лидл македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/lidl-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 09:46:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лидл македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/lidl-makedonija/ 32 32 „Лидл“ ќе гради логистички центар кај Куманово https://republika.mk/vesti/ekonomija/lidl-ke-gradi-logistichki-tsentar-kaj-kumanovo/ Fri, 01 Sep 2023 09:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=677842

Компанијата „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово, објави Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец за изградба на логистички центар.

Компанијата купи површина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.

На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена имала „Лидл“, македонската подружница со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општината.

Како што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.

The post „Лидл“ ќе гради логистички центар кај Куманово appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово, објави Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец за изградба на логистички центар. Компанијата купи површина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра. На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена имала „Лидл“, македонската подружница со седиште во Скопје.
Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), соопшти општината.
Како што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.

The post „Лидл“ ќе гради логистички центар кај Куманово appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Високи структури во власта намерно го блокираат влезот на Лидл во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-visoki-strukturi-vo-vlasta-namerno-go-blokiraat-vlezot-na-lidl-vo-kumanovo/ Wed, 03 May 2023 09:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=636373

Помпезно се најавуваше дека инвестицијата која наводно ја донела Владата, односно Лидл е инвестиција која ја обезбедила Владата, а не ја донесе. Во моментот влезот на Лидл е блокиран од државната власт. Врхушката од власта за тоа не знае, но го прават поединци коишто се добро поврзани на интерминистерско ниво помеѓу себе. Инвестицијата е блокирана, а всушност еве сега за таа работа да го прашате Ковачевски, самиот не знае. Во моментот го блокираше Министерство за транспорт и врски и времето ќе покаже кој стои позади оваа одлука, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24.

Зошто не дозволуваат да се вцрта и да се измени моменталниот урбанистичкиот план, да се спојат маркиците каде што ќе се дозволи на инвеститорот да гради еден голем објект со инвестиција од над 80 милиони евра? Зошто тоа се прави, јавно прашува Димитриевски, потенцирајќи дека позади блокадата на оваа странска инвестиција во Куманово стојат намерите ова земјиште да се купи по принцип како во минатото за евро и пол, а потоа да се препродава на трети лица кои ќе инвестираат во индустриската зона.

Ако е успешна инвестицијата, земјиштето ќе се продаде сигурно над 20-30 евра по метар квадратен на странскиот инвеститор по пат на лицитација. Но ако немате странска инвестиција таму, тоа земјиште ќе остане и ќе го купуваат како што го купуваа претходно некои инвеститори блиски и до нив и до ВМРО-ДПМНЕ за по едно и пол евро по метар квадратен. Првично земјиштето го купи фирма блиска до ДУИ, којашто понатаму ја препродаде на втори и трети лица и тие денеска инвестираат во индустриската зона”, дополнува градоначалникот Димитриевски.

The post Димитриевски: Високи структури во власта намерно го блокираат влезот на Лидл во Куманово appeared first on Република.

Ковачевски и Битиќи на средба со претставници на „Лидл“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-i-bitikji-na-sredba-so-pretstavnici-na-lidl/ Thu, 13 Oct 2022 11:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=560599

Планираните активности во делот на инвестициите и развојот на компанијата „Лидл“ во Македонија беа во фокусот на средбата на премиерот и вицепремиерот за економски прашања, Димитар Ковачевски и Фатмир Битиќи, со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир.

На средбата, како што информираа од владината прес-служба, премиерот Ковачевски изразил задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции. Ова, како што рекол Ковачевски, е пример што треба да го следат и други странски компании.

Вицепремиерот Битиќи изразил задоволство од напредокот на инвестицијата и ја истакнал нејзината важност за развојот на локалните добавувачи, кои се надеваат дека ќе имаат доверлив партнер со „Лидл“.

„Томаш Кузма, член на Одборот на компанијата одговорен за Западен Балкан, ‘Лидл интернешнл’, објасни дека како странски инвеститор ‘Лидл’ високо ја цени соработката и поддршката што компанијата ја добива од Владата на Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен директор на Лидл Македонија, истакна дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи му обезбедиле на ‘Лидл’ работни групи во неколку министерства и единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на македонскиот пазар. Тие сметаат дека оваа соработка ќе продолжи и во сите други фази од проектот“, соопшти Владата.

Ковачевски и Битиќи на средба со претставници на „Лидл“, Фото: Влада

„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 квадратни метри и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза на подготовка, „Лидл“ веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл“ во соседните земји. И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл“ со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот.

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија во февруари 2021 година, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Регистрираната подружница „Лидл Македонија“ ДООЕЛ е со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500 000 евра.

The post Ковачевски и Битиќи на средба со претставници на „Лидл“ appeared first on Република.

]]>

Планираните активности во делот на инвестициите и развојот на компанијата „Лидл“ во Македонија беа во фокусот на средбата на премиерот и вицепремиерот за економски прашања, Димитар Ковачевски и Фатмир Битиќи, со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир. На средбата, како што информираа од владината прес-служба, премиерот Ковачевски изразил задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции. Ова, како што рекол Ковачевски, е пример што треба да го следат и други странски компании. Вицепремиерот Битиќи изразил задоволство од напредокот на инвестицијата и ја истакнал нејзината важност за развојот на локалните добавувачи, кои се надеваат дека ќе имаат доверлив партнер со „Лидл“.
„Томаш Кузма, член на Одборот на компанијата одговорен за Западен Балкан, ‘Лидл интернешнл’, објасни дека како странски инвеститор ‘Лидл’ високо ја цени соработката и поддршката што компанијата ја добива од Владата на Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен директор на Лидл Македонија, истакна дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи му обезбедиле на ‘Лидл’ работни групи во неколку министерства и единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на македонскиот пазар. Тие сметаат дека оваа соработка ќе продолжи и во сите други фази од проектот“, соопшти Владата.
Ковачевски и Битиќи на средба со претставници на „Лидл“, Фото: Влада
„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 квадратни метри и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза на подготовка, „Лидл“ веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл“ во соседните земји. И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл“ со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот. Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија во февруари 2021 година, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Регистрираната подружница „Лидл Македонија“ ДООЕЛ е со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500 000 евра.

The post Ковачевски и Битиќи на средба со претставници на „Лидл“ appeared first on Република.

]]>