-jahta-ruskog-milijaredra-nestala-sa-radara-plovilo-vlasnika-ruskog-lukoila-postao-nevidljivo-po-napustanju-crne-gore Медиумите коментираат дека луксузната јахта на рускиот милијардер „мистериозно исчезнала“ токму во моментот кога ширум Европа беа запленувани јахтите на голем број руски олигарси. https://www.youtube.com/watch?v=-bys0Fg1so0&feature=emb_title Според „Супер јахт“, оваа јахта има базен со стаклено дно од шест метри, какои водопад, хелиодром, лифт и голем ноќен клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе. https://republika.mk/vesti/svet/lov-na-bogatsvo-po-luksuznite-jahti-na-ruskite-milijarderi-nekoi-izbegaa-nekoi-ostanaa-zapleneti/

The post Луксузната јахта на сопственикот на „Лукоил“ исчезна од радарот кога Западот почна да ги плени бродовите на руските милијардери appeared first on Република.

]]>
Црногорците ја пропуштиле јахтата на рускиот газда на „Лукоил“ https://republika.mk/vesti/balkan/crnogorcite-ja-propushtile-jahtata-na-ruskiot-gazda-na-lukoil/ Fri, 11 Mar 2022 14:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=471370

Јахтата на рускиот милијардер Вагит Алекперов „Галактика Супер Нова“ исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Marine Traffic“. Бродот на сопственикот на рускиот „Лукоил“ минатата недела бил во „Порто Монтенегро“, а според официјалните податоци испловил од црногорската марина.

Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење „Galaktica Super Nova“, познат и како AIS, престана да испраќа сигнали, јавува MarineTraffic и слични сајтови Vessel Finder и Vessels Value, јавува Радио телевизија на Црна Гора.

Медиумите пишуваат дека луксузната јахта на Алекпер „мистериозно исчезнала“ во моментот кога биле запленети садовите на другите руски олигарси.

Јахтата  има базен со стаклено дно од шест метри и водопад, хелиодром, лифт и голем клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе.

The post Црногорците ја пропуштиле јахтата на рускиот газда на „Лукоил“ appeared first on Република.

]]>

Јахтата на рускиот милијардер Вагит Алекперов „Галактика Супер Нова“ исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Marine Traffic“. Бродот на сопственикот на рускиот „Лукоил“ минатата недела бил во „Порто Монтенегро“, а според официјалните податоци испловил од црногорската марина. Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење „Galaktica Super Nova“, познат и како AIS, престана да испраќа сигнали, јавува MarineTraffic и слични сајтови Vessel Finder и Vessels Value, јавува Радио телевизија на Црна Гора. Медиумите пишуваат дека луксузната јахта на Алекпер „мистериозно исчезнала“ во моментот кога биле запленети садовите на другите руски олигарси. Јахтата  има базен со стаклено дно од шест метри и водопад, хелиодром, лифт и голем клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе.

The post Црногорците ја пропуштиле јахтата на рускиот газда на „Лукоил“ appeared first on Република.

]]>
Лукоил: Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати https://republika.mk/vesti/ekonomija/lukoil-ima-dovolno-rezervi-na-nafta-i-nafteni-derivati/ Fri, 04 Mar 2022 19:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=467972

Лукоил Македонија непречено го продолжува своето работење во нормален режим, информираат од компанијата.

Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати. Дополнително, Лукоил Македонија ги демантира шпекулациите кои се шират по социјалните медиуми за евентуално затворање или продажба- велат оттаму.

The post Лукоил: Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати appeared first on Република.

]]>

Лукоил Македонија непречено го продолжува своето работење во нормален режим, информираат од компанијата. Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати. Дополнително, Лукоил Македонија ги демантира шпекулациите кои се шират по социјалните медиуми за евентуално затворање или продажба- велат оттаму.

The post Лукоил: Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати appeared first on Република.

]]>