љубљана Archives - Република https://republika.mk/tema/ljubljana/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 07:38:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png љубљана Archives - Република https://republika.mk/tema/ljubljana/ 32 32 Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/makedonski-dizajnerski-i-zanaetchiski-proizvodi-na-prestizhen-internatsionalen-festival-vo-lublana/ Wed, 09 Oct 2024 07:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=824427

Како резултат на соработката помеѓу Лаб дизајн маркет и Big SEE од Љубљана, македонските дизајнери и занаетчии кои се застапени во скопскиот маркет викендов групно ќе се претстават на интернационалниот настан „BIG Design Ljubljana 2024“.

Од 10 до 12 октомври улиците во центарот на Љубљана, Словенија, ќе се трансформираат во интерактивен изложбен простор. Како дел од меѓународно познатиот фестивал „BIG Design Љубљана“ ќе бидат прикажани дизајни од еден од најкреaтивните региони во светот - југоисточниот дел од Европа. Значајни имиња во светот на дизајнот ќе дојдат во Словенија за да бидат дел од овој настан кој ја прославува креативноста.

Фестивалот ќе започне со отворање на изложбата BIG Design утре во 12 часот пред Градското собрание на Љубљана, во кој ќе учествуваат над 40 излагачи меѓу кои и од креаторите од заедницата на Лаб дизајн маркетот.

Своите најнови производи и колекции ќе ги претстават нашите учесници: Армма, Лудус, Мамка, Микка, Маринов, Елена Ристовска, Ксенија Котев, Дана Андо, Епокси, Номад, Ле Бренд, Сербез и Солар, информираат од Лаб дизајн маркет.

 

 

The post Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана appeared first on Република.

]]>

Како резултат на соработката помеѓу Лаб дизајн маркет и Big SEE од Љубљана, македонските дизајнери и занаетчии кои се застапени во скопскиот маркет викендов групно ќе се претстават на интернационалниот настан „BIG Design Ljubljana 2024“. Од 10 до 12 октомври улиците во центарот на Љубљана, Словенија, ќе се трансформираат во интерактивен изложбен простор. Како дел од меѓународно познатиот фестивал „BIG Design Љубљана“ ќе бидат прикажани дизајни од еден од најкреaтивните региони во светот - југоисточниот дел од Европа. Значајни имиња во светот на дизајнот ќе дојдат во Словенија за да бидат дел од овој настан кој ја прославува креативноста. Фестивалот ќе започне со отворање на изложбата BIG Design утре во 12 часот пред Градското собрание на Љубљана, во кој ќе учествуваат над 40 излагачи меѓу кои и од креаторите од заедницата на Лаб дизајн маркетот. Своите најнови производи и колекции ќе ги претстават нашите учесници: Армма, Лудус, Мамка, Микка, Маринов, Елена Ристовска, Ксенија Котев, Дана Андо, Епокси, Номад, Ле Бренд, Сербез и Солар, информираат од Лаб дизајн маркет.    

The post Македонски дизајнерски и занаетчиски производи на престижен интернационален фестивал во Љубљана appeared first on Република.

]]>
„Танец“ во Подгорица го прикажа сиот раскош на традиционалната македонска култура https://republika.mk/vesti/kultura/tanets-vo-podgoritsa-go-prikazha-siot-raskosh-na-traditsionalnata-makedonska-kultura/ Sun, 22 Sep 2024 16:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=818782

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во петокот, на 20 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место.

Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ.

Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.

 

The post „Танец“ во Подгорица го прикажа сиот раскош на традиционалната македонска култура appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во петокот, на 20 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место. Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ. Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.  

The post „Танец“ во Подгорица го прикажа сиот раскош на традиционалната македонска култура appeared first on Република.

]]>
Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/dvojazichniot-izbor-zlaten-krug-na-vremeto-od-atso-shopov-promoviran-vo-lublana/ Sun, 22 Sep 2024 11:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=818709

Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, вчера беше промовиран во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана.

Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата. Во публиката беше забележан и Матеј Минати, син на првиот препејувач на Шопов на словенечки, чии препеви беа објавени во првата книга од македонски авор објавена во Љубљана во 1957 година, „Zlij se s tišino“ („Слеј се со тишината“), информираат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.

При одбележувањето на „Годината во чест на Ацо Шопов“, по повод 100 години од неговото раѓање, во 2023 година, ни се стори логично да се вклучиме во овој значаен јубилеј со објавување на двојазичен избор од неговата поезија, и со него да потсетиме на одличните словенечки препеви на поети како Богомил Фатур, Иван Минати, Цирил Злобец, Северин Шали и Јоже Шмит, но и да ги претставиме и најновите препеви – изјави Намита Субиото, која е приредувач на изборот „Златен круг на времето“ и, заедно со Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска, автор на најновите препеви.

Иницирана во јануари 2023 ггодина, во рамките на 3-та Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, книгата е објавена во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

Првиот говорник на промоцијата беше Бранислав Тасков, претседател на Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, кој во рамките на одбележувањето на 30 години постоење ја издаде книгата „Златен круг на времето“, со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија.

Потсетувајќи дека ова е прва книга од ваков вид издадена надвор од границите на Македонија, бидејќи во неа, покрај ликовните дела на академскиот сликар Боге Димовски кој живее во Крањ, се застапени повеќе генерации преведувачи на Шопов, Тасков изрази надеж дека ваквата пракса ќе продолжи и дека овој проект ќе послужи како пример во иднина.

Како пример, се вели во соопштението, треба да послужи и една од позначајните димензии на овој проект, а тоа е духот на ентузијазмот кој владее со него и доброволната работа на сите соработници, вклучувајќи ги и наследниците на авторските права на Ацо Шопов и на неговите словенечки препејувачи кои ги отстапија правата без надоместок, како и уметниците кои со своите музучки интерпретации ги збогатија сордржините на литературната вечер: Маја Кастратовиќ (пијано), Зоран Митев (фагот), Даниела Радевска (вилолончело) и Вероника Стојаноска (фагот).

Како директен сведок на тој ентузијазам и учесник во проектот, нашиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, го почна своето обраќање со стихови од „Очи“ од Ацо Шопов, привлекувајќи го вниманието на публиката кон влогот на поетот во остварувањето на сонот за македонска држава, како и кон улогата што книгата „Златен круг на времето“ објавена во Словенија може да ја одигра во образованието на младите генерации.

Книгата ќе им овозможи на Македонците што живеат во Словенија да го читаат Шопов и на словенечки и на македонски, а на оние што послабо го владеат мајчиниот јазик, да се доближат до оригиналите преку словенечкиот јазик, како што забележа министерот за култура Зоран Љутков.

Ова квалитетно издание, кое е двојазичен избор од неговата поезија, на словенечки и на македонски, и во кое се помесетни како постари така и најнови препеви на поезијата на Шопов, придонесува за голема афирмација на македонскиот јазик, овде во пријателска Словенија, изјави Љутков. Горди сме на поединците од македонската културна средина како што е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, заклучи министерот.

За македонските личности од ковот на Шопов, кои се истакнале како на литературното така и на дипломатското поле, говореше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Потенцирајќи ја успешната мисија на Ацо Шопов во Сенегал, Гамбија и Мавританија, во периодот од 1971 до 1975 година, тој забележа дека „таа и денес претставува вистински предизвик за анализа и несомнен пример за исклучително успешна дипломатска работа“. Станува збор за „еден од најдобрите примери на културна дипломатија“, истакна заменик министерот, кој го претстави Шопов како еден од „стожерите на македонската култура и на нејзината достоинствена и репрезентативна промоција во светот“.

Кон значењето на промоцијата на македонската култура во светот се осврна и Иван Антоновски, кој ја претставуваше фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во својство на нејзин прв стипендист. Цитирајќи познат стих од Шопов, Антоновски изјави дека „Златен круг на времето“ е капитално издание не само за македонската култура, и не само за мостовите меѓу македонската и словенечката култура, туку и за поезијата и за културата воопшто, со кое денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“ преку Словенија.

Секогаш кога се соочуваме со различни напади или негирања, не само творештво од форматот на она на Шопов, туку и едно вакво издание коешто преку препевите на неговата поезија го потврдува и интересот и посветеноста на македонскиот јазик во странска јазична и културна средина е не само одбрана, туку и најсоодветна негација на негациите, истакна Антоновски.

The post Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана appeared first on Република.

]]>

Двојазичниот обемен избор од поезијата на Ацо Шопов „Златен круг на времето = Zlati krog časa“, кој неодамна излезе во Словенија, вчера беше промовиран во Витешката дворана на Крижанке, престижен архитектонски комплекс прогласен пред десетина години за споменик на културата од национално значење, во Љубљана. Во присуство на голем број посетители, меѓу кои покрај претставниците на македонската дијаспора се наоѓаа и писатели, преведувачи, членови на Словенечката академија на науките и уметностите, универзитетски професори и студенти, стихови од Шопов инспиративно читаа Соња Цекова Стојаноска и Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, кој ја организа промоцијата во соработка со Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, издавач на книгата. Во публиката беше забележан и Матеј Минати, син на првиот препејувач на Шопов на словенечки, чии препеви беа објавени во првата книга од македонски авор објавена во Љубљана во 1957 година, „Zlij se s tišino“ („Слеј се со тишината“), информираат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.
При одбележувањето на „Годината во чест на Ацо Шопов“, по повод 100 години од неговото раѓање, во 2023 година, ни се стори логично да се вклучиме во овој значаен јубилеј со објавување на двојазичен избор од неговата поезија, и со него да потсетиме на одличните словенечки препеви на поети како Богомил Фатур, Иван Минати, Цирил Злобец, Северин Шали и Јоже Шмит, но и да ги претставиме и најновите препеви – изјави Намита Субиото, која е приредувач на изборот „Златен круг на времето“ и, заедно со Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска, автор на најновите препеви.
Иницирана во јануари 2023 ггодина, во рамките на 3-та Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, книгата е објавена во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов. Првиот говорник на промоцијата беше Бранислав Тасков, претседател на Сојузот на македонските културни друштва од Словенија, кој во рамките на одбележувањето на 30 години постоење ја издаде книгата „Златен круг на времето“, со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Потсетувајќи дека ова е прва книга од ваков вид издадена надвор од границите на Македонија, бидејќи во неа, покрај ликовните дела на академскиот сликар Боге Димовски кој живее во Крањ, се застапени повеќе генерации преведувачи на Шопов, Тасков изрази надеж дека ваквата пракса ќе продолжи и дека овој проект ќе послужи како пример во иднина. Како пример, се вели во соопштението, треба да послужи и една од позначајните димензии на овој проект, а тоа е духот на ентузијазмот кој владее со него и доброволната работа на сите соработници, вклучувајќи ги и наследниците на авторските права на Ацо Шопов и на неговите словенечки препејувачи кои ги отстапија правата без надоместок, како и уметниците кои со своите музучки интерпретации ги збогатија сордржините на литературната вечер: Маја Кастратовиќ (пијано), Зоран Митев (фагот), Даниела Радевска (вилолончело) и Вероника Стојаноска (фагот). Како директен сведок на тој ентузијазам и учесник во проектот, нашиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, го почна своето обраќање со стихови од „Очи“ од Ацо Шопов, привлекувајќи го вниманието на публиката кон влогот на поетот во остварувањето на сонот за македонска држава, како и кон улогата што книгата „Златен круг на времето“ објавена во Словенија може да ја одигра во образованието на младите генерации. Книгата ќе им овозможи на Македонците што живеат во Словенија да го читаат Шопов и на словенечки и на македонски, а на оние што послабо го владеат мајчиниот јазик, да се доближат до оригиналите преку словенечкиот јазик, како што забележа министерот за култура Зоран Љутков.
Ова квалитетно издание, кое е двојазичен избор од неговата поезија, на словенечки и на македонски, и во кое се помесетни како постари така и најнови препеви на поезијата на Шопов, придонесува за голема афирмација на македонскиот јазик, овде во пријателска Словенија, изјави Љутков. Горди сме на поединците од македонската културна средина како што е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, заклучи министерот.
За македонските личности од ковот на Шопов, кои се истакнале како на литературното така и на дипломатското поле, говореше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Потенцирајќи ја успешната мисија на Ацо Шопов во Сенегал, Гамбија и Мавританија, во периодот од 1971 до 1975 година, тој забележа дека „таа и денес претставува вистински предизвик за анализа и несомнен пример за исклучително успешна дипломатска работа“. Станува збор за „еден од најдобрите примери на културна дипломатија“, истакна заменик министерот, кој го претстави Шопов како еден од „стожерите на македонската култура и на нејзината достоинствена и репрезентативна промоција во светот“. Кон значењето на промоцијата на македонската култура во светот се осврна и Иван Антоновски, кој ја претставуваше фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во својство на нејзин прв стипендист. Цитирајќи познат стих од Шопов, Антоновски изјави дека „Златен круг на времето“ е капитално издание не само за македонската култура, и не само за мостовите меѓу македонската и словенечката култура, туку и за поезијата и за културата воопшто, со кое денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“ преку Словенија.
Секогаш кога се соочуваме со различни напади или негирања, не само творештво од форматот на она на Шопов, туку и едно вакво издание коешто преку препевите на неговата поезија го потврдува и интересот и посветеноста на македонскиот јазик во странска јазична и културна средина е не само одбрана, туку и најсоодветна негација на негациите, истакна Антоновски.

The post Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана appeared first on Република.

]]>
Пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poraz-na-gorcheska-vo-finaleto-vo-lublana/ Sun, 15 Sep 2024 19:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=816600

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајхман доживеаја пораз во финалето во двојки на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана.

Тие загубија од италијанско-шпанската двојка Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5-7, 7-5, 10-7 на поени) за помалку од два часа игра.

Ѓорческа претходно играше на овој турнир и во сингл, но ги заврши настапите во раната фаза.

The post Пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана appeared first on Република.

]]>

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајхман доживеаја пораз во финалето во двојки на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана. Тие загубија од италијанско-шпанската двојка Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5-7, 7-5, 10-7 на поени) за помалку од два часа игра. Ѓорческа претходно играше на овој турнир и во сингл, но ги заврши настапите во раната фаза.

The post Пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана appeared first on Република.

]]>
Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/nagraduvanata-pretstavata-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-rona-kerka-na-ograbuvachot-gostuva-vo-zagreb-i-lublana/ Fri, 13 Sep 2024 08:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=815919

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот.

По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“.

ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот".

Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>

Една од најнагадуваните претстави на Театарот за деца и младинци (ТДМ), „Роња, ќерката на ограбувачот“ гостува на Фестивалот ПИФ во Загреб на 15 септември, информираат од Театарот. По Загреб, ТДМ, со истата претстава ќе гостува на 25 и 26 септември во Љубљана, на Фестивалот „Лутке“. ТДМ со почетокот на новата сезона учестува и на 32. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица со претставата „Како ќе го делиме мачорот". Од Театарот го најавуваат и Фесивот „Игор Маџиров“ на кои се домаќини и на кој ќе бидат прикажани одлични претстави од земјава и гостувања од од странство.

The post Наградуваната претставата на Театарот за деца и младинци „Роња ќерка на ограбувачот” гостува во Загреб и Љубљана appeared first on Република.

]]>
Последните моменти од животот: Бора Чорба се борел за воздух, не можел да ги искашла наталожените секрети https://republika.mk/scena/estrada/poslednite-momenti-od-zhivotot-bora-chorba-se-borel-za-vozduh-ne-mozhel-da-gi-iskashla-natalozhenite-sekreti/ Wed, 04 Sep 2024 13:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=813117

Јавноста ширум регионот денеска ја потресе веста за смртта на музичарот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибја чорба“. Рокерот долго време се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, поради што беше хоспитализиран во КБЦ Љубљана, каде што почина на 72-годишна возраст.

Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата, откри детали за битката на Ѓорѓевиќ со тешката болест, а ги спомна и неговите последни моменти во болничкиот кревет.

- Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. Белите дробови беа пресудни. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да ги искашла наталожените секрети. Потоа морала да го интубираат. Почина околу четири часот наутро-отрки Бане Обрадовиќ.

The post Последните моменти од животот: Бора Чорба се борел за воздух, не можел да ги искашла наталожените секрети appeared first on Република.

]]>

Јавноста ширум регионот денеска ја потресе веста за смртта на музичарот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на култната група „Рибја чорба“. Рокерот долго време се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, поради што беше хоспитализиран во КБЦ Љубљана, каде што почина на 72-годишна возраст. Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата, откри детали за битката на Ѓорѓевиќ со тешката болест, а ги спомна и неговите последни моменти во болничкиот кревет.
- Беше болен, но се надевавме дека ќе се случи чудо. Се бореше како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. Белите дробови беа пресудни. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да ги искашла наталожените секрети. Потоа морала да го интубираат. Почина околу четири часот наутро-отрки Бане Обрадовиќ.

The post Последните моменти од животот: Бора Чорба се борел за воздух, не можел да ги искашла наталожените секрети appeared first on Република.

]]>
Роналдо пристигна во Љубљана, на аеродромот и пред хотелот се собра толпа навивачи https://republika.mk/sport/fudbal/ronaldo-pristigna-vo-lublana-na-aerodromot-i-pred-hotelot-se-sobra-tolpa-navivachi/ Tue, 26 Mar 2024 09:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=758794

Португалските репрезентативци во понеделник навечер допатуваа во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостуваат на Словенија. Кристијано Роналдо за прв пат пристигна во Словенија.

Португалските репрезентативци во понеделник навечер допатуваа во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостуваат на Словенија. Кристијано Роналдо за прв пат пристигна во Словенија.

Очекувано, на аеродромот и пред хотелот во Љубљана се собра толпа навивачи на португалскиот ас, но останаа „со куси ракави“. На љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ уште пред пристигнувањето на авионот се собраа многу обожаватели на Роналдо, главно деца, со надеж дека ќе ја видат португалската ѕвезда. Но, поради посебните безбедносни мерки беше невозможно да се дојде до португалските фудбалери. Откако авионот слетал, на пистата ги чекал автобус кој во придружба на полицијата ги однел до хотелот.

Португалците ноќта ја минаа во елитен хотел во центарот на градот, каде исто така ги чекаше толпа луѓе, но и таму не можеа да им пријдат. Како што е најавено, португалскиот тим ќе остане во хотелот до натпреварот, а изнајмиле цел дел од хотелот, па ќе бидат строго одвоени од останатите гости.

The post Роналдо пристигна во Љубљана, на аеродромот и пред хотелот се собра толпа навивачи appeared first on Република.

]]>

Португалските репрезентативци во понеделник навечер допатуваа во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостуваат на Словенија. Кристијано Роналдо за прв пат пристигна во Словенија. Португалските репрезентативци во понеделник навечер допатуваа во Љубљана, каде во пријателски натпревар ќе и гостуваат на Словенија. Кристијано Роналдо за прв пат пристигна во Словенија. Очекувано, на аеродромот и пред хотелот во Љубљана се собра толпа навивачи на португалскиот ас, но останаа „со куси ракави“. На љубљанскиот аеродром „Јоже Пучник“ уште пред пристигнувањето на авионот се собраа многу обожаватели на Роналдо, главно деца, со надеж дека ќе ја видат португалската ѕвезда. Но, поради посебните безбедносни мерки беше невозможно да се дојде до португалските фудбалери. Откако авионот слетал, на пистата ги чекал автобус кој во придружба на полицијата ги однел до хотелот. Португалците ноќта ја минаа во елитен хотел во центарот на градот, каде исто така ги чекаше толпа луѓе, но и таму не можеа да им пријдат. Како што е најавено, португалскиот тим ќе остане во хотелот до натпреварот, а изнајмиле цел дел од хотелот, па ќе бидат строго одвоени од останатите гости.

The post Роналдо пристигна во Љубљана, на аеродромот и пред хотелот се собра толпа навивачи appeared first on Република.

]]>
Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-roditeli-si-go-prijavija-sinot-v-politsija-oti-kupil-petardi/ Wed, 13 Dec 2023 12:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=722553

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.

Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.

Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.

Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.

Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.

The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.

]]>

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.
Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.
Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.
Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.
Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.
Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.

The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.

]]>
Јелена Јованова и Сашко Коцев на црвен килим во Љубљана: Премиера на филмот „Нешто слатко“ https://republika.mk/scena/film/jelena-jovanova-i-sashko-kotsev-na-tsrven-kilim-vo-lublana-premiera-na-filmot-neshto-slatko/ Fri, 10 Feb 2023 21:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=607600

Во Љубљана се одржа премиерата на словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), а главните улоги ги играат Јелена Јованова-Периќ и Сашко Коцев во режија на стенд ап-комичарот Тин Водопивец.

https://www.youtube.com/watch?v=cBhp2SgIRK0&t=7s

„Нешто слатко“ е романтична комедија. Тоа е филм полн со пресврти и забавни заплети. Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него – се вели во најавата на филмот.

Јелена ја игра главната женска улога Каја, додека Сашко Коцев го игра главниот машки лик – Аце кој е маркетер од Македонија. Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.

Во „Нешто слатко“ зборувам хрватски и малку словенечки јазик. Се одлучивме за таа варијанта од едноставна причина што многу Хрвати работат во Словенија, па присуството на хрватскиот во секојдневниот живот овде не е воопшто нов и чуден – вели Јованова.

The post Јелена Јованова и Сашко Коцев на црвен килим во Љубљана: Премиера на филмот „Нешто слатко“ appeared first on Република.

]]>

Во Љубљана се одржа премиерата на словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), а главните улоги ги играат Јелена Јованова-Периќ и Сашко Коцев во режија на стенд ап-комичарот Тин Водопивец. https://www.youtube.com/watch?v=cBhp2SgIRK0&t=7s
„Нешто слатко“ е романтична комедија. Тоа е филм полн со пресврти и забавни заплети. Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него – се вели во најавата на филмот.
Јелена ја игра главната женска улога Каја, додека Сашко Коцев го игра главниот машки лик – Аце кој е маркетер од Македонија. Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.
Во „Нешто слатко“ зборувам хрватски и малку словенечки јазик. Се одлучивме за таа варијанта од едноставна причина што многу Хрвати работат во Словенија, па присуството на хрватскиот во секојдневниот живот овде не е воопшто нов и чуден – вели Јованова.

The post Јелена Јованова и Сашко Коцев на црвен килим во Љубљана: Премиера на филмот „Нешто слатко“ appeared first on Република.

]]>
Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик https://republika.mk/vesti/kultura/poetskite-zbirki-izveshtai-na-risot-i-jazik-i-leb-od-slave-gjorgo-dimoski-objaveni-na-slovenechki-jazik/ Tue, 31 May 2022 20:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=509479

Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ (Hiša poezije) од Љубљана (Словенија) деновиве од објави на словенечки јазик две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ.

Станува збор за двете последни книги на Ѓорѓо „Извештаи на Рисот“, 2016 и „Јазик и леб“, 2019 година во кои се претставува една поинаква поетика во однос на поетиката на неговите претходните книги – се провлекува линија на ангажирана поезија како одраз на актуелните состојби на модерниот свет во кој се живее во сенката на стравот и зканата, во несигурноста и исчезнувањето.

Метафората за исчезнувањето е Рисот, тоа животиче на високите гори чиј вид едвај се одржува и асоцира на нашето исчезнувањето под големиот плашт на глобализацијата, а во книгата „Јазик и леб“ како предмет на поетска обработка се јазикот и лебот како сушт да се опстане, да не се исчезне, да не се занеме зашто јазикот е апстрактниот и конкретниот знак кој го обележува идентиотетот на еден народ. „Оваа книга песни се опира на исчезнувањето на јазикот на кој тие се напишани. Сѐ дури се твори на еден јазик, дотогаш е жив.“

(М.Стефоски)

Книгата е објавена во едицијата Poetikonove Lire во која се објавени книги на повеќе класици и модерни поеи: Јејц, Еуџенио Монтале, Ив Бонфоа, Чеслав Милош, Махмуд Дарвиш, Томаж Шаламун, Иво Светина, Андре Велтер и др.

Оваа е дваесетта книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавени надвор од Македонија, а одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над 30 јазици.

The post Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>

Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ (Hiša poezije) од Љубљана (Словенија) деновиве од објави на словенечки јазик две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ. Станува збор за двете последни книги на Ѓорѓо „Извештаи на Рисот“, 2016 и „Јазик и леб“, 2019 година во кои се претставува една поинаква поетика во однос на поетиката на неговите претходните книги – се провлекува линија на ангажирана поезија како одраз на актуелните состојби на модерниот свет во кој се живее во сенката на стравот и зканата, во несигурноста и исчезнувањето.
Метафората за исчезнувањето е Рисот, тоа животиче на високите гори чиј вид едвај се одржува и асоцира на нашето исчезнувањето под големиот плашт на глобализацијата, а во книгата „Јазик и леб“ како предмет на поетска обработка се јазикот и лебот како сушт да се опстане, да не се исчезне, да не се занеме зашто јазикот е апстрактниот и конкретниот знак кој го обележува идентиотетот на еден народ. „Оваа книга песни се опира на исчезнувањето на јазикот на кој тие се напишани. Сѐ дури се твори на еден јазик, дотогаш е жив.“ (М.Стефоски)
Книгата е објавена во едицијата Poetikonove Lire во која се објавени книги на повеќе класици и модерни поеи: Јејц, Еуџенио Монтале, Ив Бонфоа, Чеслав Милош, Махмуд Дарвиш, Томаж Шаламун, Иво Светина, Андре Велтер и др. Оваа е дваесетта книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавени надвор од Македонија, а одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над 30 јазици.

The post Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивал во Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-pretstavata-mojot-maz-na-festival-vo-ljubljana/ Fri, 11 Feb 2022 12:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=457205

НУ Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Љубљана, Р. Словенија од 9.2. до 14.2.2022 година, со претставата „Мојот маж“ (на 13.2.2022г.), која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска.

Оваа претстава, која е во режија на Нела Витошевиќ, има добиено повеќе награди: награда за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите, награда за главна женска улога – Наталија Теодосиевска, награда за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска, награда за костимографија – Роза Трајческа Ристовска.

Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

The post Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивал во Љубљана appeared first on Република.

]]>

НУ Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Љубљана, Р. Словенија од 9.2. до 14.2.2022 година, со претставата „Мојот маж“ (на 13.2.2022г.), која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска. Оваа претстава, која е во режија на Нела Витошевиќ, има добиено повеќе награди: награда за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите, награда за главна женска улога – Наталија Теодосиевска, награда за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска, награда за костимографија – Роза Трајческа Ристовска. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

The post Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивал во Љубљана appeared first on Република.

]]>