лифтови Archives - Република https://republika.mk/tema/liftovi/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 19:54:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лифтови Archives - Република https://republika.mk/tema/liftovi/ 32 32 Студентскиот дом „Гоце Делчев“ скоро недела дена е без лифтови https://republika.mk/vesti/skopje/studentskiot-dom-gotse-delchev-skoro-nedela-dena-e-bez-liftovi/ Mon, 11 Dec 2023 19:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=721896

Речиси една недела не се во употреба лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до директорот на Државниот студентски дом – Скопје итно да се пуштат во употреба лифтовите во сите блокови на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Како што информираат од УСС, на 4 декември оствариле средба со директорот, каде добиле ветување дека поради редовен сервис и сертифицирање, лифтовите ќе бидат функционални од среда, 6 декември.

Кога тоа не се случи, добивме информација дека лифтовите со сигурност ќе бидат функционални до четврток 7 декември. Во овој момент во домот функционира само еден лифт и тоа во блокот Б. Нехумано е во денешницата студентите со денови да бидат приморани да се качуваат до 14 кат во блоковите“, велат од УСС.

The post Студентскиот дом „Гоце Делчев“ скоро недела дена е без лифтови appeared first on Република.

]]>

Речиси една недела не се во употреба лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до директорот на Државниот студентски дом – Скопје итно да се пуштат во употреба лифтовите во сите блокови на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Како што информираат од УСС, на 4 декември оствариле средба со директорот, каде добиле ветување дека поради редовен сервис и сертифицирање, лифтовите ќе бидат функционални од среда, 6 декември.
Кога тоа не се случи, добивме информација дека лифтовите со сигурност ќе бидат функционални до четврток 7 декември. Во овој момент во домот функционира само еден лифт и тоа во блокот Б. Нехумано е во денешницата студентите со денови да бидат приморани да се качуваат до 14 кат во блоковите“, велат од УСС.

The post Студентскиот дом „Гоце Делчев“ скоро недела дена е без лифтови appeared first on Република.

]]>
Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета https://republika.mk/vesti/makedonija/operirani-detsa-vo-krevet-na-hirurgija-se-prevezuvaat-vo-lift-zaedno-so-gragani-dojdeni-na-pregled-ili-poseta/ Fri, 28 Apr 2023 12:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=635042

Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета и медицински персонал, поради проблеми со специјализираните лифтови за пациенти, објави „Канал 5“.

Во хирургија при државна болница пациенти реагираат дека на оперираните и најмала бактерија може да им го доведе животот во опасност.

Од службата за заеднички работи кои се одговорни за функционалноста и одржувањето на лифтовите за „Канал 5“ потврдуваат дека проблем има, иако тврдат дека се прави редовен сервис.

Има дефект на еден од двата лифта во стариот дел и еден од четири лифта во новиот дел. По повик од клиниките дека има застој, веднаш е повикана фирмата која ги сервисира лифтовите. Очекуваме брзо отстранување на дефектите“, велат од службата.

The post Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета appeared first on Република.

]]>

Оперирани деца и возрасни со кревети се пренесуваат од оддел на оддел со лифтови, заедно со граѓани што доаѓаат во посета и медицински персонал, поради проблеми со специјализираните лифтови за пациенти, објави „Канал 5“. Во хирургија при државна болница пациенти реагираат дека на оперираните и најмала бактерија може да им го доведе животот во опасност. Од службата за заеднички работи кои се одговорни за функционалноста и одржувањето на лифтовите за „Канал 5“ потврдуваат дека проблем има, иако тврдат дека се прави редовен сервис.
Има дефект на еден од двата лифта во стариот дел и еден од четири лифта во новиот дел. По повик од клиниките дека има застој, веднаш е повикана фирмата која ги сервисира лифтовите. Очекуваме брзо отстранување на дефектите“, велат од службата.

The post Оперирани деца во кревет на хирургија се превезуваат во лифт заедно со граѓани дојдени на преглед или посета appeared first on Република.

]]>
Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-kje-subvencionira-popravka-na-liftovi-i-pokrivi/ Fri, 01 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=481964

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа.

Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари.

Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година.

Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата.

За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа. Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари. Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година. Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.  

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>
Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-od-vlasta-dozvolil-firma-so-falsifikuvana-licenca-da-izdava-lazni-sertifikati-za-bezbednost-liftovi-na-drzavni-institucii/ Thu, 17 Mar 2022 08:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=474075

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.

Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.

Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?

За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?

Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?

Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?

Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции? - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/

The post Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? appeared first on Република.

]]>

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.   Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.   Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?   За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?   Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?   Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?   Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции? - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/

The post Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? appeared first on Република.

]]>
Непостоечка фирма направила милионски профит од лифтови, власта да излезе и да каже која е таа фирма и кој ја помагал, вели Арсовски https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-napravila-milionski-profit-od-liftovi-vlasta-da-izleze-i-da-kaze-koja-e-taa-firma-i-koj-ja-pomagal-veli-arsovski/ Wed, 16 Mar 2022 11:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=473721

Се што треба да знаат граѓаните за Република Македонија и за оваа влада, една непосточека фирма со сите пропратни фалсификувани документи да земе околу 90 тендери за лифтови во државните институции, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот кој вчера излезе во јавноста во однос на набавка и сервисирање на лифтови во државни институции од непостоечка фирма

Арсовски истакна дека владата треба да излезе и да каже која е таа фирма.

Зошто ја кријат, зошто ја држат во тајност, зошто молчат? Непостоечка фирма сервисирала лифтови, аплицирала на тендери во сериозн и институции како медицински установи и притоа може да му се случи на некој од пациентите, може да настрада некој бидејќи не знаеме дали таа фирма правилно ги направила работите околу лифтовите, нагласи Арсовски.

Тој потенцираше дека тоа е се заради неспособноста на оваа влада, затоа што пред доаѓањето на СДСМ не сме слушнале дека имало непостоечка фирма што земала тендери.

Но, откако дојде СДСМ бидејќи се им е сведено на бизнис на тендери во 4 очи, криминал и корупција, сега гледаме дека над 90 тендери земала непостоечка фирма. Треба да се види кој се е вмешан, а владата јавно да каже која е таа фирма, кој ја помагал затоа што морало некој од власта да ја помага и ова е сериозен скандал. Доаѓа фирма што не постои и зема милионски профит, рече Арсовски.

The post Непостоечка фирма направила милионски профит од лифтови, власта да излезе и да каже која е таа фирма и кој ја помагал, вели Арсовски appeared first on Република.

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/ Tue, 15 Mar 2022 11:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=473133

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.

Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.

Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон. – Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа.

Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици.

Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.

Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.

Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава.

Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.

The post Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции appeared first on Република.

]]>

Непостоечка фирма во Скопје, со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства. Ова е предмет што на денешната седница го образложи Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од каде ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма. Од ДКСК нагласуваат дека не смеат да го објават името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно. Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта. Како што појасни Георгиев предметот во ДКСК е по пријава за наводи за сомнежи за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да се добие тендер во ЈЗУ Општа Градска болница во Скопје. Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК се работи за класичен криминал и делување и доколку овие субјекти дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни јавни субјекти, туку сигурно во станбени згради. Таа укажа дека таа група која функционирала ја знаела слабоста на актуелниот Закон. – Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, потенцира таа. Катица Николовска, член на ДКСК, е загрижена од фактот што конечни корисници се државните институции и има дилема на кој начин Антикорупција може да ја запре оваа фирма да учествува во јавни набавки со цел да не предизвикува натамошна штета и да се случи нешто со несакани последици. Георгиев појасни дека Градската Општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а непостоечката фирма вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде е одбиена како неоснована.
Во електронската кореспонденција може да се констатира дека фалсификувањето на овие ИСО сертификати е направеон така што физичко лице од земјава претставувајќи се како главен управител на фирма застапник на фирмата за сертифицирање од Хрватска, од свој домејн во врска со објавениот тендер, до електронските пошти до економскиот оператор што ги поднел фалсификуваните сертификати и до Комисијата за јавни набавки, доставил лажна информација дека овој непостоечеки трговски субјект е официјален застапник на хрватската фирма за сертифицирање. Овој трговски субјект нема евиденција во Централниот регистар. Ги прикачил лажните сертификати, како и фалсификувана потврда, за извршена сертификација од хрватската фирма, како и фалсификуван потпис од лице од Хрватска во својство на директор на фирмата за сертифицирање, појаснува Георгиев.
Меѓу другите информации и контакти остварени од страна на Антикорупција, Георгиев остварил контакт и со директорот на хрватската фирма овластена за сертификати, од каде било потврдено дека сите ИСО сертификати кои биле користени при учеството на тендерот објавен од Општата Градска болница, се фалсификувани. Бил наведен и податок дека и други субјекти се пожалиле од таа фирма за акредитација од Хрватска оти такви сертификати буле повеќекратно употребувани од оваа фирма од нашата држава. Во текот на работата, истакна Георгиев, постои системска слабост во системот за јавни набавки односно Комисијата за јавни набавки кај кој било државен орган нема обврска да ја проверува автентичноста односон валидноста на ИСО сертификатите. Тој смета дека токму оваа слабост била искористена од страна на оваа фирма.

The post Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери во јавни институции appeared first on Република.

]]>