лукашенко Archives - Република https://republika.mk/tema/lukashenko/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 08:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лукашенко Archives - Република https://republika.mk/tema/lukashenko/ 32 32 Лукашенко во посета на Русија https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-vo-poseta-na-rusija/ Thu, 14 Sep 2023 08:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=681791

Белорускиот претседател Александар Лукашенко отпатува во Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

- Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска отпатува во официјална посета на Руската Федерација. Централниот дел од неговата посета ќе бидат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин на 15 септември, јави белоруската државна агенција Белта.

Се истакнува дека разговорите ќе бидат фокусирани на меѓународната агенда и регионалните прашања, како и на заеднички проекти во економската сфера, особено во индустрискиот, земјоделскиот и други сектори, како и во областа на замена на увозот

The post Лукашенко во посета на Русија appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко отпатува во Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. - Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска отпатува во официјална посета на Руската Федерација. Централниот дел од неговата посета ќе бидат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин на 15 септември, јави белоруската државна агенција Белта. Се истакнува дека разговорите ќе бидат фокусирани на меѓународната агенда и регионалните прашања, како и на заеднички проекти во економската сфера, особено во индустрискиот, земјоделскиот и други сектори, како и во областа на замена на увозот

The post Лукашенко во посета на Русија appeared first on Република.

]]>
Лукашенко нареди целосна борбена готовност во Белорусија https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-naredi-tselosna-borbena-gotovnost-vo-belorusija/ Tue, 27 Jun 2023 09:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=655596

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност.

„Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали.

Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следele обидот за бунт во Русија.

The post Лукашенко нареди целосна борбена готовност во Белорусија appeared first on Република.

Лукашенко повторно разговараше со Путин https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-povtorno-razgovarashe-so-putin/ Sun, 25 Jun 2023 16:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=654983

Белорускиот претседател Александар Лукашенко утринава телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти прес-службата на претседателот на Белорусија.

„Утрово Александар Лукашенко разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин“, се наведува во соопштението, пренесува РИА.

Сепак, деталите од разговорот меѓу двајцата лидери не се објавени.

Се додава дека, по разговорот со Путин, Лукашенко имал телефонски разговор со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, со кого разговарал за меѓународната ситуација, ситуацијата во регионот и односите Белорусија и Казахстан.

The post Лукашенко повторно разговараше со Путин appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко утринава телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти прес-службата на претседателот на Белорусија.
„Утрово Александар Лукашенко разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин“, се наведува во соопштението, пренесува РИА.
Сепак, деталите од разговорот меѓу двајцата лидери не се објавени. Се додава дека, по разговорот со Путин, Лукашенко имал телефонски разговор со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, со кого разговарал за меѓународната ситуација, ситуацијата во регионот и односите Белорусија и Казахстан.  

The post Лукашенко повторно разговараше со Путин appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Белорусија почна да добива руско нуклеарно оружје https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-belorusija-pochna-da-dobiva-rusko-nuklearno-oruzhje/ Wed, 14 Jun 2023 09:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=651183

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата земја почнала да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, од кое некои се трипати помоќни од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година. Нуклеарни боеви глави со помал дострел, кои би можеле да се користат на бојното поле, Москва ги испраќа надвор од руската територија за првпат по распадот на Советскиот Сојуз.

„Имаме проектили и бомби што ги добивме од Русија“, рече Лукашенко во интервју за државната руска телевизија, објавено на каналот Телеграм на белоруската новинска агенција Белта.

„Бомбите се трипати помоќни од оние фрлени врз Хирошима и Нагасаки“, додаде тој.

Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во вторникот објави дека нуклеарното оружје може да пристигне во Белорусија „за неколку дена“ и дека неговата земја има инфраструктура за ракети со голем дострел доколку некогаш е потребно.

Путин во петокот рече дека Русија ќе испрати оружје, врз кое ќе ја задржи контролата, откако Белорусија ќе ја подготви потребната инфраструктура. Во вторникот, Лукашенко рече дека Белорусија има неколку локации за ова кои датираат од советската ера и дека обновила пет или шест од нив.

The post Лукашенко: Белорусија почна да добива руско нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата земја почнала да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, од кое некои се трипати помоќни од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година. Нуклеарни боеви глави со помал дострел, кои би можеле да се користат на бојното поле, Москва ги испраќа надвор од руската територија за првпат по распадот на Советскиот Сојуз.
„Имаме проектили и бомби што ги добивме од Русија“, рече Лукашенко во интервју за државната руска телевизија, објавено на каналот Телеграм на белоруската новинска агенција Белта. „Бомбите се трипати помоќни од оние фрлени врз Хирошима и Нагасаки“, додаде тој.
Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во вторникот објави дека нуклеарното оружје може да пристигне во Белорусија „за неколку дена“ и дека неговата земја има инфраструктура за ракети со голем дострел доколку некогаш е потребно. Путин во петокот рече дека Русија ќе испрати оружје, врз кое ќе ја задржи контролата, откако Белорусија ќе ја подготви потребната инфраструктура. Во вторникот, Лукашенко рече дека Белорусија има неколку локации за ова кои датираат од советската ера и дека обновила пет или шест од нив.

The post Лукашенко: Белорусија почна да добива руско нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Белоруските сили во состојба на готовност https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-beloruskite-sili-vo-sostojba-na-gotovnost/ Tue, 16 May 2023 12:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=641403

Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

„Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ситуацијата во моментов не е критична. Сепак, постојат загрижувачки фактори“, додаде белорускиот претседател.

The post Лукашенко: Белоруските сили во состојба на готовност appeared first on Република.

]]>

Белоруското воздухопловство и противвоздушната одбрана се во состојба на готовност веќе три дена, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Од настанот во Брјанската област пред три дена, кога беа соборени четири авиони, нашите сили се во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта. „Многу често разговараме за безбедноста на земјата, особено за ситуацијата во воздушниот простор. Како што гледам, ситуацијата во моментов не е критична. Сепак, постојат загрижувачки фактори“, додаде белорускиот претседател.

The post Лукашенко: Белоруските сили во состојба на готовност appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-dali-onie-koi-im-dozvolija-na-amerikancite-da-istovarat-nov-nuklearen-arsenal-vo-evropa-se-vistinski-lideri-tie-se-ludaci-evropejcite-treba-da-se-razbudat-i-da-ja-soprat-vojnata/ Tue, 08 Nov 2022 11:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=571370

Претседателот на Белорусија изјави дека ситуацијата во која се наоѓаат Украина и Европа е катастрофално. Спомена и Трета светска војна, а откри и од што се плашат САД.

Александар Лукашенко (или во оригинал на белоруски Алјаксандр Лукашенка), изјави дека Европејците не сакаат војна, но дека нивните влади не можат да го изгаснат пожарот кој им тлее во сопствениот двор.

Германија, цела Европа нема лидери. Би сакал да имаат... Тие не можат да го изгаснат пожарот во сопствениот дом. Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие добро знаат што се случува во Украина и се обидуваат да ја дестабилизираат Белорусија. Утре ќе гори цела Европа. Ако изненадно избие нова светска војна, тоа ќе ја погоди и Америка, изјави белорускиот лидер, а пренесува новинската агенција BelTA.

Единственото нешто што ги плаши Американците е нуклеарното оружје. Ако не се употреби нуклеарно оружје, тао значи дека борбата ќе биде со конвенционално оружје. Каде? Тие ќе војуваат тука, а во тој казан ќе бидеме и ние“, смета Лукашенко.

Украина веќе гори. Најбогатата држава. Нема таква земја каква што беше Украина. Советскиот Сојуз во неа многу вложуваше. Најплодната почва, најубавата природа! Катастрофа е ова во што ја претворија земјата“, изјави лидерот на Белорусија.

Европските челници ги опиша како „лудаци“ кои не се способни да му кажат „не на Вашингтон и со тоа го разгоруваат огнот во регионот“.

Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната“, изјави тој.

Лукашенко смета дека „елитните земји“ не настојуваат да ја запрат војната. Напротив, се обидуваат да ја продолжат со цел да ја сочуваат сопствената моќ. Според зборовите на Александар Лукашенко, лидерите во ЕУ се потполно зависни од САД.

Згора на тоа им недостасува волја да се спротивстават на овој притиусок. Постои и економска зависност за снабдување роба на американскиот пазар, бизнис интереси. Доколку Европската Унија договореше партнерство со Русија, ќе беше голема сила“, убеден е белорускиот лидер.

Лукашенко смета дека Европејците треба да „размислат со своја глава и да одлучат како понатаму да живеат“.

The post Лукашенко: Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија изјави дека ситуацијата во која се наоѓаат Украина и Европа е катастрофално. Спомена и Трета светска војна, а откри и од што се плашат САД. Александар Лукашенко (или во оригинал на белоруски Алјаксандр Лукашенка), изјави дека Европејците не сакаат војна, но дека нивните влади не можат да го изгаснат пожарот кој им тлее во сопствениот двор.
Германија, цела Европа нема лидери. Би сакал да имаат... Тие не можат да го изгаснат пожарот во сопствениот дом. Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие добро знаат што се случува во Украина и се обидуваат да ја дестабилизираат Белорусија. Утре ќе гори цела Европа. Ако изненадно избие нова светска војна, тоа ќе ја погоди и Америка, изјави белорускиот лидер, а пренесува новинската агенција BelTA.
Единственото нешто што ги плаши Американците е нуклеарното оружје. Ако не се употреби нуклеарно оружје, тао значи дека борбата ќе биде со конвенционално оружје. Каде? Тие ќе војуваат тука, а во тој казан ќе бидеме и ние“, смета Лукашенко.
Украина веќе гори. Најбогатата држава. Нема таква земја каква што беше Украина. Советскиот Сојуз во неа многу вложуваше. Најплодната почва, најубавата природа! Катастрофа е ова во што ја претворија земјата“, изјави лидерот на Белорусија.
Европските челници ги опиша како „лудаци“ кои не се способни да му кажат „не на Вашингтон и со тоа го разгоруваат огнот во регионот“.
Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната“, изјави тој.
Лукашенко смета дека „елитните земји“ не настојуваат да ја запрат војната. Напротив, се обидуваат да ја продолжат со цел да ја сочуваат сопствената моќ. Според зборовите на Александар Лукашенко, лидерите во ЕУ се потполно зависни од САД.
Згора на тоа им недостасува волја да се спротивстават на овој притиусок. Постои и економска зависност за снабдување роба на американскиот пазар, бизнис интереси. Доколку Европската Унија договореше партнерство со Русија, ќе беше голема сила“, убеден е белорускиот лидер.
Лукашенко смета дека Европејците треба да „размислат со своја глава и да одлучат како понатаму да живеат“.

The post Лукашенко: Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Загрижен сум од потезите на Западот со цел распарчување на Украина https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-zagrizen-sum-od-potezite-na-zapadot-so-cel-rasparchuvanje-na-ukraina/ Mon, 23 May 2022 13:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=506000

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека е загрижен поради, како што рече, потезите на Западот со цел распарчување на Украина и ја обвини Полска дека сака да го окупира западниот дел на Украина.

За време на видео состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, Лукашенко рече дека Киев на крајот ќе мора да побара помош за да се спречи окупацијата на западна Украина, но тој не изнесе докази за своите тврдења.

The post Лукашенко: Загрижен сум од потезите на Западот со цел распарчување на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека е загрижен поради, како што рече, потезите на Западот со цел распарчување на Украина и ја обвини Полска дека сака да го окупира западниот дел на Украина. За време на видео состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, Лукашенко рече дека Киев на крајот ќе мора да побара помош за да се спречи окупацијата на западна Украина, но тој не изнесе докази за своите тврдења.

The post Лукашенко: Загрижен сум од потезите на Западот со цел распарчување на Украина appeared first on Република.

]]>
Лукашенко: Ќе биде запрен секој кој сака да го наруши мирот во земјата https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-kje-bide-zapren-sekoj-koj-saka-da-go-narushi-mirot-vo-zemjata/ Tue, 19 Apr 2022 15:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=490616

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.

Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори, праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми.

Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека ќе му ја „отсече главата на секој кој денеска сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“.

Можеби денеска некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е да се биде далеку од војната, подобро е да ја немаме овде на нашата земја, рече белорускиот претседател.

The post Лукашенко: Ќе биде запрен секој кој сака да го наруши мирот во земјата appeared first on Република.

Путин и Лукашенко денеска ќе се сретнат во руското вселенско пристаниште Восточни https://republika.mk/vesti/svet/putin-i-lukashenko-deneska-kje-se-sretnat-vo-ruskoto-vselensko-pristanishte-vostochni/ Tue, 12 Apr 2022 07:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=487142

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со Александар Лукашенко. Според Скај њуз, тие ќе разговараат за ситуацијата во Украина и санкциите што Западот ги воведе кон Русија и Белорусија.

Десетици илјади руски војници кои ја нападнаа Украина влегоа во земјата од Белорусија.

Лукашенко тврди дека Белорусија мора да биде вклучена во преговорите за завршување на конфликтот, исто како што Белорусија неправедно е опишана како „соучесник во агресијата“.

Путин и Лукашенко ќе се сретнат на далечниот исток на Русија, во руското вселенско пристаниште Восточни, објави белоруската новинска агенција Белта.

The post Путин и Лукашенко денеска ќе се сретнат во руското вселенско пристаниште Восточни appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со Александар Лукашенко. Според Скај њуз, тие ќе разговараат за ситуацијата во Украина и санкциите што Западот ги воведе кон Русија и Белорусија. Десетици илјади руски војници кои ја нападнаа Украина влегоа во земјата од Белорусија. Лукашенко тврди дека Белорусија мора да биде вклучена во преговорите за завршување на конфликтот, исто како што Белорусија неправедно е опишана како „соучесник во агресијата“.   Путин и Лукашенко ќе се сретнат на далечниот исток на Русија, во руското вселенско пристаниште Восточни, објави белоруската новинска агенција Белта.

The post Путин и Лукашенко денеска ќе се сретнат во руското вселенско пристаниште Восточни appeared first on Република.

]]>
Западот сакаше овде да ја повлече црвената линија за Русија, не успеаја и сега одат наоколу и крцкаат со забите, вели Лукашенко https://republika.mk/vesti/svet/zapadot-sakashe-ovde-da-ja-povleche-crvenata-linija-za-rusija-ne-uspeaja-i-sega-odat-naokolu-i-krckaat-so-zabite-veli-lukashenko/ Thu, 31 Mar 2022 12:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=481429

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега поради тоа крцка со забите“.

Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. Тие сега одат наоколу и крцкаат со забите, рече Лукашенко во Минск на средбата со гувернерот на Пензенската област во Русија, Олег Мелниченко, пренесува „Танјуг“.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија за Русија да не може да ги заобиколи, пренесува „РИА новости“.

The post Западот сакаше овде да ја повлече црвената линија за Русија, не успеаја и сега одат наоколу и крцкаат со забите, вели Лукашенко appeared first on Република.

Лукашенко пристигна во Москва на средба со Путин https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-pristigna-vo-moskva-na-sredba-so-putin/ Fri, 11 Mar 2022 11:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=471274

Претседателот на Белорусија слета во Москва, каде за денеска е закажан разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин.

The post Лукашенко пристигна во Москва на средба со Путин appeared first on Република.

Лукашенко: Ако Украина го нападне Донбас, белоруската армија ќе дејствува исто како и руската https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-ako-ukraina-go-napadne-donbas-beloruskata-armija-kje-dejstvuva-isto-kako-i-ruskata/ Mon, 07 Feb 2022 10:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=455049

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во интервју за руски медиум, порача дека во случај Киев „да почне војна против Донбас“, прорускиот регион во источна Украина, белоруската армија ќе дејствува на ист начин како и руската.

Ако Украина почне да се бори против нас или против Русија, тогаш и ние ќе се бориме, бранејќи се - посочи Лукашенко.

Прашан да прецизира како белоруската армија ќе се однесува во случај на воена акција против Донбас, тој одговори:

Исто како и руската.

На прашањето против кого се насочени тековните воени вежби на Русија и Белорусија, Лукашенко одговори:

Ако треба, тогаш против Украина и против НАТО.

Руски трупи почнаа да пристигнуваат во Белорусија кон средината на јануари за да учествуваат во проверка на силите за реакција во заедничка вежба што ќе трае од 10 до 20 февруари.

The post Лукашенко: Ако Украина го нападне Донбас, белоруската армија ќе дејствува исто како и руската appeared first on Република.