Љупчо Јолевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-jolevski/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 14:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Јолевски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-jolevski/ 32 32 „Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња https://republika.mk/vesti/kultura/radio-i-nepravilen-ritam-navezeni-vistini-za-edni-vremina/ Wed, 07 Aug 2024 14:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=804269

„Радио“  и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на  книгите што вчеравечер во рамки на програмата на „Охридско лето“ ги промовира авторот, новинарот Љупчо Јолевски.

Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја  споделија убавина на пишаниот збор, на македонската  музика и на македонската култура воопшто.

Поранешниот новинар Дејан Трајкоски, книгите на Јолевски ги гледа како „текстуални винили“.

-Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув“, вели Трајкоски.

Според професорката и писателка Ана Стојаноска, книгата „Неправилен ритам“  иако делува како место за чување на историјата, е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување.

Авторот на овие две исклучително вредни дела , Љупчо Јолевски, најави дека нема да застане само на овие две книги, туку наскоро ќе следува и трета книга напишана од неговото перо.

-Овие две книги беа мојата лична потреба, не да оставам дел од себе туку дел од македонската култура како документ, како сведоштво за времето што допрва доаѓа. Втората е наменета на моите внуци кои допрва ќе растат и на сите нивни врсници да знаат што имало овде, на ова тло. Тука сме да ја споделиме мислата, да ја споделиме песната, да го величаме зборот. Долго размислував за оваа моја промоција во Охрид, каде ќе биде, како ќе биде. Им благодарам на „Охридско лето“, на дирекцијата, на сите оние кои таму се ангажирани за оваа можност што ми дозволија вечерва да излеземе овде пред вас и да кажеме некој збор, да ви понудиме вечер во која ќе го славиме сето она што е убаво, сето она што е вредно и можеби ќе ја запомниме потребата да бидеме блиски и да споделиме срцевина, рече Јолевски посакувајќи во Охрид да се множат културните настани кои ќе ја враќаат вербата во она што е всушност Охрид, мека на културата.

Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Инаку, Јолевски, за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

 

 

 

 

 

The post „Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња appeared first on Република.

]]>

„Радио“  и „Неправилен ритам -Приказни од современата македонска музичка сцена “ се насловите на  книгите што вчеравечер во рамки на програмата на „Охридско лето“ ги промовира авторот, новинарот Љупчо Јолевски. Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, со своето учество на промоцијата во Предворјето на црквата „Света Софија“ ја  споделија убавина на пишаниот збор, на македонската  музика и на македонската култура воопшто. Поранешниот новинар Дејан Трајкоски, книгите на Јолевски ги гледа како „текстуални винили“. -Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув“, вели Трајкоски. Според професорката и писателка Ана Стојаноска, книгата „Неправилен ритам“  иако делува како место за чување на историјата, е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Авторот на овие две исклучително вредни дела , Љупчо Јолевски, најави дека нема да застане само на овие две книги, туку наскоро ќе следува и трета книга напишана од неговото перо. -Овие две книги беа мојата лична потреба, не да оставам дел од себе туку дел од македонската култура како документ, како сведоштво за времето што допрва доаѓа. Втората е наменета на моите внуци кои допрва ќе растат и на сите нивни врсници да знаат што имало овде, на ова тло. Тука сме да ја споделиме мислата, да ја споделиме песната, да го величаме зборот. Долго размислував за оваа моја промоција во Охрид, каде ќе биде, како ќе биде. Им благодарам на „Охридско лето“, на дирекцијата, на сите оние кои таму се ангажирани за оваа можност што ми дозволија вечерва да излеземе овде пред вас и да кажеме некој збор, да ви понудиме вечер во која ќе го славиме сето она што е убаво, сето она што е вредно и можеби ќе ја запомниме потребата да бидеме блиски и да споделиме срцевина, рече Јолевски посакувајќи во Охрид да се множат културните настани кои ќе ја враќаат вербата во она што е всушност Охрид, мека на културата. Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година. Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… Инаку, Јолевски, за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.          

The post „Радио“ и „Неправилен ритам“ – навезени вистини за едни времиња appeared first on Република.

]]>
На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски https://republika.mk/vesti/kultura/na-ohridsko-leto-promotsija-na-knigite-radio-i-nepravilen-ritam-od-novinarot-jolevski/ Tue, 06 Aug 2024 08:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=803753

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира  промоција на книгите  „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски.

Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година.

Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…

Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

The post На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира  промоција на книгите  „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски  е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со  почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години да биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година. Во таа декада и половина, тој  со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

The post На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски appeared first on Република.

]]>
Азното се чува во мали ковчежиња некаде во долапите, така е и со музиката на „Фин проџект“ https://republika.mk/vesti/kultura/aznoto-se-chuva-vo-mali-kovchezhina-nekade-vo-dolapite-taka-e-i-so-muzikata-na-fin-prodhekt/ Thu, 23 Feb 2023 10:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=612247

Азното се чува во мали ковчежиња, некаде во долапите. Така и оваа музика која Никола Стојковски и неговите соработници која со години се обидуваат да ја исправат на нозе, да стои простум, рече музичкиот новинар Љупчо Јолевски, на промоцијата на петтиот албум на „ФИН Проџект оркестра“ на која беше прославена и 10-годишното творештво на „ФИН Проџект“.

Зад овој музички проект стои Никола Стојковски, кој на претходните албуми соработуваше со Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други. Стојковски ја заокружува својата десетгодишна работа со албум со оркестарски аранжмани, подготвени од Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска.

Јолевски на промоцијата рече дека верува оти оваа приказна ќе потрае уште малку подолго затоа што во овие луѓе навистина има музика.

Имаат потреба да проговорат на сопствениот музички јазик и од себе да ги истераат сите оние убави нешта кои ќе продолжат да лебдат во ова време на изместени нешта. Во време во кое нам, убавото ни е многу потребно. Во оваа музика мене најмногу ми се допаѓа нашиот, македонскиот бит, неговата потреба да комуницира со сите музики и да се издигне над сето она што претставува обичност, да биде музика во вистинската смисла на зборот. Затоа не ме чуди што во оваа музика ќе го препознате ехото на македонскиот музички јазик, на луѓето кои ја продолжуваат таа приказна, нашата самосвест, ритми, музички јазик. Треба да останеме верници на мислата дека убавото ќе го победи грдото, бидејќи ако оваа мисла не нè води, ќе се изгубиме, рече Јолевски на промоцијата.

[caption id="attachment_612260" align="alignnone" width="2048"] Љулчо Јолевски и Никола Стојковски на промоцијата. Фото: Фејсбук[/caption]

Авторот и продуцент Стојковски кажа дека сите кои се вклучени во музичката приказна се бескрајно вљубени во музиката и во традиционалниот звук.

Ќе продолжиме да создаваме и понатаму, додека имаме години за тоа. Неизмерната љубов кон традиционалните вредности и традиционлниот македонски звук резултираа со еден спој кој мене како автор ме инспирираа да ја направам таа фузија од музика, современа електорнска музика која ја работев во тоа време со луѓе, инструменталисти и вокалисти кои го имаа тој сензибилитет да ги направиме првите два албуми, рече Стојковски.

[caption id="attachment_612258" align="alignnone" width="2048"] фото: Фејсбук[/caption]

„ФИН Проџект“ досега ги објави албумите „Битови и Орнаменти / Во Македонија“, „Едно е Сонцето“, „Ре:Визија“, „Време. Живот. Слобода“. На петиот албум, низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор, како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајкоски. Овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности.

The post Азното се чува во мали ковчежиња некаде во долапите, така е и со музиката на „Фин проџект“ appeared first on Република.

]]>

Азното се чува во мали ковчежиња, некаде во долапите. Така и оваа музика која Никола Стојковски и неговите соработници која со години се обидуваат да ја исправат на нозе, да стои простум, рече музичкиот новинар Љупчо Јолевски, на промоцијата на петтиот албум на „ФИН Проџект оркестра“ на која беше прославена и 10-годишното творештво на „ФИН Проџект“. Зад овој музички проект стои Никола Стојковски, кој на претходните албуми соработуваше со Калина Велковска, Александар Николовски, Горан Трајковски, Васко Атанасоски, Влатко Георгиев, Ненад Стефаноски, Зарина Првасевда и други. Стојковски ја заокружува својата десетгодишна работа со албум со оркестарски аранжмани, подготвени од Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска. Јолевски на промоцијата рече дека верува оти оваа приказна ќе потрае уште малку подолго затоа што во овие луѓе навистина има музика.
Имаат потреба да проговорат на сопствениот музички јазик и од себе да ги истераат сите оние убави нешта кои ќе продолжат да лебдат во ова време на изместени нешта. Во време во кое нам, убавото ни е многу потребно. Во оваа музика мене најмногу ми се допаѓа нашиот, македонскиот бит, неговата потреба да комуницира со сите музики и да се издигне над сето она што претставува обичност, да биде музика во вистинската смисла на зборот. Затоа не ме чуди што во оваа музика ќе го препознате ехото на македонскиот музички јазик, на луѓето кои ја продолжуваат таа приказна, нашата самосвест, ритми, музички јазик. Треба да останеме верници на мислата дека убавото ќе го победи грдото, бидејќи ако оваа мисла не нè води, ќе се изгубиме, рече Јолевски на промоцијата.
[caption id="attachment_612260" align="alignnone" width="2048"] Љулчо Јолевски и Никола Стојковски на промоцијата. Фото: Фејсбук[/caption] Авторот и продуцент Стојковски кажа дека сите кои се вклучени во музичката приказна се бескрајно вљубени во музиката и во традиционалниот звук.
Ќе продолжиме да создаваме и понатаму, додека имаме години за тоа. Неизмерната љубов кон традиционалните вредности и традиционлниот македонски звук резултираа со еден спој кој мене како автор ме инспирираа да ја направам таа фузија од музика, современа електорнска музика која ја работев во тоа време со луѓе, инструменталисти и вокалисти кои го имаа тој сензибилитет да ги направиме првите два албуми, рече Стојковски.
[caption id="attachment_612258" align="alignnone" width="2048"] фото: Фејсбук[/caption] „ФИН Проџект“ досега ги објави албумите „Битови и Орнаменти / Во Македонија“, „Едно е Сонцето“, „Ре:Визија“, „Време. Живот. Слобода“. На петиот албум, низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор, како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајкоски. Овој албум промовира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните културни вредности.

The post Азното се чува во мали ковчежиња некаде во долапите, така е и со музиката на „Фин проџект“ appeared first on Република.

]]>
Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците https://republika.mk/vesti/kultura/lupcho-jolevski-novinar-koj-navistina-gi-saka-umetnitsite/ Sat, 31 Dec 2022 14:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=591831

Јолевски, ти навистина ги сакаш уметниците и тоа се гледа, се слуша, се чита, рече македонската музичка уметница Александра Поповска, која живее и работи во Холандија, на промоцијата на втората книга на новинарот Љупчо Јолевски „Неправилен ритам - Приказни од современата македонска музичка сцена“.

„Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства. Поделена е во осум поглавја (Мајчин јазик, Почетна стрелба, На лута рана (лута ганџа), Вдишувам копнеж, Swinging Мacedonia, Океaн во капка, Bird on the wire, Аранжери на облаци) и на скоро 700 страници се поместени интервјуа, рецензии, осврти… Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Ерик Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи - Жига Коритник, Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Глигор Кондовски.

Промоцијата се случуваше во рамки на прославата 50 години Младински културен центар (МКЦ).

Љубовта кон она што го работиш зрачи од твоите интервјуа и секогаш ги читам со голема радост, бидејќи на поетски начин ќе успееш да извлечеш од соговорниците нешто ново за кое и самите тие дотогаш не размислувале. Се радувам од срце за сите твои успеси и ми претставува голема чест дека и моите звучни светови се дел од твоите книги, дел од еден преубав музички мозаик составен од приказни за моите колеги музичари и уметници, секој посебен на свој начин, рече Поповска, која преку видео порака се обрати на промоцијата во МКЦ.

[caption id="attachment_591835" align="alignnone" width="717"] Љупчо Јолевски со Ана Стојаноска[/caption]

За Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на ФДУ, музиката е најсовршена уметничка форма. Затоа е најтешко да се пишува за музика. А уште потешко за музичарите.

Пишувањето за музиката од позицијата на новинарско сведоштво секогаш го ограничува третманот на жанрот. Точно одбрани зборови, уреднички дефинирани прецизни граници, толку малку што треба да каже толку многу. Затоа е реткост кога во македонската културна критика ќе се појави книга која си прави муабет со музиката, како што е тоа оваа книга на нашиот познат проследувач, сведок, директен коментатор на комплетната музичка сегашност  и минатост, се разбира ќе биде и во иднина, новинарот и познавач на музиката Јолевски, вели Стојаноска.

Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е повеќе од четири децении. Кариерата ја почнал во „Млад борец“ на почетокот од 1980-тите. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потем долги години бил во Радио Телевизија Скопје и во Македонското радио – Втора програма. Паралелно четири години бил уредник на Музичкото радио Канал 103, а соработувал и со изданијата на „Детска радост“, ревијата „Екран“ и весникот „Нова Македонија“. Од крајот на 1990-те извесно време бил новинар во Телевизија Скопје и во магазинот „Старт“, потем уредник во дневните весници „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“, соработник на интернет порталот „Блесок“, на Југословенската и Екс. Југословенската рок енциклопедија, на Светската и на Европската музичка енциклопедија и безмалку цела една декада автор и водител на музичката емисија „Скопје – Париз – Тексас“ на Радио Равел. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик. во 2019 година ја издаде првата книга „Радио“.

Оваа, 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје за неговиот придонес во новинарството.

Кога јас употребувам парафрази во текстови, најмногу сум научил од Јолевски и затоа го нарекувам учителот. За да доловам како пишува Јолевски, ја анализирав неговата реченица. Јолевски е еден од ретките новинари коишто имаат дарба, поетско-критички да опишуваат настан користејќи, на пример, повеќе придавки покрај еден подмет. Не се наоѓа лесно во македонското новинарство човек кој така математички прецизно пишува поетизирана реченица употребувајќи придавка па именка, па две придавки и глаголска именка и завршувајќи со две придавки и именка. Едноставно, тоа е чиста новинарска уметност. Јолевски, да те немаше, ќе требаше да те измислиме!, рече Дејан Трајкоски, писател и поранешен новинар.

[caption id="attachment_591836" align="alignnone" width="717"] Дејан Трајкоски[/caption]

Крсте Роџевски, невропсихијатар со 20-годишна приватна пракса во Њујорк и музичар на Јолевски му се заблагодари за неколку работи.

Прво, да ти кажам фала за твојата амбициозност да направиш едно релевантно дело и тоа не само во локални, туку во пошироки импакт-фактор размери. Благодарам за твојата автентичност, посветеност и почит кон пишаниот збор. Во нашите средби, во нашето интервју, многу бев изненаден и одушевен од твојот аскетизам во прашањата - малку зборови, а големи прашања, со голем капацитет за интроспекција и анализа на идеи. Многу ми беше мило да знам дека некој ги слуша и пристапува кон моите песни на тој начин. Многу бев возбуден и задоволен по нашето интервју. Фала за твојата скромност, талент и твојата рака и за твојата истрајност во оваа борба да се прави нешто релеватно и автентично, бидејќи навистина станува премногу тешко. Има големи фактори, претежно медиокритет, бирократија и песимизам кои се пречки за развој. Навистина сум нестрплив, сакам да ја имам книгата во рака, да го видам фонтот, дизајнот. Јас сум старомоден, сакам книги и плочи. Ќе ми биде ќеф да ја прочитам и се надевам дека книгата, како што вие велите во Охрид, 'ќе ме однесе во длабоконо, кај ресине'. Јас се надевам во длабоконо, после ресине, рече Роџевски во видое-обраќањето.

Кај Јолевски ништо не е случајно, па така, промоцијата на „Неправилен ритам“ се случи на денот на МКЦ, на денот на македонското радио каде што тој се обиде да ја најде врската меѓу човекот од радиото, човекот кој ја потпиша една книга „Радио“ со она што претставува наша современа македонска музичка сцена.

Не сум единствениот, се надевам дека ќе има нови генерации што ќе доаѓаат и што ќе оставаат камчиња во мозаикот што се нарекува македонска култура, вели Јолевски.

https://republika.mk/vesti/kultura/ljupcho-jolevski-radioto-ima-dve-raboti-koi-mnogu-gi-sakam-da-pishuvam-i-da-pushtam-muzika/

фото: Младински културен центар

The post Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците appeared first on Република.

]]>

Јолевски, ти навистина ги сакаш уметниците и тоа се гледа, се слуша, се чита, рече македонската музичка уметница Александра Поповска, која живее и работи во Холандија, на промоцијата на втората книга на новинарот Љупчо Јолевски „Неправилен ритам - Приказни од современата македонска музичка сцена“. „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства. Поделена е во осум поглавја (Мајчин јазик, Почетна стрелба, На лута рана (лута ганџа), Вдишувам копнеж, Swinging Мacedonia, Океaн во капка, Bird on the wire, Аранжери на облаци) и на скоро 700 страници се поместени интервјуа, рецензии, осврти… Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Ерик Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи - Жига Коритник, Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Глигор Кондовски. Промоцијата се случуваше во рамки на прославата 50 години Младински културен центар (МКЦ).
Љубовта кон она што го работиш зрачи од твоите интервјуа и секогаш ги читам со голема радост, бидејќи на поетски начин ќе успееш да извлечеш од соговорниците нешто ново за кое и самите тие дотогаш не размислувале. Се радувам од срце за сите твои успеси и ми претставува голема чест дека и моите звучни светови се дел од твоите книги, дел од еден преубав музички мозаик составен од приказни за моите колеги музичари и уметници, секој посебен на свој начин, рече Поповска, која преку видео порака се обрати на промоцијата во МКЦ.
[caption id="attachment_591835" align="alignnone" width="717"] Љупчо Јолевски со Ана Стојаноска[/caption] За Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на ФДУ, музиката е најсовршена уметничка форма. Затоа е најтешко да се пишува за музика. А уште потешко за музичарите.
Пишувањето за музиката од позицијата на новинарско сведоштво секогаш го ограничува третманот на жанрот. Точно одбрани зборови, уреднички дефинирани прецизни граници, толку малку што треба да каже толку многу. Затоа е реткост кога во македонската културна критика ќе се појави книга која си прави муабет со музиката, како што е тоа оваа книга на нашиот познат проследувач, сведок, директен коментатор на комплетната музичка сегашност  и минатост, се разбира ќе биде и во иднина, новинарот и познавач на музиката Јолевски, вели Стојаноска.
Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е повеќе од четири децении. Кариерата ја почнал во „Млад борец“ на почетокот од 1980-тите. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потем долги години бил во Радио Телевизија Скопје и во Македонското радио – Втора програма. Паралелно четири години бил уредник на Музичкото радио Канал 103, а соработувал и со изданијата на „Детска радост“, ревијата „Екран“ и весникот „Нова Македонија“. Од крајот на 1990-те извесно време бил новинар во Телевизија Скопје и во магазинот „Старт“, потем уредник во дневните весници „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“, соработник на интернет порталот „Блесок“, на Југословенската и Екс. Југословенската рок енциклопедија, на Светската и на Европската музичка енциклопедија и безмалку цела една декада автор и водител на музичката емисија „Скопје – Париз – Тексас“ на Радио Равел. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик. во 2019 година ја издаде првата книга „Радио“. Оваа, 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје за неговиот придонес во новинарството.
Кога јас употребувам парафрази во текстови, најмногу сум научил од Јолевски и затоа го нарекувам учителот. За да доловам како пишува Јолевски, ја анализирав неговата реченица. Јолевски е еден од ретките новинари коишто имаат дарба, поетско-критички да опишуваат настан користејќи, на пример, повеќе придавки покрај еден подмет. Не се наоѓа лесно во македонското новинарство човек кој така математички прецизно пишува поетизирана реченица употребувајќи придавка па именка, па две придавки и глаголска именка и завршувајќи со две придавки и именка. Едноставно, тоа е чиста новинарска уметност. Јолевски, да те немаше, ќе требаше да те измислиме!, рече Дејан Трајкоски, писател и поранешен новинар.
[caption id="attachment_591836" align="alignnone" width="717"] Дејан Трајкоски[/caption] Крсте Роџевски, невропсихијатар со 20-годишна приватна пракса во Њујорк и музичар на Јолевски му се заблагодари за неколку работи.
Прво, да ти кажам фала за твојата амбициозност да направиш едно релевантно дело и тоа не само во локални, туку во пошироки импакт-фактор размери. Благодарам за твојата автентичност, посветеност и почит кон пишаниот збор. Во нашите средби, во нашето интервју, многу бев изненаден и одушевен од твојот аскетизам во прашањата - малку зборови, а големи прашања, со голем капацитет за интроспекција и анализа на идеи. Многу ми беше мило да знам дека некој ги слуша и пристапува кон моите песни на тој начин. Многу бев возбуден и задоволен по нашето интервју. Фала за твојата скромност, талент и твојата рака и за твојата истрајност во оваа борба да се прави нешто релеватно и автентично, бидејќи навистина станува премногу тешко. Има големи фактори, претежно медиокритет, бирократија и песимизам кои се пречки за развој. Навистина сум нестрплив, сакам да ја имам книгата во рака, да го видам фонтот, дизајнот. Јас сум старомоден, сакам книги и плочи. Ќе ми биде ќеф да ја прочитам и се надевам дека книгата, како што вие велите во Охрид, 'ќе ме однесе во длабоконо, кај ресине'. Јас се надевам во длабоконо, после ресине, рече Роџевски во видое-обраќањето.
Кај Јолевски ништо не е случајно, па така, промоцијата на „Неправилен ритам“ се случи на денот на МКЦ, на денот на македонското радио каде што тој се обиде да ја најде врската меѓу човекот од радиото, човекот кој ја потпиша една книга „Радио“ со она што претставува наша современа македонска музичка сцена.
Не сум единствениот, се надевам дека ќе има нови генерации што ќе доаѓаат и што ќе оставаат камчиња во мозаикот што се нарекува македонска култура, вели Јолевски.
https://republika.mk/vesti/kultura/ljupcho-jolevski-radioto-ima-dve-raboti-koi-mnogu-gi-sakam-da-pishuvam-i-da-pushtam-muzika/ фото: Младински културен центар

The post Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците appeared first on Република.

]]>
На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-rodendenot-na-mkts-novinarot-lupcho-jolevski-ke-ja-promovira-novata-kniga-nepravilen-ritam-prikazni-od-sovremenata-makedonska-muzichka-stsena/ Wed, 28 Dec 2022 09:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=590809

Книгата „Неправилен ритам“/Приказни од современата македонска музичка сцена ќе биде промовирана вечерва во 18.30 часот во киното „Фросина“ во Скопје, во рамките на прославата на петте децении Младински културен центар (МКЦ). „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства, вели проф. д-р Ана Стојаноска.

– Оваа книга, иако делува како место за чување на историјата е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Во распон од повеќе од 30 години, Јолевски ги зачувал интервјуата со денес култните бендови и музичари од Анастасија, Ритмистика, Бернајс Пропаганда, Суперхикс, Добрила Грашеска, Тони Китановски, Влатко Стефановски, Горан Трајкоски, Бодан Арсовски, Џиван Гаспарјан,…, создавајќи своевидна меморабилија или мапа на сеќавањето или документ за музичката историја. Сите тие интервјуа и текстови се дел од едно време што повеќе го нема, сите тие автори се дел и од тоа време, но и денес, сведочејќи го современиот однос кон музиката, концертите, фестивалите и продукцијата – вели Ана Стојаноска, писателка, театролог, професорка.

Велат за да бидеш добар новинар, треба да го имаш оној „новинарски нерв“. Навистина се ретки луѓето, барем од она што можеме да го видиме околу нас и овде, кои толку посветено и приоѓаат на својата работа, како што тоа е случај со мојот почитуван колега Љупчо Јолевски. И оваа негова книга не е случајна. Таа е уште еден показател дека не минува кај него туку така, она, за коешто Бог го предодредил, пишува Тина Иванова.

-Познавачите на неговите дела, неговите пријатели и познаници, знаат дека Љупчо Јолевски е страстен љубител на музиката сиот свој живот, човек кој не пропушта музички настан и не само на овие простори, туку и пошироко. Пасиониран колекционер на носачи на звук, на музичка литература, на севкупна музичка уметност воопшто… Неговите интервјуа, музичките рецензии, сеедно всушност за која форма на писание станува збор, не се обични. Тие се лупа низ која се согледува животот на уметникот така детално, микроскопски, што во тој кус светоглед раскажан низ неколку реда, откривате цело пространство од креации, идеи, љубов, живот. Тоа, е најсилната алатка на Љупчо Јолевски, неговата моќна карта со која вешто умее да „игра“. Да дознаете, да спознаете, да верувате, да се едуцирате, и да се забавувате во истовреме. Бидејќи, на крајот, приказните се раскажуваат преку луѓето – вели Иванова.

Книгите на Љупчо Јолевски се текстуални винили. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезани вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, посочува Дејан Трајкоски.

-„Неправилен ритам“ содржи интервјуа, рецензии, осврти… Поделена е на 5 поглавја. Рокенрол минато, понови бендови, па осврти врзани за џезот, но и класична музика. Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи како Жига Коритник, Татјана Ранташа… Или, повеќе од дваесет години историја на повеќе од 500 страници! Во нашиот медиумски контекст, Јолевски е учителот. Се разбира, воопшто не е претерано да се каже така. Всушност, неправедно е да не се каже така. Затоа што на прстите од една рака се бројат луѓето со повеќедецениски стаж коишто со елан на младич пишуваат за состојбите во културата, а со таква силна наобразба. Доказ за тоа е тоа што, барем во музиката, нема новинар којшто подобро ја знае не само џез музиката, туку и музиката на светот, домашната андерграунд музика…, и кој во исто време бил активен сведок на цела една повеќе од четири децениска музичка, но и културна историја. Или, кажано со поедноставни зборови, доколку Јолевски живееше во друго поднебје, сега, без сомнение, ќе ги пишуваше овластените монографии за Боуви, Колман – вели Трајкоски.

 

The post На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Неправилен ритам“/Приказни од современата македонска музичка сцена ќе биде промовирана вечерва во 18.30 часот во киното „Фросина“ во Скопје, во рамките на прославата на петте децении Младински културен центар (МКЦ). „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства, вели проф. д-р Ана Стојаноска. – Оваа книга, иако делува како место за чување на историјата е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Во распон од повеќе од 30 години, Јолевски ги зачувал интервјуата со денес култните бендови и музичари од Анастасија, Ритмистика, Бернајс Пропаганда, Суперхикс, Добрила Грашеска, Тони Китановски, Влатко Стефановски, Горан Трајкоски, Бодан Арсовски, Џиван Гаспарјан,…, создавајќи своевидна меморабилија или мапа на сеќавањето или документ за музичката историја. Сите тие интервјуа и текстови се дел од едно време што повеќе го нема, сите тие автори се дел и од тоа време, но и денес, сведочејќи го современиот однос кон музиката, концертите, фестивалите и продукцијата – вели Ана Стојаноска, писателка, театролог, професорка. Велат за да бидеш добар новинар, треба да го имаш оној „новинарски нерв“. Навистина се ретки луѓето, барем од она што можеме да го видиме околу нас и овде, кои толку посветено и приоѓаат на својата работа, како што тоа е случај со мојот почитуван колега Љупчо Јолевски. И оваа негова книга не е случајна. Таа е уште еден показател дека не минува кај него туку така, она, за коешто Бог го предодредил, пишува Тина Иванова. -Познавачите на неговите дела, неговите пријатели и познаници, знаат дека Љупчо Јолевски е страстен љубител на музиката сиот свој живот, човек кој не пропушта музички настан и не само на овие простори, туку и пошироко. Пасиониран колекционер на носачи на звук, на музичка литература, на севкупна музичка уметност воопшто… Неговите интервјуа, музичките рецензии, сеедно всушност за која форма на писание станува збор, не се обични. Тие се лупа низ која се согледува животот на уметникот така детално, микроскопски, што во тој кус светоглед раскажан низ неколку реда, откривате цело пространство од креации, идеи, љубов, живот. Тоа, е најсилната алатка на Љупчо Јолевски, неговата моќна карта со која вешто умее да „игра“. Да дознаете, да спознаете, да верувате, да се едуцирате, и да се забавувате во истовреме. Бидејќи, на крајот, приказните се раскажуваат преку луѓето – вели Иванова. Книгите на Љупчо Јолевски се текстуални винили. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезани вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, посочува Дејан Трајкоски. -„Неправилен ритам“ содржи интервјуа, рецензии, осврти… Поделена е на 5 поглавја. Рокенрол минато, понови бендови, па осврти врзани за џезот, но и класична музика. Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи како Жига Коритник, Татјана Ранташа… Или, повеќе од дваесет години историја на повеќе од 500 страници! Во нашиот медиумски контекст, Јолевски е учителот. Се разбира, воопшто не е претерано да се каже така. Всушност, неправедно е да не се каже така. Затоа што на прстите од една рака се бројат луѓето со повеќедецениски стаж коишто со елан на младич пишуваат за состојбите во културата, а со таква силна наобразба. Доказ за тоа е тоа што, барем во музиката, нема новинар којшто подобро ја знае не само џез музиката, туку и музиката на светот, домашната андерграунд музика…, и кој во исто време бил активен сведок на цела една повеќе од четири децениска музичка, но и културна историја. Или, кажано со поедноставни зборови, доколку Јолевски живееше во друго поднебје, сега, без сомнение, ќе ги пишуваше овластените монографии за Боуви, Колман – вели Трајкоски.  

The post На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ appeared first on Република.

]]>