лидија петкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/lidija-petkoska/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 17:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лидија петкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/lidija-petkoska/ 32 32 Петкоска: Поради актуелната власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор, на секторот му се случува вистински егзодус https://republika.mk/vesti/makedonija/petkoska-poradi-aktuelnata-vlast-koja-misli-deka-turizmot-e-samo-ubava-zhelba-i-ubav-zbor-na-sektorot-mu-se-sluchuva-vistinski-egzodus/ Fri, 09 Jun 2023 17:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=649732

Многу добро се сеќаваме на тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ водеше силна кампања за промоција на Македонија во светот под слоганот „Македонија вечна“. Со мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет успеавме да привлечеме голем број странски туристи и да го раздвижиме туризмот како никогаш претходно“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Таа додаде дека тогаш се работело на промоција на Македонија, македонските производи и македонските компании.

Освен кампањата „Македонија вечна“, добро е да се потсетиме на многу други кампањи како што беше кампањата за „Купи куќа, купи стан“, „Охрабри се направи го првиот чекор основај сопствен бизнис“ , „Да купуваме македонски производи“. Тоа беа кампањи кои всушност не освестија и не поттикна да ја видиме важноста создаден од македонските раце и компанијата основана од македонскиот човек-  кажа Петкоска.

Таа истакна дека кормилото преземено од актуелнава власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор.

Петкоска истакна дека на туризмот во Македонија му се случува егзодус како и дека младите се почесто се иселуваат и бараат работа надвор.

Дигитализацијата на туризмот веќе 6 година по ред е само на ниво на најава, додека туристите и туристичкиот промет ги броиме од око. Заради тоа ни се случува егзодус на кадри во туристичко угостителскиот сектор, тоа се нашите млади луѓе кои тргнаа да ја барат среќата на двор од Македонија - рече Петкоска.

Според Петкоска на туризмот му треба стратегија визија и посветена работа.

Туризмот е многу повеќе од убава желба. Туризмот бара посветеност и работа, мудри политики, стратегии и многу влог. Не можеме да говориме за развиен туризам со инфраструктура со која не можеме да стигнеме до македонските убавини - децидна е Петкоска.

The post Петкоска: Поради актуелната власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор, на секторот му се случува вистински егзодус appeared first on Република.

]]>

Многу добро се сеќаваме на тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ водеше силна кампања за промоција на Македонија во светот под слоганот „Македонија вечна“. Со мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет успеавме да привлечеме голем број странски туристи и да го раздвижиме туризмот како никогаш претходно“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“. Таа додаде дека тогаш се работело на промоција на Македонија, македонските производи и македонските компании.
Освен кампањата „Македонија вечна“, добро е да се потсетиме на многу други кампањи како што беше кампањата за „Купи куќа, купи стан“, „Охрабри се направи го првиот чекор основај сопствен бизнис“ , „Да купуваме македонски производи“. Тоа беа кампањи кои всушност не освестија и не поттикна да ја видиме важноста создаден од македонските раце и компанијата основана од македонскиот човек-  кажа Петкоска.
Таа истакна дека кормилото преземено од актуелнава власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор. Петкоска истакна дека на туризмот во Македонија му се случува егзодус како и дека младите се почесто се иселуваат и бараат работа надвор.
Дигитализацијата на туризмот веќе 6 година по ред е само на ниво на најава, додека туристите и туристичкиот промет ги броиме од око. Заради тоа ни се случува егзодус на кадри во туристичко угостителскиот сектор, тоа се нашите млади луѓе кои тргнаа да ја барат среќата на двор од Македонија - рече Петкоска.
Според Петкоска на туризмот му треба стратегија визија и посветена работа.
Туризмот е многу повеќе од убава желба. Туризмот бара посветеност и работа, мудри политики, стратегии и многу влог. Не можеме да говориме за развиен туризам со инфраструктура со која не можеме да стигнеме до македонските убавини - децидна е Петкоска.

The post Петкоска: Поради актуелната власт која мисли дека туризмот е само убава желба и убав збор, на секторот му се случува вистински егзодус appeared first on Република.

]]>
Петкоска: До каде е изградбата и отворањето на фабриката за електрични возила која бомбастично беше најавувана? https://republika.mk/vesti/makedonija/petkoska-do-kade-e-izgradbata-i-otvoraneto-na-fabrikata-za-elektrichni-vozila-koja-bombastichno-beshe-najavuvana/ Tue, 28 Mar 2023 19:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=624808

На денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска запраша за тоа до каде е изградбата односно отворањето на фабриката за електрични возила во Тетово?

На 11 август вицепремиерот Артан Груби во присуство на цела владина слика најави отворање на нова фабрика за електрични возила во Тетово, мултимилионска инвестиција од Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отвореа 3 до 4 илјади работни места. Камен темелникот беше фрлен на 13 август, проследен со бомбастични изјави и најави дека за 8 недели ќе почнеле работите за нејзина изградба - рече Петкоска.

Петкоска е децидна дека се ќе било прекрасно ако три пати не се прекршиле роковите за старт на изградбата и ако после половина година оттогаш не останел само камен темелникот за парцелата за Е-ГО во ТИРЗ Тетово.

Кај нас со оваа Влада зборот наскоро е еднакво на никогаш. Всушност кај нас кога ќе подразмислам и ништо не е потешко од тоа да се очекува датум, па така освен датумот за ЕУ си имаме и едно чудо други датуми за очекување на кои еве им се придружи датумот за фабриката за автомобили во Тетово - изјави Петкоска.

Петкоска второто прашање го до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска кое се однесува на социјалната реформа која според министерката донесла за 300% повисока гарантирана минимална помош, зголемени социјални надоместоци и поширок опфат на корисници.

Таа ја запраша министерката за тоа колку лица приматели на гарантирана минимална помош се вклучија на пазарот на трудот до овој момент?

Овие лица требаше да посетуваат интензивни обуки и да добијат совети со цел да се стекнат со вештини и искуства и да се забрза процесот на нивно активирање на пазарот на труд. Оттука со оглед на фактот дека интенцијата на министерството за труд и социјална политика беше што е можно повеќе приматели на гарантирана минимална помош да се активираат на пазарот на труд и секако активацијата ќе беше приоритет - изјави Петкоска.

The post Петкоска: До каде е изградбата и отворањето на фабриката за електрични возила која бомбастично беше најавувана? appeared first on Република.

]]>

На денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска запраша за тоа до каде е изградбата односно отворањето на фабриката за електрични возила во Тетово?
На 11 август вицепремиерот Артан Груби во присуство на цела владина слика најави отворање на нова фабрика за електрични возила во Тетово, мултимилионска инвестиција од Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отвореа 3 до 4 илјади работни места. Камен темелникот беше фрлен на 13 август, проследен со бомбастични изјави и најави дека за 8 недели ќе почнеле работите за нејзина изградба - рече Петкоска.
Петкоска е децидна дека се ќе било прекрасно ако три пати не се прекршиле роковите за старт на изградбата и ако после половина година оттогаш не останел само камен темелникот за парцелата за Е-ГО во ТИРЗ Тетово.
Кај нас со оваа Влада зборот наскоро е еднакво на никогаш. Всушност кај нас кога ќе подразмислам и ништо не е потешко од тоа да се очекува датум, па така освен датумот за ЕУ си имаме и едно чудо други датуми за очекување на кои еве им се придружи датумот за фабриката за автомобили во Тетово - изјави Петкоска.
Петкоска второто прашање го до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска кое се однесува на социјалната реформа која според министерката донесла за 300% повисока гарантирана минимална помош, зголемени социјални надоместоци и поширок опфат на корисници. Таа ја запраша министерката за тоа колку лица приматели на гарантирана минимална помош се вклучија на пазарот на трудот до овој момент?
Овие лица требаше да посетуваат интензивни обуки и да добијат совети со цел да се стекнат со вештини и искуства и да се забрза процесот на нивно активирање на пазарот на труд. Оттука со оглед на фактот дека интенцијата на министерството за труд и социјална политика беше што е можно повеќе приматели на гарантирана минимална помош да се активираат на пазарот на труд и секако активацијата ќе беше приоритет - изјави Петкоска.

The post Петкоска: До каде е изградбата и отворањето на фабриката за електрични возила која бомбастично беше најавувана? appeared first on Република.

]]>
Петкоска: Од дигитализација добивме само дојави за бомби и хакирани системи, владата на СДС и ДУИ е неспособна, изборите се решение https://republika.mk/vesti/makedonija/petkoska-od-digitalizatsija-dobivme-samo-dojavi-za-bombi-i-hakirani-sistemi-vladata-na-sds-i-dui-e-nesposobna-izborite-se-reshenie/ Mon, 20 Feb 2023 13:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=611075

Министерот Алити кој денес е тема за разрешување бидејќи стана жртва на пазарот изјавува, еден од клучните проблеми е и ќе продолжи да биде олеснувањето на услугите за граѓаните од страна на државните институции преку електронски пат. И како ги олесна услугите, преку ноќ за 300 проценти се зголемија цените на катастарските услуги. Хакнат бил системот ама дигиталните услуги биле лицето на модерната влада, а од личните услуги можеле да изградат доверба кај граѓаните. Колку е модерната владата и колкава е довербата кај граѓаните ќе ви кажат денес докторите, една огромна нула, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница.

Петкоска посочи дека од изјавите дека дигитализацијата е на висока агенда на владата, единствено граѓаните добиле дојави за бомби и хакирани системи.

На 15 септември настапува Грковска, дигитализацијата е високо на агендата на владата. до толку сме дигитализирани и ИТ напреднати што секој ден имаме најави за бомби и хакирани системи. Пет дена после изјавата дека дигитализацијата е високо на владината агенда министерството за земјоделие една недела останува без електронски систем, а хакерите бараат пари за да го деблокираат. Доаѓа 21 септември веб страница на МОН е недостапна затоа што е хакирана - вели таа.

Колапс во пошта, одете си не знам кога да дојдете по пратката, системот е нападант. Матичните лекари не можат да препишат лек затоа што ФЗО го променил системот, па така хронично болните не може да добијат терапија на рецепт затоа што кога матичните пополнуваат им се бара број на лекарски извештај, резултат болни без терапија, преоптоварени матични лекари и специјалисти, додаде Петкоска.

Петкоска смета дека оваа влада прескапо ги чини граѓаните.

Кои црни реформи, што е асално во оваа држава па за да тече. Хакирани се сите системи, а државата ни е тотално хакирана. Македонските граѓани имаат чувство дека во Македонија не владее правото, туку владеат политичките елити на ДУИ поддржана од СДС, рече таа.

Оваа влада прескапо не чини, зошто желбата да се задржи власта е огромна, дури и по цена да се уништи државата. Ваква влада не може да ги решава проблемите, затоа што таа сама ги создава и затоа што таа самата е проблем, чие единствено решение се избори - заклучи Петкоска.

The post Петкоска: Од дигитализација добивме само дојави за бомби и хакирани системи, владата на СДС и ДУИ е неспособна, изборите се решение appeared first on Република.

]]>

Министерот Алити кој денес е тема за разрешување бидејќи стана жртва на пазарот изјавува, еден од клучните проблеми е и ќе продолжи да биде олеснувањето на услугите за граѓаните од страна на државните институции преку електронски пат. И како ги олесна услугите, преку ноќ за 300 проценти се зголемија цените на катастарските услуги. Хакнат бил системот ама дигиталните услуги биле лицето на модерната влада, а од личните услуги можеле да изградат доверба кај граѓаните. Колку е модерната владата и колкава е довербата кај граѓаните ќе ви кажат денес докторите, една огромна нула, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница. Петкоска посочи дека од изјавите дека дигитализацијата е на висока агенда на владата, единствено граѓаните добиле дојави за бомби и хакирани системи.
На 15 септември настапува Грковска, дигитализацијата е високо на агендата на владата. до толку сме дигитализирани и ИТ напреднати што секој ден имаме најави за бомби и хакирани системи. Пет дена после изјавата дека дигитализацијата е високо на владината агенда министерството за земјоделие една недела останува без електронски систем, а хакерите бараат пари за да го деблокираат. Доаѓа 21 септември веб страница на МОН е недостапна затоа што е хакирана - вели таа.
Колапс во пошта, одете си не знам кога да дојдете по пратката, системот е нападант. Матичните лекари не можат да препишат лек затоа што ФЗО го променил системот, па така хронично болните не може да добијат терапија на рецепт затоа што кога матичните пополнуваат им се бара број на лекарски извештај, резултат болни без терапија, преоптоварени матични лекари и специјалисти, додаде Петкоска. Петкоска смета дека оваа влада прескапо ги чини граѓаните. Кои црни реформи, што е асално во оваа држава па за да тече. Хакирани се сите системи, а државата ни е тотално хакирана. Македонските граѓани имаат чувство дека во Македонија не владее правото, туку владеат политичките елити на ДУИ поддржана од СДС, рече таа.
Оваа влада прескапо не чини, зошто желбата да се задржи власта е огромна, дури и по цена да се уништи државата. Ваква влада не може да ги решава проблемите, затоа што таа сама ги создава и затоа што таа самата е проблем, чие единствено решение се избори - заклучи Петкоска.

The post Петкоска: Од дигитализација добивме само дојави за бомби и хакирани системи, владата на СДС и ДУИ е неспособна, изборите се решение appeared first on Република.

]]>
Петкоска до власта: Што уште треба да нè снајде за конечно да се сервисираат авионите за гаснење пожар? https://republika.mk/vesti/makedonija/petkoska-do-vlasta-shto-ushte-treba-da-ne-snajde-za-konechno-da-se-servisiraat-avionite-za-gasnenje-pozar/ Thu, 28 Jul 2022 16:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=534359

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на собраниската седница за пратенички прашања постави три прашања, од кои првото е до претседателот на владата – Димитар Ковачевски, второто прашање е до Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и третото до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Првото прашање се однесува на пожарите кои беснеат низ државата, а вашата власт не може да се организира и да ги изгасне. Иако најлош начин за учење е да учите од грешките, за жал ниту ланските грешки не ве освестија да ја научите лекцијата и конечно да покажете грижа. Како и ланското лето, така и оваа година, сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподготвени.Сите сме сведоци на фактот дека институциите не реагираат на време и заради неажурноста на надлежните, горат големи површини шума - рече Петкоска.

Петкоска посочи дека пожарите ги извадиле на површина сите слабости на системот за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од пожарите.

Моето конкретно прашање е до каде е сервисот на авионите за гаснење пожари и зошто сè уште не е направен или уште поконкретно, што уште треба да нè снајде за конечно да се сервисираат авионите за гаснење пожар - праша пратеничката.

Второто прашање на Петкоска, до министерката за култура се однесуваше на Министерството за култура и управата за заштита на културното наследство.

Како што истакна Петкоска, во изминатиов период од половина година, вработените во Министерството за култура и во Управата за заштита на културното наследство, непрекинато ги извршуваат своите работни обврски кои подразбираат креирање на нови културни политики, изработка на стручни анализи и стратегии за подобрување на состојбите во културата. Но, за жал, додаде таа, кога е во прашање подобрувањето на нивниот статус во насока на валоризирање на нивниот труд, работите очигледно не одат како што треба.

Oттука, моето конкретно прашање до Вас министерке е до каде е постапката за потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, што вие како министер за култура имате преземено до овој момент за негово потпишување, односно за подобрување на состојбата за зголемување на платите и за подобрување на статусот на вработените во Министерството за култура и во Управата за заштита на културното наследство - праша пратеничката Петкоска.

Пратеничката третото прашање го постави на министерот Благој Бочварски, за тоа кога охриѓани и стружани можат да ја очекуваат комплетно завршената велосипедска патека Охрид - Струга.

За да ви биде појасно министре Бочварски, ве информирам дека во текот на амандманската расправа на ребалансот на буџетот поднесов амандман за изградба на велосипедска патека Охрид – Струга со кој побарав 10.000.000 денари. Амандманот беше прифатен во видоизменета форма и за оваа цел се доделени само 3.000.000 денари, односно средства кои би биле доволни само за изработка на основен проект. Од таа причина, ме интересира кога охриѓани и стружани можат да ја очекуваат комплетно завршената велосипедска патека Охрид-Струга? Не случајно го поставувам ова прашање министре, со најискрена надеж дека оваа патека нема да ја доживее судбината на автопатот Охрид – Кичево - нагласи Петкоска.

The post Петкоска до власта: Што уште треба да нè снајде за конечно да се сервисираат авионите за гаснење пожар? appeared first on Република.

]]>

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на собраниската седница за пратенички прашања постави три прашања, од кои првото е до претседателот на владата – Димитар Ковачевски, второто прашање е до Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и третото до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Првото прашање се однесува на пожарите кои беснеат низ државата, а вашата власт не може да се организира и да ги изгасне. Иако најлош начин за учење е да учите од грешките, за жал ниту ланските грешки не ве освестија да ја научите лекцијата и конечно да покажете грижа. Како и ланското лето, така и оваа година, сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподготвени.Сите сме сведоци на фактот дека институциите не реагираат на време и заради неажурноста на надлежните, горат големи површини шума - рече Петкоска.
Петкоска посочи дека пожарите ги извадиле на површина сите слабости на системот за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од пожарите.
Моето конкретно прашање е до каде е сервисот на авионите за гаснење пожари и зошто сè уште не е направен или уште поконкретно, што уште треба да нè снајде за конечно да се сервисираат авионите за гаснење пожар - праша пратеничката.
Второто прашање на Петкоска, до министерката за култура се однесуваше на Министерството за култура и управата за заштита на културното наследство. Како што истакна Петкоска, во изминатиов период од половина година, вработените во Министерството за култура и во Управата за заштита на културното наследство, непрекинато ги извршуваат своите работни обврски кои подразбираат креирање на нови културни политики, изработка на стручни анализи и стратегии за подобрување на состојбите во културата. Но, за жал, додаде таа, кога е во прашање подобрувањето на нивниот статус во насока на валоризирање на нивниот труд, работите очигледно не одат како што треба.