Луан Старова Archives - Република https://republika.mk/tema/luan-starova/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 10:08:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луан Старова Archives - Република https://republika.mk/tema/luan-starova/ 32 32 Познатата француска телевизија TV Arte Скопје и Охридското Езеро ги претставии преку творештвото на писателот со светски глас Луан Старова https://republika.mk/vesti/kultura/poznatata-frantsuska-televizija-tv-arte-skopje-i-ohridskoto-ezero-gi-pretstavii-preku-tvoreshtvoto-na-pisatelot-so-svetski-glas-luan-starova/ Wed, 14 Aug 2024 09:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=806406

„Invitation au voyage“ (Покана за патување), емисија на познатиот француски телевизиски канал TVArte посветен на културата, каде се претставуваат различни земји во светот, преку истакнати личности, овој пат избра да ги претстави Скопје и Охридското Езеро, преку творештвото и личноста на писателот Луан Старова.

Како што вели модераторката во почетокот „Тоа е приказна за езерото и за човекот. Охридското Езеро, најстарото во Европа и човекот, Луан Старова. Човекот кој е роден од едната страна на езерото, во Албанија, а живеел од другата страна, во Македонија. Приказна за егзилот и мостовите меѓу народите. Балканската сага што Луан Старова ја изгради во текот на три децении пишување, е преведена на повеќе од дваесет јазици“.

Аријан Лека, писател и поет вели дека на еден Европеец, читањето на делата на Луан Старова му овозможува подобро да го разбере Балканот.

За еден Балканец, без разлика дали е Албанец, Македонец, Босанец или Србин, читањето на делата на Луан Старова е клучот за надминување на стереотипите, за величење на вредностите што нè обединуваат и за разбирање на сето она што можеме да ѝ го понудиме на Европа – појаснува Лека.

Лека потенцира дека тој самиот е човекот-граница, кој се бореше за бришење на границите.

Тој е имигрантот кој го прифатил прогонот, кој се помирил со своите две внатрешни состојби, онаа на домородниот и онаа на странецот. Секогаш се обидуваше, длабоко во себе, да биде и да го разбере другиот. Како човек, Луан Старова го споредувам со ова езеро. Струите кои го движат се внатрешни, скриени под неподвижната површина, така што не можеме да го почувствуваме и да го сфатиме неговиот гнев, а тој самиот прави сè што е во негова моќ да ги контролира своите внатрешни рани. Но, како писател, Луан Старова го гледам како оваа река, која тече со сета своја моќ, создавајќи голема, извонредна литература, која потекнува од тука и која се влева во сите јазици на континентот – потенцира Лека.

Влада Урошевиќ, писател и академик, појаснува дека во своите романи Луан го следи потеклото на неговото семејство.

Силата на неговата порака е дека и покрај сите уништувања, војни, периоди на пропаст, постојат и убави нешта кои се случуваат и преживуваат. Тоа се книгите. Луан Старова живееше во куќа, на неколку чекори од тука, покрај реката Вардар. Секој ден шетал по овие брегови. За него реката Вардар не претставуваше линија на поделба. Напротив, тоа беше сила која ги обединува двата брега и која симболично ги поврзува народите што живеат во Македонија. Овде сме на скопската тврдина, што ја викаме Кале. Многу е блиску до местото каде што живееше татко ми. Тоа е од другата страна на реката. Живееја токму од другата страна. Тврдината му беше многу важна. Затоа што како деца доаѓале да играат овде – вели Урошевиќ.

Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945 година во Скопје. Основно образование завршил во „Гоце Делчев“ во Скопје, а гимназија во „Јосип Броз Тито“. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето, во 1967 година, се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје.

Постдипломски студии учел во Загреб, каде ја одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 година бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 година во Загреб ја одбранил докторската дисертација.

Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“.

Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности.

Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Бил редовен член на МАНУ од 2003 година.

Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 Ноември“ на Скопје, републичката награда „11 Октомври“, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 година за „Потрага по еден Лејбовиц“, а добитник е и на државната награда „Св. Климент Охридски“, и други. На 19 јуни 2003 година бил прогласен за почесен граѓанин на Поградец, а од 2006 година е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“. На 28 април 2015 година на Старова му била врачена наградата „Роман на годината“ што ја доделува „Утрински весник“. Наградата му била доделена за романот „Балканвавилонци“, објавена од МАНУ.

Почина на 24 февруари 2022 година во Скопје.

 

The post Познатата француска телевизија TV Arte Скопје и Охридското Езеро ги претставии преку творештвото на писателот со светски глас Луан Старова appeared first on Република.

]]>

„Invitation au voyage“ (Покана за патување), емисија на познатиот француски телевизиски канал TVArte посветен на културата, каде се претставуваат различни земји во светот, преку истакнати личности, овој пат избра да ги претстави Скопје и Охридското Езеро, преку творештвото и личноста на писателот Луан Старова.
Како што вели модераторката во почетокот „Тоа е приказна за езерото и за човекот. Охридското Езеро, најстарото во Европа и човекот, Луан Старова. Човекот кој е роден од едната страна на езерото, во Албанија, а живеел од другата страна, во Македонија. Приказна за егзилот и мостовите меѓу народите. Балканската сага што Луан Старова ја изгради во текот на три децении пишување, е преведена на повеќе од дваесет јазици“.
Аријан Лека, писател и поет вели дека на еден Европеец, читањето на делата на Луан Старова му овозможува подобро да го разбере Балканот.
За еден Балканец, без разлика дали е Албанец, Македонец, Босанец или Србин, читањето на делата на Луан Старова е клучот за надминување на стереотипите, за величење на вредностите што нè обединуваат и за разбирање на сето она што можеме да ѝ го понудиме на Европа – појаснува Лека.
Лека потенцира дека тој самиот е човекот-граница, кој се бореше за бришење на границите.
Тој е имигрантот кој го прифатил прогонот, кој се помирил со своите две внатрешни состојби, онаа на домородниот и онаа на странецот. Секогаш се обидуваше, длабоко во себе, да биде и да го разбере другиот. Како човек, Луан Старова го споредувам со ова езеро. Струите кои го движат се внатрешни, скриени под неподвижната површина, така што не можеме да го почувствуваме и да го сфатиме неговиот гнев, а тој самиот прави сè што е во негова моќ да ги контролира своите внатрешни рани. Но, како писател, Луан Старова го гледам како оваа река, која тече со сета своја моќ, создавајќи голема, извонредна литература, која потекнува од тука и која се влева во сите јазици на континентот – потенцира Лека.
Влада Урошевиќ, писател и академик, појаснува дека во своите романи Луан го следи потеклото на неговото семејство.
Силата на неговата порака е дека и покрај сите уништувања, војни, периоди на пропаст, постојат и убави нешта кои се случуваат и преживуваат. Тоа се книгите. Луан Старова живееше во куќа, на неколку чекори од тука, покрај реката Вардар. Секој ден шетал по овие брегови. За него реката Вардар не претставуваше линија на поделба. Напротив, тоа беше сила која ги обединува двата брега и која симболично ги поврзува народите што живеат во Македонија. Овде сме на скопската тврдина, што ја викаме Кале. Многу е блиску до местото каде што живееше татко ми. Тоа е од другата страна на реката. Живееја токму од другата страна. Тврдината му беше многу важна. Затоа што како деца доаѓале да играат овде – вели Урошевиќ.
Луан Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945 година во Скопје. Основно образование завршил во „Гоце Делчев“ во Скопје, а гимназија во „Јосип Броз Тито“. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето, во 1967 година, се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Постдипломски студии учел во Загреб, каде ја одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 година бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 година во Загреб ја одбранил докторската дисертација. Во 1979 година бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Бил редовен член на МАНУ од 2003 година. Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 Ноември“ на Скопје, републичката награда „11 Октомври“, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 година за „Потрага по еден Лејбовиц“, а добитник е и на државната награда „Св. Климент Охридски“, и други. На 19 јуни 2003 година бил прогласен за почесен граѓанин на Поградец, а од 2006 година е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“. На 28 април 2015 година на Старова му била врачена наградата „Роман на годината“ што ја доделува „Утрински весник“. Наградата му била доделена за романот „Балканвавилонци“, објавена од МАНУ. Почина на 24 февруари 2022 година во Скопје.  

The post Познатата француска телевизија TV Arte Скопје и Охридското Езеро ги претставии преку творештвото на писателот со светски глас Луан Старова appeared first on Република.

]]>
„Духовниот портрет на Луан Старова“ -предавање на акад. Ферид Мухиќ на Филолошки факултет https://republika.mk/vesti/kultura/duhovniot-portret-na-luan-starova-predavane-na-akad-ferid-muhik-na-filoloshki-fakultet/ Fri, 12 Apr 2024 08:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=764976

„Духовниот портрет на Луан Старова“ е насловено предавањето на акад. Ферид Мухиќ, кое ќе се одржи утре, 12 април (петок), со почеток во 11 часот, во Салата за седници на Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Роден 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година.

Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје.

Во 1979 година Старова беше избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ. Луан Старова беше и почесен член на Академијата на науките на Албанија, член на Медитеранската Академија во Неапол и на Европската академија на науките во Салцбург.

Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди.

 

The post „Духовниот портрет на Луан Старова“ -предавање на акад. Ферид Мухиќ на Филолошки факултет appeared first on Република.

]]>

„Духовниот портрет на Луан Старова“ е насловено предавањето на акад. Ферид Мухиќ, кое ќе се одржи утре, 12 април (петок), со почеток во 11 часот, во Салата за седници на Филолошки факултет „Блаже Конески“. Роден 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 год. со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Потоа студирал француски јазик и книжевност. За време на студиите работел како новинар, и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад борец“. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Во 1979 година Старова беше избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 година бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 година бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003. Бил секретар на Одделението за уметност, а од 1 јануари 2016 е избран за потпретседател на МАНУ. Луан Старова беше и почесен член на Академијата на науките на Албанија, член на Медитеранската Академија во Неапол и на Европската академија на науките во Салцбург. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија и награди.  

The post „Духовниот портрет на Луан Старова“ -предавање на акад. Ферид Мухиќ на Филолошки факултет appeared first on Република.

]]>
Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач” https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-nauchna-konferentsija-luan-starova-pisatel-i-istrazhuvach/ Wed, 08 Nov 2023 08:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=699366

Во Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.

Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, академиците Влада Урошевиќ и Абдулменаф Беџети од МАНУ и проф. д-р Скендер Асани од Институт за духовно и културно наследство на Албанците.

The post Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач” appeared first on Република.

]]>

Во Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност. Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, академиците Влада Урошевиќ и Абдулменаф Беџети од МАНУ и проф. д-р Скендер Асани од Институт за духовно и културно наследство на Албанците.

The post Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач” appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigite-tsarigradski-emigrant-i-granitsa-od-luan-starova/ Thu, 07 Sep 2023 07:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=679540

Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8 Септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова.

За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот.

Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.

The post Промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8 Септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова. За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.

The post Промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова appeared first on Република.

]]>
Комеморација за Луан Старова: Македонската литература и култура загуби неповторлив автор, брилијантен интелектуалец и голем хуманист https://republika.mk/vesti/kultura/komemoracija-za-luan-starova-makedonskata-literatura-i-kultura-zagubi-nepovtorliv-avtor-brilijanten-intelektualec-i-golem-humanist/ Wed, 02 Mar 2022 12:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=466431

Провлекувајќи ги линиите на судбините на своите претци, низ балканските и европски простори, Луан Старова ја афирмира постојано, безрезервно и со длабока убеденост идејата за толеранција, национална, верска и културна припадност. Во идеите на Старова преовладува уверувањето дека вистината и правдата не се сопственост на ниту една вера и на ниту една нација, туку дека единствената можност за соживот на еден простор лежи во заемното разбирање. Всушност, и една од централните теми за кои пишува е балканскиот хронотоп.

Ова беше истакнато од колегите од Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ кои денеска на комеморативна седница се простија од реномираниот писател и академик Луан Старова.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев во своето обраќање на денешната комеморација истакна дека академикот Старова има богата и интересна биографија, а за неговото творештво пишуваат и говорат бројни филозофи, филолози, книжевници и книжевни теоретичари.

Академикот Коцарев го цитираше писателот Едгар Морен, кој на промоција на „Времето на козите“ во 1997 година за Старова потенцираше дека „е совршен претставник на балканскиот соживот и на отвореноста. Човек кој во целиот свој живот го интересира балканското братство и соживот без каква и да е етничка затвореност, спротиставувајќи се на секакви сесии и идеолошки апстракции како и на секаква етнички и религозна тврдокорност“.

МАНУ, македонска литература и култура со смртта на акедомикот Луан Старова загубија неповторлив автор, луциден раскажувач, брилијантен интелектуалец и голем хуманист, а сите ние загубивме прекрасна и благородна личчност, рече академикот Коцарев.

Според академикот Влада Урошевиќ, Луан Старова е творец кој на литература и науката досегна резултати кои се прифатени како исклучителни, не само во нашата средина, туку во една мошне голем опсег кој можеме слободно да го наречеме европски и светски.

И пред да се појави, во 1992 година, пред 30 години, романот „Татковите книги“, кои станаа камен темелник на идните негови романсиески дела, Луан Старова веќе имаше свое место во првите редови на нашите млади интелектуалци, кои со својот настап во тие години внесуваа нов, свеж дух во македонската култура, рече Урошевиќ.

Тој посочи дека раните книги на Луан Старова, патописи, записи, есеи, го профилираа како еден особено образован, широко информиран, и љубопитен истражувач на книжевните феномени, упатен во современите книжевни случувања кај нас и во светот, вклучен во жива комуникација со нив, и потворен кон европските хоризонти.

Раководителката на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ, Ирина Бамбова во своето обраќање на комеморацијата посочи дека оваа катедра имаше привилегија да го има професорот Старова во редовите на својот наставен кадар.

Старова беше срдечна и блиска личност. Ведар и почитван колега, строг и правичен професор. Ќе остане во нашите сеќавања како одличен педагог, далекувиден научник, вроден писател. во годините што следуваат нам, на неговите поранешни студенти ни ја остава обврската да ја чуваме и да го негуваме споменот за него, и за неговото дело, рече Бамбова.

Весна Мојсова-Чепишевска од Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) посочи дека Друштото на писателите е благодарно што во своите редови имаше личност како Старова кој пишуваше и на македонски и на алабански јазик

Академикот Луан Старова почина на 24 февруари оваа година, на 81-годишна возраст. Роден е на 14 август 1941 гоцина во Поградец, Албанија.

Добитник е на низа награди и признанија, како и највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“. Луан Старова создаде многубројни романи, а автор е на поетски, есеистички книги, како и на неколку патеписи. Исто така, ги преведе и дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и многу други.

The post Комеморација за Луан Старова: Македонската литература и култура загуби неповторлив автор, брилијантен интелектуалец и голем хуманист appeared first on Република.

]]>

Провлекувајќи ги линиите на судбините на своите претци, низ балканските и европски простори, Луан Старова ја афирмира постојано, безрезервно и со длабока убеденост идејата за толеранција, национална, верска и културна припадност. Во идеите на Старова преовладува уверувањето дека вистината и правдата не се сопственост на ниту една вера и на ниту една нација, туку дека единствената можност за соживот на еден простор лежи во заемното разбирање. Всушност, и една од централните теми за кои пишува е балканскиот хронотоп. Ова беше истакнато од колегите од Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ кои денеска на комеморативна седница се простија од реномираниот писател и академик Луан Старова. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев во своето обраќање на денешната комеморација истакна дека академикот Старова има богата и интересна биографија, а за неговото творештво пишуваат и говорат бројни филозофи, филолози, книжевници и книжевни теоретичари. Академикот Коцарев го цитираше писателот Едгар Морен, кој на промоција на „Времето на козите“ во 1997 година за Старова потенцираше дека „е совршен претставник на балканскиот соживот и на отвореноста. Човек кој во целиот свој живот го интересира балканското братство и соживот без каква и да е етничка затвореност, спротиставувајќи се на секакви сесии и идеолошки апстракции како и на секаква етнички и религозна тврдокорност“.
МАНУ, македонска литература и култура со смртта на акедомикот Луан Старова загубија неповторлив автор, луциден раскажувач, брилијантен интелектуалец и голем хуманист, а сите ние загубивме прекрасна и благородна личчност, рече академикот Коцарев.
Според академикот Влада Урошевиќ, Луан Старова е творец кој на литература и науката досегна резултати кои се прифатени како исклучителни, не само во нашата средина, туку во една мошне голем опсег кој можеме слободно да го наречеме европски и светски.
И пред да се појави, во 1992 година, пред 30 години, романот „Татковите книги“, кои станаа камен темелник на идните негови романсиески дела, Луан Старова веќе имаше свое место во првите редови на нашите млади интелектуалци, кои со својот настап во тие години внесуваа нов, свеж дух во македонската култура, рече Урошевиќ.
Тој посочи дека раните книги на Луан Старова, патописи, записи, есеи, го профилираа како еден особено образован, широко информиран, и љубопитен истражувач на книжевните феномени, упатен во современите книжевни случувања кај нас и во светот, вклучен во жива комуникација со нив, и потворен кон европските хоризонти. Раководителката на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ, Ирина Бамбова во своето обраќање на комеморацијата посочи дека оваа катедра имаше привилегија да го има професорот Старова во редовите на својот наставен кадар.
Старова беше срдечна и блиска личност. Ведар и почитван колега, строг и правичен професор. Ќе остане во нашите сеќавања како одличен педагог, далекувиден научник, вроден писател. во годините што следуваат нам, на неговите поранешни студенти ни ја остава обврската да ја чуваме и да го негуваме споменот за него, и за неговото дело, рече Бамбова.
Весна Мојсова-Чепишевска од Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) посочи дека Друштото на писателите е благодарно што во своите редови имаше личност како Старова кој пишуваше и на македонски и на алабански јазик Академикот Луан Старова почина на 24 февруари оваа година, на 81-годишна возраст. Роден е на 14 август 1941 гоцина во Поградец, Албанија. Добитник е на низа награди и признанија, како и највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“. Луан Старова создаде многубројни романи, а автор е на поетски, есеистички книги, како и на неколку патеписи. Исто така, ги преведе и дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и многу други.

The post Комеморација за Луан Старова: Македонската литература и култура загуби неповторлив автор, брилијантен интелектуалец и голем хуманист appeared first on Република.

]]>
Комеморативна седница по повод смртта на академик Луан Старова утре во МАНУ https://republika.mk/vesti/kultura/komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-akademik-luan-starova-utre-vo-manu/ Tue, 01 Mar 2022 09:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=465652

По повод смртта на акад. Луан Старова, Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 2 март (среда) 2022 година, со почеток во 10 часот.

The post Комеморативна седница по повод смртта на академик Луан Старова утре во МАНУ appeared first on Република.

]]>

По повод смртта на акад. Луан Старова, Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 2 март (среда) 2022 година, со почеток во 10 часот.

The post Комеморативна седница по повод смртта на академик Луан Старова утре во МАНУ appeared first on Република.

]]>
На Балканот долго време етничкото ќе превладува над граѓанското https://republika.mk/vesti/kultura/na-balkanot-dolgo-vreme-etnichkoto-kje-prevladuva-nad-gragjanskoto/ Thu, 24 Feb 2022 19:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=463387

Бал­ка­нот дол­го вре­ме оста­ну­ва „ме­ко тки­во“ за ни­за европ­ски по­ја­ви, екс­пе­ри­мен­ти, идеи што би­ле во за­лез во ста­ри­от кон­ти­нент, а ќе до­жи­ве­ат не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци на Бал­ка­нот, вле­гу­вај­ќи че­сто во спре­га со ни­за по­ри­ви на мла­ди­те на­ции, ве­ли Ста­ро­ва.

Ака­де­мик Лу­ан Ста­ро­ва е ро­ман­си­ер, рас­ка­жу­вач, по­ет, есе­ист, ли­те­ра­ту­рен кри­ти­чар, но и на­уч­ник и дол­го­го­ди­шен дип­ло­мат, почина денеска на 81 година, објави семејството. Пи­шу­вал на ал­бан­ски, ма­ке­дон­ски и на фран­цу­ски ја­зик.

Во сеќавање го реобјавуваме интевјуто во кое со новинарката на Република Невена поповска рзговара за акту­ел­ни­те со­стој­би на Бал­ка­нот, во зем­ја­ва, ли­те­ра­ту­ра­та…

Ва­ши­от ро­ман „Вре­ме­то на ко­зи­те“ бе­ше об­ја­вен во САД, во из­да­ние на Уни­вер­зи­те­тот „Ви­скон­син прес“ и до­жи­веа про­мо­ци­ја во Кон­грес­на­та биб­ли­о­те­ка во Ва­шин­гтон. Ро­ма­нот е об­ја­вен на по­ве­ќе од 15 ја­зи­ци и впе­ча­то­кот е де­ка Вие ка­ко автор, гра­деј­ќи еден свој автох­тон и со­др­жин­ски сè по­ко­хе­рен­тен свет, „оп­се­сив­но“ сте об­зе­мен од иде­ја­та во сво­е­то кни­жев­но де­ло да соз­да­де­те еден ду­хо­вен, мен­та­лен, исто­ри­ски, ет­нич­ки и ци­ви­ли­за­ци­ски пор­трет на дру­ги­от Бал­кан. Сме­та­те ли де­ка е воз­мож­но да се на­пра­ви тоа?

Старова: Мо­ја­та „бал­кан­ска кни­жев­на са­га“ поч­на да се соз­да­ва во 90–ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ко­га Бал­ка­нот, со рас­па­дот и бра­ту­бис­тве­ни­те вој­ни во Ју­гос­ла­ви­ја, вле­гу­ва­ше во сво­јот ма­чен вар­вар­ски пер­и­од . За мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја пи­са­те­ли се на­ло­жу­ва­ше клуч­но­то пра­ша­ње во на­ши­те тек­сту­ри да се раз­бе­ре бал­кан­ски­от тра­ги­зам, да се по­ка­же па­тот на из­ле­зот од вар­варс­тво­то, кое кол­ку што бе­ше ин­хе­рент­на суд­би­на, тол­ку бе­ше и на­мет­ну­ва­на исто­ри­ја од дру­ги­те. Во тој пер­и­од, во апо­те­о­за­та на кри­за­та, има­ше те­зи де­ка за­пад­ни­от свет тре­ба да го оста­ви Бал­ка­нот да со­го­ри во ен­дем­ско­то, пле­мен­ско вар­варс­тво, во омра­за, не­по­мир­ли­ви на­при­ја­телс­тва, мрач­на ид­ни­на,вер­ски и ет­нич­ки су­ди­ри. Поч­нав еден долг тр­пе­лив про­цес, на еден вид ан­ти­суд­би­на прет­по­ста­ву­ва­на­та од ту­ѓи­те из­во­ри. Про­сто­рот тре­ба­ше да се осво­ју­ва од кни­га во кни­га, да се осво­ју­ва вни­ма­ни­е­то на до­маш­ни­от и на стран­ски­от чи­та­тел. Прет­ста­ву­ва­ње­то на „Та­тко­ви­те кни­ги“ во нај­го­ле­ма­та биб­ли­о­те­ка во све­тот- Кон­грес­на биб­ли­о­те­ка во Ва­шин­гтон, пред при­ја­те­ли од ма­ке­дон­ска­та и од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, прет­ста­ву­ва не са­мо еден вид „кон­гре­га­ци­ја за суд­би­на­та“ на та­тко­ви­те кни­ги, на нив­на­та уни­вер­зал­на ме­та­фо­ра, ту­ку и ми­си­ја да ги збли­жу­ва лу­ѓе­то, нас­про­ти нив­ни­те раз­ли­ки.

Мо­ја­та бал­кан­ска са­га , че­сто ве­лам, е ка­ко про­ви­де­ние, кое се дол­жи на ли­те­ра­ту­ра­та. Та­ка, врз ре­до­ви­те на стра­ни­ци­те на нас­лед­ни­те та­тко­ви кни­ги откри­вав дам­ки пе­пел, пад­на­ти при пу­ше­ње­то во ми­го­ви на нај­сил­на кон­цен­тра­ци­ја. Тоа бе­ше жи­ви­от та­тков глас, не­го­ви­от бал­кан­ски те­ста­мент оста­вен во кни­ги­те да се нај­де при чи­та­ње. Дам­ки­те пе­пел ста­наа ити­не­рер на мо­ја­та бал­кан­ска са­га, по­тра­га­та по па­тот на из­ле­зот од вар­варс­тво­то. Се се­ќа­вав на ед­на изре­ка на Ан­дре Ма­лро: ли­те­ра­ту­ра­та, мо­же­би, не мо­же ни­што, но не­ма ни­што дру­го што мо­же кол­ку ли­те­ра­ту­ра­та! А, Жан-Пол Сартр ве­ли де­ка дол­го вре­ме мис­лел де­ка пер­о­то му е меч, но на кра­јот се уве­рил во спро­тив­но­то, но се­пак про­дол­жил да пи­шу­ва, не са­мо за да го оправ­да сво­јот жи­вот, ту­ку за да им по­ну­ди на дру­ги­те ал­тер­на­ти­ва со сво­јот жи­вот и искус­тво. И та­ка поч­на да ожи­ву­ва ви­сти­на­та од та­тко­ви­те бал­кан­ски кни­ги: се об­ја­ви­ја ро­ма­ни­те „Вре­ме­то на ко­зи­те“, „Ате­и­стич­ки му­зеј“, „Па­тот на jагу­ли­те“, „Ер­ве­хе“, „Твр­ди­на од пе­пел“, „Бал­кан­ски жр­твен ја­рец“, „По­тра­га по Елен Леј­бо­виц“, „Љу­бо­вта на ге­не­ра­лот“, „Бал­кан­ски клуч“, „Ам­ба­са­ди“ и „Но­ви ам­ба­са­ди“… Од мит­ска­та биб­ли­о­те­ка со та­тко­ви­те кни­ги, из­ле­гу­ва­ат ед­но­став­ни при­каз­ни, ка­ко ро­ма­неск­ни сто­же­ри, кои дејс­тву­ва­ат са­мо­стој­но, но и во си­стем. Во крај­на ли­ни­ја, тие ја пре­не­су­ва­ат ми­си­ја­та на еден вид ре­ал­но, до­жи­ве­а­но бал­канс­тво низ по­чи­ту­ва­ње на дру­ги­от низ не­го­во­то раз­лич­је и обрат­но, што во крај­на ли­ни­ја тре­ба да ре­зул­ти­ра со ме­ѓу­себ­на то­ле­рант­ност и хар­мо­ни­ја. Во по­ве­ќе­том­на­та про­ек­ци­ја на мо­ја­та са­га (пи­шу­ва­на на мо­јот мај­чин ал­бан­ски ја­зик и на ма­ке­дон­ски­от, ја­зи­кот на мо­е­то шко­лу­ва­ње), во прет­ста­ве­но­то се­мејс­тво во еден век ег­зи­стен­ци­ја на Бал­ка­нот, не ги од­бег­ну­ва раз­ли­ки­те, ту­ку на­сто­ју­ва да ги хар­мо­ни­зи­ра, уни­вер­за­ли­зи­ра, нај­че­сто пре­ку кни­жев­ни­те фи­гу­ри на има­ги­на­ци­ја­та, кои по­чи­ва­ат врз автен­тич­ни и ре­ал­ни искус­тва од жи­во­тот.

Авто­рот до­жи­ву­ва са­ти­сфак­ци­ја ко­га гле­да ка­ко чи­та­те­ли од раз­лич­на ет­нич­ка при­пад­ност, друг ја­зик и ве­ра ги при­фа­ќа­ат ли­ко­ви­те и суд­би­на­та на ова се­мејс­тво ка­ко свои. Ме­ѓу­тоа, нај­го­ле­ма по­твр­да, се­пак, до­а­ѓа од све­тот, од­нос­но од зем­ји­те (Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, САД, Ита­ли­ја, Шпа­ни­ја, Гр­ци­ја, Тур­ци­ја, Бу­га­ри­ја, Ро­ма­ни­ја, Пол­ска, Фин­ска, Ру­си­ја, Хр­ват­ска, Ср­би­ја и дру­ги), во кои бал­кан­ска­та са­га се при­фа­ќа ка­ко дру­га ви­сти­на за Бал­ка­нот, по­и­на­ква од таа што ја ши­реа и ши­рат европ­ски­те ме­ди­у­ми за Бал­ка­нот.

Кол­ку по­бр­зо Бал­ка­нот ќе се ос­ло­бо­ди од син­дро­ми­те на ми­на­то­то, тол­ку по­бр­зо ќе се спа­си од ста­пи­ци­те

Во си­те де­ла од „Бал­кан­ска­та са­га“ го­во­ри­те за тра­гич­на­та бал­кан­ска исто­ри­ја. Бал­ка­нот и бал­кан­ска­та са­га е ду­хов­на­та суп­стан­ци­ја, но и ге­не­рал­ни­от исто­ри­ски ра­курс од кој се сог­ле­ду­ва и ос­мис­лу­ва го­ле­ма­та не­сре­ќа што ги при­дру­жу­ва­ла лу­ѓе­то и на­ро­ди­те на овој по­лу­о­стров низ не­го­ва­та дол­га и тра­гич­на исто­ри­ја. Про­дол­жу­ва ли таа исто­ри­ја и по­на­та­му да би­де не­среќ­на и тра­гич­на?

Старова: Бал­ка­нот вле­гу­ва во пла­не­тар­на­та ера, со прет­ход­на­та гло­ба­ли­за­ци­ја, со сво­и­те не­ра­зре­ше­ни ми­то­ви на ми­на­то­то, со не­мо­ќта да ја открие хар­мо­ни­ја­та ме­ѓу др­жа­ва­та и гра­ѓан­ска­та хар­мо­ни­ја на оп­штес­тво­то, со не­за­ле­че­ни­те ра­ни на бра­то­у­бис­тве­ни­те вој­ни, со луз­ни­те на нам­но­же­ни­те гра­ни­ци, со бол­ни­те пос­ле­ди­ци на не­жи­ве­е­ни­от исто­ри­ски кон­ти­ну­и­тет на европ­ски­те ин­сти­ту­ции, со син­дро­мот на по­сто­ја­но­то поч­ну­ва­ње и (са­мо)жр­тва­та. Но, се­пак, Бал­ка­нот вле­гу­ва и во но­ва­та „за­ед­ни­ца по суд­би­на“, спо­ред син­таг­ма­та на го­ле­ми­от мис­ли­тел Ед­гар Мо­рен . Кол­ку што по­бр­зо Бал­ка­нот ќе се ос­ло­бо­ди од син­дро­ми­те на ми­на­то­то, тој тол­ку по­бр­зо ќе се вклу­чи во пла­не­тар­на­та „за­ед­ни­ца по суд­би­на“ и ќе се спа­си од ста­пи­ци­те на има­нент­ни­от тра­ги­зам…

Ви­сти­на­та за Бал­ка­нот се ши­ри пре­ку ва­ша­та кни­жев­на ми­си­ја. Да­ли тоа Ве пот­тик­ну­ва на про­дол­жу­ва­ње на са­га­та?

Старова: Мо­ја­та бал­кан­ска са­га е отво­рен кни­же­вен про­ект, кни­ги­те функ­ци­о­ни­ра­ат и са­мо­стој­но, се пре­ле­ва­ат ед­на во дру­га, со­чи­ну­ва­ат мож­на це­ли­на. За­мис­ла­та е низ мож­ни­те „гло­бал­ни ме­та­фо­ри“ да се проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат тра­гич­ни­те на­ста­ни во бал­кан­ска­та исто­ри­ја на 20 век, со­о­чу­ва­ње­то со за­доц­не­ти­от бал­кан­ски на­ци­о­на­ли­зам, пос­ле­ди­ца на доц­но­то соз­да­ва­ње на др­жа­ва­та-на­ци­ја и неј­зи­ни­те пос­ле­ди­ци. Кни­жев­на­та умет­ност, мо­же­би, по­е­фи­кас­но ја де­ми­то­ло­ги­зи­ра и де­дра­ма­ти­зи­ра на­трап­нич­ка­та исто­ри­ја во неј­зи­ни­те на­ци­о­на­ли­стич­ки из­ли­ви, откол­ку кој би­ло друг об­лик на чо­ве­ко­во­то ка­жу­ва­ње. По­ве­ќе го­ди­ни со­би­рам до­ку­мен­ти за „гло­бал­на­та ме­та­фо­ра“ на „чи­сти­те ја­зи­ци“ на Бал­ка­нот, ка­ко одраз на на­ци­о­на­ли­стич­ки по­ри­ви, кои не го из­бег­наа Бал­ка­нот во 90–ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. По­ве­ќе го­ди­ни ме оп­сед­ну­ва те­ма­та за гло­бал­на­та ме­та­фо­ра на „ја­ни­чарс­тво­то на Бал­ка­нот“, за сло­же­но­то пра­ша­ње на иден­ти­те­ти­те, кое сè уште не ка­тар­зи­ра во ро­ман. Та­ка, бал­кан­ска­та са­га оста­ну­ва отво­рен, си­гур­но, не­за­вр­шен про­ект до кра­јот на жи­во­тот…

На­ро­ди­те на овој про­стор ка­ко тај­ни, етич­ки и акси­о­мат­ски, оп­сто­ју­ва­ле врз на­че­ла­та: „По­де­ли, па вла­деј!“, „Че­кај да се кре­не, па по­тоа отсе­чи му ја гла­ва­та!“ „Да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та!“ и, се­ка­ко, ја­ни­чарс­тво­то: свој нај­у­ба­во уби­ва свој! Го над­ми­нав­ме ли ова или сѐ уште тал­ка­ме ба­рај­ќи из­лез?

Старова: Фа­тал­ни­те син­таг­ми на кои по­се­ту­ва­те не се од чи­сто бал­кан­ска про­ви­ни­ен­ци­ја. Тие по­тек­ну­ва­ат од го­ле­ми­те им­пе­рии, кои пос­лед­ни­ов ми­ле­ни­ум вла­де­е­ле со Бал­ка­нот. Та­ка син­таг­ма­та: По­де­ли, па вла­деј, сво­ја­та ге­не­за ја има­ла во Рим­ска­та Им­пе­ри­ја, но таа со ве­ко­ви ќе нај­де по­год­на поч­ва да ви­рее на Бал­ка­нот. И ја­ни­чарс­тво­то има­ло сво­ја ге­не­за во Рим­ска­та Им­пе­ри­ја (со Пре­то­ри­јан­ска­та гар­да), но на Бал­ка­нот ќе ги до­жи­вее сво­и­те по­губ­ни мо­ди­фи­ка­ции це­леј­ќи кон бри­ше­ње на ини­ци­јал­ни­от иден­ти­тет. Со дру­ги збо­ро­ви, Бал­ка­нот дол­го вре­ме оста­ну­ва „ме­ко тки­во“ за ни­за европ­ски по­ја­ви, екс­пе­ри­мен­ти, идеи, кои би­ле во за­лез во ста­ри­от кон­ти­нент, а ќе до­жи­ве­ат не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци на Бал­ка­нот, че­сто вле­гу­вај­ќи во спре­га со ни­за по­ри­ви на мла­ди­те на­ции. И во бал­кан­ска­та са­га пре­ку цен­трал­ни­от лик на Та­тко­то, кој по­сто­ја­но ја пи­шу­ва и ни­ко­гаш не ја за­вр­шу­ва сво­ја­та исто­ри­ја на Бал­ка­нот, низ па­дот на им­пе­ри­и­те, не слу­чај­но, из­во­рот на тра­гиз­мот го гле­да во вла­де­е­ње­то на им­пе­ри­и­те со нив­ни­те по­ко­ру­вач­ки ме­ха­низ­ми, а из­ле­зот го гле­да ток­му во па­дот на им­пе­ри­и­те. Во оваа про­ти­вреч­ност тој го гле­да спа­сот од тра­гиз­мот и не­го­ви­те при­друж­ни ре­ци­ди­ви.

Ве­ли­те: „…Тие ве­ру­ваа де­ка во кни­ги­те се кри­јат ду­ши­те“. Спо­ред тие кни­ги, Бал­ка­нот нај­че­сто стра­дал од при­ме­на­та на по­греш­ни „идеи“, по­греш­но пре­зе­ме­ни од кни­ги­те и уште по­по­греш­но пре­са­де­ни во жи­во­тот, а на­мет­на­ти од моќ­ни за­во­ју­ва­чи и им­пе­рии?

СтароваЗо­што во мо­ја­та бал­кан­ска са­га кни­га­та до­жи­ву­ва бор­хе­сов­ска бал­кан­ска апо­те­о­за? Вла­де­е­ње­то на им­пе­ри­и­те на Бал­ка­нот, кои ре­чи­си си­те, поч­ну­вај­ќи од рим­ска­та, па до ото­ман­ска­та, сво­е­то вла­де­е­ње го на­ло­жи­ле по пат на во­е­но осво­ју­ва­ње и на­ло­жу­ва­ње на свој ци­ви­ли­за­ци­ски по­ре­док. Со нив­ни­от пад, уште дол­го вре­ме вла­дее инер­ци­ја­та на им­пе­ри­ски­те ин­сти­ту­ции. Се соз­да­ва­ат по­ве­ќе ли­нии на ци­ви­ли­за­ци­ски кон­ти­ну­и­тет, кои за на­ро­ди­те на Бал­ка­нот, по па­дот на им­пе­ри­и­те, ста­ну­ва­ат ли­нии на мит­ски ди­скон­ти­ну­и­тет. Во овие бал­кан­ски зем­ји не­до­сти­га кон­ти­ну­и­те­тот на ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та ме­мо­ри­ја. Со пре­род­би и ци­ви­ли­за­ци­ски стре­ме­жи (ка­ко ху­ма­низ­мот и ре­не­сан­са­та во Евро­па во 16 век), се ба­ра „за­доц­нет из­лез“ кон Евро­па . От­ту­ка и ме­та­фо­ра­та де­ка глав­ни­от лик во са­га­та, Та­тко­то, ве­ру­ва де­ка во „кни­ги­те се кри­јат ду­ши­те“, од­нос­но кон­ти­ну­и­те­тот на за­гу­бе­но­то вре­ме…

Во „Вре­ме­то на ко­зи­те“, Чан­га, ко­неч­но, сог­ле­ду­ва зо­што е тол­ку кра­тко­трај­на сре­ќа­та на лу­ѓе­то и на на­ро­ди­те на Бал­ка­нот. Ќе сфа­ти­ме ли си­те ние, ко­неч­но, ка­ко да по­ста­пу­ва­ме за да би­де­ме по­среќ­ни?

Старова: Фран­цу­ски­от мо­ра­лист Ла Бри­јер во еден свој поз­нат афо­ри­зам пре­по­ра­чу­ва: „Да се раз­ве­се­ли­ме пред да би­де­ме среќ­ни, за­што мо­же да нѐ не­ма, а да не сме би­ле ни­ко­гаш среќ­ни!“ Во кра­тки­от ро­ман „Вре­ме­то на ко­зи­те“ се проб­ле­ма­ти­зи­ра по­во­е­ни­от пер­и­од во Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но во Скоп­је, ко­га на­ра­то­рот со смрт­та на ко­за­та спа­си­тел­ка на жи­во­тот го осоз­на­ва чи­нот на смрт­та и кра­јот на ра­јот на дет­ство­то. Се­кој жи­вот е сре­ќа…

Ге­о­стра­те­ги­ска­та по­зи­ци­ја мо­же да ја воз­диг­не зем­ја­та, но и да ја со­о­чи со ни­за не­пред­вид­ли­ви опас­но­сти

Па­трик Крис­ман, пр­ви­от ам­ба­са­дор на Фран­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ре­че де­ка ва­ши­от ро­ман „Бал­кан­ски клуч“, им овоз­мо­жу­ва да откри­јат зна­чај­ни пер­и­о­ди од ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво и го ну­дат ви­стин­ски­от клуч за по­до­бро откри­ва­ње и тол­ку­ва­ње на ре­ак­ци­и­те на овие со­се­ди на Евро­па од неј­зи­ни­от ју­го­и­сто­чен дел, по­не­ко­гаш бли­ски, а тол­ку ми­сте­ри­оз­ни. Ка­ко дол­го­го­ди­шен ам­ба­са­дор, ка­ков е Ва­ши­от впе­ча­ток за тоа ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се до­жи­ву­ва ме­ѓу Евро­пеј­ци­те?

Старова: Ка­ко да ја нас­ле­див суд­би­на­та на ју­на­ци­те од бал­кан­ска­та са­га: жи­во­тот да ми се од­ви­ва низ па­ра­до­кси. Бев ам­ба­са­дор на зем­ја­та што се рас­па­ѓа­ше, Ју­гос­ла­ви­ја кон кра­јот на 80–ти­те го­ди­ни и ам­ба­са­дор зем­ја­та Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Фран­ци­ја (пер­и­од тре­ти­ран во ро­ма­ни­те „Ам­ба­са­ди“ и „Но­ви ам­ба­са­ди“). Ка­ко уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор по фран­цу­ска кни­жев­ност во нај­го­ле­ми­от дел од мо­јот жи­вот тра­гав по фран­цу­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ска и иден­ти­тет­ска су­шти­на низ кни­жев­но­то ка­тар­зи­ра­ње. По­ра­ди тоа ми бе­ше лес­но да до­прам до поз­на­чај­ни кру­го­ви на фран­цу­ски пи­са­те­ли, мис­ли­те­ли, дип­ло­ма­ти (ка­ко Ед­гар Мо­рен, Мо­рис Дри­он, Ален Бо­ске, Ро­бер Ба­ден­тер, Фи­лип Се­ген, Фран­соа Де­латр, Ален Ле­роа и дру­ги). Нај­че­ста те­за за Ма­ке­до­ни­ја бе­ше де­ка таа се на­о­ѓа во ци­ви­ли­за­ци­ско и по­вол­но ге­о­стра­те­ги­ско сре­ди­ште, кое мо­же да би­де пред­ност, но и по­тен­ци­јал­на те­шко­ти­ја. Ге­о­стра­те­ги­ска­та по­зи­ци­ја мо­же да ја воз­диг­не зем­ја­та, но и да ја со­о­чи со ни­за не­пред­вид­ли­ви опас­но­сти. Та­тко­то на ту­ни­ска­та на­ци­ја Ха­биб Бур­ги­ба, на за­бе­ле­шка­та де­ка на гло­бу­сот Ту­нис е го­лем кол­ку по­штен­ска мар­ка, од­го­ва­ра­ше де­ка е тоа ви­сти­на, но мар­ка­та па­ту­ва низ све­тот, од­нос­но све­тот е не­гов. На­деж­та е де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе со­у­мее да ги иско­ри­сти сво­и­те ге­о­стра­те­ги­ски по­тен­ци­ја­ли…

Ва­ша­та „Бал­кан­ска са­га“ се соз­да­ва­ше во пер­и­о­дот од 1992 го­ди­на до 2012 го­ди­на, од­нос­но до де­неш­ни дни. Мош­не бу­рен пер­и­од за овие про­сто­ри од си­те ас­пе­кти. Но, на­ста­на во по­тра­га­та по по­каз на из­ле­зот и од „на­мет­на­то­то вар­варс­тво“ низ суд­би­на­та на кни­го­љуб­је­то. По из­ле­зот и спа­сот од ,,вар­варс­тво­тоˮ тра­гаа и тра­га­ат на Бал­ка­нот и го чи­нат мла­ди­те де­мо­кра­ти, кои беа без по­го­ле­ма др­жав­нич­ка тра­ди­ци­ја, ка­де што ет­нич­ко­то го по­тис­ну­ва­ше гра­ѓан­ско­то. Го над­ми­нав­ме ли ова?

Старова: Цен­трал­ни­от лик на бал­кан­ска­та са­га во еден мо­мент ве­ли де­ка исто­ри­ја­та на ед­но се­мејс­тво мо­же да се ме­ри со де­це­нии, но исто­ри­ја­та на др­жа­ва­та се ме­ри со ве­ко­ви. Во тоа има ви­сти­на. Фран­цу­ска­та на­ци­о­нал­на др­жа­ва е фор­ми­ра­на по Фран­цу­ска­та ре­во­лу­ци­ја во 1789 го­ди­на, по три до че­ти­ри ве­ка се ста­ри и дру­ги европ­ски на­ции, ка­ко швед­ска­та, ко­ја да­ти­ра уште од 16 век, па анг­ли­ска­та итн. На Бал­ка­нот др­жа­ви­те-на­ции се ста­ри по сто­ти­на го­ди­ни. Во те­кот на тие сто­ти­на го­ди­ни тре­ба­ше да се до­жи­ве­ат и ци­ви­ли­за­ци­ски да се урам­но­те­жат во но­во­то на­ци­о­нал­но би­тие про­ти­вреч­но­сти­те низ кои ќе по­ми­нат за­пад­ни­те оп­штес­тва во осво­ју­ва­ње на де­мо­кра­ти­ја­та, кои не мо­же­ле да се пре­не­сат или пре­са­дат ме­ха­нич­ки и ед­ноз­нач­но. За­тоа, мо­же­би, на Бал­ка­нот дол­го вре­ме ет­нич­ко­то ќе прев­ла­ду­ва над гра­ѓан­ско­то, иде­о­ло­шко­то над де­мо­крат­ско­то, ана­хро­но­то над на­пред­но­то итн. Ме­ѓу­тоа, жи­во­тот е та­тков ка­ков што е, си има свои би­о­ло­шки гра­ни­ци, свои ге­не­ра­ции. За зем­ји­те со ма­ла др­жав­нич­ка тра­ди­ци­ја еден од им­пе­ра­ти­ви­те на оп­ста­но­кот е не­гу­ва­ње­то на еден етич­ки кон­сен­зус на ге­не­ра­ци­и­те, кои ги вгра­ду­ва­ат сво­и­те вред­но­сти во ин­те­рес на раз­во­јот на де­мо­крат­ска­та ид­ни­на на за­ед­ни­ца­та. За тоа е по­треб­на мо­рал­на хра­брост, тр­пе­ли­вост. Жан Ко­кто ве­ле­ше де­ка сре­ќа­та е дол­га тр­пе­ли­вост…

На 60-го­диш­ни­на­та од жи­ве­е­ње­то со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, по­крај пи­шу­ва­ње­то и не­гу­ва­ње­то на мај­чи­ни­от ал­бан­ски ја­зик, стиг­на ви­со­ко­то кни­жев­но пре­стиж­но „Ра­ци­но­во приз­на­ние“ за ро­ма­нот „По­тра­га по Елен Леј­бо­виц“. Да­ли ли­те­ра­ту­ра­та отво­ра не­кои за­тво­ре­ни вра­ти?

Старова: Се пи­шу­ва сво­јот жи­вот. Јас се шко­лу­вав и жи­ве­ев со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, поч­ну­вај­ќи две три го­ди­ни по не­го­ва­та но­ва ко­ди­фи­ка­ци­ја (по Ра­ци­но­ва­та). Жи­ве­ев и соз­да­вав со проб­ле­ми­те на овој ја­зик, за на кра­јот да го пи­шу­вам и сво­е­то кни­жев­но де­ло. Но, јас жи­ве­ев во се­мејс­тво­то со мо­јот мај­чин, ал­бан­ски ја­зик. Пи­шу­вам и се изра­зу­вам на ал­бан­ски ја­зик. Ве­ру­вав и ве­ру­вам де­ка ја­зи­ци­те во не­ко­ја по­ви­со­ка, мит­ска или ре­ал­на ин­стан­ца се пре­ле­ва­ат еден во друг. Ни­ко­гаш во жи­во­тот не­мав при­чи­ни сво­ја­та ја­зич­на ети­ка да ја прис­по­со­бу­вам на при­ти­сок на кон­јун­кту­ри од ед­на или дру­га стра­на. Та­ка ве­ру­вав и та­ка ве­ру­вам. За­тоа, че­сто и ве­лам де­ка нај­до­бро зак­лу­че­ни­те вра­ти се отво­ре­ни­те вра­ти. Ја­зи­ци­те се, всуш­ност, отво­ре­ни вра­ти…


Разговараше Невена Поповска 

фото: Александар Ивановски

The post На Балканот долго време етничкото ќе превладува над граѓанското appeared first on Република.

]]>

Бал­ка­нот дол­го вре­ме оста­ну­ва „ме­ко тки­во“ за ни­за европ­ски по­ја­ви, екс­пе­ри­мен­ти, идеи што би­ле во за­лез во ста­ри­от кон­ти­нент, а ќе до­жи­ве­ат не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци на Бал­ка­нот, вле­гу­вај­ќи че­сто во спре­га со ни­за по­ри­ви на мла­ди­те на­ции, ве­ли Ста­ро­ва. Ака­де­мик Лу­ан Ста­ро­ва е ро­ман­си­ер, рас­ка­жу­вач, по­ет, есе­ист, ли­те­ра­ту­рен кри­ти­чар, но и на­уч­ник и дол­го­го­ди­шен дип­ло­мат, почина денеска на 81 година, објави семејството. Пи­шу­вал на ал­бан­ски, ма­ке­дон­ски и на фран­цу­ски ја­зик. Во сеќавање го реобјавуваме интевјуто во кое со новинарката на Република Невена поповска рзговара за акту­ел­ни­те со­стој­би на Бал­ка­нот, во зем­ја­ва, ли­те­ра­ту­ра­та… Ва­ши­от ро­ман „Вре­ме­то на ко­зи­те“ бе­ше об­ја­вен во САД, во из­да­ние на Уни­вер­зи­те­тот „Ви­скон­син прес“ и до­жи­веа про­мо­ци­ја во Кон­грес­на­та биб­ли­о­те­ка во Ва­шин­гтон. Ро­ма­нот е об­ја­вен на по­ве­ќе од 15 ја­зи­ци и впе­ча­то­кот е де­ка Вие ка­ко автор, гра­деј­ќи еден свој автох­тон и со­др­жин­ски сè по­ко­хе­рен­тен свет, „оп­се­сив­но“ сте об­зе­мен од иде­ја­та во сво­е­то кни­жев­но де­ло да соз­да­де­те еден ду­хо­вен, мен­та­лен, исто­ри­ски, ет­нич­ки и ци­ви­ли­за­ци­ски пор­трет на дру­ги­от Бал­кан. Сме­та­те ли де­ка е воз­мож­но да се на­пра­ви тоа? Старова: Мо­ја­та „бал­кан­ска кни­жев­на са­га“ поч­на да се соз­да­ва во 90–ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ко­га Бал­ка­нот, со рас­па­дот и бра­ту­бис­тве­ни­те вој­ни во Ју­гос­ла­ви­ја, вле­гу­ва­ше во сво­јот ма­чен вар­вар­ски пер­и­од . За мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја пи­са­те­ли се на­ло­жу­ва­ше клуч­но­то пра­ша­ње во на­ши­те тек­сту­ри да се раз­бе­ре бал­кан­ски­от тра­ги­зам, да се по­ка­же па­тот на из­ле­зот од вар­варс­тво­то, кое кол­ку што бе­ше ин­хе­рент­на суд­би­на, тол­ку бе­ше и на­мет­ну­ва­на исто­ри­ја од дру­ги­те. Во тој пер­и­од, во апо­те­о­за­та на кри­за­та, има­ше те­зи де­ка за­пад­ни­от свет тре­ба да го оста­ви Бал­ка­нот да со­го­ри во ен­дем­ско­то, пле­мен­ско вар­варс­тво, во омра­за, не­по­мир­ли­ви на­при­ја­телс­тва, мрач­на ид­ни­на,вер­ски и ет­нич­ки су­ди­ри. Поч­нав еден долг тр­пе­лив про­цес, на еден вид ан­ти­суд­би­на прет­по­ста­ву­ва­на­та од ту­ѓи­те из­во­ри. Про­сто­рот тре­ба­ше да се осво­ју­ва од кни­га во кни­га, да се осво­ју­ва вни­ма­ни­е­то на до­маш­ни­от и на стран­ски­от чи­та­тел. Прет­ста­ву­ва­ње­то на „Та­тко­ви­те кни­ги“ во нај­го­ле­ма­та биб­ли­о­те­ка во све­тот- Кон­грес­на биб­ли­о­те­ка во Ва­шин­гтон, пред при­ја­те­ли од ма­ке­дон­ска­та и од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, прет­ста­ву­ва не са­мо еден вид „кон­гре­га­ци­ја за суд­би­на­та“ на та­тко­ви­те кни­ги, на нив­на­та уни­вер­зал­на ме­та­фо­ра, ту­ку и ми­си­ја да ги збли­жу­ва лу­ѓе­то, нас­про­ти нив­ни­те раз­ли­ки. Мо­ја­та бал­кан­ска са­га , че­сто ве­лам, е ка­ко про­ви­де­ние, кое се дол­жи на ли­те­ра­ту­ра­та. Та­ка, врз ре­до­ви­те на стра­ни­ци­те на нас­лед­ни­те та­тко­ви кни­ги откри­вав дам­ки пе­пел, пад­на­ти при пу­ше­ње­то во ми­го­ви на нај­сил­на кон­цен­тра­ци­ја. Тоа бе­ше жи­ви­от та­тков глас, не­го­ви­от бал­кан­ски те­ста­мент оста­вен во кни­ги­те да се нај­де при чи­та­ње. Дам­ки­те пе­пел ста­наа ити­не­рер на мо­ја­та бал­кан­ска са­га, по­тра­га­та по па­тот на из­ле­зот од вар­варс­тво­то. Се се­ќа­вав на ед­на изре­ка на Ан­дре Ма­лро: ли­те­ра­ту­ра­та, мо­же­би, не мо­же ни­што, но не­ма ни­што дру­го што мо­же кол­ку ли­те­ра­ту­ра­та! А, Жан-Пол Сартр ве­ли де­ка дол­го вре­ме мис­лел де­ка пер­о­то му е меч, но на кра­јот се уве­рил во спро­тив­но­то, но се­пак про­дол­жил да пи­шу­ва, не са­мо за да го оправ­да сво­јот жи­вот, ту­ку за да им по­ну­ди на дру­ги­те ал­тер­на­ти­ва со сво­јот жи­вот и искус­тво. И та­ка поч­на да ожи­ву­ва ви­сти­на­та од та­тко­ви­те бал­кан­ски кни­ги: се об­ја­ви­ја ро­ма­ни­те „Вре­ме­то на ко­зи­те“, „Ате­и­стич­ки му­зеј“, „Па­тот на jагу­ли­те“, „Ер­ве­хе“, „Твр­ди­на од пе­пел“, „Бал­кан­ски жр­твен ја­рец“, „По­тра­га по Елен Леј­бо­виц“, „Љу­бо­вта на ге­не­ра­лот“, „Бал­кан­ски клуч“, „Ам­ба­са­ди“ и „Но­ви ам­ба­са­ди“… Од мит­ска­та биб­ли­о­те­ка со та­тко­ви­те кни­ги, из­ле­гу­ва­ат ед­но­став­ни при­каз­ни, ка­ко ро­ма­неск­ни сто­же­ри, кои дејс­тву­ва­ат са­мо­стој­но, но и во си­стем. Во крај­на ли­ни­ја, тие ја пре­не­су­ва­ат ми­си­ја­та на еден вид ре­ал­но, до­жи­ве­а­но бал­канс­тво низ по­чи­ту­ва­ње на дру­ги­от низ не­го­во­то раз­лич­је и обрат­но, што во крај­на ли­ни­ја тре­ба да ре­зул­ти­ра со ме­ѓу­себ­на то­ле­рант­ност и хар­мо­ни­ја. Во по­ве­ќе­том­на­та про­ек­ци­ја на мо­ја­та са­га (пи­шу­ва­на на мо­јот мај­чин ал­бан­ски ја­зик и на ма­ке­дон­ски­от, ја­зи­кот на мо­е­то шко­лу­ва­ње), во прет­ста­ве­но­то се­мејс­тво во еден век ег­зи­стен­ци­ја на Бал­ка­нот, не ги од­бег­ну­ва раз­ли­ки­те, ту­ку на­сто­ју­ва да ги хар­мо­ни­зи­ра, уни­вер­за­ли­зи­ра, нај­че­сто пре­ку кни­жев­ни­те фи­гу­ри на има­ги­на­ци­ја­та, кои по­чи­ва­ат врз автен­тич­ни и ре­ал­ни искус­тва од жи­во­тот. Авто­рот до­жи­ву­ва са­ти­сфак­ци­ја ко­га гле­да ка­ко чи­та­те­ли од раз­лич­на ет­нич­ка при­пад­ност, друг ја­зик и ве­ра ги при­фа­ќа­ат ли­ко­ви­те и суд­би­на­та на ова се­мејс­тво ка­ко свои. Ме­ѓу­тоа, нај­го­ле­ма по­твр­да, се­пак, до­а­ѓа од све­тот, од­нос­но од зем­ји­те (Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, САД, Ита­ли­ја, Шпа­ни­ја, Гр­ци­ја, Тур­ци­ја, Бу­га­ри­ја, Ро­ма­ни­ја, Пол­ска, Фин­ска, Ру­си­ја, Хр­ват­ска, Ср­би­ја и дру­ги), во кои бал­кан­ска­та са­га се при­фа­ќа ка­ко дру­га ви­сти­на за Бал­ка­нот, по­и­на­ква од таа што ја ши­реа и ши­рат европ­ски­те ме­ди­у­ми за Бал­ка­нот.

Кол­ку по­бр­зо Бал­ка­нот ќе се ос­ло­бо­ди од син­дро­ми­те на ми­на­то­то, тол­ку по­бр­зо ќе се спа­си од ста­пи­ци­те

Во си­те де­ла од „Бал­кан­ска­та са­га“ го­во­ри­те за тра­гич­на­та бал­кан­ска исто­ри­ја. Бал­ка­нот и бал­кан­ска­та са­га е ду­хов­на­та суп­стан­ци­ја, но и ге­не­рал­ни­от исто­ри­ски ра­курс од кој се сог­ле­ду­ва и ос­мис­лу­ва го­ле­ма­та не­сре­ќа што ги при­дру­жу­ва­ла лу­ѓе­то и на­ро­ди­те на овој по­лу­о­стров низ не­го­ва­та дол­га и тра­гич­на исто­ри­ја. Про­дол­жу­ва ли таа исто­ри­ја и по­на­та­му да би­де не­среќ­на и тра­гич­на? Старова: Бал­ка­нот вле­гу­ва во пла­не­тар­на­та ера, со прет­ход­на­та гло­ба­ли­за­ци­ја, со сво­и­те не­ра­зре­ше­ни ми­то­ви на ми­на­то­то, со не­мо­ќта да ја открие хар­мо­ни­ја­та ме­ѓу др­жа­ва­та и гра­ѓан­ска­та хар­мо­ни­ја на оп­штес­тво­то, со не­за­ле­че­ни­те ра­ни на бра­то­у­бис­тве­ни­те вој­ни, со луз­ни­те на нам­но­же­ни­те гра­ни­ци, со бол­ни­те пос­ле­ди­ци на не­жи­ве­е­ни­от исто­ри­ски кон­ти­ну­и­тет на европ­ски­те ин­сти­ту­ции, со син­дро­мот на по­сто­ја­но­то поч­ну­ва­ње и (са­мо)жр­тва­та. Но, се­пак, Бал­ка­нот вле­гу­ва и во но­ва­та „за­ед­ни­ца по суд­би­на“, спо­ред син­таг­ма­та на го­ле­ми­от мис­ли­тел Ед­гар Мо­рен . Кол­ку што по­бр­зо Бал­ка­нот ќе се ос­ло­бо­ди од син­дро­ми­те на ми­на­то­то, тој тол­ку по­бр­зо ќе се вклу­чи во пла­не­тар­на­та „за­ед­ни­ца по суд­би­на“ и ќе се спа­си од ста­пи­ци­те на има­нент­ни­от тра­ги­зам… Ви­сти­на­та за Бал­ка­нот се ши­ри пре­ку ва­ша­та кни­жев­на ми­си­ја. Да­ли тоа Ве пот­тик­ну­ва на про­дол­жу­ва­ње на са­га­та? Старова: Мо­ја­та бал­кан­ска са­га е отво­рен кни­же­вен про­ект, кни­ги­те функ­ци­о­ни­ра­ат и са­мо­стој­но, се пре­ле­ва­ат ед­на во дру­га, со­чи­ну­ва­ат мож­на це­ли­на. За­мис­ла­та е низ мож­ни­те „гло­бал­ни ме­та­фо­ри“ да се проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат тра­гич­ни­те на­ста­ни во бал­кан­ска­та исто­ри­ја на 20 век, со­о­чу­ва­ње­то со за­доц­не­ти­от бал­кан­ски на­ци­о­на­ли­зам, пос­ле­ди­ца на доц­но­то соз­да­ва­ње на др­жа­ва­та-на­ци­ја и неј­зи­ни­те пос­ле­ди­ци. Кни­жев­на­та умет­ност, мо­же­би, по­е­фи­кас­но ја де­ми­то­ло­ги­зи­ра и де­дра­ма­ти­зи­ра на­трап­нич­ка­та исто­ри­ја во неј­зи­ни­те на­ци­о­на­ли­стич­ки из­ли­ви, откол­ку кој би­ло друг об­лик на чо­ве­ко­во­то ка­жу­ва­ње. По­ве­ќе го­ди­ни со­би­рам до­ку­мен­ти за „гло­бал­на­та ме­та­фо­ра“ на „чи­сти­те ја­зи­ци“ на Бал­ка­нот, ка­ко одраз на на­ци­о­на­ли­стич­ки по­ри­ви, кои не го из­бег­наа Бал­ка­нот во 90–ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. По­ве­ќе го­ди­ни ме оп­сед­ну­ва те­ма­та за гло­бал­на­та ме­та­фо­ра на „ја­ни­чарс­тво­то на Бал­ка­нот“, за сло­же­но­то пра­ша­ње на иден­ти­те­ти­те, кое сè уште не ка­тар­зи­ра во ро­ман. Та­ка, бал­кан­ска­та са­га оста­ну­ва отво­рен, си­гур­но, не­за­вр­шен про­ект до кра­јот на жи­во­тот… На­ро­ди­те на овој про­стор ка­ко тај­ни, етич­ки и акси­о­мат­ски, оп­сто­ју­ва­ле врз на­че­ла­та: „По­де­ли, па вла­деј!“, „Че­кај да се кре­не, па по­тоа отсе­чи му ја гла­ва­та!“ „Да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та!“ и, се­ка­ко, ја­ни­чарс­тво­то: свој нај­у­ба­во уби­ва свој! Го над­ми­нав­ме ли ова или сѐ уште тал­ка­ме ба­рај­ќи из­лез? Старова: Фа­тал­ни­те син­таг­ми на кои по­се­ту­ва­те не се од чи­сто бал­кан­ска про­ви­ни­ен­ци­ја. Тие по­тек­ну­ва­ат од го­ле­ми­те им­пе­рии, кои пос­лед­ни­ов ми­ле­ни­ум вла­де­е­ле со Бал­ка­нот. Та­ка син­таг­ма­та: По­де­ли, па вла­деј, сво­ја­та ге­не­за ја има­ла во Рим­ска­та Им­пе­ри­ја, но таа со ве­ко­ви ќе нај­де по­год­на поч­ва да ви­рее на Бал­ка­нот. И ја­ни­чарс­тво­то има­ло сво­ја ге­не­за во Рим­ска­та Им­пе­ри­ја (со Пре­то­ри­јан­ска­та гар­да), но на Бал­ка­нот ќе ги до­жи­вее сво­и­те по­губ­ни мо­ди­фи­ка­ции це­леј­ќи кон бри­ше­ње на ини­ци­јал­ни­от иден­ти­тет. Со дру­ги збо­ро­ви, Бал­ка­нот дол­го вре­ме оста­ну­ва „ме­ко тки­во“ за ни­за европ­ски по­ја­ви, екс­пе­ри­мен­ти, идеи, кои би­ле во за­лез во ста­ри­от кон­ти­нент, а ќе до­жи­ве­ат не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци на Бал­ка­нот, че­сто вле­гу­вај­ќи во спре­га со ни­за по­ри­ви на мла­ди­те на­ции. И во бал­кан­ска­та са­га пре­ку цен­трал­ни­от лик на Та­тко­то, кој по­сто­ја­но ја пи­шу­ва и ни­ко­гаш не ја за­вр­шу­ва сво­ја­та исто­ри­ја на Бал­ка­нот, низ па­дот на им­пе­ри­и­те, не слу­чај­но, из­во­рот на тра­гиз­мот го гле­да во вла­де­е­ње­то на им­пе­ри­и­те со нив­ни­те по­ко­ру­вач­ки ме­ха­низ­ми, а из­ле­зот го гле­да ток­му во па­дот на им­пе­ри­и­те. Во оваа про­ти­вреч­ност тој го гле­да спа­сот од тра­гиз­мот и не­го­ви­те при­друж­ни ре­ци­ди­ви. Ве­ли­те: „…Тие ве­ру­ваа де­ка во кни­ги­те се кри­јат ду­ши­те“. Спо­ред тие кни­ги, Бал­ка­нот нај­че­сто стра­дал од при­ме­на­та на по­греш­ни „идеи“, по­греш­но пре­зе­ме­ни од кни­ги­те и уште по­по­греш­но пре­са­де­ни во жи­во­тот, а на­мет­на­ти од моќ­ни за­во­ју­ва­чи и им­пе­рии? СтароваЗо­што во мо­ја­та бал­кан­ска са­га кни­га­та до­жи­ву­ва бор­хе­сов­ска бал­кан­ска апо­те­о­за? Вла­де­е­ње­то на им­пе­ри­и­те на Бал­ка­нот, кои ре­чи­си си­те, поч­ну­вај­ќи од рим­ска­та, па до ото­ман­ска­та, сво­е­то вла­де­е­ње го на­ло­жи­ле по пат на во­е­но осво­ју­ва­ње и на­ло­жу­ва­ње на свој ци­ви­ли­за­ци­ски по­ре­док. Со нив­ни­от пад, уште дол­го вре­ме вла­дее инер­ци­ја­та на им­пе­ри­ски­те ин­сти­ту­ции. Се соз­да­ва­ат по­ве­ќе ли­нии на ци­ви­ли­за­ци­ски кон­ти­ну­и­тет, кои за на­ро­ди­те на Бал­ка­нот, по па­дот на им­пе­ри­и­те, ста­ну­ва­ат ли­нии на мит­ски ди­скон­ти­ну­и­тет. Во овие бал­кан­ски зем­ји не­до­сти­га кон­ти­ну­и­те­тот на ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та ме­мо­ри­ја. Со пре­род­би и ци­ви­ли­за­ци­ски стре­ме­жи (ка­ко ху­ма­низ­мот и ре­не­сан­са­та во Евро­па во 16 век), се ба­ра „за­доц­нет из­лез“ кон Евро­па . От­ту­ка и ме­та­фо­ра­та де­ка глав­ни­от лик во са­га­та, Та­тко­то, ве­ру­ва де­ка во „кни­ги­те се кри­јат ду­ши­те“, од­нос­но кон­ти­ну­и­те­тот на за­гу­бе­но­то вре­ме… Во „Вре­ме­то на ко­зи­те“, Чан­га, ко­неч­но, сог­ле­ду­ва зо­што е тол­ку кра­тко­трај­на сре­ќа­та на лу­ѓе­то и на на­ро­ди­те на Бал­ка­нот. Ќе сфа­ти­ме ли си­те ние, ко­неч­но, ка­ко да по­ста­пу­ва­ме за да би­де­ме по­среќ­ни? Старова: Фран­цу­ски­от мо­ра­лист Ла Бри­јер во еден свој поз­нат афо­ри­зам пре­по­ра­чу­ва: „Да се раз­ве­се­ли­ме пред да би­де­ме среќ­ни, за­што мо­же да нѐ не­ма, а да не сме би­ле ни­ко­гаш среќ­ни!“ Во кра­тки­от ро­ман „Вре­ме­то на ко­зи­те“ се проб­ле­ма­ти­зи­ра по­во­е­ни­от пер­и­од во Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но во Скоп­је, ко­га на­ра­то­рот со смрт­та на ко­за­та спа­си­тел­ка на жи­во­тот го осоз­на­ва чи­нот на смрт­та и кра­јот на ра­јот на дет­ство­то. Се­кој жи­вот е сре­ќа…

Ге­о­стра­те­ги­ска­та по­зи­ци­ја мо­же да ја воз­диг­не зем­ја­та, но и да ја со­о­чи со ни­за не­пред­вид­ли­ви опас­но­сти

Па­трик Крис­ман, пр­ви­от ам­ба­са­дор на Фран­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ре­че де­ка ва­ши­от ро­ман „Бал­кан­ски клуч“, им овоз­мо­жу­ва да откри­јат зна­чај­ни пер­и­о­ди од ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво и го ну­дат ви­стин­ски­от клуч за по­до­бро откри­ва­ње и тол­ку­ва­ње на ре­ак­ци­и­те на овие со­се­ди на Евро­па од неј­зи­ни­от ју­го­и­сто­чен дел, по­не­ко­гаш бли­ски, а тол­ку ми­сте­ри­оз­ни. Ка­ко дол­го­го­ди­шен ам­ба­са­дор, ка­ков е Ва­ши­от впе­ча­ток за тоа ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се до­жи­ву­ва ме­ѓу Евро­пеј­ци­те? Старова: Ка­ко да ја нас­ле­див суд­би­на­та на ју­на­ци­те од бал­кан­ска­та са­га: жи­во­тот да ми се од­ви­ва низ па­ра­до­кси. Бев ам­ба­са­дор на зем­ја­та што се рас­па­ѓа­ше, Ју­гос­ла­ви­ја кон кра­јот на 80–ти­те го­ди­ни и ам­ба­са­дор зем­ја­та Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Фран­ци­ја (пер­и­од тре­ти­ран во ро­ма­ни­те „Ам­ба­са­ди“ и „Но­ви ам­ба­са­ди“). Ка­ко уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор по фран­цу­ска кни­жев­ност во нај­го­ле­ми­от дел од мо­јот жи­вот тра­гав по фран­цу­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ска и иден­ти­тет­ска су­шти­на низ кни­жев­но­то ка­тар­зи­ра­ње. По­ра­ди тоа ми бе­ше лес­но да до­прам до поз­на­чај­ни кру­го­ви на фран­цу­ски пи­са­те­ли, мис­ли­те­ли, дип­ло­ма­ти (ка­ко Ед­гар Мо­рен, Мо­рис Дри­он, Ален Бо­ске, Ро­бер Ба­ден­тер, Фи­лип Се­ген, Фран­соа Де­латр, Ален Ле­роа и дру­ги). Нај­че­ста те­за за Ма­ке­до­ни­ја бе­ше де­ка таа се на­о­ѓа во ци­ви­ли­за­ци­ско и по­вол­но ге­о­стра­те­ги­ско сре­ди­ште, кое мо­же да би­де пред­ност, но и по­тен­ци­јал­на те­шко­ти­ја. Ге­о­стра­те­ги­ска­та по­зи­ци­ја мо­же да ја воз­диг­не зем­ја­та, но и да ја со­о­чи со ни­за не­пред­вид­ли­ви опас­но­сти. Та­тко­то на ту­ни­ска­та на­ци­ја Ха­биб Бур­ги­ба, на за­бе­ле­шка­та де­ка на гло­бу­сот Ту­нис е го­лем кол­ку по­штен­ска мар­ка, од­го­ва­ра­ше де­ка е тоа ви­сти­на, но мар­ка­та па­ту­ва низ све­тот, од­нос­но све­тот е не­гов. На­деж­та е де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе со­у­мее да ги иско­ри­сти сво­и­те ге­о­стра­те­ги­ски по­тен­ци­ја­ли… Ва­ша­та „Бал­кан­ска са­га“ се соз­да­ва­ше во пер­и­о­дот од 1992 го­ди­на до 2012 го­ди­на, од­нос­но до де­неш­ни дни. Мош­не бу­рен пер­и­од за овие про­сто­ри од си­те ас­пе­кти. Но, на­ста­на во по­тра­га­та по по­каз на из­ле­зот и од „на­мет­на­то­то вар­варс­тво“ низ суд­би­на­та на кни­го­љуб­је­то. По из­ле­зот и спа­сот од ,,вар­варс­тво­тоˮ тра­гаа и тра­га­ат на Бал­ка­нот и го чи­нат мла­ди­те де­мо­кра­ти, кои беа без по­го­ле­ма др­жав­нич­ка тра­ди­ци­ја, ка­де што ет­нич­ко­то го по­тис­ну­ва­ше гра­ѓан­ско­то. Го над­ми­нав­ме ли ова? Старова: Цен­трал­ни­от лик на бал­кан­ска­та са­га во еден мо­мент ве­ли де­ка исто­ри­ја­та на ед­но се­мејс­тво мо­же да се ме­ри со де­це­нии, но исто­ри­ја­та на др­жа­ва­та се ме­ри со ве­ко­ви. Во тоа има ви­сти­на. Фран­цу­ска­та на­ци­о­нал­на др­жа­ва е фор­ми­ра­на по Фран­цу­ска­та ре­во­лу­ци­ја во 1789 го­ди­на, по три до че­ти­ри ве­ка се ста­ри и дру­ги европ­ски на­ции, ка­ко швед­ска­та, ко­ја да­ти­ра уште од 16 век, па анг­ли­ска­та итн. На Бал­ка­нот др­жа­ви­те-на­ции се ста­ри по сто­ти­на го­ди­ни. Во те­кот на тие сто­ти­на го­ди­ни тре­ба­ше да се до­жи­ве­ат и ци­ви­ли­за­ци­ски да се урам­но­те­жат во но­во­то на­ци­о­нал­но би­тие про­ти­вреч­но­сти­те низ кои ќе по­ми­нат за­пад­ни­те оп­штес­тва во осво­ју­ва­ње на де­мо­кра­ти­ја­та, кои не мо­же­ле да се пре­не­сат или пре­са­дат ме­ха­нич­ки и ед­ноз­нач­но. За­тоа, мо­же­би, на Бал­ка­нот дол­го вре­ме ет­нич­ко­то ќе прев­ла­ду­ва над гра­ѓан­ско­то, иде­о­ло­шко­то над де­мо­крат­ско­то, ана­хро­но­то над на­пред­но­то итн. Ме­ѓу­тоа, жи­во­тот е та­тков ка­ков што е, си има свои би­о­ло­шки гра­ни­ци, свои ге­не­ра­ции. За зем­ји­те со ма­ла др­жав­нич­ка тра­ди­ци­ја еден од им­пе­ра­ти­ви­те на оп­ста­но­кот е не­гу­ва­ње­то на еден етич­ки кон­сен­зус на ге­не­ра­ци­и­те, кои ги вгра­ду­ва­ат сво­и­те вред­но­сти во ин­те­рес на раз­во­јот на де­мо­крат­ска­та ид­ни­на на за­ед­ни­ца­та. За тоа е по­треб­на мо­рал­на хра­брост, тр­пе­ли­вост. Жан Ко­кто ве­ле­ше де­ка сре­ќа­та е дол­га тр­пе­ли­вост… На 60-го­диш­ни­на­та од жи­ве­е­ње­то со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, по­крај пи­шу­ва­ње­то и не­гу­ва­ње­то на мај­чи­ни­от ал­бан­ски ја­зик, стиг­на ви­со­ко­то кни­жев­но пре­стиж­но „Ра­ци­но­во приз­на­ние“ за ро­ма­нот „По­тра­га по Елен Леј­бо­виц“. Да­ли ли­те­ра­ту­ра­та отво­ра не­кои за­тво­ре­ни вра­ти? Старова: Се пи­шу­ва сво­јот жи­вот. Јас се шко­лу­вав и жи­ве­ев со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, поч­ну­вај­ќи две три го­ди­ни по не­го­ва­та но­ва ко­ди­фи­ка­ци­ја (по Ра­ци­но­ва­та). Жи­ве­ев и соз­да­вав со проб­ле­ми­те на овој ја­зик, за на кра­јот да го пи­шу­вам и сво­е­то кни­жев­но де­ло. Но, јас жи­ве­ев во се­мејс­тво­то со мо­јот мај­чин, ал­бан­ски ја­зик. Пи­шу­вам и се изра­зу­вам на ал­бан­ски ја­зик. Ве­ру­вав и ве­ру­вам де­ка ја­зи­ци­те во не­ко­ја по­ви­со­ка, мит­ска или ре­ал­на ин­стан­ца се пре­ле­ва­ат еден во друг. Ни­ко­гаш во жи­во­тот не­мав при­чи­ни сво­ја­та ја­зич­на ети­ка да ја прис­по­со­бу­вам на при­ти­сок на кон­јун­кту­ри од ед­на или дру­га стра­на. Та­ка ве­ру­вав и та­ка ве­ру­вам. За­тоа, че­сто и ве­лам де­ка нај­до­бро зак­лу­че­ни­те вра­ти се отво­ре­ни­те вра­ти. Ја­зи­ци­те се, всуш­ност, отво­ре­ни вра­ти…
Разговараше Невена Поповска  фото: Александар Ивановски

The post На Балканот долго време етничкото ќе превладува над граѓанското appeared first on Република.

]]>
Почина писателот академик Луан Старова https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-pisatelot-akademik-luan-starova/ Thu, 24 Feb 2022 17:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=463357

Луан Старова, писател, есеист и дипломат, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), почина денеска на 81 година, објави семејството. Погребот ќе биде утре, на градските гробишта Бутел во Скопје од 13 часот.

Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945во Скопје. По дипломирањето, во 1967 се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Постдипломски студии учел во Загреб, каде ја одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 во Загреб ја одбранил докторската дисертација. Во 1979 бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“.

Во 1985 бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на Катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Редовен член е на МАНУ од 2003.

Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

Добитник е на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и на наградите „Крсте Мисирков“ за публицистика, „13 ноември“ на Град Скопје, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 за „Потрага по еден Лејбовиц“ и други. На 19 јуни 2003 година бил прогласен за почесен граѓанин на Подгорец, а од 2006 е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“.

The post Почина писателот академик Луан Старова appeared first on Република.

]]>

Луан Старова, писател, есеист и дипломат, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), почина денеска на 81 година, објави семејството. Погребот ќе биде утре, на градските гробишта Бутел во Скопје од 13 часот. Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945во Скопје. По дипломирањето, во 1967 се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Постдипломски студии учел во Загреб, каде ја одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 во Загреб ја одбранил докторската дисертација. Во 1979 бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на Катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Редовен член е на МАНУ од 2003. Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. Добитник е на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и на наградите „Крсте Мисирков“ за публицистика, „13 ноември“ на Град Скопје, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 за „Потрага по еден Лејбовиц“ и други. На 19 јуни 2003 година бил прогласен за почесен граѓанин на Подгорец, а од 2006 е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“.

The post Почина писателот академик Луан Старова appeared first on Република.

]]>