ликвидација Archives - Република https://republika.mk/tema/likvidacija/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 08:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ликвидација Archives - Република https://republika.mk/tema/likvidacija/ 32 32 Прецизен снајперски куршум сред Цетиње го ликвидираше Шкаљарецот додека ручал во двор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretsizen-snajperski-kurshum-sred-tsetine-go-likvidirashe-shkalaretsot-dodeka-ruchal-vo-dvor/ Sat, 28 Sep 2024 09:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=820495

Вчера во Цетиње, Црна Гора, е убиен Васко Љешковиќ (37), припадник на шкаљарскиот клан и брат на Ѓокo Љешковиќ, осомничен за шверц на цигари.

Љешковиќ бил убиен од снајперски истрел додека ручал во неговиот двор опкружен со висок бетонски ѕид, а напаѓачот пукал во него од блискиот рид.

Извршителот, според претпоставките на полицијата, испукал само еден куршум кон Љешковиќ, по што побегнал, пишува „Вијести“.

Полициската управа соопшти дека во цетинската полиција вчера околу 15 часот и 25 минути било пријавено дека во дворот од куќа која е опкружена со висок бетонски ѕид, било пронајдено лице за кое постои сомневање дека е во несвест.

На терен вчера беа присутни голем број полициски сили кои го затворија приодот до куќата. Во соопштението на Полициската управа потенцираат дека се преземаат интензивни активности во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица за расветлување на ова убиство.

Семејството на Васко Љешковиќ ги соопшти деталите за погребот, а во некрологот беше наведено дека тој ќе биде погребан утре во Цетиње.

The post Прецизен снајперски куршум сред Цетиње го ликвидираше Шкаљарецот додека ручал во двор appeared first on Република.

]]>

Вчера во Цетиње, Црна Гора, е убиен Васко Љешковиќ (37), припадник на шкаљарскиот клан и брат на Ѓокo Љешковиќ, осомничен за шверц на цигари. Љешковиќ бил убиен од снајперски истрел додека ручал во неговиот двор опкружен со висок бетонски ѕид, а напаѓачот пукал во него од блискиот рид. Извршителот, според претпоставките на полицијата, испукал само еден куршум кон Љешковиќ, по што побегнал, пишува „Вијести“. Полициската управа соопшти дека во цетинската полиција вчера околу 15 часот и 25 минути било пријавено дека во дворот од куќа која е опкружена со висок бетонски ѕид, било пронајдено лице за кое постои сомневање дека е во несвест. На терен вчера беа присутни голем број полициски сили кои го затворија приодот до куќата. Во соопштението на Полициската управа потенцираат дека се преземаат интензивни активности во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица за расветлување на ова убиство. Семејството на Васко Љешковиќ ги соопшти деталите за погребот, а во некрологот беше наведено дека тој ќе биде погребан утре во Цетиње.  

The post Прецизен снајперски куршум сред Цетиње го ликвидираше Шкаљарецот додека ручал во двор appeared first on Република.

]]>
Албанска пресметка заврши со убиство на бензинска во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/albanska-presmetka-zavrshi-so-ubistvo-na-benzinska-vo-solun/ Fri, 14 Jul 2023 07:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=661144

Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси во источен Солун.

Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи.

Според очевидците, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината.

Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата, а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје.

Жртвата добила најмалку три куршуми во пределот на рамото и градниот кош, а малку подоцна му подлегнал на повредите

Полицијата интензивно работи на откривање на сторителот на делото, пренесуваат грчките медиуми.

The post Албанска пресметка заврши со убиство на бензинска во Солун appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси во источен Солун. Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи. Според очевидците, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината. Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата, а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје. Жртвата добила најмалку три куршуми во пределот на рамото и градниот кош, а малку подоцна му подлегнал на повредите Полицијата интензивно работи на откривање на сторителот на делото, пренесуваат грчките медиуми.

The post Албанска пресметка заврши со убиство на бензинска во Солун appeared first on Република.

]]>
Список за ликвидација на ученици се појави во основно училиште во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spisok-za-likvidatsija-na-uchenitsi-se-pojavi-vo-osnovno-uchilishte-vo-skopje/ Tue, 09 May 2023 12:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=638862

Денеска (09.05) во СВР Скопје од основно училиште на подрачје на Центар добиена е пријава дека ученик, додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици.

Од страна на службите во училиштето повикан е родителот и извршен е разговор со истиот, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

The post Список за ликвидација на ученици се појави во основно училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска (09.05) во СВР Скопје од основно училиште на подрачје на Центар добиена е пријава дека ученик, додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици. Од страна на службите во училиштето повикан е родителот и извршен е разговор со истиот, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.  

The post Список за ликвидација на ученици се појави во основно училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>
Картел изрешетa семејство, млада мајка и бебе меѓу шестeмина убиени во Калифорнија https://republika.mk/vesti/svet/kartel-izresheta-semejstvo-mlada-majka-i-bebe-megu-shestemina-ubieni-vo-kalifornija/ Tue, 17 Jan 2023 07:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=597678

Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел.

Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во округот Туларе во близина на Висалија, околу 380 километри југоисточно од Сан Франциско. Властите, како што пренесува ДПА, соопштија дека трагаат по двајца осомничени и дека убиствата веројатно се поврзани со налогот за претрес извршен минатата недела во една од домовите што резултираше со едно апсење и запленување пиштоли, марихуана и метамфетамин.

Мислам дека тоа е конкретно поврзано со картелот, изјави шерифот на округот Туларе, Мајк Будро за Лос Анџелес Тајмс.

Властите не ги објавија имињата или возраста на сите жртви, но рекоа дека се чини дека некои се членови на исто семејство.

The post Картел изрешетa семејство, млада мајка и бебе меѓу шестeмина убиени во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел. Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во округот Туларе во близина на Висалија, околу 380 километри југоисточно од Сан Франциско. Властите, како што пренесува ДПА, соопштија дека трагаат по двајца осомничени и дека убиствата веројатно се поврзани со налогот за претрес извршен минатата недела во една од домовите што резултираше со едно апсење и запленување пиштоли, марихуана и метамфетамин.
Мислам дека тоа е конкретно поврзано со картелот, изјави шерифот на округот Туларе, Мајк Будро за Лос Анџелес Тајмс.
Властите не ги објавија имињата или возраста на сите жртви, но рекоа дека се чини дека некои се членови на исто семејство.

The post Картел изрешетa семејство, млада мајка и бебе меѓу шестeмина убиени во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-sud-go-zatvora-zdruzenieto-shto-go-otvori-makedonskiot-kulturen-centar-nikola-vapcarov/ Mon, 31 Oct 2022 21:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=568020

Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“.

Дури сега, три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен вчера.

Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите.

Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.

Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидвидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.

The post Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>

Во Централниот регистар на Бугарија пишува дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, е „во ликвидација“, објави „360 степени“. Дури сега, три години откако бугарското обвинителство покренало процес против организацијата регистрирана во 2019 година, случајот добива правна разврска која може да значи затворање и на клубот „Никола Вапцаров“, кој свечено беше отворен вчера.
Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато“, вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите. Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.
Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидвидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.

The post Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ appeared first on Република.

]]>
Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име https://republika.mk/vesti/balkan/vodachot-na-shkaljarcite-go-sledele-preku-bremenata-sopruga-vukotikj-koj-dobi-makedonski-patni-dokumenti-vo-istanbul-prestojuval-so-svoj-pasosh-na-drugo-ime/ Sat, 10 Sep 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=549394

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага.

Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.

Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка.

https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/

Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.

Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот.

Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.

Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.

Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“.

https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/

Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.

И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>

Убијците на Јован Вукотиќ (42), водачот на Шкаљраскиот клан, кој беше брутално убиен во Истанбул, наводно со месеци се обидувале да го најдат, откако во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква трага. Според неофицијални информации, убијците успеале да дојдат до водачот на „Шкаљарците“ откако ја лоцирале неговата сопруга! Инспекторите се сомневаат дека зад бруталната ликвидација стои спротивставениот Кавачки клан, со кој Вукотиќ и неговата организација се во конфликт од 2014 година.

Безбедна куќа

Вукотиќ беше крајно претпазлив бидејќи знаеше дека со години е мета и дека ривалскиот Кавачки клан се обидува да му влезе во трага. Извесен период се шпекулира дека тој и неговото семејство нашле „сигурна куќа“ во Истанбул. Сепак, како што се сомнева, суровите убијци успеале да ја лоцираат неговата сопруга и така да дојдат до него - открива извор на српски „Курир“.
Како потсетување, Вукотиќ беше убиен во автомобилот во кој бил со бремената сопруга Маша М. и нивната ќерка. https://republika.mk/vesti/balkan/narkobosot-vukotikj-koj-od-mvr-na-spasovski-dobi-makedonski-pasosh-e-ubien-vo-istanbul/ Изворот на „Курир“ открива дека, судејќи по изјавите на сведоците и трагите пронајдени на местото на убиството, Јован Вукотиќ забележал дека е во животна опасност.
Одредени докази од местото на злосторството укажуваат дека тој се обидел да го откачи појасот, но не успеал, бидејќи убијците биле побрзи. Тоа укажува дека веројатно ги забележал кога со голема брзина се приближувале кон автомобилот. Можно е да имал намера да се наведне и на тој начин да се заштити - изворот на „Курир“ открива нови детали од истрагата за ликвидацијата.

Двајца напаѓачи

Тој наведува и дека сведоците опишале дека неговата сопруга врескала и викала помош, а преплашеното дете плачело во автомобилот. Се сомнева дека имало двајца напаѓачи на мотоцикл. Според неофицијални информации, убијците со мотор се приближиле до автомобилот, сопатникот испукал неколку истрели, а потоа стиснале гас и побегнале.
Во убиството сигурно имало повеќе луѓе, сигурно е дека го следеле Вукотиќ барем неколку дена и го чекале вистинскиот момент. Не е исклучена можноста некој да им дал сигнал на убијците кога да одат - додава соговорникот на „Курир“.
Според неофицијални информации, Вукотиќ со себе имал пасош на друго име, кој најверојатно го користел за да ја затскрие трагата. Да потсетиме, за време на судскиот процес за употреба на фалсификуван македонски пасош, Вукотиќ пред судот во Белград призна дека користел патна исправа со негова слика, но со друго име, за да ги преминува границите, како и за „корумпираните полицајци да не ги информираат убијците каде се наоѓа“. https://republika.mk/vesti/balkan/koj-beshe-jovica-vukotikj-odnosno-georgi-andonov-ja-imashe-najzgodnata-manekenka-na-soprugata-i-podmetnaa-cijanid-za-da-go-otrue/
Засега не е познато како убијците ја лоцирале Маша М., со која Вукотиќ е во вонбрачна врска од 2018 година. Таа ќе биде сослушана во турската полиција бидејќи е очевидец на злосторството што се случи – додава изворот на „Курир“.

Исто сценарио

Соговорникот на „Курир“ потсетува дека во јануари 2020 година убијците успеале на ист начин во Атина да го лоцираат најблискиот соработник и кум на Вукотиќ, Игор Дедовиќ. За потсетување, Дедовиќ беше убиен заедно со членот на кланот „Шкаљарците“, Стеван Стаматовиќ, во ресторан во главниот град на Грција, пред очите на многу гости, но и на нивните сопруги и деца.
И тогаш истражителите се сомневаа дека „Шкаљарците“ се лоцирани преку нивните сопруги, кои дошле во Грција да поминат семејни одмори. Вечерата на која биле убиени требало да биде проштална, бидејќи следниот ден сопругите требало да се вратат дома. Очигледно, тие биле толку внимателни што сопругите и децата се возеле до ресторанот одделно, со такси. Сепак, убијците веќе го знаеле секој нивен потег. Влегоа во ресторанот, се раширија околу масата и пукаа во „Шкаљарците“, а потоа излегоа надвор и тргнаа со автомобилот што ги чекаше - се присетува соговорникот на „Курир“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ubienite-shkaljarci-vo-atina-stignale-so-makedonski-pasoshi-albanec-pak-si-kupil-pasosh-so-zensko-ime/

The post Водачот на „Шкаљарците“ го следеле преку бремената сопруга: „Македонецот“ Вукотиќ во Истанбул престојувал со свој пасош на друго име appeared first on Република.

]]>
Србин убиен, а Босанец ранет на паркинг во Шпанија: Полицијата се сомнева на нарко пресметка https://republika.mk/vesti/balkan/srbin-ubien-a-bosanec-ranet-na-parking-vo-shpanija-policijata-se-somneva-na-narko-presmetka/ Thu, 14 Jul 2022 09:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=528516

Српски државјанин, чиј идентитет се уште не е соопштен, е убиен синоќа околу 19 часот во близина на Гранада во Шпанија. Како што пренесува порталот „ideal.es“, во престрелката  тешко бил ранет државјанин на Босна и Херцеговина, кој жив бил пренесен во болница

Според порталот, истрагата ја презела Цивилната гарда.

Едно лице загина, а друго е рането во престрелката на паркингот кај браната Рулс, во општина Оргива. Цивилната гарда се обидува да ги лоцира напаѓачите, кои успеале да побегнат - наведува порталот, додавајќи дека државјанинот на Босна и Херцеговина треба да оди на операција.

Според нивните тврдења, Србинот починал на лице место, а кога дошле лекарите можеле да констатираат само смрт и повеќе прострелни рани по телото.

Се се случи синоќа неколку минути пред 19 часот. Итната помош потоа доби повик за пукање во кое има тешко повредени лица. Медицинскиот хеликоптер веднаш излезе на местото на настанот, како и Цивилната гарда која засега не ја исклучува можноста мотив за ликвидацијата да е трговија со дрога - открија изворите на шпанскиот портал.

The post Србин убиен, а Босанец ранет на паркинг во Шпанија: Полицијата се сомнева на нарко пресметка appeared first on Република.

]]>

Српски државјанин, чиј идентитет се уште не е соопштен, е убиен синоќа околу 19 часот во близина на Гранада во Шпанија. Како што пренесува порталот „ideal.es“, во престрелката  тешко бил ранет државјанин на Босна и Херцеговина, кој жив бил пренесен во болница Според порталот, истрагата ја презела Цивилната гарда.