Летен камп Archives - Република https://republika.mk/tema/leten-kamp/ За подобро да се разбереме Mon, 29 May 2023 14:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летен камп Archives - Република https://republika.mk/tema/leten-kamp/ 32 32 Летен камп за учениците од Општина Илинден https://republika.mk/vesti/skopje/leten-kamp-za-uchenitsite-od-opshtina-ilinden/ Mon, 29 May 2023 15:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=645831

Општина Илинден соопшти дека првпат организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта.

Од Општината посочуваат дека дел од училиштниот летен камп имаат можност да бидат учениците кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација и носители на награди од различни училишни натпревари.

- Училиштен летен камп е уште еден реализиран проект кој е дел од Програмата за работа на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, како и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година, со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општината, информираат од општинската прес-служба.

Од Општина Илинден најавуваат дека ќе продолжи и во иднина да ги реализира проектите преку кои ќе дава поддршка на учениците од општинските основни училишта.

The post Летен камп за учениците од Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Општина Илинден соопшти дека првпат организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта. Од Општината посочуваат дека дел од училиштниот летен камп имаат можност да бидат учениците кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација и носители на награди од различни училишни натпревари. - Училиштен летен камп е уште еден реализиран проект кој е дел од Програмата за работа на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, како и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година, со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општината, информираат од општинската прес-служба. Од Општина Илинден најавуваат дека ќе продолжи и во иднина да ги реализира проектите преку кои ќе дава поддршка на учениците од општинските основни училишта.

The post Летен камп за учениците од Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Заврши летниот камп Литера 2022 https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-letniot-kamp-litera-2022/ Wed, 24 Aug 2022 14:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=543710

Што е колаграфија, кои биле зографите и како функционирале тајфите, кои биле основноположници на македонската ликовна уметност, како се бориме со предрасудите кон лицата со посебни потреби преку филмската уметност, ова е само дел од она што научија децата на Летниот креативен камп „Литера“, што се одржа во Богданци, како прва годинашна активност на истоимениот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. На кампот, што се одржа во просториите на Графичката работилница „Софија“, учествуваа деца на возраст од 5 до 12 години. Тие имаа можност да работат во повеќе сликарски и графички техники, читаа, пишуваа и создаваа концепт за книга, од идеја до реализација, односно до печатница.
Кампот беше отворен и за децата од Богданци, кои во голем број доаѓаа да видат и научат нови нешта.

Интересна е приказната на менторката Камелија Србова, која уште од дете пројавува интерес за уметноста и со години ја посетуваше Графичката работилница „Софија“ во нејзиниот град. Таму ја усовршила техниката колаграфија, па деновиве им ја пренесе и на малите креативци. Пренесување на искуството, но и на љубовта кон уметноста е мисијата на „Литера“, а тоа е впечатокот и на другите едукатори.

Вистински би се изненадиле кога би знаеле колку многу децата се интересираат за пишувањето, но и најдобро од сѐ е тоа што меѓу нив има навистина талентирани млади луѓе, на кои единствено им треба поттик. Апелирам да се одржуваат повеќе вакви работилници, особено работилници за креативно пишување, зашто неоткриен талент е како дијамант кој стои пред нас, а ние го гледаме како обично камче - вели авторката Магде Ангова, менторка на работилницата за креативно пишување.

Летниот камп „Литера“ не само што отвора можности за активно поминато време на децата, туку им овозможува да созреат во визуелен и концепциски идентитетски наратив, потенцира и мултимедијалниот уметник и едукатор, Доротеј Нешовски.

Ова значи изразување без граници, чувствување на слободата во играта со материјалите, истражувањето на ликовните техники и медиуми и експериментирањето со придобивките од стекнатите знаења. Испитувајќи ги своите граници, децата си создаваат крилја за да летаат во уметноста, во креативноста и во својот имагинарен свет. Ме радуваат сериозните кампови и нивната намера за поубав свет во полето на ликовноста - истакнува Нешовски.

Посебно изненадување на кампот во Богданци беше посетата на дружељубивото слонче Халки, кое пред децата ја читаше својата „Сликовницата на Халки“, наградена од Македонската асоцијација на издавачи како проект за поттикнување на општествената одговорност.

Четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ годинава има патувачки карактер. Целта е квалитетните изданија да стигнат до што повеќе деца низ цела Македонија. Децентрализацијата на активностите значи поддршка на детската креативност, но и поттик за македонските автори и илустратори да создаваат нови и квалитетни дела за најмладите.

Следната фестивалска активност ќе биде реализирана во Општина Валандово и селата Чалакли и Казандол на 2 и 3 септември.

 

The post Заврши летниот камп Литера 2022 appeared first on Република.

]]>

Што е колаграфија, кои биле зографите и како функционирале тајфите, кои биле основноположници на македонската ликовна уметност, како се бориме со предрасудите кон лицата со посебни потреби преку филмската уметност, ова е само дел од она што научија децата на Летниот креативен камп „Литера“, што се одржа во Богданци, како прва годинашна активност на истоимениот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. На кампот, што се одржа во просториите на Графичката работилница „Софија“, учествуваа деца на возраст од 5 до 12 години. Тие имаа можност да работат во повеќе сликарски и графички техники, читаа, пишуваа и создаваа концепт за книга, од идеја до реализација, односно до печатница. Кампот беше отворен и за децата од Богданци, кои во голем број доаѓаа да видат и научат нови нешта. Интересна е приказната на менторката Камелија Србова, која уште од дете пројавува интерес за уметноста и со години ја посетуваше Графичката работилница „Софија“ во нејзиниот град. Таму ја усовршила техниката колаграфија, па деновиве им ја пренесе и на малите креативци. Пренесување на искуството, но и на љубовта кон уметноста е мисијата на „Литера“, а тоа е впечатокот и на другите едукатори.
Вистински би се изненадиле кога би знаеле колку многу децата се интересираат за пишувањето, но и најдобро од сѐ е тоа што меѓу нив има навистина талентирани млади луѓе, на кои единствено им треба поттик. Апелирам да се одржуваат повеќе вакви работилници, особено работилници за креативно пишување, зашто неоткриен талент е како дијамант кој стои пред нас, а ние го гледаме како обично камче - вели авторката Магде Ангова, менторка на работилницата за креативно пишување.
Летниот камп „Литера“ не само што отвора можности за активно поминато време на децата, туку им овозможува да созреат во визуелен и концепциски идентитетски наратив, потенцира и мултимедијалниот уметник и едукатор, Доротеј Нешовски.
Ова значи изразување без граници, чувствување на слободата во играта со материјалите, истражувањето на ликовните техники и медиуми и експериментирањето со придобивките од стекнатите знаења. Испитувајќи ги своите граници, децата си создаваат крилја за да летаат во уметноста, во креативноста и во својот имагинарен свет. Ме радуваат сериозните кампови и нивната намера за поубав свет во полето на ликовноста - истакнува Нешовски.
Посебно изненадување на кампот во Богданци беше посетата на дружељубивото слонче Халки, кое пред децата ја читаше својата „Сликовницата на Халки“, наградена од Македонската асоцијација на издавачи како проект за поттикнување на општествената одговорност. Четвртото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ годинава има патувачки карактер. Целта е квалитетните изданија да стигнат до што повеќе деца низ цела Македонија. Децентрализацијата на активностите значи поддршка на детската креативност, но и поттик за македонските автори и илустратори да создаваат нови и квалитетни дела за најмладите. Следната фестивалска активност ќе биде реализирана во Општина Валандово и селата Чалакли и Казандол на 2 и 3 септември.  

The post Заврши летниот камп Литера 2022 appeared first on Република.

]]>