Литера 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/litera-2023/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 07:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Литера 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/litera-2023/ 32 32 Денес во Музејот на град Скопје започнува Фестивалот на литература и илустрација за деца „Литера 2023“ https://republika.mk/vesti/kultura/denes-vo-muzejot-na-grad-skopje-zapochnuva-festivalot-na-literatura-i-ilustratsija-za-detsa-litera-2023/ Tue, 23 May 2023 07:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=643816

Вечерва, во 19 часот во Музејот на Град Скопје се отвора петтото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“, кој оваа година се одржува под мотото „Свет со љубов“.

Ќе бидат изложени повеќе од 200 илустрации, а свечено ќе го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во рамките на петдневната богата програма, Музејот на Град Скопје до сабота (27 мај) ќе биде епицентар каде што ќе се одржуваат мастеркласови, работилници за професионалци и за деца, промоции, читање сликовници и многу други настани.

На 25 мај (четврток) ќе се одржи конференција на тема „Македонска современа сликовница“, која ќе започне напладне.

На „Литера 2023“ гостуваат тројца врвни илустратори од Хрватска: Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ- Врачар и Бранка Холингсворт-Нара. Ним им се придружуваат петтемина академски уметници од нашата земја: Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска, кои се пријавија на конкурсот на фестивалот и беа селектирани за големата изложба. За поддршка на македонската илустрација, фестивалот ќе им откупи по едно дело.

https://republika.mk/vesti/kultura/slikovnitsata-e-umetnichko-delo-kade-shto-detsata-osven-shto-uzhivaat-mozhat-i-da-uchat/

Од тимот на „Литера 2023“ велат дека овој мал јубилеј на фестивалот ќе го одбележат со петдневно славење на професиoналната илустрација наменета за деца, сликовниците и литературата за деца.

Во тоа ќе ни помогнат тројцата врвни илустратори и креативци од Хрватска. Нивното присуство на фестивалот е особено важно, бидејќи, преку мастеркласови и предавања, ќе им го пренесат своето искуство на младите илустратори и на сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори. Нè радува интересот на авторите што учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинското место на авторите – велат организаторите, кои посочуваат дека фестивалот е отворен за јавноста.

Како што додаваат тие, фестивалот „Литера“ е фокусиран на новите генерации, а преку квалитетната илустрација за деца се развива визуелната култура на децата.

 

The post Денес во Музејот на град Скопје започнува Фестивалот на литература и илустрација за деца „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19 часот во Музејот на Град Скопје се отвора петтото издание на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца „Литера 2023“, кој оваа година се одржува под мотото „Свет со љубов“. Ќе бидат изложени повеќе од 200 илустрации, а свечено ќе го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на петдневната богата програма, Музејот на Град Скопје до сабота (27 мај) ќе биде епицентар каде што ќе се одржуваат мастеркласови, работилници за професионалци и за деца, промоции, читање сликовници и многу други настани. На 25 мај (четврток) ќе се одржи конференција на тема „Македонска современа сликовница“, која ќе започне напладне. На „Литера 2023“ гостуваат тројца врвни илустратори од Хрватска: Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ- Врачар и Бранка Холингсворт-Нара. Ним им се придружуваат петтемина академски уметници од нашата земја: Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска, кои се пријавија на конкурсот на фестивалот и беа селектирани за големата изложба. За поддршка на македонската илустрација, фестивалот ќе им откупи по едно дело. https://republika.mk/vesti/kultura/slikovnitsata-e-umetnichko-delo-kade-shto-detsata-osven-shto-uzhivaat-mozhat-i-da-uchat/ Од тимот на „Литера 2023“ велат дека овој мал јубилеј на фестивалот ќе го одбележат со петдневно славење на професиoналната илустрација наменета за деца, сликовниците и литературата за деца.
Во тоа ќе ни помогнат тројцата врвни илустратори и креативци од Хрватска. Нивното присуство на фестивалот е особено важно, бидејќи, преку мастеркласови и предавања, ќе им го пренесат своето искуство на младите илустратори и на сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори. Нè радува интересот на авторите што учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинското место на авторите – велат организаторите, кои посочуваат дека фестивалот е отворен за јавноста.
Како што додаваат тие, фестивалот „Литера“ е фокусиран на новите генерации, а преку квалитетната илустрација за деца се развива визуелната култура на децата.  

The post Денес во Музејот на град Скопје започнува Фестивалот на литература и илустрација за деца „Литера 2023“ appeared first on Република.

]]>
Сликовницата е уметничко дело каде што децата, освен што уживаат, можат и да учат https://republika.mk/vesti/kultura/slikovnitsata-e-umetnichko-delo-kade-shto-detsata-osven-shto-uzhivaat-mozhat-i-da-uchat/ Mon, 22 May 2023 09:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=643494

Сликовницата е уметничко дело каде што децата, освен што уживаат, можат и да учат, вели Николина Манојловиќ Врачар, мултимедијалната уметница од Хрватска, гостинка на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на Град Скопје.

На годинашното издание на „Литера“, покрај Манојловиќ Врачар, гостуваат уште двајца врвни илустратори и креативци од Хрватска, Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт-Нара. Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

На работилницата за илустрација Манојловиќ Врачар во петок, на 26 мај, во 17 часот, во Музеј на град Скопје, ќе ги води учесниците да го истражуваат ликовниот јазик барајќи инспирација во глаголите.

Николина Манојловиќ Врачар е родена во 1976 година во Загреб. Во 2001 година дипломирала сликарство во класата на проф. А. Рашиќ, на наставниот оддел на Академијата за ликовни уметности. Статусот на самостојна мултимедијална уметница го стекнала излагајќи самостојно и на групни изложби, работејќи ленд-арт, урбани интервенции и перформанси. Голем дел од времето го посветува на работа со деца. Од 2006 година пишува сценарија и ја води емисијата „Катчето на Нина“ на ХРТ, во рамките на програмата за деца и млади. Специјализирала креативна терапија, насока арт-терапија на Универзитетот „Јосип Јурај Стросмајер“ во Осиек.

Вие сте сликарка, писателка, илустраторка, уживате да работите со деца. Како ви успеа сето тоа да го поврзете и на крајот резултатот да биде многу успешен. Во што е тајната?

Манојловиќ Врачар: Многу ме радува играта и пронаоѓањето на необични и нови решенија во секојдневниот живот. Потоа сето тоа го пренесувам и во работата. Уживам во повеќето работи кои ги правам, па со радост ги прифаќам. Им се радувам на новите обврски кои доаѓаат. Верувам дека луѓето со кои соработувам ја препознаваат страста и одговорноста со која работам, па поради тоа секогаш имам работа.

Во Вашата работа многу сте посветени на децата. Како тие Ве инспирираат и што ние, воразните, може да научиме од нив?

Манојловиќ Врачар: Децата комуницират едноставно, јасно и директноо и сакаат да си играат. Токму тоа ние возрасните можеме да го научиме од нив.

Дали првпат доаѓате во Скопје? Познавате илустратори и писатели за деца од Македонија?

Манојловиќ Врачар: Во Скопје првпат бев многу одамна, пред отприлика...27 години. Го знам она што го работи илустраторот Ване Костуранов. Лани, на Фестивалот на сликовници во Пазин, Хрватска, го запознав Кристијан Јовановски, а благодарејќи на презентацијата на Софија Семенпеева-Трајановска и Сребра Ѓорѓијевска, се запознав со работата на македонскиот илустратор Димитар Кондовски. За жал, не познавам ниту еден македонски писател за деца. Токму поради тоа се веселам на гостувањето на „Литера“, со надеж дека ќе запознаам писатели во рамките на Фестивалот.

„Што сè – илустрирана енциклопедија на глаголи“ е темата на ликовната работилница што ќе ја одржите во рамки на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца. Што очекувате?

Манојловиќ Врачар: Се радувам што ќе ја запознам македонската книжевно-илустраторска сцена. Драго ми е што ќе имам множност да разменам искуства и контакти кои би ми овозможиле некои соработки во иднина. Оние кои ќе присустуваат на ликовната работилница ги очекува ликовна авантура во која ќе ја откриваме врската меѓу глаголите и сликарството. Водечкото прашање на работилницата ќе биде: Можеме ли да ја илустрираме книгата без користење (не цртање) именки?

Што е најважно за една сликановница да биде добра, односно децата да ја сакаат и да ја читаат?

Манојловиќ Врачар: Потребни се многу работи. Децата треба да бидат способни да се идентификуваат со она што е напишано во сликовницата, текстот треба да биде за нешто што им е познато, нешто што децата го доживуваат, размислуваат или набљудуваат во светот околу нив. Исто така, ликовно треба да им биде привлечно, тоа што е нацртано, илустрирано. Сликовницата е уметничко дело од кое што децата, освен што уживаат, можат и да учат. Сликовницата треба да биде уметнички и текстуално прилагодена на возраста кому му е наменета.

Специјализиравте креативна терапија, насока арт-терапија на Универзитетот „Јосип Јурај Стросмајер“ во Осиек. Може ли да ни кажете нешто повеќе, како фунцкионира креативната терапија?

Манојловиќ Врачар: Уметноста има моќ да ги заобиколи одбранбените механизми на нашата психа и да се поврзува со потсвеста, која е од голема корист во психотерапевтската работа. Многу работи што луѓето не можат, не знаат или не сакаат да го вербализираат, преку сликарството го наоѓаат патот до светлото на денот. Квалитетот на животот може да биде многу подобрен со помош на едуциран арт-терапевт. Во терапевтскиот процес арт-терапевтот комуницира со клиентот, обидувајќи се да ги реши внатрешните конфликти и трауматските искуства.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Сликовницата е уметничко дело каде што децата, освен што уживаат, можат и да учат appeared first on Република.

]]>

Сликовницата е уметничко дело каде што децата, освен што уживаат, можат и да учат, вели Николина Манојловиќ Врачар, мултимедијалната уметница од Хрватска, гостинка на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на Град Скопје. На годинашното издание на „Литера“, покрај Манојловиќ Врачар, гостуваат уште двајца врвни илустратори и креативци од Хрватска, Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт-Нара. Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници. На работилницата за илустрација Манојловиќ Врачар во петок, на 26 мај, во 17 часот, во Музеј на град Скопје, ќе ги води учесниците да го истражуваат ликовниот јазик барајќи инспирација во глаголите. Николина Манојловиќ Врачар е родена во 1976 година во Загреб. Во 2001 година дипломирала сликарство во класата на проф. А. Рашиќ, на наставниот оддел на Академијата за ликовни уметности. Статусот на самостојна мултимедијална уметница го стекнала излагајќи самостојно и на групни изложби, работејќи ленд-арт, урбани интервенции и перформанси. Голем дел од времето го посветува на работа со деца. Од 2006 година пишува сценарија и ја води емисијата „Катчето на Нина“ на ХРТ, во рамките на програмата за деца и млади. Специјализирала креативна терапија, насока арт-терапија на Универзитетот „Јосип Јурај Стросмајер“ во Осиек. Вие сте сликарка, писателка, илустраторка, уживате да работите со деца. Како ви успеа сето тоа да го поврзете и на крајот резултатот да биде многу успешен. Во што е тајната? Манојловиќ Врачар: Многу ме радува играта и пронаоѓањето на необични и нови решенија во секојдневниот живот. Потоа сето тоа го пренесувам и во работата. Уживам во повеќето работи кои ги правам, па со радост ги прифаќам. Им се радувам на новите обврски кои доаѓаат. Верувам дека луѓето со кои соработувам ја препознаваат страста и одговорноста со која работам, па поради тоа секогаш имам работа. Во Вашата работа многу сте посветени на децата. Како тие Ве инспирираат и што ние, воразните, може да научиме од нив? Манојловиќ Врачар: Децата комуницират едноставно, јасно и директноо и сакаат да си играат. Токму тоа ние возрасните можеме да го научиме од нив. Дали првпат доаѓате во Скопје? Познавате илустратори и писатели за деца од Македонија? Манојловиќ Врачар: Во Скопје првпат бев многу одамна, пред отприлика...27 години. Го знам она што го работи илустраторот Ване Костуранов. Лани, на Фестивалот на сликовници во Пазин, Хрватска, го запознав Кристијан Јовановски, а благодарејќи на презентацијата на Софија Семенпеева-Трајановска и Сребра Ѓорѓијевска, се запознав со работата на македонскиот илустратор Димитар Кондовски. За жал, не познавам ниту еден македонски писател за деца. Токму поради тоа се веселам на гостувањето на „Литера“, со надеж дека ќе запознаам писатели во рамките на Фестивалот. „Што сè – илустрирана енциклопедија на глаголи“ е темата на ликовната работилница што ќе ја одржите во рамки на Меѓународниот фестивал на литература и илустрација за деца. Што очекувате? Манојловиќ Врачар: Се радувам што ќе ја запознам македонската книжевно-илустраторска сцена. Драго ми е што ќе имам множност да разменам искуства и контакти кои би ми овозможиле некои соработки во иднина. Оние кои ќе присустуваат на ликовната работилница ги очекува ликовна авантура во која ќе ја откриваме врската меѓу глаголите и сликарството. Водечкото прашање на работилницата ќе биде: Можеме ли да ја илустрираме книгата без користење (не цртање) именки? Што е најважно за една сликановница да биде добра, односно децата да ја сакаат и да ја читаат? Манојловиќ Врачар: Потребни се многу работи. Децата треба да бидат способни да се идентификуваат со она што е напишано во сликовницата, текстот треба да биде за нешто што им е познато, нешто што децата го доживуваат, размислуваат или набљудуваат во светот околу нив. Исто така, ликовно треба да им биде привлечно, тоа што е нацртано, илустрирано. Сликовницата е уметничко дело од кое што децата, освен што уживаат, можат и да учат. Сликовницата треба да биде уметнички и текстуално прилагодена на возраста кому му е наменета. Специјализиравте креативна терапија, насока арт-терапија на Универзитетот „Јосип Јурај Стросмајер“ во Осиек. Може ли да ни кажете нешто повеќе, како фунцкионира креативната терапија? Манојловиќ Врачар: Уметноста има моќ да ги заобиколи одбранбените механизми на нашата психа и да се поврзува со потсвеста, која е од голема корист во психотерапевтската работа. Многу работи што луѓето не можат, не знаат или не сакаат да го вербализираат, преку сликарството го наоѓаат патот до светлото на денот. Квалитетот на животот може да биде многу подобрен со помош на едуциран арт-терапевт. Во терапевтскиот процес арт-терапевтот комуницира со клиентот, обидувајќи се да ги реши внатрешните конфликти и трауматските искуства. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Сликовницата е уметничко дело каде што децата, освен што уживаат, можат и да учат appeared first on Република.

]]>
Петмина илустратори избрани на конкурс за изложбата „Свет со љубов“ на ЛИТЕРА 2023 https://republika.mk/vesti/kultura/petmina-ilustratori-izbrani-na-konkurs-za-izlozhbata-svet-so-lubov-na-litera-2023/ Fri, 19 May 2023 08:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=642550

Петмина македонски илустратори ќе им се придружат на реномираните колеги - мултимедијални уметници од Хрватска на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Тоа се дипломираните академски уметници Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска.

Нивните дела создадени на темата „Свет со љубов“ кое е годинашното мото на фестивалот ќе бидат дел од изложбата на ЛИТЕРА 2023, а ќе видат изложени заедно со делата на Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара, големи имиња на хрватската илустрација.

Домашните илустратори беа избрани на конкурс што фестивалот го распиша кон средината на март. На повикот се пријавија 30 автори. Тимот на ЛИТЕРА 2023 составен од ликовни уметници, академски графичари, графички дизајнери, историчари на уметност и новинари темелно ги разгледа сите пристигнати автори. Фестивалот ќе откупи најмалку по едно дело од петтемина избрани уметници.

Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори, а откупот е вистинската форма како да го сториме тоа. Нè радува интересот на младите илустратори кои учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинско место на авторите, велат од тимот на „Литера“.

Покрај излагањето на нивните дела во рамките на ЛИТЕРА 2023, македонските уметници активно ќе учествуваат на фестивалот и ќе творат во живо во Музејот на град Скопје. Наесен тие ќе бидат претставени на изложбата „Македонска современа илустрација“ во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска.

Александар Иванов (1978, Штип) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за сликарство. Се занимава со сликарство, фрескопис, иконопис, мозаик, илустрација. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, работилници. Наставник е по ликовна уметност.

Викторија Егорова (1982, Краснодар, Русија) е стручен ликовен уметник, академски сликар, илустратор, педагог, доктор по психолошки науки. Дипломирала на Московскиот државен академски уметнички институт „В.И. Суриков“, оддел – класично сликарство. Докторирала на програмата „Педагогија и психологија“ на Кубанскиот државен универзитет во родниот Краснодар. Од 2012 година живее и работи во нашата земја.

Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил на ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Реализирал 15 самостојни и учествувал во многу групни изложби, повеќе резиденции, симпозиуми, работилници за уметност. Работи како сликар и аниматор.

Калиопи Трпчева дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока сликарство. Од 2010 година активно се занимава со илустрации на детски книги. Некои од нив се Сказни од Браќата Грим, Рибарот и рипката, Басни од Езоп, Биди среќна ѕвездичка и други. Нејзини авторски дела се „Радосница“ (боенка) и сликовницата „Шила“.

Сања Симоска е млада визуелна уметница (1992, Скопје). Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2016 година на отсекот за графика. По дипломирањето се фокусира на комбинирање на различни техники како што се колаж и рачни и дигитални илустрации. Денес, голем дел од своето време го посветува на творење детски илустрации.

The post Петмина илустратори избрани на конкурс за изложбата „Свет со љубов“ на ЛИТЕРА 2023 appeared first on Република.

]]>

Петмина македонски илустратори ќе им се придружат на реномираните колеги - мултимедијални уметници од Хрватска на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на град Скопје. Тоа се дипломираните академски уметници Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска. Нивните дела создадени на темата „Свет со љубов“ кое е годинашното мото на фестивалот ќе бидат дел од изложбата на ЛИТЕРА 2023, а ќе видат изложени заедно со делата на Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара, големи имиња на хрватската илустрација. Домашните илустратори беа избрани на конкурс што фестивалот го распиша кон средината на март. На повикот се пријавија 30 автори. Тимот на ЛИТЕРА 2023 составен од ликовни уметници, академски графичари, графички дизајнери, историчари на уметност и новинари темелно ги разгледа сите пристигнати автори. Фестивалот ќе откупи најмалку по едно дело од петтемина избрани уметници.
Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори, а откупот е вистинската форма како да го сториме тоа. Нè радува интересот на младите илустратори кои учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинско место на авторите, велат од тимот на „Литера“.
Покрај излагањето на нивните дела во рамките на ЛИТЕРА 2023, македонските уметници активно ќе учествуваат на фестивалот и ќе творат во живо во Музејот на град Скопје. Наесен тие ќе бидат претставени на изложбата „Македонска современа илустрација“ во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска. Александар Иванов (1978, Штип) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот за сликарство. Се занимава со сликарство, фрескопис, иконопис, мозаик, илустрација. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, работилници. Наставник е по ликовна уметност. Викторија Егорова (1982, Краснодар, Русија) е стручен ликовен уметник, академски сликар, илустратор, педагог, доктор по психолошки науки. Дипломирала на Московскиот државен академски уметнички институт „В.И. Суриков“, оддел – класично сликарство. Докторирала на програмата „Педагогија и психологија“ на Кубанскиот државен универзитет во родниот Краснодар. Од 2012 година живее и работи во нашата земја. Гоце Илиевски е уметник од Скопје, кој твори во областа на традиционалните, современите и дигиталните форми на уметност. Завршил на ФЛУ, отсек сликарство во 2010 година. Реализирал 15 самостојни и учествувал во многу групни изложби, повеќе резиденции, симпозиуми, работилници за уметност. Работи како сликар и аниматор. Калиопи Трпчева дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, насока сликарство. Од 2010 година активно се занимава со илустрации на детски книги. Некои од нив се Сказни од Браќата Грим, Рибарот и рипката, Басни од Езоп, Биди среќна ѕвездичка и други. Нејзини авторски дела се „Радосница“ (боенка) и сликовницата „Шила“. Сања Симоска е млада визуелна уметница (1992, Скопје). Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2016 година на отсекот за графика. По дипломирањето се фокусира на комбинирање на различни техники како што се колаж и рачни и дигитални илустрации. Денес, голем дел од своето време го посветува на творење детски илустрации.

The post Петмина илустратори избрани на конкурс за изложбата „Свет со љубов“ на ЛИТЕРА 2023 appeared first on Република.

]]>