либидо Archives - Република https://republika.mk/tema/libido/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 08:05:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png либидо Archives - Република https://republika.mk/tema/libido/ 32 32 Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток https://republika.mk/intima/d-r-miloshevik-mazhite-i-do-75-godini-mozhe-da-imaat-jako-libido-so-eden-dodatok/ Wed, 25 Oct 2023 18:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=695013

Дали знаевте дека постои машки климакс? Процесот е познат како андропауза или машка менопауза. Станува збор за промената во рамнотежата на хормоните и стареење на полните жлезди.

Урологот д-р Александар Милошевиќ и гинекологот д-р Вања Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на ТВ „Прва“ открија како и колку андропаузата се разликува од женската и како влијае на однесувањето на мажите. Тие споделија совети кои можат да им помогнат на мажите да го одржат своето либидо и до 75-годишна возраст.

Мислам дека машкиот климакс е поопасен од женскиот. Мажите веќе од 40-тата година почнуваат да ги менуваат хормоните, да ги губат. Отпрвин е бавно, но по 50-тата станува сè побрзо и побрзо, рече урологот Александар Милошевиќ.

Тој објасни како изгледаат првите промени:

Мажите доживуваат различни промени. Тестостеронот во лабораториски анализи се менува, се намалува. Тоа е показател. Со фина дијагностика и замена на тестостерон, но не претерано, можете да одржите добар метаболизам кај мажот. Го штити неговиот мозок, крвните садови и либидото на високо ниво. Со тоа практично му ја продолжувате младоста на мажот. Обично им велам дека ќе се чувствуваат 10 години помлади, открива урологот.

Но, рој предупреди и на негативните ефекти од злоупотребата на тестостеронот.

Злоупотребата на тестостерон може многу да му наштети на мажот, особено на помладите луѓе кои го земаат поради нивниот изглед, за мускули. Овој тестостерон ја намалува функцијата на тестисите и буквално влегува во фаза на стерилитет. Злоупотребата за допинг е одамна позната. Први го користеа спортистите, бидејќи навистина дава поголема сила, му дава поголема маса на мускулите, но го намалува лачењето на хипофизата на мозокот, тој LH хормон кој ги стимулира тестисите, објаснува урологот.

Гинекологот д-р Вања Милошевиќ објаснува дека основната разлика меѓу машкиот и женскиот климакс е тоа што кај мажите тоа се случува постепено, а потоа се забрзува, а кај жените се случува брзо, па се забавува.

Основата на двете состојби е пад на хормоните. Тоа е биолошки процес што никој не може да го избегне, ниту жената, ниту мажот. Ако ја исклучиме генетската предиспозиција, треба да зборуваме за тоа како начинот на живот може значително да влијае на остатокот од животот. Последната третина од животот треба да помине со што помалку компликации, вели д-р Вања Милошевиќ.

Надврзувајќи се на ова, урологот Милошевиќ нуди и совет за мажите:

Мажот многу добро го чувствува слабеењето на своето тело, а мозокот му останува чист. Ова често му делува погубно и го турка во депресија. Со тестостеронот му се враќа волјата, добива мотивација. Со него можете да бидете активни до 75 години, а тоа важи и за вашето либидо. И жените имаат тестостерон, но многу помалку и тој се губи. Жените имаат нешто пониско либидо од мажите, но тестостеронот се повеќе влегува во терапијата .Морам да предупредам дека е важно да не се злоупотребува. Користете го ова само како што ви препорачал вашиот лекар, рече д-р Александар Милошевиќ.

The post Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток appeared first on Република.

]]>

Дали знаевте дека постои машки климакс? Процесот е познат како андропауза или машка менопауза. Станува збор за промената во рамнотежата на хормоните и стареење на полните жлезди. Урологот д-р Александар Милошевиќ и гинекологот д-р Вања Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на ТВ „Прва“ открија како и колку андропаузата се разликува од женската и како влијае на однесувањето на мажите. Тие споделија совети кои можат да им помогнат на мажите да го одржат своето либидо и до 75-годишна возраст.
Мислам дека машкиот климакс е поопасен од женскиот. Мажите веќе од 40-тата година почнуваат да ги менуваат хормоните, да ги губат. Отпрвин е бавно, но по 50-тата станува сè побрзо и побрзо, рече урологот Александар Милошевиќ.
Тој објасни како изгледаат првите промени:
Мажите доживуваат различни промени. Тестостеронот во лабораториски анализи се менува, се намалува. Тоа е показател. Со фина дијагностика и замена на тестостерон, но не претерано, можете да одржите добар метаболизам кај мажот. Го штити неговиот мозок, крвните садови и либидото на високо ниво. Со тоа практично му ја продолжувате младоста на мажот. Обично им велам дека ќе се чувствуваат 10 години помлади, открива урологот.
Но, рој предупреди и на негативните ефекти од злоупотребата на тестостеронот.
Злоупотребата на тестостерон може многу да му наштети на мажот, особено на помладите луѓе кои го земаат поради нивниот изглед, за мускули. Овој тестостерон ја намалува функцијата на тестисите и буквално влегува во фаза на стерилитет. Злоупотребата за допинг е одамна позната. Први го користеа спортистите, бидејќи навистина дава поголема сила, му дава поголема маса на мускулите, но го намалува лачењето на хипофизата на мозокот, тој LH хормон кој ги стимулира тестисите, објаснува урологот.
Гинекологот д-р Вања Милошевиќ објаснува дека основната разлика меѓу машкиот и женскиот климакс е тоа што кај мажите тоа се случува постепено, а потоа се забрзува, а кај жените се случува брзо, па се забавува.
Основата на двете состојби е пад на хормоните. Тоа е биолошки процес што никој не може да го избегне, ниту жената, ниту мажот. Ако ја исклучиме генетската предиспозиција, треба да зборуваме за тоа како начинот на живот може значително да влијае на остатокот од животот. Последната третина од животот треба да помине со што помалку компликации, вели д-р Вања Милошевиќ.
Надврзувајќи се на ова, урологот Милошевиќ нуди и совет за мажите:
Мажот многу добро го чувствува слабеењето на своето тело, а мозокот му останува чист. Ова често му делува погубно и го турка во депресија. Со тестостеронот му се враќа волјата, добива мотивација. Со него можете да бидете активни до 75 години, а тоа важи и за вашето либидо. И жените имаат тестостерон, но многу помалку и тој се губи. Жените имаат нешто пониско либидо од мажите, но тестостеронот се повеќе влегува во терапијата .Морам да предупредам дека е важно да не се злоупотребува. Користете го ова само како што ви препорачал вашиот лекар, рече д-р Александар Милошевиќ.

The post Д-р Милошевиќ: Мажите и до 75 години може да имаат јако либидо, со еден додаток appeared first on Република.

]]>
Веќе не ни помислувате за секс, а камоли да имате желба? Причината може да биде болест, па дури и некои лекови https://republika.mk/intima/veke-ne-ni-pomisluvate-za-seks-a-kamoli-da-imate-zhelba-prichinata-mozhe-da-bide-bolest-pa-duri-i-nekoi-lekovi/ Thu, 09 Feb 2023 09:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=606790

Сексуалната желба и апетитот растат и се намалуваат во текот на вашиот живот. Една година може да сте најнапалената личност, за следната да не ни размислувате за секс.

А што се однесува до врските, не е тајна дека сексуалната хемија со текот на времето избледува. Колку подолго си со некого, толку привлечноста што ве зближи се намалува. Но, постојат начини за преземање контрола над вашето либидо, но прво треба да се знаат и причините што го предизвикале падот на сексуалниот нагон.

Воглавно, постојат четири области кои можат да предизвикаат ниско либидо: физички, хормонски, психолошки и проблеми во врската, вели сексуалниот терапевт Даниел Бенет.

За да дознаете кој е вашиот пробле најдобро е прво да го посетите вашиот матичен доктор и гинекологот. Направете крвна слика со која би провериле дали имате проблеми со тироидната жлезда, проверете дали имате сувост на вагината и проучете ги несаканите ефекти на сите лекови кои ги пиете, вклучувајќи ги и апчињата за контрацепција, доколку ги пиете.

Ако медицинскиот пат не дава одговори, време е за самооткривање, вели д-р Бенет.

Одредете „ноќ за секс“ и повторно поврзете се со вашето тело. Тоа не мора да значи само да имате секс. Може да биде и само ноќ со основна грижа за себе и ЗА разубавување и грижа за телото, но и подолг период во кој ќе се посветите на добар сон, одвојување време за креативност, добра исхрана и избегнување алкохол.

Терапевтот, исто така, препорачува вежби за „самофокусирање“ или сензорно фокусирање, кои бараат од вас да го допирате вашето тело без движења кои водат до оргазам или секс, туку само за да се чувствувате удобно со вашето тело.

Даниел советува луѓето во врска да изберат одредени денови и време за секс, но тоа да не е пред спиење или кога сте прегмногу уморни.

Понекогаш треба да копате малку подлабоко за да ја откриенте причината, зошто улогата што ја игра вашето ментално здравје врз сексуалноста не смее да се
потцени. Истражувањата покажаа дека депресијата често може да доведе до намалување на сексуалниот интерес и дека сексуалната траума може сериозно да го промени вашиот однос со сексот.

Ако менталното здравје би можело да биде причина за намалување на сексуалниот интерес, можеби треба да размислите за сексуална терапија без да се плашите што ќе речат другите.

Извор: нет.хр

The post Веќе не ни помислувате за секс, а камоли да имате желба? Причината може да биде болест, па дури и некои лекови appeared first on Република.

]]>

Сексуалната желба и апетитот растат и се намалуваат во текот на вашиот живот. Една година може да сте најнапалената личност, за следната да не ни размислувате за секс. А што се однесува до врските, не е тајна дека сексуалната хемија со текот на времето избледува. Колку подолго си со некого, толку привлечноста што ве зближи се намалува. Но, постојат начини за преземање контрола над вашето либидо, но прво треба да се знаат и причините што го предизвикале падот на сексуалниот нагон.
Воглавно, постојат четири области кои можат да предизвикаат ниско либидо: физички, хормонски, психолошки и проблеми во врската, вели сексуалниот терапевт Даниел Бенет.
За да дознаете кој е вашиот пробле најдобро е прво да го посетите вашиот матичен доктор и гинекологот. Направете крвна слика со која би провериле дали имате проблеми со тироидната жлезда, проверете дали имате сувост на вагината и проучете ги несаканите ефекти на сите лекови кои ги пиете, вклучувајќи ги и апчињата за контрацепција, доколку ги пиете. Ако медицинскиот пат не дава одговори, време е за самооткривање, вели д-р Бенет. Одредете „ноќ за секс“ и повторно поврзете се со вашето тело. Тоа не мора да значи само да имате секс. Може да биде и само ноќ со основна грижа за себе и ЗА разубавување и грижа за телото, но и подолг период во кој ќе се посветите на добар сон, одвојување време за креативност, добра исхрана и избегнување алкохол. Терапевтот, исто така, препорачува вежби за „самофокусирање“ или сензорно фокусирање, кои бараат од вас да го допирате вашето тело без движења кои водат до оргазам или секс, туку само за да се чувствувате удобно со вашето тело. Даниел советува луѓето во врска да изберат одредени денови и време за секс, но тоа да не е пред спиење или кога сте прегмногу уморни. Понекогаш треба да копате малку подлабоко за да ја откриенте причината, зошто улогата што ја игра вашето ментално здравје врз сексуалноста не смее да се потцени. Истражувањата покажаа дека депресијата често може да доведе до намалување на сексуалниот интерес и дека сексуалната траума може сериозно да го промени вашиот однос со сексот. Ако менталното здравје би можело да биде причина за намалување на сексуалниот интерес, можеби треба да размислите за сексуална терапија без да се плашите што ќе речат другите. Извор: нет.хр

The post Веќе не ни помислувате за секс, а камоли да имате желба? Причината може да биде болест, па дури и некои лекови appeared first on Република.

]]>
Со две моќни билки до посилна ерекција, поголемо либидо и подобар сексуален живот https://republika.mk/intima/so-dve-mokni-bilki-do-posilna-erektsija-pogolemo-libido-i-podobar-seksualen-zhivot/ Sun, 05 Feb 2023 16:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=604111

Стресот, преоптеретеноста, алкохолот и прекумерниот кофеин негативно влијаат на либидото. Причините за ниското либидо можат да бидат и физички, на пример болни хемороиди. Главните симптоми се намален интерес за секс, тешкотии во постигнување и одржување на ерекцијата, предвремена ејакулација.

Растенија кои помагаат:

Дамијана (лат. Turnera diffusa var. aphrodisiaca)

Дејство: Се користи горниот дел од растението. Aфродизијак e и антидепресив, го подобрува расположението и стимулира сексуални перформанси.

Начин на употреба: Како билен чај, во таблети или тинктура.

Комбинации: Додајте каранфилче во секоја шолја чај или додадете сабална палма, ашваганда или корејски женшен во тинктурата. Во таблети, обично се комбинира со сабална палма или растението кола. Чајот од вербена помага при предвремена ејакулација.

 

Ашваганда (лат. Withania somnifera)

Дејство: Се користи коренот од растението. Тоа е афродизијак, подмладува, има корист за целиот организам и ги подобрува сексуалните перформанси.

Начин на употреба: Измешајте ја лушпата во млеко, до еден грам по доза. Можете да измешате ашваганда во прав во топло млеко засладено со малку шеќер.

Комбинации: Користете со женшен или сабална палма. Може да помогне и масажата пред водење љубов: измешајте една капка масло од роза и пет капки сандалово дрво во 5 милилитри бадемово масло за да се масирате меѓусебно.

Извор: živim.hr

The post Со две моќни билки до посилна ерекција, поголемо либидо и подобар сексуален живот appeared first on Република.

]]>

Стресот, преоптеретеноста, алкохолот и прекумерниот кофеин негативно влијаат на либидото. Причините за ниското либидо можат да бидат и физички, на пример болни хемороиди. Главните симптоми се намален интерес за секс, тешкотии во постигнување и одржување на ерекцијата, предвремена ејакулација.

Растенија кои помагаат:

Дамијана (лат. Turnera diffusa var. aphrodisiaca)

Дејство: Се користи горниот дел од растението. Aфродизијак e и антидепресив, го подобрува расположението и стимулира сексуални перформанси. Начин на употреба: Како билен чај, во таблети или тинктура. Комбинации: Додајте каранфилче во секоја шолја чај или додадете сабална палма, ашваганда или корејски женшен во тинктурата. Во таблети, обично се комбинира со сабална палма или растението кола. Чајот од вербена помага при предвремена ејакулација.  

Ашваганда (лат. Withania somnifera)

Дејство: Се користи коренот од растението. Тоа е афродизијак, подмладува, има корист за целиот организам и ги подобрува сексуалните перформанси. Начин на употреба: Измешајте ја лушпата во млеко, до еден грам по доза. Можете да измешате ашваганда во прав во топло млеко засладено со малку шеќер. Комбинации: Користете со женшен или сабална палма. Може да помогне и масажата пред водење љубов: измешајте една капка масло од роза и пет капки сандалово дрво во 5 милилитри бадемово масло за да се масирате меѓусебно. Извор: živim.hr

The post Со две моќни билки до посилна ерекција, поголемо либидо и подобар сексуален живот appeared first on Република.

]]>