лето 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/leto-2023/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 13:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лето 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/leto-2023/ 32 32 Лежалки и до 25 евра, а нема ни кабина, ни туш, ни ВЦ: Туристите бегаат од Албанија, велат поскапо е и од Грција и не вреди за парите https://republika.mk/zivot/patuvanja/lezhalki-i-do-25-evra-a-nema-ni-kabina-ni-tush-ni-vts-turistite-begaat-od-albanija-velat-poskapo-e-i-od-grtsija-i-ne-vredi-za-parite/ Tue, 18 Jul 2023 13:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=662780

Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени.

Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

Мала рецензија по три дена во Химара. Летнаа многу високо, ама ќе паднат уште побрзо. Ајде да одиме по ред. Градската плажа е неорганизирана, нема тоалети, нема кабини за пресоблекување, а е единствената слободна зона во целата област. Плажата Шпилје е катастрофа, нема тушеви, кабини или тоалети. Нон стоп барови, нечиста вода, лежалки од 10-13 евра. Плажата е малку поорганизирана, но поскапа. Плажата Лимани е добро организирана и вреди за парите, лежалки 15 евра, пиво 4,30 евра 0,33л, храната не е како во елитен ресторан, но квалитетна. Голем недостаток се чадорите за сонце, кои воопшто не штитат, како да ги нема. Генерално, цените се доста високи во продавниците, а особено во рестораните. Па кој сака да оди во Химара нека се подготви финансиски за да не доживее благ шок. Тоа е нашиот прв впечаток, пишува еден член на групата.

Впечатоците на друг корисник од плажата Борш каде лежалките 10 евра, се подобри за условите на плажата, но замерките се кон маркетите:

Пијалоците во ресторан: 2-2,5 евра сок, 2,5-3,5 евра пиво, оброк 8-10 евра пица или скара. Ама, робата во маркетите ем е скапа, ем постојано ги менуваат цените. Цреши 4 евра, леб 1,30 евра, млеко 2 евра, најевтин сладоледит 1 евро, а подобрите се 2-2,5-3 евра (магнум и сл..) палачинките се 2 евра само со чоколаден намаз, 2,5 евра чоколаден намаз, пишува тој.

Во Ксамил комплет лежалки наплаќаат од 10-25 евра.

Лежалките се скапи и не добивате ништо за цената. Самиот Ксамил е прескап и скоро сите се приватни плажи. Каде и да одите мора да изнајмите лежалка, не може со своја опрема. Рестораните не се многу скапи, но брат, за парите што ги оставив во Ксамил можев со семејството да отидам на Бали. Во водата некакви треви. Сега бевме и никогаш повеќе. Споредните улички сите им се со камења и прашина, само главните улици се асфалтирани, пишува еден член на групата.

Туристите не се жалат само на цените и на плажите. Се чини дека и некои други работи не ги оправдуваат очекувањата.

Некои први впечатоци од Химара по 5 дена престој. Дојдовме овде затоа што имаше многу препораки за ова место како идеално за семејства со деца, тоа ни требаше. Мало, тивко место, каде сè е блиску. Што се однесува до близината и големината, така е, ама мирот е под знак прашалник. Во моментов, поминато е полноќ додека го пишувам ова, од речиси секој автомобил грми гласна музика, огномети, мотори и сите други чуда... И така е до длабоко во ноќта. Веројатно помалку се слуша во деловите оддалечени од патот, но тогаш плажите не се многу блиску. Друг проблем што го забележувам овде, кој е важен за семејствата кои доаѓаат со деца, се тесните тротоари, па ако вие и детето одите, а некој доаѓа кон вас, некој ќе мора да оди по улица. Третиот проблем е сообраќајот и тоа што ретко кој внимава на пешачките премини (полиција има, но не видов да реагира). Четврт проблем - ѓубре насекаде, и голем број градилишта кои не се соодветно обележани и обезбедени, па на тротоарите може да се најдат жици и други материјали, вели една членка на групата.

Извор: Нова.рс

The post Лежалки и до 25 евра, а нема ни кабина, ни туш, ни ВЦ: Туристите бегаат од Албанија, велат поскапо е и од Грција и не вреди за парите appeared first on Република.

]]>

Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени. Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

Какво време и море ги чека оние што уплатиле јунски одмор во Турција, Грција, Црна Гора… https://republika.mk/zivot/patuvanja/kakvo-vreme-i-more-gi-cheka-onie-shto-uplatile-junski-odmor-vo-turtsija-grtsija-tsrna-gora/ Mon, 05 Jun 2023 19:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=648199

Грција

Грција ќе го дочека , но и ќе го испрати месец јуни со речиси пролетни температури. Така, во Ханиоти првата половина од месецот ќе биде со температури од 23 до 26 Целзиусови степени, додека втората половина од месецот ќе биде со малку повисоки температури, но со многу облачни денови. Температурите од средината до крајот на јуни ќе достигнат до 28 степени, а и покрај облачноста небото над Ханиоти ќе одолее на дождот.

Кога станува збор за Пефкохори, слободно може да се каже дека времето е речиси идентично со она на Ханиоти, но барем половина од месецот ќе биде „во облаци“, поточно деновите кои ќе бидат променливо облачно.

Паралија во втората половина на јуни ветува температури кои ќе се движат и до 30 степени, додека првата половина од месецот ќе ја одбележи променливо и нестабилно време со врнежи од дожд. Сепак, врнежите не треба да бидат интензивни, а најниските 23 степени се очекуваат во првите денови од месецот.

Турција

Јуни ветува добро време во поголемиот дел од оваа земја, па Кушадаси ќе може да се пофали со најниски 27 степени во првите денови од месецот. Првата половина на јуни ќе гарантира до 31 Целзиусов степен, а во втората половина од месецот температурите нема да се спуштат под тоа и ќе се искачат до 33 степени. Во тој период може да се очекуваат само три променливо-облачни денови.

Во Мармарис првата половина на јуни ќе биде променливо облачно, со температури од 26 до 29 степени, а во втората половина со помалку облачни денови со температури од 30 до 31 степен. Аланија во јуни ќе понуди речиси идентични временски услови, со можност за дожд само во два од 30-те денови овој месец.

Кога станува збор за цела Анталија, јуни лесно би можел да се нарече вистински летен месец, со температури од 28 до 30 степени веќе во првата половина. До крајот на јуни температурите ќе достигнат до 34 степени со речиси без облачни денови.

Според метеорологот Марко Чубрилo, на почетокот на летово, во текот на јуни, не се очекуваат рани периоди со многу високи температури.

Површината на морето на Јонското, Јадранското и Егејското Море нема да се загрее толку брзо, особено на островските одморалишта на овој дел од Европа. Температурите на водата не би биле многу ниски поради релативно топлата зима, но сепак би биле малку под просекот. Во близина на брегот, каде што морето е поплитко, ќе биде идеално за пливање. Кога станува збор за брегот на Турција и Северна Африка (Египет), крајбрежните области каде што морето е поплитко веќе ќе имаат температури на водата од околу +24 степени Целзиусови, особено во вториот дел на јуни, откри за „Блиц“ професорот Чубрило.

Црна Гора

Кога станува збор за Црна Гора, временската прогноза за повеќето места изгледа прилично оптимистичка. Тоа значи дека температурите во првата половина на јуни ќе се движат од 22 до 27 степени за повеќето места, како Бар, Будва, Херцег Нови, Котор. Втората половина од месецот ќе ја одбележат температури од 25 до 29 Целзиусови степени.

Важно е да се напомене дека Будва ќе биде под знакот на облачност и дожд речиси цел месец, со тоа што првата половина ќе има повеќе врнежливи денови.

Хрватска

Во Хрватска според првите долгорочни прогнози ќе биде облачно но без врнежи. Во Ровињ во првата половина на јуни се очекуваат температури од 22 до 25 степени, а во втората половина од месецот од 25 до 27 степени. Дубровник ќе биде малку потопол со температури кои од првите денови на јуни ќе се движат околу 27 степени, а до крајот на месецот може да се очекуваат и 29 степени со многу облачни, но суви денови.

Кога станува збор за Пореч и Хвар, температурите ќе се движат од 21 до 25 степени во првата половина на месецот, а од 25 до максимални 26 степени во втората половина. Ќе има многу облачни денови, но без врнежи.

The post Какво време и море ги чека оние што уплатиле јунски одмор во Турција, Грција, Црна Гора… appeared first on Република.

]]>

Грција

Грција ќе го дочека , но и ќе го испрати месец јуни со речиси пролетни температури. Така, во Ханиоти првата половина од месецот ќе биде со температури од 23 до 26 Целзиусови степени, додека втората половина од месецот ќе биде со малку повисоки температури, но со многу облачни денови. Температурите од средината до крајот на јуни ќе достигнат до 28 степени, а и покрај облачноста небото над Ханиоти ќе одолее на дождот. Кога станува збор за Пефкохори, слободно може да се каже дека времето е речиси идентично со она на Ханиоти, но барем половина од месецот ќе биде „во облаци“, поточно деновите кои ќе бидат променливо облачно. Паралија во втората половина на јуни ветува температури кои ќе се движат и до 30 степени, додека првата половина од месецот ќе ја одбележи променливо и нестабилно време со врнежи од дожд. Сепак, врнежите не треба да бидат интензивни, а најниските 23 степени се очекуваат во првите денови од месецот.

Турција

Јуни ветува добро време во поголемиот дел од оваа земја, па Кушадаси ќе може да се пофали со најниски 27 степени во првите денови од месецот. Првата половина на јуни ќе гарантира до 31 Целзиусов степен, а во втората половина од месецот температурите нема да се спуштат под тоа и ќе се искачат до 33 степени. Во тој период може да се очекуваат само три променливо-облачни денови. Во Мармарис првата половина на јуни ќе биде променливо облачно, со температури од 26 до 29 степени, а во втората половина со помалку облачни денови со температури од 30 до 31 степен. Аланија во јуни ќе понуди речиси идентични временски услови, со можност за дожд само во два од 30-те денови овој месец. Кога станува збор за цела Анталија, јуни лесно би можел да се нарече вистински летен месец, со температури од 28 до 30 степени веќе во првата половина. До крајот на јуни температурите ќе достигнат до 34 степени со речиси без облачни денови.
Според метеорологот Марко Чубрилo, на почетокот на летово, во текот на јуни, не се очекуваат рани периоди со многу високи температури. Површината на морето на Јонското, Јадранското и Егејското Море нема да се загрее толку брзо, особено на островските одморалишта на овој дел од Европа. Температурите на водата не би биле многу ниски поради релативно топлата зима, но сепак би биле малку под просекот. Во близина на брегот, каде што морето е поплитко, ќе биде идеално за пливање. Кога станува збор за брегот на Турција и Северна Африка (Египет), крајбрежните области каде што морето е поплитко веќе ќе имаат температури на водата од околу +24 степени Целзиусови, особено во вториот дел на јуни, откри за „Блиц“ професорот Чубрило.

Црна Гора

Кога станува збор за Црна Гора, временската прогноза за повеќето места изгледа прилично оптимистичка. Тоа значи дека температурите во првата половина на јуни ќе се движат од 22 до 27 степени за повеќето места, како Бар, Будва, Херцег Нови, Котор. Втората половина од месецот ќе ја одбележат температури од 25 до 29 Целзиусови степени. Важно е да се напомене дека Будва ќе биде под знакот на облачност и дожд речиси цел месец, со тоа што првата половина ќе има повеќе врнежливи денови.

Хрватска

Во Хрватска според првите долгорочни прогнози ќе биде облачно но без врнежи. Во Ровињ во првата половина на јуни се очекуваат температури од 22 до 25 степени, а во втората половина од месецот од 25 до 27 степени. Дубровник ќе биде малку потопол со температури кои од првите денови на јуни ќе се движат околу 27 степени, а до крајот на месецот може да се очекуваат и 29 степени со многу облачни, но суви денови. Кога станува збор за Пореч и Хвар, температурите ќе се движат од 21 до 25 степени во првата половина на месецот, а од 25 до максимални 26 степени во втората половина. Ќе има многу облачни денови, но без врнежи.  

The post Какво време и море ги чека оние што уплатиле јунски одмор во Турција, Грција, Црна Гора… appeared first on Република.

]]>
УХМР со голема прогноза: Нè чека жежок јули, а врнежите ќе бидат во просекот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/uhmr-so-golema-prognoza-ne-cheka-zhezhok-juli-a-vrnezhite-ke-bidat-vo-prosekot/ Thu, 01 Jun 2023 12:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=646857

Летово во земјава се очекува температурите да го надминат повеќегодишниот просек. Како што информира УХМР, надминувањето на температурите може да достигне и до три степени Целзиусови речиси на целата територија, а најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Со голема веројатност се очекува летото оваа година да биде потопло и со просечни врнежи. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, летните температури се очекува да достигнат надпросечни вредности. За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули, соопшти УХМР.

Многугодишниот просек (1981 - 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија. Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово. Многугодишниот просек (1981 - 2010) на температурите на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21,9 степени, 24,2 и 23,9 степени. Многугодишната (1981 - 2010) просечна количина на врнежи во Скопје за овие три месеци е 44 милиметри, 37,6 и 34,4 милиметри.

The post УХМР со голема прогноза: Нè чека жежок јули, а врнежите ќе бидат во просекот appeared first on Република.

Нема да куртулиме од дожд: Не се надевајте дека летово ќе се поправи, вели големата прогноза на AccuWeather за Балканот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nema-da-kurtulime-od-dozhd-ne-se-nadevajte-deka-letovo-ke-se-popravi-veli-golemata-prognoza-na-accuweather-za-balkanot/ Thu, 01 Jun 2023 08:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=646718

Метеоролозите на AccuWeather ја објавија временската прогноза за претстојното лето во Европа, вклучувајќи ја и прогнозираната состојба на Западен Балкан. Поголемиот дел од Европа може да се соочи со суша, но на Балканот се очекуваат бури и поплави.

На северната хемисфера летото ќе започне на 21 јуни, приближно три недели по почетокот на метеолошкото лето на 1 јуни. Летното време ќе започне брзо низ централна и северна Европа, додека југоисточните области може да доживеат побавен премин во новата сезона.

Дали 2023 година ќе биде и година на рекордни летни температури?

Со оглед на тоа дека 2021 и 2022 година ги урнаа сите рекорди за најжешкото лето забележано на европскиот континент, многумина се прашуваат дали и 2023 година ќе биде година на рекордни жештини. Иако во април оваа година Шпанија веќе постави рекорд за највисока априлска температура досега забележана во Европа, метеоролозите не очекуваат дека 2023 година ќе биде уште една година на екстремно високи температури.

Екстремните горештини се очекува да бидат поретки низ континентот отколку во последниве години. Ќе има моменти кога станува жешко, но веројатно нема да се повтори рекордната екстремна топлина од минатото лето, вели метеорологот Тајлер Ројс.

Сепак, она за што предупредува AccuWeather се потоплите ноќи од вообичаеното со температури кои имаат тенденција да бидат над историскиот просек за лето во Европа.

Источна Европа, пак, е безбедна во овој поглед бидејќи се очекува температурите да бидат блиску до историскиот просек и без топлотни бранови. Тука спаѓаат Унгарија, Романија и Србија.

Се очекува летото да биде посуво и потопло во споредба со историскиот просек што може да предизвика проблеми со пожари во Скандинавија. Јуни и јули ќе бидат најсушните месеци по кои може да се очекуваат врнежите.

Оние на кои најмногу им требаат врнежи, како што се Шпанија и Италија, се чини дека нема да ги добијат оваа година.

AccuWeather ги истакнува северна Франција, Германија, Полска и балканските држави како коридор кој најверојатно ќе се соочи со почести врнежи и полоши временски услови во споредба со остатокот од Европа.

Врнежите треба да бидат блиску до историскиот просек за голем дел од овој регион, што ќе биде добра вест за земјоделските култури низ Балканот, вели Ројс.

Сепак, на Балканот, невремето може да резултира со значителен ризик од поплави бидејќи врнежите се зголемуваат над историскиот просек за оваа сезона.

Зоната од северна Франција до Балканот е изложена на најголем ризик од тешки временски услови во однос на грмотевици кои можат да предизвикаат силен ветер и град, рече Ројс.

Сепак, тоа не значи дека на Балканот се губи секаква надеж дека нема убави и сончеви денови.

The post Нема да куртулиме од дожд: Не се надевајте дека летово ќе се поправи, вели големата прогноза на AccuWeather за Балканот appeared first on Република.

]]>

Метеоролозите на AccuWeather ја објавија временската прогноза за претстојното лето во Европа, вклучувајќи ја и прогнозираната состојба на Западен Балкан. Поголемиот дел од Европа може да се соочи со суша, но на Балканот се очекуваат бури и поплави. На северната хемисфера летото ќе започне на 21 јуни, приближно три недели по почетокот на метеолошкото лето на 1 јуни. Летното време ќе започне брзо низ централна и северна Европа, додека југоисточните области може да доживеат побавен премин во новата сезона. Дали 2023 година ќе биде и година на рекордни летни температури? Со оглед на тоа дека 2021 и 2022 година ги урнаа сите рекорди за најжешкото лето забележано на европскиот континент, многумина се прашуваат дали и 2023 година ќе биде година на рекордни жештини. Иако во април оваа година Шпанија веќе постави рекорд за највисока априлска температура досега забележана во Европа, метеоролозите не очекуваат дека 2023 година ќе биде уште една година на екстремно високи температури.
Екстремните горештини се очекува да бидат поретки низ континентот отколку во последниве години. Ќе има моменти кога станува жешко, но веројатно нема да се повтори рекордната екстремна топлина од минатото лето, вели метеорологот Тајлер Ројс.
Сепак, она за што предупредува AccuWeather се потоплите ноќи од вообичаеното со температури кои имаат тенденција да бидат над историскиот просек за лето во Европа. Источна Европа, пак, е безбедна во овој поглед бидејќи се очекува температурите да бидат блиску до историскиот просек и без топлотни бранови. Тука спаѓаат Унгарија, Романија и Србија. Се очекува летото да биде посуво и потопло во споредба со историскиот просек што може да предизвика проблеми со пожари во Скандинавија. Јуни и јули ќе бидат најсушните месеци по кои може да се очекуваат врнежите. Оние на кои најмногу им требаат врнежи, како што се Шпанија и Италија, се чини дека нема да ги добијат оваа година. AccuWeather ги истакнува северна Франција, Германија, Полска и балканските држави како коридор кој најверојатно ќе се соочи со почести врнежи и полоши временски услови во споредба со остатокот од Европа.
Врнежите треба да бидат блиску до историскиот просек за голем дел од овој регион, што ќе биде добра вест за земјоделските култури низ Балканот, вели Ројс.
Сепак, на Балканот, невремето може да резултира со значителен ризик од поплави бидејќи врнежите се зголемуваат над историскиот просек за оваа сезона.

Зоната од северна Франција до Балканот е изложена на најголем ризик од тешки временски услови во однос на грмотевици кои можат да предизвикаат силен ветер и град, рече Ројс.

Сепак, тоа не значи дека на Балканот се губи секаква надеж дека нема убави и сончеви денови.  

The post Нема да куртулиме од дожд: Не се надевајте дека летово ќе се поправи, вели големата прогноза на AccuWeather за Балканот appeared first on Република.

]]>
Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција https://republika.mk/zivot/patuvanja/uplativte-za-na-more-eve-kakvo-vreme-i-temepraturi-ve-chekaat-vo-grtsija/ Mon, 15 May 2023 12:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=640998

Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.

До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.

Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.

На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.

По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.

Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.
Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.

The post Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција appeared first on Република.

]]>

Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината. До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики. Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион. На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови. По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море. Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С. Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.

The post Уплативте за на море? Еве какво време и темепратури ве чекаат во Грција appeared first on Република.

]]>
Што нè чека во Грција: Гирото доста „посолено“, смештајот поскап за 20 отсто https://republika.mk/zivot/patuvanja/shto-ne-cheka-vo-grtsija-giroto-dosta-posoleno-smeshtajot-poskap-za-20-otsto/ Sun, 14 May 2023 16:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=640727

Македонските граѓани полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај трошокот за патување, сместување, сè поважна ставка во буџетот за одмор е и храната. Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е поскапено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната.

Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра, а растуреното гиро веќе стигна до 10 евра. Освен гирото , зголемени се и цените на храната во маркетите, но приближно на исто ниво како и во другите земји.

Од туристичките агенции велат дека и оваа година најголем интерес за летување има за Грција, а поради инфлацијата, аранжманите за ова лето се поскапени за 20 отсто. Аранжманите за претсезона веќе се распродадени. Најголем интерес и годинава има за Грција, но, исто така, многу барани се и Албанија, Црна Гора и Турција. Поради инфлацијата, цените за сместување во Грција годинава се зголемени од 20 до 30 отсто. Голем дел од граѓаните ги искористија големите попусти за ран букинг и си резервираа одмор по стара цена,

Целата анализа на „Вечер

The post Што нè чека во Грција: Гирото доста „посолено“, смештајот поскап за 20 отсто appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај трошокот за патување, сместување, сè поважна ставка во буџетот за одмор е и храната. Во Грција, која сè уште важи за омилена летна туристичка дестинација на македонските граѓани, покрај сместувањето, кое е поскапено за 20 до 30 отсто, зголемени се и цените на храната. Така, гирото, кое е омилено јадење на македонските туристи, оваа година не може да се најде под 4 евра, односно цената сега, надвор од сезона, се движи од 3,5 до 5 евра, а растуреното гиро веќе стигна до 10 евра. Освен гирото , зголемени се и цените на храната во маркетите, но приближно на исто ниво како и во другите земји. Од туристичките агенции велат дека и оваа година најголем интерес за летување има за Грција, а поради инфлацијата, аранжманите за ова лето се поскапени за 20 отсто. Аранжманите за претсезона веќе се распродадени. Најголем интерес и годинава има за Грција, но, исто така, многу барани се и Албанија, Црна Гора и Турција. Поради инфлацијата, цените за сместување во Грција годинава се зголемени од 20 до 30 отсто. Голем дел од граѓаните ги искористија големите попусти за ран букинг и си резервираа одмор по стара цена, Целата анализа на „Вечер

The post Што нè чека во Грција: Гирото доста „посолено“, смештајот поскап за 20 отсто appeared first on Република.

]]>
Црна Гора никогаш поскапа, ќе има казни и за шетање по купачи https://republika.mk/zivot/patuvanja/tsrna-gora-nikogash-poskapa-ke-ima-kazni-i-za-shetane-po-kupachi/ Fri, 12 May 2023 17:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=639524

Цените за летување на црногорското приморје во главната туристичка сезона ќе бидат за 30 отсто повисоки од лани, анализира српското „Радио слободна Европа“, потенцирајќи дека на порастот на цените најмногу влијае инфлацијата која во Црна Гора лани изнесуваше 17,2%, додека од почетокот на оваа година цените пораснаа за околу 14%.

Здружението на издавачи на приватно сместување очекува нивните цени да бидат повисоки за 10 до 30 проценти во главната сезона. Од таму велат дека сè уште не се опоравени од пандемијата, кога немале ни субвенции ни програми за поддршка, а сега им е натоварена и инфлацијата.

Според податоците на Туристичката организација Будва, просечните цени за двокреветна соба во приватно сместување во главната сезона ќе бидат од 20 до 50 евра по лице, а апартманите за четири лица од 50 евра и повеќе, во зависност од категоријата и локацијата.

Просечната цена на трокреветен апартман моментално во Петровац, пак, се движи од 15 до 35 евра, додека во Будва од 20 до 40 евра.

Ќе има и лански цени

Сепак, има издавачи кои гледаат деловна логика во одржувањето на ланските цени. За Зоран Драговиќ од Петровац неопходно е цената да се прилагоди на просечната платежна моќ на гостите од регионот.

Не можам да му кажам на редовен гостин: сè поскапе, па морам да ја покачам цената за 30 проценти. Наместо тоа, ќе преземам на себе барем половина од инфлацијата, вели Драговиќ за РСЕ, додавајќи дека „подобро е да изгубиш илјада од десет илјади, отколку да не добиеш ништо“.

Хотелиерите претпазливи со цените

Од Црногорското туристичко здружение наведуваат дека хотелиерите годинава ги покачиле цените за околу десет проценти, но дека сè уште се поевтини од конкуренцијата во Хрватска или Грција.

Во Будва има околу 140 хотели, а услугите во нив ќе бидат за седум до дваесет отсто поскапи во главната туристичка сезона, соопшти локалната туристичка организација.

Просечната цена по лице во хотел со три ѕвезди ќе биде од 28 до 46 евра, а кај оние од повисоката категорија од 37 до 140 евра. Ноќевање со појадок во хотели со пет ѕвезди ќе чини од 160 до 270 евра по лице.

Туристите за претсезоната

Бевме на северот на Црна Гора, во Жабљак, и таму е исклучително евтино, а сега сме веќе една недела на брегот каде што цените се малку повисоки, но сепак е навистина многу поволно за нас, вели Сузан од Велика Британија во анкетата на РСЕ, додавајќи дека Дубровник е „двојно поскап“.

Олга и Николај од Москва го посетија Порто Монтенегро, каде понудата е ексклузивна, па цените се поскапи од просечните, но велат дека иако рестораните и продавниците се прилично скапи, во градот има доста поевтини понуди.

Сања и Ана не гледаат разлика во цените во Нови Сад каде што живеат и во Будва каде се на одмор.

Понуда за поплиток и подлабок џеб

Разновидноста на цените е најочигледна во угостителската понуда, бидејќи таа варира во зависност од локацијата и квалитетот. Од угостителското друштво Будва очекуваат во главната сезона нивната понуда да биде за десет отсто поскапа од пред една година.

Во Будва, најпосетуваниот град на црногорското приморје, можете да нарачате кафе на Словенска плажа за дури 1,40 евра, додека во најпознатото градско кафуле појадокот е 3,5 евра, а пицата, салатите и тестенините се по 8 евра.

Оние кои сакаат да се почестат во некој од рестораните во Стариот град можат да нарачаат лигњи, гамбора или октопод од 16 до 20 евра, а риба од прва категорија за 40 евра за килограм.

Има клиенти и за скапи ресторани, како оние во Порто Монтенегро, каде познати готвачи подготвуваат ручек или вечера од шест јадења за 85 евра, а има и ресторани кои нудат гастрономски деликатеси како јапонското говедско вагу, кое чини 600 евра за килограм.

Нови цени и на плажите

Во првите недели од мај повеќето плажи не наплаќаат за чадор и лежалки, но од здружението на закупци велат дека цените во текот на главната сезона ќе бидат за 10 до 20 отсто повисоки од лани.

Тоа се должи на повисоките трошоци за работна сила, повисоките банкарски каматни стапки и инфлацијата, изјави за РСЕ Петар Делиќ од Улцињ, кој повеќе од 20 години е закупец на „Велика плажа“.

Лани изнајмувањето чадор со две лежалки чинеше 8 евра во претсезона, а 10 евра сред лето. Балдахинитр се изнајмуваа дневно за 10 до 30 евра.

Сите плажи под консесија на црногорското приморје имаат дел наменет за посетители кои не сакаат да изнајмуваат лежалки и чадори, или имаат свои, а лежалките и чадорите се бесплатни за користење после 17 часот.

За оние кои претпочитаат да шетаат низ градот во костим за капење има нов трошок.

Имено, од ова лето ќе биде забрането шетање во костими за капење во реонот на Стариот град и по улиците на Будва. Оние кои нема да ја почитуваат таа одлука ќе платат казна од 200 евра.

The post Црна Гора никогаш поскапа, ќе има казни и за шетање по купачи appeared first on Република.

]]>

Цените за летување на црногорското приморје во главната туристичка сезона ќе бидат за 30 отсто повисоки од лани, анализира српското „Радио слободна Европа“, потенцирајќи дека на порастот на цените најмногу влијае инфлацијата која во Црна Гора лани изнесуваше 17,2%, додека од почетокот на оваа година цените пораснаа за околу 14%. Здружението на издавачи на приватно сместување очекува нивните цени да бидат повисоки за 10 до 30 проценти во главната сезона. Од таму велат дека сè уште не се опоравени од пандемијата, кога немале ни субвенции ни програми за поддршка, а сега им е натоварена и инфлацијата. Според податоците на Туристичката организација Будва, просечните цени за двокреветна соба во приватно сместување во главната сезона ќе бидат од 20 до 50 евра по лице, а апартманите за четири лица од 50 евра и повеќе, во зависност од категоријата и локацијата. Просечната цена на трокреветен апартман моментално во Петровац, пак, се движи од 15 до 35 евра, додека во Будва од 20 до 40 евра.

Ќе има и лански цени

Сепак, има издавачи кои гледаат деловна логика во одржувањето на ланските цени. За Зоран Драговиќ од Петровац неопходно е цената да се прилагоди на просечната платежна моќ на гостите од регионот.
Не можам да му кажам на редовен гостин: сè поскапе, па морам да ја покачам цената за 30 проценти. Наместо тоа, ќе преземам на себе барем половина од инфлацијата, вели Драговиќ за РСЕ, додавајќи дека „подобро е да изгубиш илјада од десет илјади, отколку да не добиеш ништо“.

Хотелиерите претпазливи со цените

Од Црногорското туристичко здружение наведуваат дека хотелиерите годинава ги покачиле цените за околу десет проценти, но дека сè уште се поевтини од конкуренцијата во Хрватска или Грција. Во Будва има околу 140 хотели, а услугите во нив ќе бидат за седум до дваесет отсто поскапи во главната туристичка сезона, соопшти локалната туристичка организација. Просечната цена по лице во хотел со три ѕвезди ќе биде од 28 до 46 евра, а кај оние од повисоката категорија од 37 до 140 евра. Ноќевање со појадок во хотели со пет ѕвезди ќе чини од 160 до 270 евра по лице.

Туристите за претсезоната

Бевме на северот на Црна Гора, во Жабљак, и таму е исклучително евтино, а сега сме веќе една недела на брегот каде што цените се малку повисоки, но сепак е навистина многу поволно за нас, вели Сузан од Велика Британија во анкетата на РСЕ, додавајќи дека Дубровник е „двојно поскап“.
Олга и Николај од Москва го посетија Порто Монтенегро, каде понудата е ексклузивна, па цените се поскапи од просечните, но велат дека иако рестораните и продавниците се прилично скапи, во градот има доста поевтини понуди. Сања и Ана не гледаат разлика во цените во Нови Сад каде што живеат и во Будва каде се на одмор.

Понуда за поплиток и подлабок џеб

Разновидноста на цените е најочигледна во угостителската понуда, бидејќи таа варира во зависност од локацијата и квалитетот. Од угостителското друштво Будва очекуваат во главната сезона нивната понуда да биде за десет отсто поскапа од пред една година. Во Будва, најпосетуваниот град на црногорското приморје, можете да нарачате кафе на Словенска плажа за дури 1,40 евра, додека во најпознатото градско кафуле појадокот е 3,5 евра, а пицата, салатите и тестенините се по 8 евра. Оние кои сакаат да се почестат во некој од рестораните во Стариот град можат да нарачаат лигњи, гамбора или октопод од 16 до 20 евра, а риба од прва категорија за 40 евра за килограм. Има клиенти и за скапи ресторани, како оние во Порто Монтенегро, каде познати готвачи подготвуваат ручек или вечера од шест јадења за 85 евра, а има и ресторани кои нудат гастрономски деликатеси како јапонското говедско вагу, кое чини 600 евра за килограм.

Нови цени и на плажите

Во првите недели од мај повеќето плажи не наплаќаат за чадор и лежалки, но од здружението на закупци велат дека цените во текот на главната сезона ќе бидат за 10 до 20 отсто повисоки од лани.
Тоа се должи на повисоките трошоци за работна сила, повисоките банкарски каматни стапки и инфлацијата, изјави за РСЕ Петар Делиќ од Улцињ, кој повеќе од 20 години е закупец на „Велика плажа“.
Лани изнајмувањето чадор со две лежалки чинеше 8 евра во претсезона, а 10 евра сред лето. Балдахинитр се изнајмуваа дневно за 10 до 30 евра. Сите плажи под консесија на црногорското приморје имаат дел наменет за посетители кои не сакаат да изнајмуваат лежалки и чадори, или имаат свои, а лежалките и чадорите се бесплатни за користење после 17 часот. За оние кои претпочитаат да шетаат низ градот во костим за капење има нов трошок. Имено, од ова лето ќе биде забрането шетање во костими за капење во реонот на Стариот град и по улиците на Будва. Оние кои нема да ја почитуваат таа одлука ќе платат казна од 200 евра.

The post Црна Гора никогаш поскапа, ќе има казни и за шетање по купачи appeared first on Република.

]]>